криумчарење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 10:28:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png криумчарење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинение за криумчарење злато преку скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-kriumcharene-zlato-preku-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-kriumcharene-zlato-preku-skopskiot-aerodrom/#respond Wed, 16 Aug 2023 10:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=867353

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против српски државјанин по потекло од Република Турција за кривично дело – Криумчарење според член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и против македонски царински службеник кој е обвинет дека му помогнал да го стори делото. На 20 март обвинетиот пристигнал на скопскиот аеродром со лет од Истанбул кон Скопје и избегнувајќи ја царинската контрола, пренел 43,13 килограми разновиден златен накит во проценета вредност од околу 2.200.000 евра. Со отстранување на пречките за извршување на кривичното дело со умисла му помогнал обвинетиот царински службеник, кој во тој момент не бил на должност. Цариникот го пречекал странскиот државјанин во делот пред пасошката контрола и се обидел да му помогне да ја избегне царинската контрола, насочувајќи го најпрвин кон „зелениот“ коридор за багаж без стока за пријавување. Меѓутоа, тој коридор бил затворен со безбедносна лента, а сите патници биле насочени кон „црвениот“ коридор за контрола и кон скенерот. Непочитувајќи го ваквото насочување, царинскиот службеник ја поместил безбедносната лента, заедно со обвинетиот ја поминал царинската линија и се упатил кон излезот на аеродромот. Во тој момент интервенирале други царински службеници, по што обвинетите биле запрени, а при претресот на багажот бил пронајден вредниот златен накит. Заедно со обвинителниот акт јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, бидејќи се уште постојат законските основи поради кои таа мерка првично им беше определена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-za-kriumcharene-zlato-preku-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
ВИДЕО: Сузбиена организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, приведени 10 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-suzbiena-organizirana-megunarodna-grupa-za-kriumcharene-migranti-privedeni-10-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-suzbiena-organizirana-megunarodna-grupa-za-kriumcharene-migranti-privedeni-10-litsa/#respond Mon, 05 Jun 2023 11:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=842243

Денеска (05.06.2023) од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Струмица и Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага која се води под псевдонимот „Исар“, беше спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело криумчарење мигранти. Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за криумчарење на мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ, организирале криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ. Оваа меѓународна криминална група, била предводена од М.И., С.М., Ж.К., Д.Д. и С.П., при што најпрво обезбедувале возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и Бугарија, а потоа ангажирале лица „возачи“ и „чистачи“ за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, како и преку мобилни апликации на лицата „возачи“ и „чистачи“, како и на лица организатори од Србија и Унгарија, им е испраќана точната локација за прифаќање на илегалните мигранти. Од овие локации, мигрантите биле преземани од С.И., М.Д., К.Ж., А.Т., С.С., Ш.Г., Н.М., Н.М. и М.М кои биле ангажирани во улога на „возачи“ и „чистачи“. Истите лица повремено ангажирале и други лица како возачи, за прифаќање на мигрантите. Во зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра. Во текот на истрагата утврдено е лице - организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОСПО, ОКТИВ и СВР Скопје - ЕУМНА, при што претреси беа извршени во вкупно 11 објекти, лоцирани на подрачје на Куманово, Кратово и Струмица, а лишени од слобода се 10 лица, а три лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Штип, КПУ Идризово и Р.Унгарија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 17 лица и тоа против: М.И. (21), Ж.К. (23), М.М. (21), сите од Куманово и Д.Д. (20) и С.Т. (20), двајцата од Кратово за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 1) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 4 вв став 2), С.П. (22) од Куманово за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 1) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б), С.М. (26) од Куманово за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 1), С.И. (48) од Скопје за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2), М.С. (26) од Струмица, М.Д. (31), К.Ж. (20), Н.С. (27), Н.М. (24) сите од Куманово за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2), А.Т. (21) и С.С. (21) од Кратово за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 4), Ш.Г. (29) од Скопје за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 4 вв чл.24) и Н.М. (21) од Штип за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2) и Криумчарење на мигранти“ (член 418-б). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-suzbiena-organizirana-megunarodna-grupa-za-kriumcharene-migranti-privedeni-10-litsa/feed/ 0
Приведени наш и странски државјанин поради криумчарење на стоки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-nash-i-stranski-drzhavjanin-poradi-kriumcharene-na-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-nash-i-stranski-drzhavjanin-poradi-kriumcharene-na-stoki/#respond Tue, 25 Apr 2023 14:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827479

Денеска (25.04.2023) околу 07.00 часот на место викано „Дупки“ во близина на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ц.Р.(47) од Република Косово и Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско. При контрола во товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Ц.Р., каде сопатник бил Ј.П., биле пронајдени повеќе производи без соодветна документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-nash-i-stranski-drzhavjanin-poradi-kriumcharene-na-stoki/feed/ 0
Странски државјанин осомничен за криумчарење златен накит, цариник осомничен дека му помагал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/stranski-drzhavjanin-osomnichen-za-kriumcharene-zlaten-nakit-tsarinik-osomnichen-deka-mu-pomagal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/stranski-drzhavjanin-osomnichen-za-kriumcharene-zlaten-nakit-tsarinik-osomnichen-deka-mu-pomagal/#respond Wed, 22 Mar 2023 10:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=814884

