Кривичниот законик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 17:45:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кривичниот законик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски: Измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта, а се амнестираа и идни судски случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-izmenite-na-krivichniot-zakonik-ja-pokazhaa-tselata-brutalnost-i-zloupotreba-na-vlasta-a-se-amnestiraa-i-idni-sudski-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-izmenite-na-krivichniot-zakonik-ja-pokazhaa-tselata-brutalnost-i-zloupotreba-na-vlasta-a-se-amnestiraa-i-idni-sudski-sluchai/#respond Thu, 19 Oct 2023 17:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=890932

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николоски кој што истакна дека измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност и злоупотреба на власта а суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. „Практично измените на кривичниот законик ја покажаа целата бруталност на злоупотреба на власта, да потсетам дека власта имаше два претходни обиди за злоупотреба на ЕУ знаменцето од едниот се откажаа од другиот не се откажуваат. Пробаа законот за медицинска марихуана да го поминат со ЕУ знаменце во корист на фамилијата Заеви, па се повлекоа. Вториот закон кој што нема никаква врска со ЕУ е законот за игри на среќа кој што исто така е со ЕУ знаменце и кој што го туркаат во моментов во собрание, со цел да се задоволат бизнис интересите на Артан Груби. И закон кој што исто така влезе со ЕУ знаменце е овој за амнестија и затоа ние рековме доколку се обидуваат да продолжат да го понижуваат собранието ние немаме ниту еден друг начин освен да одиме на излезна врата“, посочи Николоски. Николоски кажа дека причината зошто до сега не го напуштиле собранието била токму за да се спречи изгласување на лоши закони. „Причината зошто до сега не го напуштавме собранието беше токму за да спречиме изгласување на лоши закони. И многу спречивме и многу номинации спречивме. Спречивме Јовевски да стане уставен судија, спречивме закон со кој што земјоделското земјиште во Македонија можеше да се трансформира за фотоволтаици, па Македонија да нема храна од каде да произведува и бројни други“, нагласи Николоски. Николоски посочи и дека со измените на кривичниот законик се избриша ставот 5 делот кој што се однесува на местење на тендери. „Јас во мојот говор јасно кажував кој се ќе биде спасен од одговорност и кој се спаси со измените на кривичниот законик, таму работата е јасна. Се избриша ставот 5, делот кој што се однесува на местење на тендери. Сега местење тендер веќе не е кривично дело. Вториот проблем е злосторничко здружение каде што казната од 10 нагоре се намали на три години“,  нагласи Николоски. Николоски посочи и дека суштината на измените на кривичниот законик  е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. „Суштината е дека има застарување за претходни судски случаи но има и амнестија за идни. На пример Зоран Заев за период 2017, 18, 19 ,како премиер веќе не може да одговара.Мила Царовска за период кога беше министер веќе не може да одговара, Дамјан Манчевски за период кога беше министер веќе не може да одговара, Арбен Таравари за период кога беше министер не може да одговара, Драги Рашковски или ќе излезе од затвор или значајно ќе му биде намалена казната исто и Мухамед Зекири, Оливер Спасовски нема да одговара за набавката за чизми во рамките МВР за што се поднесе кривична пријава во рамки на техничката влада“, истакна Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-izmenite-na-krivichniot-zakonik-ja-pokazhaa-tselata-brutalnost-i-zloupotreba-na-vlasta-a-se-amnestiraa-i-idni-sudski-sluchai/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Измените во кривичниот законик се во полза на криминалците од власта и структури, кои сакаат да има раздор во опозицијата, тоа нема да им ги донесе уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-se-vo-polza-na-kriminaltsite-od-vlasta-i-strukturi-koi-sakaat-da-ima-razdor-vo-opozitsijata-toa-nema-da-im-gi-donese-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-se-vo-polza-na-kriminaltsite-od-vlasta-i-strukturi-koi-sakaat-da-ima-razdor-vo-opozitsijata-toa-nema-da-im-gi-donese-ustavnite-izmeni/#respond Wed, 20 Sep 2023 06:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=879713

Измените на кривичниот законик, кои ги изгласа власта, се ништо друго, освен амнестија на сите криминали, кои ги направија ДУИ и СДС, во минатите 7 години, на штета на граѓаните. Исто така со овие измени, одредени структури, имаат за цел, да направат раздор во опозицијата, претставувајќи ги истите, како нешто веќе божем договорено, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа теза падна во вода, по интервјуто на Али Ахмети, во кое тој истакна дека, заедно со Ковачевски и Груевски ги договарале овие измени. За да издејствува уставни измени, владата има план да му вети кривична неказнивост во Унгарија на Никола Груевски за тој да се врати, уставните измени да поминат во Парламентот. Ова е надежта од каде власта го влече оптимизмот кога вели дека можни се уставни измени. Јасно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со амнестијата што помина во собранието, велат од партијата. „ВМРО-ДПМНЕ ги осудува овие заткулисни игри, кои имаат цел за спас на оние кои направиле криминал, на штета на народот. Уставни измеми нема да има“ - порачува ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-se-vo-polza-na-kriminaltsite-od-vlasta-i-strukturi-koi-sakaat-da-ima-razdor-vo-opozitsijata-toa-nema-da-im-gi-donese-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Писонеро: ЕУ е загрижена дека измените во Кривичниот законик во Македонија може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pisonero-eu-e-zagrizhena-deka-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-vo-makedonija-mozhe-da-vlijaat-vrz-sluchaite-na-koruptsija-na-visoko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pisonero-eu-e-zagrizhena-deka-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-vo-makedonija-mozhe-da-vlijaat-vrz-sluchaite-na-koruptsija-na-visoko-nivo/#respond Wed, 13 Sep 2023 11:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=877682

Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, соодветни и разубедувачки, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија задолжена за соседство, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро запрашана за коментар за Измените во Кривичниот законик. -ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието на Северна Македонија со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо ниво, наведе Писонеро. Таа додаде дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации со домашните фактори и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата со ЕУ знаменце, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со законодавтвото на Унијата. -Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, нагласи Писонеро. Портпаролката посочи и дека Европската комисија ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото во земјава многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори. Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера изјави дека промените на Кривичниот законик во моментот се разгледуваат во Брисел. -Мислам дека тие во моментов се разгледуваат од нашите колеги во Брисел и верувам дека наскоро ќе има одговори на тоа прашање, изјави Гир во одговор на нобинарско прашање на Регионалниот форум „Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pisonero-eu-e-zagrizhena-deka-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-vo-makedonija-mozhe-da-vlijaat-vrz-sluchaite-na-koruptsija-na-visoko-nivo/feed/ 0