кривично дело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 16:17:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кривично дело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изнудувале пари од скопјанец, приведени две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/iznuduvale-pari-od-skopjanets-privedeni-dve-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/iznuduvale-pari-od-skopjanets-privedeni-dve-litsa/#respond Fri, 26 May 2023 16:17:37 +0000 https://kurir.mk/?p=839157

Денеска (26.05.2023) околу 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик. Тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје. Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/iznuduvale-pari-od-skopjanets-privedeni-dve-litsa/feed/ 0
Две сестри од Кавадарци во куќен притвор: Осомничени се за илегална трговија со дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-sestri-od-kavadartsi-vo-kuken-pritvor-osomnicheni-se-za-ilegalna-trgovija-so-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-sestri-od-kavadartsi-vo-kuken-pritvor-osomnicheni-se-za-ilegalna-trgovija-so-droga/#respond Sat, 11 Feb 2023 10:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=799255

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 10 февруари, во нивниот дом во Кавадарци, биле пронајдени 17 пакувања со вкупно 147,16 грама амфетамин, 16 таблети метилен-диоксиметамфетамин, потоа 15,89 грама марихуана во две пакувања и уште четири рачно направени цигари со мешавина од марихуана и тутун. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Ценејќи ги сите околности, Основниот суд во Кавадарци на осомничените им определи мерка куќен притвор​.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-sestri-od-kavadartsi-vo-kuken-pritvor-osomnicheni-se-za-ilegalna-trgovija-so-droga/feed/ 0
Кривична за „тероризам“ за пријавувачот на лажни бомби во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-terorizam-za-prijavuvachot-na-lazni-bombi-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-terorizam-za-prijavuvachot-na-lazni-bombi-vo-kavadarci/#respond Fri, 23 Dec 2022 13:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=779667

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (23.12.2022) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци, за сторено кривично дело „Тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик. Имено, малолетникот на 04.12.2022 година, од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на општина Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. Исто така, на 12.12.2022 година, од истиот персонален компјутер на службената електронска адреса на основно училиште во Кавадарци, испратил заканувачка порака со слична содржина како претходната. Од страна Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле пораката, при што не се пронајдени експлозивни направи. Со цел обезбедување на докази, врз основа на издадена Наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 12.12.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде што живее лицето, при што одземени се еден компјутер и мобилен телефон, кои ги користел кривично пријавениот. Истиот ден, врз основа на судска Наредба, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед на електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што се пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-terorizam-za-prijavuvachot-na-lazni-bombi-vo-kavadarci/feed/ 0
Санчез најави укинување на кривичното дело бунт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanchez-najavi-ukinuvanje-na-krivichnoto-delo-bunt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanchez-najavi-ukinuvanje-na-krivichnoto-delo-bunt/#respond Fri, 11 Nov 2022 06:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=758875

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез најави дека денеска неговата Социјалистичка партија и коалицискиот партнер, ултралевичарската Унидас Подемос денеска во Парламентот ќе поднесат нацрт-закон со што кривичното дело бунт ќе се замени со друг прекршок. Санчез посочи дека нацрт-законот е со цел да се „смири ситуацијата во Каталонија“, каде неколку сепаратистички лидери се осудени за тоа казниво дело. – Ќе претставиме законодавна иницијатива за реформа на кривичното дело кое би се заменило со кривично дело како во другите европски демократии: Германија, Франција, Италија, Белгија и Швајцарија. Новото дело ќе се нарекува „сериозно нарушување на јавниот ред … Мислам дека оваа иницијатива ќе помогне да се смири ситуацијата во Каталонија, истакна Санчез. Тој додаде дека судот сè уште ќе го гони поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон и уште двајца сепаратистички лидери кои побегнаа во странство во 2017 година. – Кривичните дела извршени во 2017 година и во иднина ќе бидат во нашиот кривичен законик, иако не како кривично дело бунт, туку како прекршок наречен сериозно нарушување на јавниот ред, посочи Санчез. – Бунт, што вклучува обид за насилно спречување на спроведувањето на законот или практикување на легитимна власт, во моментов во Шпанија се казнува со затворска казна од осум до 15 години доколку сторителот е државен службеник. Десетина каталонски сепаратистички политички лидери се осудени на тешки затворски казни поради бунт по обидот за отцепување на покраината во 2017 година, најтешката политичка криза во поновата историја на Шпанија. Лидерите на каталонските сепаратисти подоцна беа помилувани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanchez-najavi-ukinuvanje-na-krivichnoto-delo-bunt/feed/ 0
Ламбе Алабаковски осомничен за „предизвикување општа опасност“, еве колкава затворска казна му се заканува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lambe-alabakovski-osomnichen-za-predizvikuvanje-opshta-opasnost-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lambe-alabakovski-osomnichen-za-predizvikuvanje-opshta-opasnost-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/#respond Tue, 07 Jun 2022 10:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=687719

