кривичен законик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 17:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кривичен законик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лефков: Измените во Кривичен законик се облик на висока корупција, власта направи да не може да се гонат нивни криминали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/#respond Fri, 20 Oct 2023 17:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=891420

Ако се водите од логиката на Артан Груби и информациите кои тој ги лиферува, стручњакот за игри на среќа и тендери, да оставиме тој да ги толкува, но најодговорно кажувам кворумот не беше направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а власта треба да си ја преземе одговорноста за она што го направи, а не да лиферува такви лажни вести, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5 во  врска со измените од Кривичен законик.

- Ако имаме еден закон кој во Собрание стигна со европско знаменце и злоупотреба на европските процедури, експресно се најде на комисија за европски прашања, нашата одлука беше да ги кажеме нашите аргументи против овој закон и секако да гласаме против, рече тој.

Лефков потенцираше дека останува фактот дека самото донесување на овој Кривичен законик, начинот, постапката, целите и последиците претставуваат најнов облик на висока корупција.

- Тоа што се случува во државата и со донесувањето на Кривичниот законик е висока корупција, во која се вклучени и владата и претставници во законодавниот дом, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека тоа што власта не сака да се зборува дека со овие измени на КЗ нема да може да се гонат криминали направени од оваа власт.

- Во изминатиот период за време на владата на СДС и ДУИ практично со овие измени на Кривичниот законик бришење на став 5 од член 353 кој е однесува на јавни набавки, бришење на членот 394 кој се однесува  на злосторничко здружување и намалување на затворските казни до 3 години, се предизвикува кривичните дела направени од страна на оваа власт да застаруваат следната година кога ќе се промени власта, рече тој.

Лефков потсети дека не може да бидат гонети ниту преиспитувани набавките на Васко Ковачевски за РЕК Битола, спорните набавки на јаглен, не може бидат испитувани набавките на вакцини, одлуките на Онкологија кога бил ставен надвор од употреба КАТО системот.

- Тоа е еден скриен бенефит кој не се говори во јавноста. Со овие измени се оневозможува гонење и водење на кривични постапки и кога Заев беше премиер, изјави Лефков.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/feed/ 0
Мицкоски: Попусти им се гимнастиките со измените во Кривичен законик, ви гарантирам дека одговорност ќе има за се што е направено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-popusti-im-se-gimnastikite-so-izmenite-vo-krivichen-zakonik-vi-garantiram-deka-odgovornost-ke-ima-za-se-shto-e-napraveno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-popusti-im-se-gimnastikite-so-izmenite-vo-krivichen-zakonik-vi-garantiram-deka-odgovornost-ke-ima-za-se-shto-e-napraveno/#respond Tue, 03 Oct 2023 17:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=884750

Попусти им се гимнастиките со измените во Кривичниот законик, јас ви гарантирам дека одговорност ќе има за сето она кое беше направено, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ на средба со граѓаните во Пештани. Мицкоски истакна дека додека економијата ни е на колена, земјоделците мака мачат, учениците немаат учебници, пензионерите протестираат, а власта заработува на мака на народот и мисли дека ќе се спаси од одговорност. - Овие од власта една мала група заработува на име на смртта, кога зборувам на тоа мислам на оној последен скандал кој се случи на клиниката за Онкологија. Поминаа месеци и гледате дека нема ниту истрага ниту одговорност за тоа што се случува, потенцираше Мицкоски. Мицкоски додаде дека затоа е важно денеска сите за се обединиме и да застанеме позади ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи. - Зборувам за сите протестни гласови кои не се случуваат со денешната реалност. Да не дозволиме преку игри, егзибиции и политички гимнастики политички маргиналци да не разделат. На тој начин добивка ќе имаат само овие политички измамници и криминалци во владата и тоа е нивната цел Имаат цел да создадат прокси опозиционери кои ќе кажуваат тоа што сакаат да слушнете. Единствената опција која знае како е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски. Тој посочи дека затоа не е сеедно дали победата ќе биде со 53, 55 или 61 пратеник. - Тоа е важно затоа што колку е победата поубедлива, толку повеќе ќе имаме можност за реализација на проекти. Поддршката ќе ја добијат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе ви вратиме со храбра, чесна и достоинствена работа, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-popusti-im-se-gimnastikite-so-izmenite-vo-krivichen-zakonik-vi-garantiram-deka-odgovornost-ke-ima-za-se-shto-e-napraveno/feed/ 0
Амнестија на гласачкото тело по скратена постапка https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/#respond Tue, 03 Oct 2023 13:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884651

