криволак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 05:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png криволак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Криволак започнува воената вежба „Брз одговор 23“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krivolak-zapochnuva-voenata-vezhba-brz-odgovor-23/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krivolak-zapochnuva-voenata-vezhba-brz-odgovor-23/#respond Mon, 22 May 2023 05:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=837204

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23'“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово. Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија. Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури. Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки". Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД. Поради заштита на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krivolak-zapochnuva-voenata-vezhba-brz-odgovor-23/feed/ 0
Вооружените сили на САД кои се дел од КФОР во Косово вежбаат на Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzenite-sili-na-sad-koi-se-del-od-kfor-vo-kosovo-vezbaat-na-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzenite-sili-na-sad-koi-se-del-od-kfor-vo-kosovo-vezbaat-na-krivolak/#respond Mon, 22 Aug 2022 07:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=721878

Во периодот од 20 - 26 август на армискиот полигон „Криволак“, припадници на Вооружените сили (ВС) на САД кои се дел од мисијата КФОР во Косово изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, информираат од АРМ. -Овој вид на вежбовни активности на АП „Криволак“, на припадниците на Вооружените сили на САД во рамки на мисијата КФОР кои се реализираа и претходно, ги потврдува и промовира можностите кои ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави, се вели во соопштението. Претходно, АП Криволак ги исполни сите побарувања кои ги бараат овој вид на активности, а истото се потврди и со изведување на најголемата воена вежба со воздухоплови „Брз одговор 22“. Армијата на Република Северна Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак“, за време на активностите ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на ВС на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите. Активноста се изведува согласно одлуката на 68 седница на Владата, со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон Криволак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzenite-sili-na-sad-koi-se-del-od-kfor-vo-kosovo-vezbaat-na-krivolak/feed/ 0
Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-na-krivolak-celosno-izgasnat-ima-ushte-nekolku-zarishta-vo-opshtina-vasilevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-na-krivolak-celosno-izgasnat-ima-ushte-nekolku-zarishta-vo-opshtina-vasilevo/#respond Thu, 28 Jul 2022 09:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=711229

Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека од рано изутрината има уште седум – осум жаришта, каде се гледа чад, но нема активно горење. – На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и четири лица од Национални шуми Беласица. Тие се обидуваат да ги изгаснат овие осум точки кои иако не горат, со зголемувањето на температурата во текот на денот можат да почнат да горат и да го продолжат пожарот понатаму, додаде Ангелов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-na-krivolak-celosno-izgasnat-ima-ushte-nekolku-zarishta-vo-opshtina-vasilevo/feed/ 0
Штипските пожарникари подготвени да се справат со пожарот кој доаѓа од Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozarnikari-podgotveni-da-se-spravat-so-pozarot-koj-doagja-od-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozarnikari-podgotveni-da-se-spravat-so-pozarot-koj-doagja-od-krivolak/#respond Wed, 27 Jul 2022 12:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=710829

Штипските пожарникари се подготвени доколку пожарот кој е активен на Криволак, ја премине границата кон штипско, вели за МИА командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев. Тој истакна дека утрината биле на терен, со цел да го видат теренот и од кој правец пристигнува пожарот. -Огнената стихија веќе граничи со нашата територија, утринава од она што можевме да го видиме на лице место е дека огнот сега е во дол и на непристапен терен. Добивме информација од ТППЕ-Неготино дека во моментов од воздух го гаснат два хеликоптери, вели Коцев. Доколку огнената сихија влезе на територија на Општина Штип, тоа е во планинскиот предел позади селото Драгоево, во тој случај прво на терен ќе отида припадници на АРМ, а потоа и штипските пожарникари, од причина какошто вели Коцев што станува збор за незбеден терен, односно не се знае дали има неактивирана воена муниција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozarnikari-podgotveni-da-se-spravat-so-pozarot-koj-doagja-od-krivolak/feed/ 0
Пожарот кај Криволак е најсериозен, го гаснат два хеликоптера https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-kaj-krivolak-e-najseriozen-go-gasnat-dva-helikoptera/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-kaj-krivolak-e-najseriozen-go-gasnat-dva-helikoptera/#respond Wed, 27 Jul 2022 09:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=710706