„Предизвикување општа опасност“ е кривичното дело за кое е осомничен македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, а во врска со опожарениот влез на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Членот предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.
„Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.“  
Во соопштението од МВР се наведува дека денеска полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Л.А.(34) од Битола. -Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик, велат од МВР. Инаку, во саботата МВР објави дека околу 5 часот добиле пријава од Ѓ. Ѓ. (49) од Битола кој рекол дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот, по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола. По објавување во јавноста на веста за приведувањето на пејачот, адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук објави дека тој и адвокатот Јанаки Митровски јавно се пријавуваат за бесплатна одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски. Социјалните мрежи се преплавени со коментари, а во најголем дел од нив се изразува поддршка за пејачот. Ваквите реакции следуваат по чувствителниот период во кој се наоѓаат македонско-бугарските односи, пред се поради ставот на Бугарија која не се откажува од ветото врз Македонија за почеток на преговорите на земјата со Европската Унија. Инаку, Алабаковски повеќе од седум години со семејството живееше во Америка. Кон крајот на минатата година Ламбе со сопругата и двете деца се врати повторно во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lambe-alabakovski-osomnichen-za-predizvikuvanje-opshta-opasnost-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/feed/ 0
МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-uchestvoto-vo-koja-bilo-stranska-vojska-e-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-uchestvoto-vo-koja-bilo-stranska-vojska-e-krivichno-delo/#respond Wed, 09 Mar 2022 14:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=644105

Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.  Министерството за надворешни работи во денешното соопштение ги потсетува граѓаните на Македонија дека учеството во која било странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.  -Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, се наведува во соопштението од МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-uchestvoto-vo-koja-bilo-stranska-vojska-e-krivichno-delo/feed/ 0
Утврдени измените на Кривичниот законик, се воведува кривично дело „демнење“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrdeni-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-voveduva-krivichno-delo-demnenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrdeni-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-voveduva-krivichno-delo-demnenje/#respond Wed, 28 Jul 2021 09:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=542912

Владата на денешната редовна 92. седница го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, на Законот за Академија на судии и обвинители, Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и на Кривичниот законик. Како што соопшти владината прес-служба, со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице. Со другите измени што се предлагаат како дополнувања на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело „демнење“ за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку каналите за комуникација вклучувајќи и преку интернет. Со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено значително намалување на сумата којашто ќе ја плаќаат новинарите за изгубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2000 евра на максимални 400 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utvrdeni-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-voveduva-krivichno-delo-demnenje/feed/ 0
СДСМ со закана до граѓаните да се потпишат бидејќи бојкотот е кривично дело! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-so-zakana-do-gragjanite-da-se-potpishat-bidejkji-bojkotot-e-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-so-zakana-do-gragjanite-da-se-potpishat-bidejkji-bojkotot-e-krivichno-delo/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=487432

Во Република Северна Македонија по речиси 19 години се спроведува најмасовната и најсложена операција согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации. Државата конечно ќе добие релевантни и сеопфатни податоци кои ќе го олеснат креирањето на корисни политики за економски, социјален и образовен развој на државата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од СДСМ. Од таму додаваат дека пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот. -Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки. Истовремено, непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април. Ги повикуваме сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот. Од друга страна, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни. Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата, велат од СДСМ. Од владејачката партија се закануваат дека бојкотот на пописот е кривично дело. -Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата, стои во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-so-zakana-do-gragjanite-da-se-potpishat-bidejkji-bojkotot-e-krivichno-delo/feed/ 0
Протестен марш за неодложно и темелно расчистување на „Јавна Соба“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-za-neodlozno-i-temelno-raschistuvanje-na-javna-soba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-za-neodlozno-i-temelno-raschistuvanje-na-javna-soba/#respond Wed, 03 Feb 2021 06:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=463423