Таче и Алија се разбудиле среде ноќ, облеани во ладна пот. Не им било лесно на пустите, ги фаќал силен уплав затоа што добро знаеле дека наскоро ќа траснат од власт. Без меко атерирање. А тоа болело. Абе, многу. Многу повеќе од болката во мешето на Ќуран кога ги распродавал македонските идентитетски одредници. Веќе подолг период, сон не ги фаќал пустите, а и кога ќе успееле, се буделе со врискање од силниот кошмар. Се викал МАКЕДОНИЈА. За некого најубав сон, за некого ноќна мора. Кој, што си заслужил... Па така ненаспани и со подочњаци до колена, владините „капо ди тути каповци“ утрото ќе свикале по своите гавази, советничиња, експерти и новинарчиња – аман, чаре да се бара, гласачко тело северџганистанско да се анимира, спас да се најде, дојдеа е нож до северну коску. Сламка ли беше... И така, ајваните драматично ќе почнеле да си ги траскаат од ѕид празните главички, глумејќи дека нешто работат, па се туфкале, пуфкале, лелекале, пискале  и куделе, ама чаре не се наоѓало. Од празните главички излегувала само природната реакција и супстанца. Ништо. Празнотија... И наеднаш, некој во Мала Речица свикал „Еурека“!!! Му го текнувало дека ќе му го игруваат на стара карта. Еден бајат, ама проверен рецепт. Ќе играат со и за криминалците. Веднаш им дојавиле на Бихаќка, каде со елан заиграле и направиле мега-журка, како онаа за НАТО влезот де. Седокосиот Алија ја прифатил идејата со акламација и инстант орле со рачињата направил, аберот го рашириле Груби и Бујар пафтајќи со прстињата омрсени од власт, а Таче, кој по Али немал право на глас, морал пресреќен само да заигра некое влашко оро на фотоволтаичното поле на жена му, нива дарена од државата. Љупче Путерот, Маричиќ и Обиџуко не ни сфатиле за што се работи, ама ко секогаш орно завикале „Браво шефе, секоја чест шефе, љубим ноге шефе!!!“ Што било чарето? Па, забеганата и неинвентивна владина банда се „сетила“ да ги амнестира криминалците. По скратена постапка, разбира се. Нивните најдобри и најлојални другарчиња, дилери и шарени празноглавци. Оти крвта не била вода, а грижата за своите била обврска, нели. Нова екипа за полнење на гласачки кутии, закани врз гласачи, новокомпонирана партијска мафија за избори. Јуууууууу, свикал Ќурка и насмејан до уши „одма„ се јавил во Фондот за иновации, да му дадат грант од макар три милиони евра на оној од Мала Речица на кој му текнала оваа толку ветва, нова идеја и „иновација“... Не ги интересирало каков пример даваат. Пораката била јасна: Лажи, кради, манипулирај, тепај, мами, клевети, боди, сечи  - и судијката партијска ќе те осуди на помала казна, па оп - Таче и Алија ќе те ослободат/амнестираат. Криминалци за криминалци, фамилија е светиња, нема тука лабаво. И така, во земјата која некогаш беше и држава се подготвувала амнестија на гласачкото владино тело. По скратена постапка, нормално. Ова било јадрото на СДСС и ДУИ, криминалците, останатите од болументата гласачка биле тендераши, нововработени, како и оние со желба за унапредување и вработување, кој од кој понеспособен. И тука завршувале... Прво, власта се самоамнестирала со измени на Кривичниот законик, а сега ги амнестирала и своите најверни поданици. Криминална влада? Не, криминогена, арамиска, апашка и ред други зборови кои се само галовни за ова качачка банда. Седма година агонија, а амнестија саде неколку дена по петгодишнината од референдумскиот бунт, победа и бојкот, суверенистички чин кој Заевци заштитени од странските мецени го извитоперија, укашкаа, укакаа и укаљааа... На 30-ти септември годинава, минатата сабота, нашата Македонија наврши 5 години од најголемата Пирова победа во историјата. Но ова не е 2018-та, колку Заевци, Тачевци и Алиевци да посакуваат, минаа тие црни времиња. Овие 5, „една рака“ лета, поради сопствената грижа на совеста  се престоривме во темирани бомби, не спиеме навечер од гнев, а парадоксално - повторно не сме доволно будни. Сепак, теши што крајот наближува. Со него и крајот на насилната зомбификација на македонското национално ткиво, епизода која остана во обид и која не им успеја на овие вуду северџани кои ги ситнат последните денови од својата неуспешна вештерска кариера. По 7 години јад, сега веќе се месеци, наскоро ќе бидат денови, а гневот само ќе расте. Се обидоа од петни жили да не разединат, раскараат, заплашат и ништат, секојдневните понижувања требаше да донесат нов бран апатија и рамнодушност и да го доразорат она малкуто останато здраво ткиво, ама не успејаа. Пирејот ќе го возврати ударот. Македонија исто. Светлото на крајот на македонскиот тунел, разрушен од гнилите северни тули, веќе се гледа, наѕира и блешти. Се’ што треба е да издржиме уште малку, па да гледаме реприза на антологискиот северџганистански сеир, новокомпонирани плачки, та будење на ненадминливите НВО бапчорки, па заштитничките пресови на амбасадорските маќеи и очуви со Тачевци во скутот, непреповиени и со пелени полни со антимакедонски истресок кои се цедат на сите страни, лелек на „новинарските“ им здруженија, лажните вести на неизживеаните, патетични Џабировци и садизмот на Тричковци, плачките на сороспиите и останата багра. Ми фалат будалчињата непрокопсани и толку „промуќурно“ приглупи. Ајде, уште малку, па пак ќе си ги имаме во маало, по интернет, на ТВ, во весници. Кампови, фарбања, патетични протести, агресивни изливи, абе цепки. Многу, премногу ќефови во најава, забава до бессвест... Амнестирајте, самопомилувајте се, крадете ко улави, тендерисувајте, продавајте, аздисувајте, џабе ви е. Раката на Македонија можеби е спора, оти е човечна, исто како и Македонецот. Арно ама, не простуваат, никогаш...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-site-demokratski-i-parlamentarni-metodi-ke-go-sprechime-donesuvaneto-na-zakonot-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-site-demokratski-i-parlamentarni-metodi-ke-go-sprechime-donesuvaneto-na-zakonot-za-amnestija/#respond Fri, 29 Sep 2023 07:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=883080

