критика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 11:07:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png критика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерката за култура не трпи критики: Актер кој јавно ја критикувал повикан во полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerkata-za-kultura-ne-trpi-kritiki-akter-koj-javno-ja-kritikuval-povikan-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerkata-za-kultura-ne-trpi-kritiki-akter-koj-javno-ja-kritikuval-povikan-vo-policija/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=755693

Почитувани, би сакал да ве известам дека синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин бев приморан да го напуштам објектот, се вели во Фејсбук статусот на актерот од битолскиот театар, Васко Мавровски. -Пред влезот на НУ Центар за култура во период кога публиката ја напушташе кино проекцијата полицијата ми даде да потпишувам покана за информативен разговор во полициската станица со напомена дека веднаш треба да бидам спроведен. По кратко натегање прифатија сам да се пријавам во рок од 20 минути. Заедно со мојот адвокат се пријавив во полициската станица и ми беше соопштено дека министерката за култура во полициската станица во Кисела Вода пријавила дека таа и нејзиното семејство чувствуваат дека нивниот живот е загрозен поради споменувањето на "продолжен кабел" во мој пост на фејсбук неколку часа претходно. После 40 минути распит и давање на изјава од моја страна бев ослободен од страна на полицискиот службеник. Сакам уште еднаш директно да ја повикам Бисера Костадиновска Стојчевска и да ѝ поставам неколку прашања. Дали со применување на вакви удбашки и фашистички методи планирате да ги замолчувате вашите неистомисленици? Дали културните работници планирате да ги апсите за искажан став во врска со вашите катастрофални резултати во културата? Дали ваквиот пристап од позиција на моќ значи замолчување и цензура на политичките противници, бидејќи веројатно сте информирани дека во моментот мојата маленкост е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и претседател на Патриотскиот институт "Гоце Делчев" на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола? Дали на ваков начин ќе ги решавате проблемите во културата особено во вашиот роден град во кој немате потрошено еден денар за капитални инвестиции? Ние, почитувана цел нас живот штедиме и работиме без греење со стари рефлектори и користиме тоалети кои датираат од 1980 година. Борбата за слобода на говорот и нецензурирана култура ќе продолжи уште пожестоко, вас и на вашето семејство ви посакувам многу здравје но сметам дека е време за ваша оставка! Истакна Мавровски. Ваквите методи на присила генерации наназад ги спроведувале на членови од моето семејство и да знаете дека во генот ни е наместо да се исплашиме да бидеме посилни и поупорни правдата и вистината да излезат на виделина, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerkata-za-kultura-ne-trpi-kritiki-akter-koj-javno-ja-kritikuval-povikan-vo-policija/feed/ 0
Поднесувате критики, но не на ОВИЕ ТЕМИ: Ако партнерот ве критикува за нив – реагирајте https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/podnesuvate-kritiki-no-ne-na-ovie-temi-ako-partnerot-ve-kritikuva-za-niv-reagirajte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/podnesuvate-kritiki-no-ne-na-ovie-temi-ako-partnerot-ve-kritikuva-za-niv-reagirajte/#respond Fri, 02 Sep 2022 18:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=727878

