крива паланка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крива паланка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради одрон затворен патот од Куманово до Кратово и Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-odron-zatvoren-patot-od-kumanovo-do-kratovo-i-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-odron-zatvoren-patot-od-kumanovo-do-kratovo-i-kriva-palanka/#respond Sat, 04 Nov 2023 10:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=896373

Поради одрони на патот кај село Ругинце од 10:20 часот затворени за сообраќај се патните правци Куманово-Кратово и Куманово-Крива Паланка, информира АМСМ. Екипите на Македонија пат се упатени на местото и работат на расчистување на одронот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-odron-zatvoren-patot-od-kumanovo-do-kratovo-i-kriva-palanka/feed/ 0
Опожарена градската депонија во Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozharena-gradskata-deponija-vo-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozharena-gradskata-deponija-vo-kriva-palanka/#respond Thu, 05 Oct 2023 10:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=885519

Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарот настанал околу два часот утрово, а бидејќи, според информациите од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, настанал од две страни, е од поголем размер и сè уште се работи на гасењето на истиот. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека дојавата е примена околу два часот по полноќ и ноќва пожарот беснеел неколку часа. Градската депонија е во реонот на селото Конопница, Кривопаланечко. - Бидејќи ова е пожар од поголеми размери, од утрово ангажирани се сите наши вработени, сите екипи на Територијалната противпожарна единица. Вработените во ЈП Комуналец се на терен, со механизацијата со која располагаме, а на помош се одзваа и активно се вклучени повеќе приватни компании кои изведуваат градежни работи на територијата на Општина Крива Паланка. Сите тие интензивно обезбедуваат материјали, земја за посипување, а очекуваме, доколку има потреба, ќе се вклучи и ТППЕ Ранковце, информира директорката на ЈП Комуналец, Мирка Јакимовска. Според првичните сознанија од теренот и начинот на кој настанал пожарот, најверојатно станува збор за човечки фактор како причинител за пожарот, но надлежните допрва ќе ги утврдуваат причините. Депонијата во истиот период, месец октомври, била опожарена и претходно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozharena-gradskata-deponija-vo-kriva-palanka/feed/ 0
Мјузиклот „Весели девојки“ со Тијана Дапчевиќ пред театарската публика во Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mjuziklot-veseli-devojki-so-tijana-dapchevik-pred-teatarskata-publika-vo-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mjuziklot-veseli-devojki-so-tijana-dapchevik-pred-teatarskata-publika-vo-kriva-palanka/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884158

Мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ, на уметничка работилница „Призор“ од Белград, Република Србија синоќа беше изведен  во Центарот за култура во Крива Паланка, на третата фестивалска вечер од 15. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“. -Разиграна атмосфера, насмевки и громогласни аплаузи од публиката што уживаше во ритамот на мјузиклот „Весели девојки“ на извонредната актерска работилница „Призор“ од Белград, Србија, во режија на Раде Вукотиќ ја одбележа третата фестивалска и прва октомвриска вечер со театар во нашиот град. Актерките, меѓу кои и нашата македонска врвна актерка и музички уметник, Тијана Дапчевиќ, со синоќашниот перформанс ветија одлична програма до крајот на 15. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“, Крива Паланка. Градот 10 дена живее со театарската уметност, со врвни актери и актерки од земјава и Балканот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка. Фестивалот трае до 7 октомври, а вечерва на програмата е „Со кого и со што во ЕУ“, монодрама на Драган Тешиќ од Драфт театар. Утревечер, трети октомври, на репертоарот ќе настапи Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ –Винковци, Хрватска со „Три и пол сестри“ од Петра Цицвариќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mjuziklot-veseli-devojki-so-tijana-dapchevik-pred-teatarskata-publika-vo-kriva-palanka/feed/ 0
Тешко приведен малолетник од Петралица, кривопаланечко – паднал од приколка на трактор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-priveden-maloletnik-od-petralitsa-krivopalanechko-padnal-od-prikolka-na-traktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-priveden-maloletnik-od-petralitsa-krivopalanechko-padnal-od-prikolka-na-traktor/#respond Thu, 07 Sep 2023 15:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=875778

На 06.09.2023 во 14.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош при Здравствен дом Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Петралица, кривопаланечко. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите при пад од приколка прикачена на трактор. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-priveden-maloletnik-od-petralitsa-krivopalanechko-padnal-od-prikolka-na-traktor/feed/ 0
Поглавите на МПЦ-ОА и на СПЦ, Стефан и Порфириј, и свештеници од Бугарската и Романската црква отслужија Света божествена литургија во Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavite-na-mpts-oa-i-na-spts-stefan-i-porfirij-i-sveshtenitsi-od-bugarskata-i-romanskata-tsrkva-otsluzhija-sveta-bozhestvena-liturgija-vo-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavite-na-mpts-oa-i-na-spts-stefan-i-porfirij-i-sveshtenitsi-od-bugarskata-i-romanskata-tsrkva-otsluzhija-sveta-bozhestvena-liturgija-vo-kriva-palanka/#respond Tue, 29 Aug 2023 13:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=872104