Оваа власт на Ковачевски е во очај. Затоа во рок од 6 години подготвуваат нова амнестија со која треба на слобода, а со тоа и на улиците, стотици криминалци на кои веројатно им било ветувано ослободување за да може да им работат во изборна кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека овој закон за амнестија како и скорешната измена на КЗ значат упад во правната држава и се прават шверцерски, интерно само внатре во владината коалиција без јавна расправа и консултации со експертите, што само говори дека се работи за партиско - политичка операција. -Информациите во јавноста кои говорат дека со оваа амнестија се ослободуваат учесници во тешки кривични дела, како учесници во странски боишта или осудени за случајот со убиството кај Смиљковци, само покажуваат зошто власта се обидува сето ова да го протурка кришум и набрзина. ВМРО-ДПМНЕ ваков закон нема да поддржи и со сите демократски и парламентарни средства ќе го блокира неговото донесување, бидејќи овој закон не е ништо друго туку исполнување на одредени концесии кои коалицијата на Ковачевски ги давала кон одредени структури. ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од каков било облик, вклучително и со подземјето кое шурува со владеачките партии, но и со нивните наредбодатели кои креираат хаос за евентуално да се спасат од одговорност. Пораката е јасна, правната држава и владеењето на правото се врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ како одговор на тоталниот криминалитет и распад на системот кој го спроведува власта на Ковачевски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-site-demokratski-i-parlamentarni-metodi-ke-go-sprechime-donesuvaneto-na-zakonot-za-amnestija/feed/ 0
Милошоски: Во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена, а законот за амнестија ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vo-niedna-evropska-zemja-krivichen-zakonik-ne-se-menuva-za-dva-dena-a-zakonot-za-amnestija-vmro-dpmne-nema-da-go-poddrzhi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vo-niedna-evropska-zemja-krivichen-zakonik-ne-se-menuva-za-dva-dena-a-zakonot-za-amnestija-vmro-dpmne-nema-da-go-poddrzhi/#respond Thu, 21 Sep 2023 18:43:35 +0000 https://kurir.mk/?p=880453