Три пожари се активни во моментов, но најсериозен е на Криволак, кој утрото повторно се разгоре, и го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во видео обраќање. -Рано утрово пред пет часот извршивме хеликоптерско извидување на пожарите што останаа активни во текот на ноќта. Движејќи се кон активниот пожар во општина Василево, налетавме на нов пожар, за којшто подоцна се утврди дека е подметнат и зафати блиска шума во релативна близина на магистралниот пат Радовиш-Струмица, информираше Ангелов. Веднаш пријавиле во Територијалната противпожарна единица Радовиш, и екипите со теренско возило итно излегле на терен. -По неколкучасовна борба со пожарот успеаја да го стават под контрола а набргу потоа и целосно го изгасија, со што спречија овој шумски пожар да се прошири и да предизвика исклучително сериозни проблеми. Затоа што до него се наоѓа и обработливо земјоделско земјиште со различни земјоделски култури, соопшти Ангелов. Пожарот во општината Василево, на неколку места чадел и се забележувал слаб оган, којшто во моментов полека се разгорува. На местото се екипи од Територијалната противпожарна единица Струмица. Доколку се јави потреба, ќе биде упатен еден хеликоптер, а по потреба и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување. -Третиот и би рекол најсериозен е пожарот на армискиот полигон Криволак којшто повторно почна да се разгорува, а утрово го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски. Поради слабиот ветер што се појавува и зголемувањето на температурата, пожарот се разгорува. Во текот на денот со хеликоптерите а по потреба и со авионот ќе продолжиме со дејство. Значајно е да напоменам дека армиските магацини што се на неколку километри од линијата на пожарот, се дополнително обезбедени и се апсолутно сигурни, дециден е Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-kaj-krivolak-e-najseriozen-go-gasnat-dva-helikoptera/feed/ 0
Три активни пожари утрово, најголемиот е на Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-aktivni-pozari-utrovo-najgolemiot-e-na-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-aktivni-pozari-utrovo-najgolemiot-e-na-krivolak/#respond Wed, 27 Jul 2022 06:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=710612

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано изутринава со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари, информираат од ЦУК. Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што утрово со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни. На самото место на Криволак е и директорот на ЦУК Ангелов. – Вториот пожар е нов пожар кој го забележавме за време на хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума и постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола, посочуваат од ЦУК. Третиот пожар кој е активен од вчера е во атарот на с. Требичино, во општина Василево. – Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на самото место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот, соопштија од ЦУК. Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-aktivni-pozari-utrovo-najgolemiot-e-na-krivolak/feed/ 0
ПОВТОРНО ГОРИ НА „КРИВОЛАК“: Пожарот е поделен на три краци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-gori-na-krivolak-pozarot-e-podelen-na-tri-kraci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-gori-na-krivolak-pozarot-e-podelen-na-tri-kraci/#respond Tue, 26 Jul 2022 20:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=710546

Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ е реактивиран денеска попладне и поделен на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи. – Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16.30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран, но не и целосно изгасен, потсетија од ЦУК. Денеска во 14.45 часот пожарот повторно се реактивирал, разгорел и проширил и веќе се поделил на три краци. Едниот се движел кон селото Пепелиште, Неготинско, вториот во правец на Богослове, штипски регион и третиот во атарот на Армискиот полигон „Криволак“. – Од извршената процена на терен од страна на ТПП Неготино, градоначалникот на Општина Неготино, како и претставници на други релевантни институции кои учествуваат во гасењето на пожарните дејствија, утврдена е потреба од асистенција и воздушна поддршка од летала. Од страна на градоначалникот на Општина Неготино, упатено е барање за хеликоптерска подршка. Центарот за управување со кризи во координација со Министерството за внатрешни работи во 8.00 часот, упатија летало (хеликоптер) од составот на Министерството за внатрешни работи, како поддршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Северна Македонија во гаснењето на пожарот, се наведува во известувањето од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-gori-na-krivolak-pozarot-e-podelen-na-tri-kraci/feed/ 0
Армиски хеликоптер се вклучи во гасењето на пожарот во Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasenjeto-na-pozarot-vo-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasenjeto-na-pozarot-vo-krivolak/#respond Mon, 25 Jul 2022 17:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=710065

