критична состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 09:52:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png критична состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Познатиот актер во критична состојба, го прегазила машина за чистење снег https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-poznatiot-akter-vo-kritichna-sostojba-go-pregazila-mashina-za-chistenje-sneg/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-poznatiot-akter-vo-kritichna-sostojba-go-pregazila-mashina-za-chistenje-sneg/#respond Tue, 03 Jan 2023 09:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=783409

Актерот Џереми Ренер беше опериран откако се здоби со повреди на градниот кош и ортопедски повреди. Менаџерот на актерот потврди дека неговата здравствена состојба е критична, но стабилна. Ренер бил тешко повреден додека машина го чистела снегот во близина на неговиот дом во Рено, Невада на Нова година. Според изјави на неговиот сосед, машината го прегазила, по што тој загубил многу крв. Актерот веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница. Ѕвездата на „Одмаздници“ бил опериран во понеделникот поради повредите и останува на интензивна нега, изјави неговиот менаџер во понеделникот вечерта. „Семејството на Џереми сака да ја изрази својата благодарност до неверојатните лекари и медицински сестри кои се грижеа за него, противпожарната служба на Truckee Meadows, окружниот шериф, градоначалникот на градот Рено, Хилари Шив и семејствата Карано и Мардок“, се вели во соопштението на менаџерот. „Тие се исто така исклучително воодушевени и благодарни за изливот на љубов и поддршка од неговите фанови“, додаде тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-poznatiot-akter-vo-kritichna-sostojba-go-pregazila-mashina-za-chistenje-sneg/feed/ 0
ВИДЕО: Драматични сцени во НФЛ лигата – Играч во критична состојба по срцев удар за време на натпревар https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-dramatichni-sceni-vo-nfl-ligata-igrach-vo-kritichna-sostojba-po-srcev-udar-za-vreme-na-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-dramatichni-sceni-vo-nfl-ligata-igrach-vo-kritichna-sostojba-po-srcev-udar-za-vreme-na-natprevar/#respond Tue, 03 Jan 2023 09:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=783401

Играчот на Бафало блуз, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот од 17. коло на НФЛ-лигата против Синсинати бенгалс, соопшти прес-службата на лигата. Дваесет и четиригодишниот играч заврши на тревникот по контакт со противник. Лекарите истрчале на терен да пружат прва помош, извршиле кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор. Во моментов Хамлин е во болница. Натпреварот беше прекинат при водство на Синсинати со 7:3.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-dramatichni-sceni-vo-nfl-ligata-igrach-vo-kritichna-sostojba-po-srcev-udar-za-vreme-na-natprevar/feed/ 0
ФОТО: Познат холандски новинар во критична состојба откако е ранет во центарот на Амстердам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-poznat-holandski-novinar-vo-kritichna-sostojba-otkako-e-ranet-vo-centarot-na-amsterdam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-poznat-holandski-novinar-vo-kritichna-sostojba-otkako-e-ranet-vo-centarot-na-amsterdam/#respond Wed, 07 Jul 2021 05:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=533082

Познат холандски новинар од рубриката Црна хроника, Питер Р. де Вриес е во критична состојба откако во него беше пукано синоќа од огнено оружје во центарот на Амстердам, јавија холандските медиуми. Де Вриес (64) беше сериозно повреден во нападот и беше пренесен во болница. Нападот се случи само неколку минути откако тој ја напушти зградата на РТЛ каде учествуваше во популарното телевизиско шоу „Булевар РТЛ“. Полицијата потврди дека привеле три лица осомничени за нападот. Де Вриес се стекна со слава уште во раните 80-ти години на минатиот век кога известуваше за киднапирањето на магнатот Фреди Хајнекен. Од 1995 до 2012 година водеше популарна емисија на холандската телевизија, која опфаќаше познати случаи од „Црна хроника“. Во врска со повеќе случаи, на Де Вриес му се закануваше криминалното подземје, а пред две години тој самиот напиша на Твитер дека полицијата го предупредила дека се наоѓа на „списокот за отстрел“ на криминалец во бегство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-poznat-holandski-novinar-vo-kritichna-sostojba-otkako-e-ranet-vo-centarot-na-amsterdam/feed/ 0
Рускиот опозиционер Алексеј Навални отруен во авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-opozicioner-aleksej-navalni-otruen-vo-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-opozicioner-aleksej-navalni-otruen-vo-avion/#respond Thu, 20 Aug 2020 06:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=392907

Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш, јави Би-Би-Си. Јармиш на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал под итно да слета во Омск. Таа наведува дека Навални е отруен, односно дека во авионот нешто му било ставено во чајот, а болницата каде што бил примен потврди дека станува збор за труење. Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“. Реформите на Путин му овозможија да добние уште два мандата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-opozicioner-aleksej-navalni-otruen-vo-avion/feed/ 0
САД имаат подготвен план во случај на смрт на Ким Џонг-ун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-imaat-podgotven-plan-vo-sluchaj-na-smrt-na-kim-dzong-un/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-imaat-podgotven-plan-vo-sluchaj-na-smrt-na-kim-dzong-un/#respond Wed, 22 Apr 2020 08:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=335389

По информациите дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во тешка здраствена состојба, неименуван американски разузнавач тврди дека САД имаат опсежен план за справување со очекуваната криза од масовни размери во Северна Кореја. Тој за „Фокс њуз“ наведе дека при евентуална смрт на Ким, Северна Кореја ќе се соочи со голема хуманитарна криза, милиони луѓе би останале без храна, што би покренало масовен егзодус во Кина. Според него, американскиот план во голема мера се потпира на Кина, која би помогнала во контролирање на ситуацијата во Северна Кореја. Си-Ен-Ен вчера објави дека САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја е во критична состојба по операцијата на срцето. Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница. Јужнокорејските медиуми вчера објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола. Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-imaat-podgotven-plan-vo-sluchaj-na-smrt-na-kim-dzong-un/feed/ 0
Ким Џонг-ун во критична состојба? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dzong-un-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dzong-un-vo-kritichna-sostojba/#respond Tue, 21 Apr 2020 06:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=334823

САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е во критична состојба по операцијата на срцето, објави Си-Ен-Ен. Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница. Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен изјави дека постои загриженост за здравствената состојба на Ким, но оти е тешко да се процени сериозноста на ситуацијата. Јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола. Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dzong-un-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0
Повредените во Романовце се уште во критична состојба, две жени со над 80% изгореници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-vo-romanovce-se-ushte-vo-kritichna-sostojba-dve-zeni-so-nad-80-izgorenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-vo-romanovce-se-ushte-vo-kritichna-sostojba-dve-zeni-so-nad-80-izgorenici/#respond Mon, 24 Feb 2020 10:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=307956

Во тешка и критична состојба се тројцата пациенти кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце. Директорот на ТОАРИЛУЦ Хасани денеска информираше за состојбата на повредените, хоспитализирани се тројца пациенти, две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години. -Двете жени се во тешка и критична состојба. Се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници со над 80 проценти, додека мажот е отприлика со изгореници од 45 проценти. Тројцата пациенти се на апарати за вештачко дишење со тешка и критична состојба, истакна Хасани. Синоќа на КАРИЛ на повредите им подлегна 60 годишен маж. Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која вчера загинаа деца на возраст од 8, 9 и 11 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-vo-romanovce-se-ushte-vo-kritichna-sostojba-dve-zeni-so-nad-80-izgorenici/feed/ 0
Во критична состојба жената и детето кои настрадаа во експлозијата во Романовце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kritichna-sostojba-zenata-i-deteto-koi-nastradaa-vo-eksplozijata-vo-romanovce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kritichna-sostojba-zenata-i-deteto-koi-nastradaa-vo-eksplozijata-vo-romanovce/#respond Sun, 23 Feb 2020 17:07:09 +0000 https://kurir.mk/?p=307810

Во критична животна состојба се четириесетгодишната жена и десетгодишното дете кои се здобија со повреди при денешната експлозија што настана од плинска боца во кумановското село Романовце. Пациентите во моментов се на лекување во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде е примена и бремена жена на возраст од околу 20 години. Ова за МИА го изјави директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје и дежурен хирург Љубен Арсенков. – Некаде околу пладне со возило на итна медицинска помош донесени се тројца пациенти. Од кои една жена на 40-годишна возраст, кај која уште при првичниот преглед е констатирано дека се работи за сериозни повреди, со голем процент на опеченост, околу 40-50 отсто, и веднаш е ставена на апарати за механичка вентилација во интензивна нега, изјави Арсенков. Тој изјави дека втората пациентка, на возраст од околу 20 години е бремена во седми месец. Според првичната проценка било дека се работи за опеченост од 20-30 отсто била примена во единицата за интензивно лекување. Арсенков информира дека бил повикан гинеколог, кој ја прегледал пациентката и во моментот на прегледот плодот бил добар. – Со пациентката следат натамошни обработки на раните. Жената има изгореници некаде околу 20 до 30 отсто по површината на телото и моментов е во операциона сала на адекватна обработка, а потоа таа ќе се врати во интезивна нега, рече Арсенков. Третиот пациент е дете на 10-годишна возраст. – Првично примено поради немање место во интезивна, во шок соба. При првиот преглед детете беше свесно ориентирано, проценката беше дека се работи за помал процент на опеченост. Меѓутоа откако се внесе во сала за адекватна обработка на повредените делови од телото, се воочи дека и кај детето се работи за изгореници од втор степен со зафатеност на површина на телото од 60 до 70 проценти, рече Арсенков. Додаде дека децата се со посебна специфика и големата површина на опеченост кај нив, во однос на прогнозата за преживување е посериозна и треба повнимателно да се третира. Три деца починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце. Од вкупно седумте пациенти кои се здобија со изгореници, четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kritichna-sostojba-zenata-i-deteto-koi-nastradaa-vo-eksplozijata-vo-romanovce/feed/ 0
Повредената Македонка во сообраќајката во Солун е во критична состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonka-vo-soobrakjajkata-vo-solun-e-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonka-vo-soobrakjajkata-vo-solun-e-vo-kritichna-sostojba/#respond Mon, 12 Feb 2018 13:55:26 +0000 http://kurir.mk/?p=20766

Девојката која во саботата беше повредена во сообраќајна несреќа во Солун е приклучена на машини и е во критична состојба, додека пак на повредениот маж утре ќе му биде извршена операција на бутната коска, јави дописникот на МИА од Атина повикувајќи се на информации од болницата. Двајцата македонски државјани беа повредени во сообраќајка што се случи во Солун во саботата попладне во близина на ИКЕА, додека стоеле на островче, кога во нив удрило возило кое изгубило контрола, веројатно поради голема брзина и излетало од коловозот. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, двајцата Македонци, 27 годишна девојка и 38 годишен маж и возачот веднаш биле пренесени во болница.  Семејствата на повредените, веднаш по несреќата биле известени од Конзулатот на Република Македонија во Солун, а македонското ДКП е во постојан контакт и со докторите од двете грчки болници во кои се пренесени повредените и со родителите на двајцата македонски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenata-makedonka-vo-soobrakjajkata-vo-solun-e-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0