„ВМРО-ДПМНЕ беше против носењето на вакви измени. Прво, по однос на процедурата. Ваквите измени се носат со европско знаменце, во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во централниот дневник на Сител телевизија. Милошоски додаде дека со овие измени на Кривичен законик се увиде дека на ДКСК и Врховниот суд им биле дадени лажни или нецелосни измени на Кривичниот законик. Тие што ги добиле ДКСК и Врховниот суд биле различни од оние што се изгласаа во Собранието. „На крајот кога видовме што се случува, говоревме ПРОТИВ и гласавме ПРОТИВ. Сите од ВМРО-ДПМНЕ гласавме ПРОТИВ. Сите кои што бевме присутни видовме дека парламентарното мнозинство има кворум, 63 пратеници беа во салата од владејачкото мнозинство, и ние кои што бевме присутни тука со исклучок на оние кои што беа на службен пат, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа ПРОТИВ“, рече Милошоски. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков закон за амнестија каков што го најавува власта. „Го немаме се уште добиено законот затоа што во самата Влада има одредени несогласувања. Гледаме дека на различна линија се премиерот и министерот за правда, како што беа на различна линија и за измените на Кривичниот законик. Но, ние не би поддржале таков закон затоа што сметаме дека овој закон таргетира една целна група која што им е битна на владејачките партии и да им бидат тркачи на следните избори во кампањата“, појасни тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vo-niedna-evropska-zemja-krivichen-zakonik-ne-se-menuva-za-dva-dena-a-zakonot-za-amnestija-vmro-dpmne-nema-da-go-poddrzhi/feed/ 0
Зибери: Измените на Кривичниот законик се проблематични, требаше да бидат донесени со сериозна расправа и доволно аргументи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/#respond Thu, 14 Sep 2023 19:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=878190