Во чест на денешниот празник свети Јоаким Осоговски, во манастирот кај Крива Паланка и денеска се слеа река верници што доаѓаат да се поклонат на моштите на светителот. Во чест на празникот заедничка света архиерејска литургија служеа српскиот патријарх г.г.Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. - Од овој храм каде со векови се упатуваат молитви кон Христа за спасение на светот, за мир и единство во христовата црква, да го негуваме она што е најважно за секој верник, народ и поединец, а тоа е молитвата. Оној што се противи на заедништото, на светлината и единството, кажано е, се победува со молитва и пост. Тоа треба не само да го знаеме, туку и да го применуваме во животот. За тоа подобро место нема отколку ова свето место кај Свети Јоаким Осоговски каде со векови се упатуваат молитви. Молитвите кон Христа се најсилното оружје кое не спојува со Бог, кое милува и ги милува и другите кои ни се противат, оние кои се сметаат за нашти непријатели, бидеќи ние сите сме соединети во Христовата љубов и сме сите пријатели, порача во обраќањето до бројните верници српскиот патријарх г.г.Порфириј. Треба, рече, да имаме доволно верба и молитва за сите кои ја немаат, да бидеме свети и светла и во рамки на семејството, и во рамки на еден народ и понатаму, меѓу народите, зашто тоа е црквата Христова, почнувајќи од подвижниците Јоаким Осоговски и другите, се до денес, и да ги учиме своите деца дека да се биде едно со Христа значи да се биде едно со целиот свет. Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан кажа дека обединувачката сила на Севишниот е голема, како и на подвижниците, светите Јоаким Осоговски, Јован Рилски и Гаврил Лесновски, како што светиот Јоаким денеска ги обедини верниците од повеќе држави. -Денешниот собир е пример дека во црквата нема разлика меѓу народите зашто ист е Господ над сите, а покрај нас, домаќините сослужуваа свештеници до три помесни цркви, а голема чест ни е што ссслужуваше неговата светост, г.г. Порфириј. Освен архиереите ни сослужува и свештенослужителот од Романската православна црква, а празничната радост ја сподели и г.Јаков митрополит од сестринската Бугарска црква. Сите ние возљубени заедно со вас му благодариме на Бога да бидеме христови по име, мисла и дела, обиувајќи се да растеме во богољубието и човекољубието, редовно учествувајќи во верскиот живот на црквата, рече г.г. Стефан. По богослужбата во дворот на црквата се одржа и водосвет, а илјадници верници во текот на целиот ден се очекува да продолжат да доаѓаат во манастирот и да му се молат на светителот-закрилник на градот Крива Паланка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavite-na-mpts-oa-i-na-spts-stefan-i-porfirij-i-sveshtenitsi-od-bugarskata-i-romanskata-tsrkva-otsluzhija-sveta-bozhestvena-liturgija-vo-kriva-palanka/feed/ 0
ЗА ВЛАСТА ВЛАДО ГЕОРГИЕВ Е ЗДРАВКО ЧОЛИЌ И ТОЧКА – градоначалникот на Крива Паланка и министерот Николовски се ракуваа со пејачот кој не знаеја кој е (ХИТ ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-vlado-georgiev-e-zdravko-cholik-i-tochka-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-i-ministerot-nikolovski-se-rakuvaa-so-pejachot-koj-ne-znaeja-koj-e-hit-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-vlado-georgiev-e-zdravko-cholik-i-tochka-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-i-ministerot-nikolovski-se-rakuvaa-so-pejachot-koj-ne-znaeja-koj-e-hit-foto/#respond Mon, 28 Aug 2023 16:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871769

Пукна брука и со манифестацијата организирана од страна на градоначалникот на Крива Паланка од редовите на владејачката партија, Сашо Митовски. Имено на нивната официјална страна на Фејсбук објавија дека градоначалникот заедно со министерот Љупчо Николовски го пречекале Здравко Чолиќ, но очигледно како и за секое ветување во земјава, сакаа да изманипулираат и со ова. За жал, наместо на фотографиите да биде Здравко Чолиќ, на нив беше Владо Георгиев кој имаше концерт на „Џојфест“ изминатата вечер. Бруката да биде поголема, нивниот пост стоеше непроменет со часови, а дали навистина двајцата не знаеле со кого се фотографираат и ракуваат е само мистерија...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-vlado-georgiev-e-zdravko-cholik-i-tochka-gradonachalnikot-na-kriva-palanka-i-ministerot-nikolovski-se-rakuvaa-so-pejachot-koj-ne-znaeja-koj-e-hit-foto/feed/ 0
Започна десеттиот, јубилеен, „Џојфест“ во Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-desettiot-jubileen-dhojfest-vo-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-desettiot-jubileen-dhojfest-vo-kriva-palanka/#respond Mon, 28 Aug 2023 10:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=871692