Пожарот кај Богданци утрово беше ставен под контрола, но попладнево избнувна нов, во источниот дел од полигонот „Криволак“ ... Гори нискостеблеста шума на непристапен терен, а во гасењето пред малку се вклучи и армиски хеликоптер... Пожар го зафати армискиот полигон Криволак. Избувнал на стариот полигон за Атомско биолошко хемиска одбрана(АБХО), на непристапен терен. За пожарот којшто е од поголем обем и најверојатно избувнал во ноќните часови, се известени и надредените во АРМ по што е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен. Во овој момент нема интервенција на истиот од терен затоа што противпожарните служби засега немаат информација колку е безбедно бидејќи се работи за полигон кој се користел за вежби и на него има минско експлозивни средства, велат од ЦУК. А попладнево пак изгаснат е пожарот кој од вчера го зафати атарот на селото Ѓавато, општина Богданци, по целовечерна борба со огнената стихија во чие гасење се вклучи и армиски хеликоптер. Но жители на селото и понатаму стравуваат повторно да не се разгорат жариштата. Сведочат како селото било во обрач од огнот а се слушале и експлозии. На терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, Дојран и Гевгелија и Кавадарци. Пожарот кој избувна кај Ѓавато и околината, во првите неколку часа имаше опасност по куќите во селото, но и блискиот ветерен парк и станицата за вода, која е дел од системот за полнење со вода на Дојранското езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armiski-helikopter-se-vkluchi-vo-gasenjeto-na-pozarot-vo-krivolak/feed/ 0
Голем пожар на Криволак: Теренот непристапен, се бара помош од АРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-pozar-na-krivolak-terenot-nepristapen-se-bara-pomosh-od-arm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-pozar-na-krivolak-terenot-nepristapen-se-bara-pomosh-od-arm/#respond Mon, 25 Jul 2022 13:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=709974

Се појави пожар во полигонот Криволак на подрачјето на Неготино, информираат дежурните екипи во ТППЕ Неготино. Стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. - Точното време на појавување не е познато, но се смета дека најверојато пожарот се појавил во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во Полигонот, информираат од РЦУК Велес. Оттаму додаваат дека моментално никој не интервенирал бидејќи теренот бил непристапен. Поради оваа причина, за пожарот известени се надредените во АРМ и е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен, потенцирајќи дека пожарот е од поголем обем. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-pozar-na-krivolak-terenot-nepristapen-se-bara-pomosh-od-arm/feed/ 0
Свечено затворање на „Летниот кампус 2022“ во Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-zatvoranje-na-letniot-kampus-2022-vo-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-zatvoranje-na-letniot-kampus-2022-vo-krivolak/#respond Fri, 01 Jul 2022 05:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=698099

На Армискиот полигон „Криволак“ денеска од 10 часот ќе се одржи затворањето на „Летниот кампус 2022“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, соопштија од Министерството за одбрана. На затворањето на меѓународниот академски и одбранбено-безбедносен проект „Летен кампус 2022“ ќе биде изведена показна вежба, која ги вклучува сите вежбовни активности реализирани во изминативе две недели. – На овогодинешниот „Летен кампус“, учествуваат 90 студенти и питомци од 16 сојузнички и партнерски земји, од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија, САД, Унгарија и од Северна Македонија кои за време на двонеделната обука имаа можност да учествуваат и да дадат активен придонес во реализација на симулирани мултинационални операции во поддршка на мирот во фаза на стабилизација, реконструкција и градење мир, наведуваат од Министерството за одбрана. Од Министерството за одбрана дополнуваат дека на свеченоста ќе присуствува министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со високи претставници од Генералштабот и од Министерството за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-zatvoranje-na-letniot-kampus-2022-vo-krivolak/feed/ 0