Народниот правобранител Насер Зибери смета дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата, бидејќи била кратка без можност за сериозна расправа. Правобранителот Зибери во вечерашното гостување во Канал 5 телевизија истакна дека сериозна расправа ќе дадела доволно аргументи. -Лично мислам дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на многу кратката процедура по која се донесоа, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби кои се многу сензитивни. Второ, мислам дека една сериозна расправа ќе дадеше доволно аргументи дали се тие потребните мерки кои треба државата да ги преземе и дали се тие делата кои треба да бидат на некој начин намалени казните. Реакциите како што можевте да видите не само од јавноста, туку и од специјализирани институции по овие прашања за жал не одат во прилог на мерките, изјави Зибери. Тој воедно се осврна на претставките кои ги добивале по однос на недостаток на лекови на Онкологија. -Имавме претставка една, но и од медиумите перманентно ова прашање беше актуелно и Народниот правобранител освен по претставки постапува и по сопствена иницијатива кога ќе има доволно информации и индикации дека се повредуваат правата на граѓаните, а посебно се сензитивни правата на граѓаните во областа на здравствената заштита и не само по овој домен, туку и за другите проблеми кои во здравствениот систем се појавија во минатиот период како недостатокот на лекот „трикафта“ и на други помагала за кои имавме голем број на преставки од страна на граѓаните, истакна народниот правобрнаител. Тој кажа дека во извештајот за 2022 година, меѓу другото бил нотиран проблемот со брзите кредити и кражбата на лични податоци. -Ние го нотиравме и во Годишниот извештајот за 2022 година и кажавме дека институцијата Народен правобранител нема надлежност да постапува по финансиските друштва затоа што тие се приватни субјекти, а Народниот правобранител постапува само по јавниот сектор, односно администрацијата, но го актуализиравме како проблем и баравме измени во Законот за финансиско работење, за среќа Собранието брзо реагираше и дел од измените одат во насока на надминување на некои проблеми како преголемите износи на наплатување, за администрирање на нови кредите како преголемите износи кои се принудени граѓаните да ги плаќаат доколку ако доцнат со враќање на кредите и сл., појасни Зибери. Тој посочи дека сепак Законот не ги решил сите проблеми. -Но, за жал Законот не ги реши другите две серозни прашања, а тоа е начинот на апликација за користење на ваквите кредити таканаречената електронска аплицкација и овој начин на апликација директно овозможи злоупотреба на податоците, односно злоупотреба на личните карти кои се користат при подигнување на брзите кредити, но тука сме надлежни и водиме две постапки каде лицата се жртви на злоупотреба на вакви податоци. Сметам дека треба да се доработи Законот и во таа насока имаше средба во Владата каде бев повикан и се разговараше како да се елиминираат овие појави, појаси Зибери. Во однос на почитувањето на одредбите за застарување на долговите од страна на извршителите, Зибери рече дека не се почитуваат одредбите за застарување на долговите, а дел од извршителите се повикуваат на правилник од Министерството за правда, кој не може да има поголемо значење од Законот. Тој информира дека Канцеларијата на народниот правобранител сѐ  уште најголем број претставки добива поради работата на извршителите. Говорејќи за затворите, народниот правобранител оцени дека состојбата е катастрофална, и посочи дека иако амнестија не е решение, тоа барем во моментот ќе ја ублажи ситуацијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/feed/ 0
Пендаровски: Со ниту една одредба од измените на Кривичниот законик нема амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-nitu-edna-odredba-od-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nema-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-nitu-edna-odredba-od-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nema-amnestija/#respond Fri, 08 Sep 2023 09:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=875967

