критики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 13:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png критики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски генерал разрешен поради критикување на воениот врв https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-general-razreshen-poradi-kritikuvane-na-voeniot-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-general-razreshen-poradi-kritikuvane-na-voeniot-vrv/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:47:01 +0000 https://kurir.mk/?p=856318

Рускиот генерал Иван Попов, задолжен за дел од руските сили кои се борат во јужна Украина, е разрешен од должноста откако отворено зборуваше за проблемите со кои се соочуваат неговите војници. Тој го критикуваше воениот врв и изјави дека на руските војници им е забоден нож во грб. Генерал-мајор Иван Попов, командант на 58-та армија која се бори во јужниот украински регион Запорожје, кој е централна точка на украинската контраофанзива, во аудио изјава за неговите војници објавена синоќа рече дека е разрешен по состанокот со воениот врв. Попов рече дека военото раководство е луто затоа што тој искрено зборувал за предизвиците со кои се соочиле неговите сили, особено за недостигот на радар за следење на непријателската артилерија, што резултирало со огромни руски жртви. „Врховните офицери очигледно ме видоа како извор на закана и брзо издадоа наредба да се ослободат од мене, која беше потпишана од министерот за одбрана за само еден ден. Украинската армија не можеше да ја пробие одбраната на нашата армија, но нас врховниот командант не удри во грб, предавнички и кукавички обезглавувајќи ја војската во најтешкиот момент“, додаде тој. Попов, кој се нарекува Спартак, на своите војници им се обраќа со „мои гладијатори“ во аудио пораката што ја објави пензионираниот генерал Андреј Гурулев, кој претходно командуваше со 58-та армија и моментално е пратеник. Педесет и осмата армија се состои од неколку дивизии и помали единици. Попов (48) имаше опуштен пристап кон војниците што беше редок и во спротивност со цврстиот стил на командување кој е вообичаен за руската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-general-razreshen-poradi-kritikuvane-na-voeniot-vrv/feed/ 0
Австрискиот амбасадор со критики до судии и обвинители за пристрасност во случај со братучетка на Зоран Заев, за долг од 4,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/#respond Tue, 27 Jun 2023 18:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=850241

Австрискиот амбасадор Георг Воутсас, преку допис до телевизија Телма упати низа жестоки критики до македонското правосудство и обвинителство, поради неможноста австриска компанија да си го наплати долгот од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража. Станува збор за реномираната компанија АММА Хоенемс која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од ДЕНА продукт увоз извоз Велес. И покрај тоа што арбитражата е призната во Македонија, на македонските судови им беа потребни неколку месеци за да ја потврдат, период кој Дена продукт го искористила да префрли голем дел од својот имот на друга компанија, Глобал трејд ДММ ДООЕЛ. Во дописот, автсрискиот амбасадор наведува дека Глобал трејд е фирма во сопственост на Емилија Заева Костова. Таа е сопруга на сопственикот на ДЕНА продукт, но е и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, наведува амбасадорот Георг Вутсас. Според дописот од австриската амбасада, сопружниците сопственици на ДЕНА продукт и Глобал Трејд успеале да избегнат две присилни извршувања врз нивниот имот со манипулирање на податоците во Катастарот. Како капак на се, закажале јавна аукција на две оранжерии на 10-ти јули во Кавадарци, која доколку биде спроведена, АММА нема да може да ги наплати своите побарувања. Во јавниот допис насловен „Повик за владеење на правото“, амбасадорот смета дека потфрлиле и судиите и обвинителите каде австриските инвеститори пријавувале дека не се почитува арбитражата и наплатата на долгот. Не се почитуваат ниту судските одлуки за замрзнување на имотот. Дали ДЕНА и Глобал го заробиле судството и правните службеници? Како последица, Амбасадорот Георг Вутсас во писмо испратено неодамна побара од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители итна смена на сите некомпетентни и пристрасни судии и обвинители во овие случаи. Секаков притисок или влијание се спротивни на независноста на судството и мора да бидат пријавени за понатамошно постапување, се вели во јавниот допис на амбасадорот Георг воутсас. Австриската АММА Хоенемс која работи на големо со дистрибуција на земјоделски производи склучила договор со ДЕНА на зетот на Зоран Заев за повеќе милиони евра. Валандовската фирма требало на големо да набавува корнишони од прва класа за Австријците. Фокус веќе објави дека екслузивниот договор ДЕНА го прекршувала со тоа што производот го продавале на германски конкурент на пазарот. Иако вложиле во технологија и семиња на ДЕНА, кога ја откриле измамата покренале спор пред меѓународен суд во Виена и добиле отштета од 4,5 милиони евра. Тогаш почнале македонските судски игри. Но, австрискиот амбасадор Вутсас не се откажува и најави дека ќе се појави на лицитацијата на 10-ти јули во Кавадарци и го повикува и државниот обвинител Јовевски и граѓаните да дојдат таму и заеднички да се борат против корупцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskiot-ambasador-so-kritiki-do-sudii-i-obviniteli-za-pristrasnost-vo-sluchaj-so-bratuchetka-na-zoran-zaev-za-dolg-od-4-5-milioni-evra/feed/ 0
ХРВ со остри критики до ЕК за недоволна заштита на владеењето на правото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrv-so-ostri-kritiki-do-ek-za-nedovolna-zashtita-na-vladeenjeto-na-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrv-so-ostri-kritiki-do-ek-za-nedovolna-zashtita-na-vladeenjeto-na-pravoto/#respond Wed, 20 Jul 2022 15:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=708013

