Крива Река – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jun 2023 20:32:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Крива Река – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Големи штети по излевањето на реките Крива и Киселичка: Поплавени домови, отсечено село, однесени пешачки мостови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/#respond Fri, 16 Jun 2023 20:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=846668

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т'лминци со над дваесетина жители е отсечено. Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река. - Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот, е на терен. Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта. Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост" е затворен за сообраќај, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка. Дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Службите информираат дека со пумпи се врши испумпување вода во неколку куќи кај местото викано Тополки кај населбата Мизовски Ливади, а кај градскиот базен постои опасност од излевање на реката. Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката. Сите служби се мобилизирани, механизација е на терен, а според информациите од Општинскиот кризен штаб, водостојот на реката се намалува, но сѐ што е потребно се работи на терен и формирани се тимови од општината кои се распоредени итно на сите критични локации. Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000. Информирани се надлежните институции, Центар за управување со кризи и на терен вечерва се очекува да пристигне директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Невреме со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Куманово и Кумановско, предизвика поплавување на улиците во централното кумановско градско подрачје, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја. - Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во текот на денот ЦУК испрати известување според податоците од УХМР, дека на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. -Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, стоеше во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/feed/ 0
Крива Река се излеа во Крива Паланка: Итно известување до граѓаните, во прекин сообраќајот кон село Луке https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriva-reka-se-izlea-vo-kriva-palanka-itno-izvestuvane-do-graganite-vo-prekin-soobrakajot-kon-selo-luke/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriva-reka-se-izlea-vo-kriva-palanka-itno-izvestuvane-do-graganite-vo-prekin-soobrakajot-kon-selo-luke/#respond Fri, 16 Jun 2023 19:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=846657

Општина Крива Паланка повикува на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на делови од Крива Река. Од општината велат дека службите се на терен, се превземаат сите мерки, а состојбата е под контрола. -Поради обилните врнежи дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, Домачки Дол, Куков Дол, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Се повикуваат сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните кадешто има појава на свлечишта, се вели во известувањето на Општината. Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000. Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци од 21:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriva-reka-se-izlea-vo-kriva-palanka-itno-izvestuvane-do-graganite-vo-prekin-soobrakajot-kon-selo-luke/feed/ 0
Локални излевања на Вардар, Крива Река и Пчиња, се очекува натамошно зголемување на водостоите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalni-izlevanja-na-vardar-kriva-reka-i-pchinja-se-ochekuva-natamoshno-zgolemuvanje-na-vodostoite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalni-izlevanja-na-vardar-kriva-reka-i-pchinja-se-ochekuva-natamoshno-zgolemuvanje-na-vodostoite/#respond Mon, 11 Jan 2021 10:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=453681

Врнежите предизвикаа локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и на Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и битолскиот регион, соопшти УХМР. Поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог,… Поради временската состојба, како што наведува УХМР, се очекува сите водостои кај водотеците и езерата да бидат во покачување, а како најкритични се посочуваат горниот и средниот тек на Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки. Во текот на денот дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа на реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна,… -Предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони. Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата на сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а особени покачувања бележиме кај Вардар – горен тек, каде на Јегуновце во однос на вчерашните податоци бележиме покачување од 114 сантиметри, Лепенец кај Скопје 45 cантиметри, Вардар во Скопје 45 сантиметри, Треска кај Македонски Брод 87 cантиметри, Црна кај Новаци 100 сантиметри, Радика кај Бошков Мост 66 cантиметри. Кај езерата во однос на минатиот понеделник бележиме покачувања, кај Охрид од девет сантиметри, кај Преспа четири и кај Дојран еден сантиметар, информира УХМР. Според утринската синоптичка информација, најмнугу дожд има: 48 литри на метар квадратен во Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје-З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје-Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Крива Паланка, Берово, 12 Претор. Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalni-izlevanja-na-vardar-kriva-reka-i-pchinja-se-ochekuva-natamoshno-zgolemuvanje-na-vodostoite/feed/ 0
Михаил Давитковски го фати крстот во водите на Крива Река https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mihail-davitkovski-go-fati-krstot-vo-vodite-na-kriva-reka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mihail-davitkovski-go-fati-krstot-vo-vodite-na-kriva-reka/#respond Sun, 19 Jan 2020 11:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=291861

Михаил Давитковски е среќникот кој меѓу педесеттемина верници кои денес скокнаа во водите на Крива Река беше најсреќен и го извлече крстот од осветените води на Богојавленскиот водосвет во Општина Крива Паланка. Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – одици започна со света божествена литургија во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во центарот на градот, со која чиноначалствуваше архиерејскиот намесник на Кривопаланечкото намесништво, Александар Смиљков, по што во дворот на црквата беше осветена вода. Од црквата свештенството и верниците се упатија кон големиот мост на Крива Река, каде по осветување на водите, во нив беше положен светиот крст. Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со поздравот „Бог се јави – навистина се јави“, им го честита големиот христијански празник Богојавление-Водици на бројните присутни верници, а на Давитковски му додели подарок од општината, телевизиски приемник. Како и секоја година, традиционално, награда за среќникот кој го извлече крстот од осветените води, таблет, доделија и Аптеки “Зегин”. За сите присутни граѓани на платото пред зградата на локалниот музеј беа поставени неколку пунктови со топли напитоци што ги обезбеди Општината, а логистичка поддршка пружија волонтери од Црвен крст – општинска организација Крива Паланка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mihail-davitkovski-go-fati-krstot-vo-vodite-na-kriva-reka/feed/ 0