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а второто за помагање при извршување на кривичното дело. На 20 март, на граничниот премин Аеродром Скопје, на влез во земјава, осомничениот 32-годишник со двојно турско и српско државјанство, пренел непријавена стока преку царинска линија. Станува збор за над 43 килограми разновиден накит, во вкупна вредност од 2.200.000 евра. Во тоа со умисла му помогнал вториот осомничен со отстранување на пречките за извршување на кривичното дело. Странскиот државјанин пристигнал со лет од Истанбул за Скопје и во просторот наменет за подигање на багажот го пречекал неговиот помагач, вработен во Царинската управа на РСМ, кој во тој момент не бил на смена и чија сестра патувала со истиот авион. Царинскиот службеник го зел багажот и од сестра си и од осомничениот, па ги ставил на количка за багаж, по што сите тројца се упатиле кон „зелениот коридор“ за излез од аеродромот без пријава на царинска стока. „Зелениот коридор“ бил затворен со безбедносна лента, па осомничениот цариник ја тргнал лентата и продолжил кон излезот. На тоа реагирал царинскиот службеникот кој го контролирал летот, но осомничениот се претставил како колега цариник и продолжил заедно со својата сестра и со осомничениот странски државјанин да се движи кон излезот. Тогаш интервенирале царинските службеници на смена, извршиле претрес на лицата и во ранецот на патникот од Истанбул пронашле 15 килограми златен накит, додека останатиот вреден накит бил пронајден во куферот на осомничениот натоварен на количката за багаж. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоци и услови да го повторат кривичното дело.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/stranski-drzhavjanin-osomnichen-za-kriumcharene-zlaten-nakit-tsarinik-osomnichen-deka-mu-pomagal/feed/ 0
Две лица ќе одговараат за криумчарење, еве што најде полицијата кај нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-litsa-ke-odgovaraat-za-kriumcharene-eve-shto-najde-politsijata-kaj-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-litsa-ke-odgovaraat-za-kriumcharene-eve-shto-najde-politsijata-kaj-niv/#respond Mon, 13 Mar 2023 14:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=811443

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(65) и С.Р.(55), двајцата од с.Лојане, липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’. На 25.02.2023 кај с.Злокуќане, липковско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило марка „опел корса’’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, а сопатник бил второпријавениот, при што во возилото без соодветна документација пронашле 190 кутии со по 500 таблети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-litsa-ke-odgovaraat-za-kriumcharene-eve-shto-najde-politsijata-kaj-niv/feed/ 0
Пресечен меѓународен канал за криумчарење мигранти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-kriumcharenje-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-kriumcharenje-migranti/#respond Wed, 21 Dec 2022 10:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=778503

Денеска во раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јаво обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, припадниците на МВР спроведоа координирана акција на повеќе локации во Општина Гази Баба и Општина Студеничани. Во акцијата се лишени од слобода девет лица меѓу кои и две деца над 16 години во судир со законот, а по две лица се трага, информираат од Јавно обвинителство. Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица и подготвителна постапка за двете деца. Меѓу осомничените е и еден полициски службеник, како и две лица кои во моментов се на издржување на казна затвор за кривично дело – Криумчарење на мигранти. Постои основано сомневање дека сите осомничени сториле кривично дело Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти од член 418-в и Криумчарење на мигранти од член 418-б од Кривичниот законик. Имено, во периодот од месец мај до октомври годинава, првоосомничениот заедно со три неидентификувани лица – странски државјани по потекло од арапските земји, кои повремено престојувале на територијата на нашата држава, се здружиле и организирале меѓународна криминална група, како дел од меѓународна криминална мрежа, за илегално пренесување на групи мигранти. Во посочениот временски период, во повеќе наврати опишани во Наредбата, осомничените заради стекнување имотна корист организирале илегално пренесување на мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија, Кашмир и Индија. Мигрантите, меѓу кои имало и малолетни лица, преку илегални премини т.н. зелена граница во околината на Гевгелија, Демир Капија и кумановско – липковскиот регион, биле пренесувани од Р.Грција и Р.Србија на територијата на РС Македонија, а потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано биле носени на претходно утврдени и договорени локации од каде осомничените припадници на групата ги прифаќале и со патнички моторни возила ги превезувале до претходно договорените локации, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Активностите за криумчарење се одвивале на тој начин што, првоосомничениот како организатор на претходно договорен и воспоставен начин преку телефонска и интернет комуникација, заедно со НН организаторите по потекло од арапските земји, го планирал и договарал бројот на мигрантите кои ќе бидат пренесени на територијата на РС Македонија, локацијата, времето, како и за местото каде се наоѓале мигрантите подготвени за прифаќање и понатамошно превезување. Заради засилените полициски патроли и контроли на подрачјето на Гевгелија и на Демир Капија, „качаците“ преку мобилните интернет апликации, им испраќале пораки со GPS координати на организаторите за моменталната локација, кои понатаму организаторите ги споделувале со припадниците на групата. За успешно извршено криумчарење на мигранти преку територијата на РС Македонија, на првоосомничениот – организатор на групата преку агенти за брз трансфер на пари Western Union и Ria, како и на „рака“ му биле исплаќани парични средства кои тој понатаму ги распределувал помеѓу припадниците на организираната криминална група во зависност од нивната улога во криумчарењето. Заради успешна реализација на криумчарењето, организираната криминална група континуирано добивала логистичка и друга поддршка од осомничениот полициски службеник, кој со умисла на друг начин помагал обезбедувајќи информации за местото и времето каде нема да има полициски контроли, патроли или заседи, односно каде по рутата по која осомничените ги превезувале мигрантите има поставени полициски пунктови. Во наведениот период оваа криминална група илегално пренела најмалку 86 мигранти. Предметниот обвинител, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените, се додава во соопштението од Јавно обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-kriumcharenje-migranti/feed/ 0
Притвор за осомничен за криумчарење злато и девизи на ГП „Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-osomnichen-za-kriumcharenje-zlato-i-devizi-na-gp-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-osomnichen-za-kriumcharenje-zlato-i-devizi-na-gp-bogorodica/#respond Tue, 20 Dec 2022 10:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=778058

Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по кривична пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 16 декември, избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, на излез од Република Македонија, во автобус со турски регистарски ознаки, пренел непријавена стока од големи размери, во вкупен износ од 23.286.120 денари. При детален преглед на автобусот, на левата страна од моторот во специјално направен бункер, биле пронајдени 11.960 грама 14-каратен златен накит спакуван во 23 пакувања, кој осомничениот не го пријавил на царинските работници, како и девизни средства – 262.500 американски долари и 154.000 евра сите во разни апоени спакувани во 16 пакувања. Бидејќи оцени дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да ја попречува истагата со влијание врз сведоците и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати прелдогот и му определи притворска мерка во траење од 30 дена.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-osomnichen-za-kriumcharenje-zlato-i-devizi-na-gp-bogorodica/feed/ 0
ФОТО: Спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит на ГП „Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-obid-za-kriumcharenje-zlaten-i-srebren-nakit-na-gp-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-obid-za-kriumcharenje-zlaten-i-srebren-nakit-na-gp-bogorodica/#respond Thu, 01 Sep 2022 16:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=727380

Царинската управа соопшти дека вчера, во вечерните часови, на граничниот премин „Богородица“ бил спречен обид за криумчарење златен и сребрен накит. Случајот го разоткриле царинските инспектори од мобилните тимови на Одделението за оперативни работи на Царинската управа. При спроведената детална контрола на камион со македонски регистарски таблички кој пренесувал стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен и 2 408 грама сребрен накит. Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-obid-za-kriumcharenje-zlaten-i-srebren-nakit-na-gp-bogorodica/feed/ 0
Спречен обид за криумчарење мигранти, приведени две лица од Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-obid-za-kriumcharenje-migranti-privedeni-dve-lica-od-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-obid-za-kriumcharenje-migranti-privedeni-dve-lica-od-veles/#respond Sun, 19 Jun 2022 08:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=692730

На 18.06.2022 во 21.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-obid-za-kriumcharenje-migranti-privedeni-dve-lica-od-veles/feed/ 0
Четворица обвинети за кривично дело „Криумчарење“ – ја признаа вината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvorica-obvineti-za-krivichno-delo-kriumcharenje-ja-priznaa-vinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvorica-obvineti-za-krivichno-delo-kriumcharenje-ja-priznaa-vinata/#respond Thu, 09 Jun 2022 12:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=688892

Вчера во Основниот кривичен суд – Скопје, во текот на главната расправа во предметот за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во месец март годинава, поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, четворица од обвинетите ја признаа вината, односно дека ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар. За кривичните дела што им се ставаат на товар судот донесе пресуди врз основа на признание на вина и тоа на обвинетите А.Ж. и Џ.Ш. им изрече ефективна казна затвор во траење од 6 месеци, додека за обвинетите Љ.Љ. и Д.К.Ш. судот донесе пресуда со која им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 2 години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција незадоволно од висината на изречените казни најавува жалба по добивањето на пресудата. Според обвинението со дејствијата што ги извршиле обвинетите како царински службеници сториле кривично дело Криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 5 во врска со став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Истрагата беше отворена кон крајот на месец декември минатата година по поднесена кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи. Во текот на постапката се утврди дека во месец ноември 2021 година четворица обвинети, меѓу кои двајца полициски службеници, како повеќе лица, во два наврати организирале неовластено пренесување заради пуштање во промет на таблети што содржат прекурсори, додека четворица царински службеници постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности. за останатите обвинети судската постапка продолжува.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvorica-obvineti-za-krivichno-delo-kriumcharenje-ja-priznaa-vinata/feed/ 0