Една од највлијателните организации за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ) изнесе сериозни критики кон Европската Комисија за недоволната заштита на владеењето на правото во земјите-членки на Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕК неделава ги објави извештаите за владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ. Овие релативно нови извештаи, последица на нарушувањето на владеењето на правото во земји како Унгарија и Полска, се нова пракса на Комисијата, и содржат препораки до секоја земја. Препораките се однесуваат на судскиот систем, корупцијата, слободата на медиумите и институционални прашања. Но, ХРВ оценува дека овие извештаи не се доволни за да се заштити владеењето на правото во ЕУ. – И покрај сѐ поголеми докази, вклучително и од Агенцијата за темелни права на ЕУ, за заплашувања и мешање во работата на граѓанското општество, овој извештај не го идентификува граѓанското општество како клучна тема, оценува организација за заштита на човековите права. Најфрапантни, според ХРВ, се случаите на Унгарија и Полска, кои и двете под истрага на ЕК за нарушување на владеењето на правото и човековите права. – Унгарија и Полска ги добија најбројните препораки, но за жал повеќето препораки се општи и не ја содржат потребната специфичност за да се обезбеди ефикасна имплементација, истакнува ХРВ, која потсетува на нападите врз невладините и граѓанските организации во Унгарија, и за која препораката гласи само „да се отстранат пречките, што ги засегаат организациите од граѓанското општество“. Што се однесува до препораките на Европската Комисија до Унгарија за враќање на независноста на судството, Хјуман Рајтс Воч истакнува дека тие се послаби од самиот Хелсиншки Комитет на Унгарија. Притоа, ХРВ изразува загриженост што препораките не содржат временски рокови, нема систем на мониторинг, ниту последици доколку не се применат препораките. ХРВ предупредува дека без одлучност во делот на владеењето на правото во ЕУ, последиците можат да бидат сериозен во однос на репресијата и Европската Комисија треба навремено да ги увиди предупредувањата кога се појавува било каков вид репресија во земјите-членки на ЕУ пред да биде доцна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrv-so-ostri-kritiki-do-ek-za-nedovolna-zashtita-na-vladeenjeto-na-pravoto/feed/ 0
Амбасадорот Дабиќ кој што го критикуваше предлогот е суспендиран, затоа протестите повторно ќе враќаат пред МНР како знак на поддршка на замолчените дипломати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-dabikj-koj-shto-go-kritikuvashe-predlogot-e-suspendiran-zatoa-protestite-povtorno-kje-vrakjaat-pred-mnr-kako-znak-na-poddrshka-na-zamolchenite-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-dabikj-koj-shto-go-kritikuvashe-predlogot-e-suspendiran-zatoa-protestite-povtorno-kje-vrakjaat-pred-mnr-kako-znak-na-poddrshka-na-zamolchenite-diplomati/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=703868