Ако вашиот партнер ве критикува врз основа на вашиот изглед, семејството, вашите квалитети и вашата кариера – тоа е аларм. Врските, дури и најдобрите, не се секогаш совршени. Честопати, врските се исполнети со расправии и важно е да признаете дека секоја расправија во врската е сосема нормална. Но, постојат расправии на кои треба да внимавате, особено кога вашиот партнер започнува да ве критикува за одредени работи. Секако, критиката доаѓа во различни форми и не секоја критика е негативна. Но, некои форми на критика може да имаат траен негативен ефект, не само врз врската, туку и врз вас. Откако ќе ги препознаете овие работи, важно е да го процените ефектот што може да го има врз вас и врз вашата врска. Партнер никогаш не треба да ве критикува поради овие 4 работи: 1. Вашиот изглед Секоја критика поврзана со изгледот на вашето тело е чувствителна област. На пример: висината, пегите, големите гради, малите гради, струкот, косата, носот, тенот на кожата – за сето тоа се грижите вие самите, но и како ќе му изгледате на некој друг. Партнерите сакаат да знаат дека се привлечни еден на друг, така што критикувањето на изгледот на партнерот може да има негативен ефект врз целокупниот однос. 2. Вашето семејство Ако сте со некој кој го критикува вашето семејство: вашите родители, браќа и сестри или деца (ако ги имате), тогаш треба да размислите дали таа личност е добра за вас и како се чувствувате во врска со тоа. Семејните работи можат да ги комплицираат односите, особено кога со партнерот разговарате за семејните проблеми. Поради тоа, вашиот партнер можеби ќе почне да го критикува вашето семејство, но ако тој ја премине границата, многу е важно да му го кажете тоа. 3. Вашите карактеристики Вие не можете да го промените начинот на кој сте пораснале и животните искуства што го обликувале тоа што сте вие денес. Доцните, не сте доволно образовани, имате различна религија или различно потекло – никогаш не треба да го критикувате вашиот партнер за овие работи. Луѓето не можат да го променат минатото, а критикувањето на вашиот партнер за лошото воспитување, за недостигот на образование или за нешто друго ќе влијае негативно врз него. Кога сметате дека веќе не сакате да го слушате вашиот партнер или кога ќе почнете да избегнувате да ве критикува, време е да преземете акција. 4. Вашата кариера Ако вашиот партнер сака вашата кариера да изгледа полошо и да ве натера да се чувствувате така, тоа е исто така причина за загриженост. Многу луѓе се вреднуваат врз основа на тоа колку добро работат и напредуваат во својата кариера, па ако вашиот партнер ве критикува за вашата работа, тоа може да ја наруши неговата самодоверба. Особено е загрижувачки кога вашиот партнер ќе ви каже дека не сте доволно успешни или дека не заработувате доволно пари. Вашиот партнер можеби ќе ја критикува вашата кариера ако парите стануваат проблем во врската, особено ако живеете заедно. Тој можеби ќе биде под стрес поради недостатокот на средства, а тоа може да создаде само негативно опкружување за вашата врска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/podnesuvate-kritiki-no-ne-na-ovie-temi-ako-partnerot-ve-kritikuva-za-niv-reagirajte/feed/ 0
Ирскиот премиер ја критикуваше УЕФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/irskiot-premier-ja-kritikuvashe-uefa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/irskiot-premier-ja-kritikuvashe-uefa/#respond Mon, 26 Apr 2021 12:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=502239

Премиерот на Ирска Мајкл Мартин ја критикуваше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради инсистирањето сите натпревари на претстојното Европско првенство (ЕП) да се играат со публика на стадионите во 12-те градови домаќини ширум Европа. Реакцијата на ирскиот премиер доаѓа откако Извршниот комитет на УЕФА во петокот му ја одзеде на Даблин организацијата на ЕП, бидејќи не достави гаранции за присуство на гледачи на натпреварите, што беше еден од условите за организација на завршниот турнир. Трите натпревари од групната фаза што беа планирани да се играат во Даблин се преместени во Санкт Петерсбург, додека еден од осминафиналните натпревари наместо во ирската престолнина ќе се игра во Лондон на стадионот „Вембли“. -Искрено мислам дека УЕФА е несериозна со поставувањето таков услов до државите. Доколку погледнете што се случува во цела Европа во контекст на Б117 (мутација на Ковид-19) и во поглед на високата преносливост (на вирусот) во европските држави, апелот за враќање на навивачите е погрешен. Никогаш не мислев дека тоа е реален предлог, изјави ирскиот премиер за телевизијата „РТЕ“. Ирска има една од најниските стапки на заразеност со коронавирусот, но властите во Даблин се одлучија за поспоро отворање на економијата во споредба со другите европски земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/irskiot-premier-ja-kritikuvashe-uefa/feed/ 0
Котлар: Научните институции наместо да ја критикуваат власта, тие се под нивен притисок, имаме голем проблем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-nauchnite-institucii-namesto-da-ja-kritikuvaat-vlasta-tie-se-pod-niven-pritisok-imame-golem-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-nauchnite-institucii-namesto-da-ja-kritikuvaat-vlasta-tie-se-pod-niven-pritisok-imame-golem-problem/#respond Tue, 08 Dec 2020 18:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=440578