Со измените на Кривичниот закон нема никаква амнестија. Ниту една одредба не го предвидува тоа. Се скратуваат затворските казни за некој дел, па ако биле десет, сега се пет години или ако биле пет, сега се четири години. Значи, затворот останува. Исто така, се проширува или олеснува процедурата за конфискација на имот. Вака утрово претседателот на државата Стево Пендаровски во телевизиско гостување одговори на прашањето во врска со донесувањето на измените на Кривичниот законик кое помина во Собранието по скратена постапка и со европско знаменце. -Кога потпишувам закон, кажувам зошто го потпишувам, кога не потпишувам исто така имало случаи. Прво, се создаде една заблуда во јавноста дека станува збор за амнестија, па дури и чув изрази кои никогаш не сум ги чул во животот иако сум правник - „некаква скриена амнестија“. Такво нешто не постои. Амнестија е кога јас тебе сосема ќе те ослободам од издржување казна затвор, ниту ќе почнеш да издржуваш, а ако си на издржување – излегуваш. Нема ниедна одредба од овој Закон која тоа го прави. Значи, нема никаква амнестија. Има прво, се скратуваат казните затвор за некој дел, ако биле 10 сега се пет години, ако биле 5 сега се 4 години, значи затворот останува, казната затвор останува и што се случува друго? Се случува проширување или олеснување на процедурата за таа конфискација на имот. И сега тука е главната работа која мене ми даде за повод да го потпишам Законот и да го образложам бидејќи имав на тема и образложение во јавноста, рече Пендаровски за утринската програма на ТВ Сител. Досега, додаде, имавме т.н. проширена конфискација на имот. -За жал, нашите судии тоа многу, многу не го користат. Имаме еден или два јавно познати случаи, зборувам за поголемите случаи каде што е бајаги пара украдена од народот кога се спомнува дека нечиј имот ќе оди на продажба затоа што има таква мерка. Ние генерално, не само судиите, менталитетот наш е дај му 20 години затвор нека скапе, ова другото е запоставено. Европските трендови се обратни. Ќе си лежи затвор ама не 20 години, ќе лежи 2, 3, 4 години за тоа што го направил утврдено со суд ама да ги врати парите до последно зашто мотивот за коруптивно однесување е да ги заработиш парите, па сигурно сте слушнале „па можам да одлежам некоја година, ама ова ќе ми остане“. Ако не ти остане, немаш мотив да го правиш тој криминал. Со Законов се олеснува т.н. проширена конфискација на имот и тоа мислам дека е една битна работа – со тоа што судиите треба да почнат стварно да го применуваат. Значи, и сега го имаме, и уште полесно се олеснува, но дај боже судската пракса да се промени во таа насока. Многу луѓе и обичен народ ќе ти рече „не мора ни да лежи само да врати до последно што ми украл мене, тебе, народот“. Такво нешто досега немаме видено во овие 32 години, истакна Пендаровски. Спортед шефот на државата, никогаш проблемите што ги имаме, а ги имаме, како што рече, многу, во различни области, не се затоа што законите се лоши. -Проблемите што ги имаме се од луѓето кои или не ги применуваат законите или селективно ги применуваат или наоѓаат дупки во законите, заклучи Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-nitu-edna-odredba-od-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nema-amnestija/feed/ 0
Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-so-noviot-krivichen-zakonik-vo-tselost-ke-se-revidira-kaznenata-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-so-noviot-krivichen-zakonik-vo-tselost-ke-se-revidira-kaznenata-politika/#respond Wed, 01 Feb 2023 10:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=794634