Реномираниот дипломат Зоран Дабиќ е суспендиран од МНР, затоа што се обратил на народниот протест пред Собранието против францускиот предлог. Зоран Дабиќ е претседател на македонскиот дипломатски синдикат и и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој на протестот кажа дека најсикусните дипломати во МНР воопшто не го виделе Предлогот, а уште помалку биле консултирани за неговата содржина и последиците. Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ. Ова веројатно било причината поради која Дабиќ бил санкциониран од страна на министерот Османи. Зоран Дабиќ секогаш гласно говорел за катастрофалните состојби во македонската дипломатија, далеку пред да се случат сенародните протести. Тој некое време наназад говори дека дипломати со кариера и искуство се шиканирани и деградирани во министеството. Она што се случува во министерството во последните неколку години па навистина мислам дека најпогоден збор би бил репресија. Имаме незапамтена ситуација, незапамтена состојба на бркање на дипломати од работа кои преку судот по судски постапки успеаја да се вратат на работа. Имаме масовна ситуација на деградирање на дипломати која е врзана со систематизацијата од пред пола година, тоа беше донесено токму за таа цел. Имаме застој на кариера по десетина години на помладите дипломати и нула од кариерно управување или кариер менаџмент што се вика. И имаме едно големо незадоволство кое е одраз на упорното туркање на некои документи, акти како што е предлог законот за надворешни работи, како што е споменатата систематизација. И како што се патувањата на дипломати и амбасадори во странство, образложи Дабиќ. Денес според најавите сенародниот протест Ултиматум, НЕ благодарам почнува пред Владата и преку МНР, каде што граѓаните ќе дадат поддршка на суспендираниот дипломат, и ќе се заврши пред Собранието. Се очекува дека на протестот повторно ќе се обрати амбасадорот Дабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-dabikj-koj-shto-go-kritikuvashe-predlogot-e-suspendiran-zatoa-protestite-povtorno-kje-vrakjaat-pred-mnr-kako-znak-na-poddrshka-na-zamolchenite-diplomati/feed/ 0
Поради наводни сурови експерименти со кученца Фаучи е мета на критики https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/#respond Mon, 25 Oct 2021 14:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=585221

Главниот медицински советник на американскиот претседател Ентони Фаучи се најде на удар на критики поради наводната лага изречена пред Конгресот за начинот на кој Националниот институт за здравство (НИХ) го финансираше контроверзното истражување за коронавирусот на лилјаците во Кина. Институтот призна дека учествувал во истражување на вируси со зголемена функционалност, спротивно на претходното негирање на Фаучи. Покрај наводите за лажење на американскиот Конгрес, д-р Ентони Фаучи сега се соочува со повици за негова оставка и апсење поради негова наводна вмешаност во брутални експерименти со кученца од расата Бигл, кои наводно биле заразени со паразити кои предизвикуваат болести. Повиците се интензивираа по објавувањето на видеото на кое се прикажани брутални сцени на имобилизација и тортура на кученца, а некои од видеата покажуваат како телата на кучињата се фрлаат во корпи за отпадоци, објави Њујорк пост. Грозоморните снимки се појавија набрзо откако хаштагот #ArrestFauci (уапсете го Фаучи) почна да кружи на Твитер, и стана вирален откако медицинскиот советник на претседателот беше обвинет од непрофитната организација White Coat Waste Project дека финансира сурови експерименти со парите на даночните обврзници. Според непрофитната организација, најмалку 44 кученца Бигл биле подложени на експериментални лекови во лабораторија во Тунис, Северна Африка. Беше објавено дека кучињата биле „живи хранети“ со паразити кои носат болести, а на животните им биле отстранети гласните жици за да не им пречат на истражувачите со нивното лаење. Во светло на неодамнешните обвинувања за лажење на Конгресот, кога Фаучи негираше дека неговиот Национален институт за здравство (НИХ) бил вклучен во студија за коронавирусот во Вухан, додека агенцијата вели поинаку, разбеснетите активисти за човекови права упатија обвинување за медицинскиот советник на претседателот . Некои луѓе дури споделија фотографии од своите домашни миленици, повикувајќи Фаучи да биде уапсен, пренесуваат американските медиуми. Фаучи, кој сè уште не ги коментирал наводите за експерименти со кученца, останува на ставот дека никогаш не го излажел Конгресот, инсистирајќи дека „ниту тој, ниту д-р Френсис Колинс, директорот на НИХ, не лажеле или довеле во заблуда за тоа што го правеле“. Тој исто така истакна дека „молекуларно е невозможно овие вируси на кои е работено да станат САРС-КоВ-2“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/feed/ 0
Германскиот министер за внатрешни работи со критики кон УЕФА – еве за што станува збор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-so-kritiki-kon-uefa-eve-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-so-kritiki-kon-uefa-eve-za-shto-stanuva-zbor/#respond Thu, 01 Jul 2021 14:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=530646

