кривичен закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 15:16:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кривичен закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската Дума со измени на Кривичниот закон ги воведе термините мобилизација и воена состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-so-izmeni-na-krivichniot-zakon-gi-vovede-terminite-mobilizacija-i-voena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-so-izmeni-na-krivichniot-zakon-gi-vovede-terminite-mobilizacija-i-voena-sostojba/#respond Tue, 20 Sep 2022 15:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=735287

Руската Државна дума едногласно го усвои законот со кои се воведуваат поимите мобилизација, воена состојба и воено време. Исто така е одобрен и член во Кривичниот закон за кривично дело извршено „во период на мобилизација или вонредна состојба, во војна или во услови на вооружен судир или борбени дејствија“. Во Русија од почетокот на инвазијата врз Украина е забранета употребата на терминот „војна во Украина“, дозволен е само терминот „специјална воена операција“ или „воена операција“ Думата воведе во кривичниот закон казна затвор до 10 години за доброволно предавање и до 15 години за грабеж во војна. За напуштање на единицата за време на воените дејствија и непочитување на наредбата на командантот, предвидени се повеќегодишни затворска казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-so-izmeni-na-krivichniot-zakon-gi-vovede-terminite-mobilizacija-i-voena-sostojba/feed/ 0
Пропишани најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propishani-najmalku-3-godini-zatvor-za-deloto-za-koe-e-obvineta-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propishani-najmalku-3-godini-zatvor-za-deloto-za-koe-e-obvineta-janeva/#respond Thu, 10 Oct 2019 11:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=250106

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај. Јанева, како второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во Членот 353 став 3 е наведено „Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“. Обвинителството во соопштението наведе дека со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propishani-najmalku-3-godini-zatvor-za-deloto-za-koe-e-obvineta-janeva/feed/ 0