Стручната расправа во Апелациониот суд Штип е прва во серијата расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја. После 27 години се добива нов законски текст со кој ќе се подобри правната сигурност на граѓаните. Министерот за правда, Никола Тупанчески во своето обраќање се осврна на новините во неколку клучни сегменти. Со новиот Кривичен законик се врши редефинирање и хармонизација на пропишаните казни за одредени кривични дела кои отстапуваа од целите на казнената политика. -Од анализата на досегашната примена на Кривичниот законик, можеме да констатираме дека примената на мерката конфискација претставуваше особена слабост. Новините во оваа сфера имаат за цел отстранување на лоцираните слабости со што ќе се зголеми ефикасноста во примената на овој институт. Исто така, одредбите за конфискација се целосно усогласени со Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Судот во Стразбур. Не помалку значајни се и новините кои се однесуваат на кривичните дела „Тортура“ и „Малтретирање во вршењето на службата“ и нивното незастарување како резултат од конкретни злоупотреби што резултираа и со пресуди од Судот во Стразбур против нашата држав, рече Тупанчески. Министерот за правда посочи дека посебно внимание во изготвувањето на новиот Кривичен законик било посветено на негово усогласување со најновите меѓународни стандарди. Во сферата на перењето пари биле рзгледувани документите од Манивал. -Во областите поврзани со недозволеното производство и трговија со оружје, Кривичниот законик беше целосно усогласен со Протоколот на Обединетите нации. Значајно е и усогласувањето со Директивата на Европската унија за борба против измама на финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право. Изминатиов период, во јавноста се посебно актуелни случаите за загадување на животната средина. Во тој контекст се и новините во Кривичниот законик во оваа област и тоа преку целосно усогласување со меѓународните стандарди, воведување ново кривично дело „Екоцид“ и квантифицирање на дејствијата на извршување во кривичните дела против животната средина со пропишување на мерливи параметри кои се однесуваат на загадувањето на животната средина, рече тој. Процесот за донесување на новиот Кривичен законик е поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за што министерот за правда, Никола Тупанчески изрази голема благодарност. Во текот на месецот, стручни расправи за новиот Кривичен законик ќе се одржат и во апелационите судови во Гостивар, Битола и Скопје.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-so-noviot-krivichen-zakonik-vo-tselost-ke-se-revidira-kaznenata-politika/feed/ 0
Собранието со консензус ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-so-konsenzus-gi-donese-izmenite-i-dopolnuvanjata-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-so-konsenzus-gi-donese-izmenite-i-dopolnuvanjata-na-krivichniot-zakonik/#respond Mon, 21 Nov 2022 12:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=764195