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја критикуваше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради одлуката да дозволи зголемување на бројот на гледачи на стадионите на кои се игра ЕУРО2020, игнорирајќи го притоа брзото ширење на делта сојот на коронавирусот. Германскиот министер ја нарече одлуката на УЕФА „крајно неодговорна“. – УЕФА се води од комерцијални причини, кои не би требало да бидат над здравствените проблеми, изјави Зехофер. Тој истакна дека одлуката да се играат натпревари пред 60.000 гледачи, колку што УЕФА дозволи на лондонскиот стадион „Вембли“ за самата завршница на ЕУРО2020, неизбежно ќе води кон раст на бројот заразени со коронавирус, особено поради брзото темпо со кое се шири делта сојот. Шкотските власти пријавија вчера речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со натпреварите на ЕУРО2020, додека Финска објави дека околу 300 луѓе биле позитивни на вирусот, откако се вратиле од Санкт Петерсбург каде го следеле натпреварот на финската репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-so-kritiki-kon-uefa-eve-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0
И принцот Вилијам се огласи за новото клупско натпреварување – упати критики до Супер лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-princot-vilijam-se-oglasi-za-novoto-klupsko-natprevaruvanje-upati-kritiki-do-super-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-princot-vilijam-se-oglasi-za-novoto-klupsko-natprevaruvanje-upati-kritiki-do-super-ligata/#respond Mon, 19 Apr 2021 19:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=499504

Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) принцот Вилијам, го критикуваше денеска формирањето на европската Супер лига, нагласувајќи оти ја дели загриженоста на навивачите поради идејата за ново клупско натпреварување. -Сега, повеќе од кога и да е, мораме да ја заштитиме целата фудбалска заедница, од најниско до највисоко ниво – и вредностите на натпреварувањата и правичноста во својата срж, напиша на Твитер војводата од Кембриџ, кој воедно е и претседател на Фудбалската федерација на Англија -Ја делам загриженоста на навивачите поради предложената Супер лига и штетите кои ризикува да и ги нанесе на играта што ја сакаме, додаде принцот Вилијам. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-princot-vilijam-se-oglasi-za-novoto-klupsko-natprevaruvanje-upati-kritiki-do-super-ligata/feed/ 0
„100 дена лаги и загуби“ – и албанската опозиција, Зијаден Села и Африм Гаши со критики за новата Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-lagi-i-zagubi-i-albanskata-opozicija-zijaden-sela-i-afrim-gashi-so-kritiki-za-novata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-lagi-i-zagubi-i-albanskata-opozicija-zijaden-sela-i-afrim-gashi-so-kritiki-za-novata-vlada/#respond Wed, 09 Dec 2020 15:56:01 +0000 https://kurir.mk/?p=441002