Едни научни институции паѓаат под притисокот на актуелната власт, тогаш ние имаме голем проблем. Бидејќи државните и безбедносните интереси се бранат преку институции. А, тоа се научни институции, високо образовни институции, Академијата, тие се таа авангарда на едно општество кое што нам ќе ни го покажува како обични граѓани, ова е правиот пат, тоа е погрешниот пат, истакна Наташа Котлар во емисијата „Што не е јасно“. Котлар додаде дека извршната власт т.е. актуелната власт, и Собрание се само сервис на другово ова општество, народното, научното, културното. -Ние ги имаме заменето улогите. Не можете вие да стрепите пред Владата така ми рече. Или поставен сум од Владата па не смеам да реагирам. Тоа е недозволиво, нагласи Котлар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotlar-nauchnite-institucii-namesto-da-ja-kritikuvaat-vlasta-tie-se-pod-niven-pritisok-imame-golem-problem/feed/ 0
Папата со критика до луѓето кои не сакаат да носат маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-so-kritika-do-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-nosat-maski-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-so-kritika-do-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-nosat-maski-2/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=433461

Папата Франциск не покажува разбирање за демонстрантите кои се спротивставуваат на ограничувачките мерки, особено на таа за носењето маски, додека за луѓето кои протестираа по насилната смрт на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кажа дека го изразиле „здравиот бес“ против расизмот. „Некои групи протестираа, одбиваа да држат дистанца, маршираа против забраната за патување – како мерките наметнати од владите да се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, а пренесе „Гардијан“. Папата го поддржува носењето маски, како форма на заштита од коронавирусот. „Истите тие луѓе кои протестираа против ограничувачките мерки, никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту, пак, би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостасува вода за пиење, образование или поради семејства кои ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, нив тоа не ги тангира, нема да протестираат затоа што не се во можност да излезат од нивниот мал свет на лични интереси“, додаде папата Франциск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-so-kritika-do-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-nosat-maski-2/feed/ 0
Словачкиот премиер со остри критики кон својот претходник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachkiot-premier-so-ostri-kritiki-kon-svojot-prethodnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachkiot-premier-so-ostri-kritiki-kon-svojot-prethodnik/#respond Thu, 23 Jul 2020 14:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=380374

Премиерот на Словачка Игор Матович го критикуваше неговиот претходник Роберт Фицо, тврдејќи дека тој бил запаметен меѓу европските лидери само по две работи – девојки и алкохол. Матович со ова одговори на критиките на Фицо, кој го обвини за лош резултат на неодамнешниот самит во Брисел. По владината седница, Матович објасни дека ги прашал европските лидери на самитот за нивните искуства со Фицо. Според него, некои воопшто не можеле да се сетат на Фицо. – Фицо секогаш влегуваше во пленарната сала последен, кога сите останати веќе седеа, рече тој, додавајќи дека вистинските разговори честопати се одвиваат пред официјалните дискусии. – Кога дискусијата завршувала, Фицо си заминувал. Тој никогаш не разговарал со никој и никој дури не разговарал со него, додаде тој. Затоа, како што продолжи, тој е убеден дека Фицо лажел кога рекол дека разговарал со неколку европски лидери на телефон и го повика да каже кои се тие лидери. – Имам многу добри односи со повеќето од тие лидери, рече Матович.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachkiot-premier-so-ostri-kritiki-kon-svojot-prethodnik/feed/ 0
Кина се соочува со критики откако не му издаде работна дозвола на дописникот на „Њујорк Тајмс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-se-soochuva-so-kritiki-otkako-ne-mu-izdade-rabotna-dozvola-na-dopisnikot-na-njujork-tajms/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-se-soochuva-so-kritiki-otkako-ne-mu-izdade-rabotna-dozvola-na-dopisnikot-na-njujork-tajms/#respond Thu, 16 Jul 2020 10:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=377005

Кина наиде на критики откако властите одбија да му издадат работна дозвола на дописникот на Њујорк Тајмс која се однесува и за континентална Кина и за Хонг Конг. Од Крис Бакли, кој неколку години работеше за весникот од Хонг Конг, во мај беше побарано да ја напшти континентална Кина откако кинеските власти одбија да ја обноват неговата новинарска виза, соопшти американскиот комитет за заштита на новинарите (ЦПЈ). Минатата недела властите во Хонг Конг, исто така, одбија да ја обноват дозволата на Бакли да работи во специјалниот административен регион без да наведат никаква специфична причина, соопшти организацијата. – Забраната на новинар од Њујорк Тајмс да работи во Хонг Конг го крши основното ветување за слобода на печатот, кое постојано му се дава на народот во Хонг Конг, тврди Стивен Батлер од ЦПЈ. Батлер, координатор на програмата на ЦПЈ за Азија во Вашингтон, ги повика имиграциските власти во Хонг Конг „да ја сменат оваа одлука, која го поткопува слободниот проток на информации клучни за успехот на Хонг Конг“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-se-soochuva-so-kritiki-otkako-ne-mu-izdade-rabotna-dozvola-na-dopisnikot-na-njujork-tajms/feed/ 0
Ако е конструктива и оправдана, критиката е добра за секого https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-e-konstruktiva-i-opravdana-kritikata-e-dobra-za-sekogo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-e-konstruktiva-i-opravdana-kritikata-e-dobra-za-sekogo/#respond Sun, 26 Aug 2018 17:11:19 +0000 https://kurir.mk/?p=92352