Собранието во рамки на продолжението на 51. седница денеска со 85 гласа „за“ ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик. Главните интервенции со овој закон се во однос на имплементација на Истанбулската конвенција, во кривичните дела кои се поврзани со безбедноста на новинарите, менување на одредени одредби од Кривичниот законик во сферата на конфискацијата и тортурата како резултат на пресуди донесени од Европскиот суд за човекови права со кои се утврдува повреда на одредби од Конвенцијата, како и усогласување на Кривичниот законик со Директивата (ЕУ) 2017/1371 за борба против измама во врска со финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право. Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе ги поддржи измените, но рече дека не е согласно Уставот и оти е дискриминаторски делот којшто се однесува на родово насилство врз девојчиња и жени до 18 години, имајќи предвид дека насилството може да биде и врз жени или тие да го сториле врз мажи. Така, таа смета дека во тој контекст треба да се доусогласи Кривичниот законик односно да се предвиди во новиот кривичен законик. Посочи исто така и на делот на економското насилство. Снежана Калевска Ванчевска од СДСМ истакна дека за поздравување е носењето на измените на Кривичниот законик имајќи предвид дека тој долго време се усогласувал и оти во неговата изработка биле вклучени сите интересни страни. Во делот на заштитата на новинарите во вршењето на нивните работни задачи со член 6 ставот 8 се предвидува квалифициран облик на кривичното дело „Убиство“ за убиство на новинар или друг медиумски работник, а исто така се предвидува кривичното дело „Присилба“, „загрозување на сигурноста“, како и кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Освен за новинарите членот 6 став 8 се однесува и на лишување од живот на судија, јавен обвинител при вршењето на неговата функција, односно дејност, адвокат, лекар или друг здравствен работник, или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода. Најголемиот дел од измените и дополнувањата на Кривичниот законик се во однос на одредбите со кои се имплементира Истанбулската конвенција. Така, во членот 122 семејното насилство се дефинира како малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не. Исто така, постојната дефиниција на „жртва на кривично дело“ се доополнува со жртва на родово базирано насилство под што се подразбира секоја жена и девојчиња до 18 години спрема кои под тие околности е сторено кривичното дело. За прв пат се дефинира и родово базираното насилство врз жените кое означува насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род што доведува или може да доведе до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и директни и индиректни закани и заплашување за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот. Во членовите 6, 7, 9, и 24 се пропишани квалифицирани облици на соодветните кривични дела со построги казни доколку тие се извршени или се последица од родово базирано насилство. Со членот 8 се вградува ново кривично дело „Осакатување на женски полови органи“ со кое е пропишана казна затвор од шест месеци до пет години. Доколку делото е сторено од омраза, или спрема дете, или е предизикана тешка телесна повреда на женското лице, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години, ако пак поради делото член настапила смрт на женското лице сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Со членот 16 од Предлогот се пропишува ново кривично дело „Демнење“, сгласно одредбите од Истанбулската конвенција. За основниот облик на ова дело е пропишана парична казна или затвор до три години за оној што повторено неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице. Доколку пак делото е сторено спрема лице со кое сторителот е или бил во интимна врска или спрема дете, пропишана е казна затвор од шест месеци до пет години. Едни од најзначајните новини во однос на имплементацијата на одредбите на Истанбулската конвенција се членовите 20, 21, 22, 23 и 24 од законот. Со членот 20 се пропишува единствено кривично дело Полов напад и слилување согласно одредбите од Истанбулската конвенција. Заради усогласување со меѓународните стандарди е и интервенцијата во кривичните дела „Полов однос со немоќно ливе„ и Полов напад врз дете кое не наполнило 15 години“. Во контекст на усогласување со Истанбулската конвенција е и предложеното ново кривично дело „Полово вознемирување“ при што, е пропишана парична казна или со затвор до една година за оној што со вербално или физичко дејствие кое има директно или индиректно, реално или симболично значење на наведување, непристојна понуда, намамување, изразување полова страст или друго дејствие кое јасно потсетува на полов однос или други со него изедначени полови дејствија, ќе вознемири лице кое му е подредено или спрема него се наоѓа во однос на зависност, друго лице на работа или на јавно место или лице што е ранливо поради возраст, болест, попреченост, зависност од дроги, бременост или тешки телесни или душевни пречки, и со тоа ќе го повреди неговото достинство, предизвикувајќи чувство на непријатност, навреденост, понижување или страв. Со членот 25 од предлогот со кој се додава нов став (6) во членот 215, се врши техничко подобрување на текстот во насока на појаснување на одредбата. Имено, одредбите од Кривичниот законик, а кои се однесуваат на членот 215 „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ не предвидува кривично дело во однос на личната употреба на дрога, но праксата на судовите во земјата покажува спротивни ставови содржани во пресудите. Претходно во рамки на 57. седница претседателот на Собранието Џафери информираше дека измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност, по скратена постапка, е повлечлен од Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-so-konsenzus-gi-donese-izmenite-i-dopolnuvanjata-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Стручна расправа за предлог новиот Кривичен законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/struchna-rasprava-za-predlog-noviot-krivichen-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/struchna-rasprava-za-predlog-noviot-krivichen-zakonik/#respond Thu, 10 Nov 2022 06:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=758282

Стручна расправа за предлог новиот Кривичен законик ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Министерството за правда, во соработка со Мисијата на ОБСЕ. На отворањето на дводневната расправа, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која. Осврт на измените во Општиот дел на Предлог-Кривичниот законик, ќе даде академик Владо Камбовски, кој е претседател на Комисијата за подготовка на новиот Кривичен законик. На првиот ден од стручната дебата ќе дискутира по однос на измените во Глава 14: Кривични дела против човештвото; Глава 15: Кривични дела против животот и телото и Глава 22: Кривични дела против половата слобода. Вториот ден од стручната дебата ќе биде поделен во два дела. Во првиот, претпладневен дел, како што е најавено, ќе се отвори дискусија по однос на измените во Глава 24: Кривични дела против здравјето на луѓето; Глава 25: Кривични дела против животната средина и природата и Глава 26: Кривични дела против имотот. Во попладневниот втор дел од стручната дебата, ќе се дискутира по однос на измените во Глава 28: Кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството; Глава 33: Кривични дела против службената должност и Глава 36: Кривични дела против јавниот ред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/struchna-rasprava-za-predlog-noviot-krivichen-zakonik/feed/ 0