Првите 100 дена од оваа влада се 100 дена од 4 годишното најлошо владеење што некогаш го имала оваа држава, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој потсетува дека СДСМ вети живот, дури и повеќе, подобро, но во првите 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ, трговија со идентитетот, 1400 загубени животи од корона вирусот, поскапа струја, сиромаштија и економска рецесија. Албанската опозиција исто така со критики за првите 100 дена од владата “Заев 2“. “Влада на лаги“, “Албанец премиер, лага“, “Влада на марихуана“, “Лажен ветинг“, “Закон за казината, лага“, беа само некои од прашањата за кои лидерот на АА и тој на Алтернатива ја потсетија владата, особено ДУИ. Лидерот Зијадин Села вели дека интгегративците не реализирале ниедно ветување кое им го дале на Албанците, а не понудиле ништо освен лаги, пренесува ТВ21. „Оваа Влада нема ниту грам морал за да продолжи со работа. Оваа Влада треба да даде оставка. Премиерот Заев треба да даде оставка и мора да се оди со широка Влада, со цел обврските да ги земат сите политички актери, за некаков компромис кој треба да се направи.“, рече Села. Две карактеристики на новата Влада се исклучување на гласот на другите и неуспехот, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој ги спомна економијата, евро интеграциите, наставниот процес и лошото менаџирање со пандемијата. „Ужасно е да бидете први во регионот за највисока смртност, не зборувам за Европа, туку ние сме пред Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Грција, Бугарија и други земји, тоа е алармантно. Бројот на заразени е многу висок. Најголемиот неуспех на ова Влада во однос на пандемијата, е не подготвувањето за вториот бран.“, изјави Гаши. Целиот текст на ТВ21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-lagi-i-zagubi-i-albanskata-opozicija-zijaden-sela-i-afrim-gashi-so-kritiki-za-novata-vlada/feed/ 0
ФОТО: Дара Бубамара објави нова фотографија од своето момче – фановите со остри критики кон пејачката! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-dara-bubamara-objavi-nova-fotografija-od-svoeto-momche-fanovite-so-ostri-kritiki-kon-pejachkata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-dara-bubamara-objavi-nova-fotografija-od-svoeto-momche-fanovite-so-ostri-kritiki-kon-pejachkata/#respond Fri, 23 Oct 2020 13:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=419825

Пејачката Дара Бубамара пред неколку дена повторно замина на одмор. Овој пат во Занзибар, а друштво и прави, се разбира, 21 година помладиот дечко Тони. Двојката веќе не се крие, а јавноста не престанува да го коментира изборот на Бубамара. Пејачката на Инстаграм објави фотка од дечко и додека е на плажа, што наиде на потсмев и критики од страна на нејзините следбеници. „Срамота е!“, „Можеш мајка да му бидеш!“, „Тој изгледа како дете“, „Детиште е“... ова се само некои од коментарите под фотографијата. Дека Дара ќе се потресе, сигурно нема, ама дека малку не личи толкава разлика, па и не личи!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-dara-bubamara-objavi-nova-fotografija-od-svoeto-momche-fanovite-so-ostri-kritiki-kon-pejachkata/feed/ 0
Куман ги критикуваше своите напаѓачи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuman-gi-kritikuvashe-svoite-napagjachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuman-gi-kritikuvashe-svoite-napagjachi/#respond Sat, 10 Oct 2020 08:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=414668

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изрази мислење дека системот 4-3-3 не е најсоодветен за неговата филозофија и затоа ќе наметне 4-2-3-1. – Со оваа постава и овој вид играчи, моето мислење е дека 4-2-3-1 е најдобрата формација. Овој систем е совршен за нас ако погледнеме на квалитетот на играчите што ги имаме, изјави Холанѓанецот. Куман започна со две последователни победи против Виљареал и Селта, но нерешениот резултат 1:1 со Севиља покажа некои слабости на Каталонците. – Генерално, тимот изгледаше многу добро, особено на првите два натпревари. Ако го анализираме натпреварот со Севиља, можеме да го подобриме нашиот пресинг. Постојат детали што треба да се поправат. Одбраната секогаш започнува од нападот. Ако добро притискаат, тогаш дефанзивците ќе немаат толку многу проблеми. Одбраната е тимска работа, додаде Куман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuman-gi-kritikuvashe-svoite-napagjachi/feed/ 0