Неодложно и темелно расчистување на случајот со Јавна Соба, соодветни казни за администраторите, но и инкриминирање на сексуалното вознемирување преку интернет во Кривичниот законик се дел од барањата кои ќе бидат соопштени на протестниот марш што ќе започне денеска напладне пред Министерството за внатрешни работи, а ќе заврши пред Јавното обвинителство. Мотото на маршот е „Јавна соба е кривично дело!“, а е организиран од Платформата за родова еднаквост. Организаторите на маршот бараат од Јавното обвинителство темелно да го расчисти случајот „Јавна Соба“, но и соодветно да ги казни администраторите. -Бараме неодложно и темелно да се расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции, посочува Ирена Цветковиќ. Таа додава оти се надеваат на поддршка, но како што појаснува, имаат и разбирање дека не секој може да присуствува. -Она што е најважно е дека најголем дел од јавноста го поддржува протестот, бара одговорност од институциите и очекува санкции за сторителите, додава Цветковиќ. И Мери Цветковска од ХЕРА е на ставот дека протестниот марш е апел до надлежните институции да ги казнат злосторниците. Таа во изјава за МИА појаснува дека институциите треба да одговорат соодветно, да најдат системски решенија и да ја затворат групата. -Протестниот марш е во организација на „Платформата за родова еднаквост“ чија членка е ХЕРА. „Јавна соба е кривично дело“, „Не си сама“, „Ти не си виновна“ се само дел од апелите до сите девојки, жени и жртви на криминални појави како Јавна соба, но и апел за надлежните институции да одговорат соодветно, додава Цветковска. Според неа, случајот со „Јавна соба“ е уште еден доказ дека насилството е реално. Насилството, како што додава таа, постои и исклучиво важно за негово превенирање е едукација на младите кои ќе научат како да го препознаат, како да се заштитат и каде да го пријават. Насилството, појаснува Цветковска, е секојдневен проблем кој тропнал на сечија врата. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера изјави дека „Јавна соба” е профил отворен на платформата Телеграм, со седиште во странска држава, и затоа како што рече, немаат законска можност да наредат, укинат, забранат негово функционирање, ниту пак да наредат за гонење на сторителите да им ги дадат доказите. Според Јовески, потребни се измени и дополнување на Кривичниот законик, но и развивање на соработката со надлежните странски органи. Групата „Јавна соба“ во која над 6500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, кон крајот на минатата недела беше избришана на социјалната мрежа Телеграм. Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. Надлежните апелираат на внимателност бидејќи на Телеграм има и друга слична група за која исто така се постапува. Случајот „Јавна соба“ повторно се актуелизира откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од земјава. Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа регистрирани околу 7000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни. Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-za-neodlozno-i-temelno-raschistuvanje-na-javna-soba/feed/ 0
Јовески за „Јавна соба“: Немаме законска можност да забраниме нејзино функционирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-za-javna-soba-nemame-zakonska-moznost-da-zabranime-nejzino-funkcioniranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-za-javna-soba-nemame-zakonska-moznost-da-zabranime-nejzino-funkcioniranje/#respond Tue, 02 Feb 2021 09:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=463010

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервјуто за „Дојче веле“ зборуваше и за случајот „Јавна соба“. -„Јавна соба” е профил отворен на платформата Телеграм, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање, ниту пак да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето на определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи, вели Јовески. Според него, потребни се измени и дополнување на Кривичниот законик во овој поглед, односно потребно е законодавството да го следи современиот развој, но и развивање на соработката со надлежните странски органи. – Со употребата на технологијата, интернет комуникацијата, со глобализацијата, се јавуваат и нов вид на кривични дела кои претходно не сме биле ниту во можност да ги предвидиме. Затоа ги подржувам предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“и „сексуално вознемирување, вели Јовески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-za-javna-soba-nemame-zakonska-moznost-da-zabranime-nejzino-funkcioniranje/feed/ 0