На градскиот стадион во Крива Паланка синоќа започна јубилејното , десетто, издание на музичкиот фестивал „Џојфест“. Првата фестивалска вечер беше резервирана за младите рокери од „Фикшн“ и нашиот популарен музички состав ДНК, на главната програма, а бројната публика што го преполни градот под Осоговските Планини уживаше и во хитовите на гостин-пејачот, популарниот српски солист Владо Георгиев. Ова е еден од најголемите фестивали и настани од областа на културата организирани во Крива Паланка, на кој вечера се очекува да има двојно повеќе посетители. На вечерашната програмска агенда на „Џојфест“ се нашата култна група „Нокаут“ и ДЏ Галоски, а она што навистина сго привлече вниманието на публиката од целата држава и регионот е настапот на балканската жива музичка легенда, Здравко Чолиќ, за што во градот се очекува да присуствуваат неколку илјади посетители, љубители на неговите хитови, со кои растеле бројни генерации на екс-ЈУ просторите, а чии хитови од најновите албуми редовно ги слушаат и пеат многуте обожаватели на неговиот музички стил и денес. Организатор на фестивалот „Џојфест“ е Општина Крива Паланка, со поддршка од Министерство за култура на РС Македонија. Фестивалот годинава е поддржан од министерството, додека сите останати средства за двата дена на одржување на истиот се обезбедени од спонзорства и донации од општествено одговорни компании. Крива Паланка овие денови живее во полн ритам. Денес се празнува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, а утре, 29 август, патрон-празникот на свети Јоаким Осоговски - светецот заштитник на градот. Денес на стадионот во Крива Паланка ќе се одржи и прослава по повод Денот на рударите, а стотици верници се очекува да го посетат манастирскиот комплекс, бисер на регионот и државата, „свети Јоаким Осоговски“. Утре на стадионот во градот, во 14 часот, за првпат во организација на Општина Крива Паланка со поддршка од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе се одржи „Фестивал на храна".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-desettiot-jubileen-dhojfest-vo-kriva-palanka/feed/ 0
Маж направил хаос: Украл сообраќаен знак, уништил неколку возила, па бил агресивен кон полицајци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-haos-ukral-soobrakaen-znak-unishtil-nekolku-vozila-pa-bil-agresiven-kon-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-haos-ukral-soobrakaen-znak-unishtil-nekolku-vozila-pa-bil-agresiven-kon-politsajtsi/#respond Wed, 05 Jul 2023 14:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=853148

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“. Пријавениот на 08.05.2023 кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост“, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив. Воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-haos-ukral-soobrakaen-znak-unishtil-nekolku-vozila-pa-bil-agresiven-kon-politsajtsi/feed/ 0
Пендаровски во посета на загрозените подрачја во Крива Паланка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-zagrozenite-podrachja-vo-kriva-palanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-zagrozenite-podrachja-vo-kriva-palanka/#respond Mon, 19 Jun 2023 16:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=847512

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Крива Паланка каде што ги посети загрозените подрачја од поплавите кои изминативе денови беа предизвикани од поројните врнежи од дожд. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и претставници на општинските служби го информираа претседателот Пендаровски за настанатите штети во градот и околината, за состојбата на патната инфраструктура и за преземените мерки за расчистување на наносите. Истовремено, од општината Крива Паланка истакнаа дека поради обемот на штетите, за нивна санација, ќе биде неопходна помош од државата. За време на престојот во општина Крива Паланка, претседателот Пендаровски го посети местото викано „Осички Мост“, каде поради оштетување на патот отсечена е цела населба. Пендаровски ја посети и локацијата на стариот патен правец кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кадешто невремето предизвикало свлечишта од голем обем, а се запозна и со состојбата на речното корито на Крива Река во урбаниот дел на градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-zagrozenite-podrachja-vo-kriva-palanka/feed/ 0
Големи штети по излевањето на реките Крива и Киселичка: Поплавени домови, отсечено село, однесени пешачки мостови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/#respond Fri, 16 Jun 2023 20:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=846668

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т'лминци со над дваесетина жители е отсечено. Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река. - Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот, е на терен. Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта. Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост" е затворен за сообраќај, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка. Дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Службите информираат дека со пумпи се врши испумпување вода во неколку куќи кај местото викано Тополки кај населбата Мизовски Ливади, а кај градскиот базен постои опасност од излевање на реката. Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката. Сите служби се мобилизирани, механизација е на терен, а според информациите од Општинскиот кризен штаб, водостојот на реката се намалува, но сѐ што е потребно се работи на терен и формирани се тимови од општината кои се распоредени итно на сите критични локации. Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000. Информирани се надлежните институции, Центар за управување со кризи и на терен вечерва се очекува да пристигне директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Невреме со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Куманово и Кумановско, предизвика поплавување на улиците во централното кумановско градско подрачје, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја. - Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во текот на денот ЦУК испрати известување според податоците од УХМР, дека на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. -Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, стоеше во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/feed/ 0