Забелешките за работата можат да бидат меч со две острици, а само од начинот и вистинската мерка, ќе зависи дали поради неа човек ќе се чувствува несигурен или пак самоуверено. Критиката може да ја зголеми продуктивноста, а ако е оправдана и конструктива, на вработените им овозможува да напредуваат, вели експертот за деловна обука Петра Чолак и додава: – Критиката помага при избегнување на несогласувања, ни дава на знаење дека се следи и цени работата на некое лице и обезбедува здрава работна средина. Со конструктивна критика се даваат јасни насоки за тоа што и како да се работи и се нуди можност за напредување на начинот на работењето и избегнување на грешки., Но, најважно е како се изрекува. – Ефектот од критиките зависи од начинот на кој се дава и подготвеноста таа да се прифати. Во спротивно може да доведе до немотивираност и несигурност кај вработените – вели Чолак. – Давањето и примањето на повратни информации е комуникациска вештина која лесно може да се научи. Ако информацијата е изречена искрено и се применува правилно, делува позитивно и мотивациски, а ја јакне и самодовербата – советува Чолак. Позитивните критики изгледаат вака: 1. Кажете на вработениот што треба да поправи и притоа бидете прецизни; 2. Кажете која позитивна промена ќе донесе кога ќе се усвојат препораките; 3. Следете ја работата на луѓето и пофалете ги кога ќе видите дека повратната информација е усвоена. Ако вработениот добива јасни насоки дека нешто може да направи подобро, поинаку или побрзо ќе расте неговата мотивација, но и ентузијазмот. Човекот не се чувствува нападнат, а му било кажано каде греши. Така нема да почувствува пораз, туку всушност ќе добие повратна информација за тоа што не е направено за да се оствари целта, поточно, кои се вистинските причини поради кои не е постигнат посакуваниот резултат. Кај давањето и примањето на критиките секогаш треба да се биде свесен за тоа дека секоја вистина има свое лице и наличје. Не постои една и апсолутна вистина, барем не во односите меѓу луѓето. Ако човекот тоа го освести, ќе биде многу потактичен и помалку тврдоглав, па полесно ќе свати дека критиката е здрав облик на комуникација, бидејќи вклучува изразување на нечие мислење за туѓите постапки. Многу луѓе на критиките реагираат инстиктивно и често агресивно, но одбраната на сопствениот став до последна капка крв, создава впечаток на вина и зголемени тензии. Секако дека постојат и недобронамерни критичари, чии совети се деструктивни, неправедни, т.е. маскирани со комплиметни или наивни прашања, а всушност изразуваат завист и љубомора. Но, таквите најлесно се препознаваат по тоа што таквите никогаш не зборуваат ништо позитивно. Во здравата размена на аргументи не постои победник и победен, туку признавање дека две глави се попаметни од една, т.е. дека проблемот полесно се решава ако се согледува од две страни. Од позитивната критика добро е да се извлечат совети и да се обидеме да го промениме однесувањето. Само големите луѓе знаат да се согласат со соговорникот, или да му се извинат, а да се чувствуваат уште поголеми и подобри. Без навреди Критиката не смее да се дава во афект, бидејќи тогаш во комуникацијата се вовлекува сарказам, неприкладен јазик и погрдни имиња, а таква критика не може да биде конструктивна. Внимание Кога критикувате, внимавајте да бидете директни. Не вртете наоколу и јасно кажете што мислите, не очекувајте дека другата страна ќе погоди што мислите. Проверете дали ве разбрале, вели Чолак. Правила Критиката не смее да биде предолга, навредлива и не смее да се зборува пред други, вели Петра Чолак. Подготовка  Критиката треба да се темели на конкретни примери, а не на гласини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-e-konstruktiva-i-opravdana-kritikata-e-dobra-za-sekogo/feed/ 0