криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 08:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тројца поранешни министри на СИРИЗА: Партијата е во сериозна криза https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trojtsa-poraneshni-ministri-na-siriza-partijata-e-vo-seriozna-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trojtsa-poraneshni-ministri-na-siriza-partijata-e-vo-seriozna-kriza/#respond Wed, 25 Oct 2023 08:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=892836

Итно свикување на Политичкиот секретаријат на СИРИЗА и одржување на Конгресот што е можно поскоро, бараат Ефи Ахциоглу, Насос Илиопулос и Алексис Харицис, пратеници од СИРИЗА и поранешни министри, велејќи дека ситуацијата во партијата е сериозна и „сите имаат одговорност за единството, а пред сè раководството на партијата“, јави дописничката на МИА од Атина. Во заедничката изјава тројцата членови на најголемата грчка опозициска партија истакнуваат дека „СИРИЗА е во многу сериозна криза“ и додаваат дека имаат обврска пред граѓаните кои ги поддржуваат, да го запрат падот на партијата. „Политичките несогласувања постојат и затоа веќе е одредено одржување на вонреден Конгрес, кој сега треба да се забрза. Но, нашиот тек дотогаш треба да биде со почитување на нашите позиции и статутот кој јасно ги дефинира правилата на нашето работење. Не може да се карактеризира со логики на внатрешни непријатели и практики на чистка. СИРИЗА има долга традиција на внатрешна демократија со правила и почитување на процедурите. Дури и во исклучително тешки услови, потрагата по синтеза на различни мислења беше факт. За единство предуслов е колективноста, принципите и придржување до процедурите“, пишуваат тројцата пратеници од СИРИЗА, меѓу кои и Ахциоглу која беше кандидатка за партиски лидер. Заедничката изјава доаѓа откако лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во понеделникот избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри, а оваа одлука, голем дел од грчките медиуми ја толкуваа како чекор пред распад на СИРИЗА, со оглед на тоа дека по изборот на Каселакис на лидерската позиција, постојат несогласувања во самата партија. Ден претходно европратеникот Стелиос Кулоглу соопшти дека ја напушта еврогрупата на СИРИЗА и станува независен пратеник во Европскиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trojtsa-poraneshni-ministri-na-siriza-partijata-e-vo-seriozna-kriza/feed/ 0
Орпо: Криза во финската Влада побрзо отколку што очекував https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orpo-kriza-vo-finskata-vlada-pobrzo-otkolku-shto-ochekuvav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orpo-kriza-vo-finskata-vlada-pobrzo-otkolku-shto-ochekuvav/#respond Tue, 04 Jul 2023 06:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=852386

Финскиот премиер, Петери Орпо, само две недели по формирањето на новата влада, изјави дека владата е во криза, но дека е способна да функционира. -Владината криза дојде побрзо отколку што очекував, изјави Орпо во интервју за весникот „Хелсингин саномат“. Тој имаше средба со претседателите на владејачките партии, а тема на разговорот, меѓудругото, беше и оставката на министерот за економија, Вилхелм Жунила, поради претходни изјави за нацизмот. -Тоа беше отворена и добра дискусија, а утре ќе ја продолжиме дискусијата во владата. Постои заедничка желба да ја реализираме нашата добра програма, рече Орпо. Тој посочи дека владата не прифаќа нацизам, националсоцијализам и други екстремистички движења. -Програмата на Владата се заснова на егалитарно општество, човекови права, почитување на меѓународните човекови права, владеење на правото, почитување на слободата на печатот и основните вредности на западното либерално општество. Работата на владата се заснова на овие вредности, а мојата работа е да се грижам за нив, рече финскиот премиер. Министерот за економија, по само 10 дена на функцијата, на 30 јуни поднесе оставка. Тој во соопштението наведе дека поради продолжување на работата на Владата и угледот на Финска, не може да продолжи да ја извршува министерската функција на задоволителен начин. Министерот беше принуден да поднесе оставка затоа што се шегуваше со нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ и затоа што беше говорник на настан организиран од неонацистички групи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orpo-kriza-vo-finskata-vlada-pobrzo-otkolku-shto-ochekuvav/feed/ 0
Ковачевски: Кризата ја претворивме во можност, цената на струјата не се зголеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-krizata-ja-pretvorivme-vo-mozhnost-tsenata-na-strujata-ne-se-zgolemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-krizata-ja-pretvorivme-vo-mozhnost-tsenata-na-strujata-ne-se-zgolemi/#respond Fri, 26 May 2023 13:22:42 +0000 https://kurir.mk/?p=839094

„Успешно се справивме со енергетската криза, нема зголемување на цената на електричната енергија, има зголемено производство на електрична енергија, енергетската криза ја претворивме од криза во можност“, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во Собранието на Република Македонија, каде е во тек седница за пратенички прашања. „Изминатата година се покажа колку е важно да се има знаење и посветеност во делот на енергетскиот сектор. Пред само 12 месеци, глобалната светска економија беше практично пред колапс заради војната во Украина и заради изостатокот на енергенси на европскиот континент. Кај нас струјата, парното, храната не беа недостаток и немаше никакви рестрикции, тоа е прв заклучок по завршувањето на енергетската криза. Второ ги заштитивме и компаниите и граѓаните. Трето, го донесовме најголемиот пакет на антикризни мерки за граѓаните за најранливите категории на граѓани и за одржување на ликвидноста на компаниите во износ од 760 милиони евра - според податоците на Светската банка, најголем од сите земји во регионот. И планот даде резултат“, порача премиерот Ковачевски. Претседателот на Владата, Ковачевски, нагласи дека Владата ги заштити од поскапувања граѓаните, институциите во образованието и здравството, компаниите - што е спротивно на сите шпекулации и обиди за загрижување на граѓаните дека ќе има рестрикции и поскапи струја и парно. „Цената на електричната енергија не се зголеми. За првата и втората група корисници остана иста, за оние кои домаќински трошат електрична енергија. Се зголеми за оние кои имаат базени по дома коишто ги греат во зима. За компаниите на регулираниот пазар, 72.000 компании - цената на електрична енергија се намали за 20 проценти. Обезбедивме електрична енергија за сите здравствени домови. Знаете ли колку време не беа платени сметките за струја по тие здравствени домови?! Сè беше покриено што не беше платено. Обезбедивме електрична енергија за сите образовни институции. Владата го презеде управувањето со парното - дали се зголеми цената на парното, не се зголеми, имаше рестрикции на парно, немаше рестрикции на парно“, посочи премиерот Ковачевски. Во споредба со претходната година, како што рече премиерот Ковачевски, имаме зголемено производство на електрична енергија од 44 проценти и дека „како резултат на тоа, успеавме да обезбедиме евтина струја за производителите на основни прехранбени производи и да обезбедиме снабдување на комуналните претпријатија со евтина електрична енергија, за да нема недостаток на вода“, „Ќе ви дадам само една споредба, во целиот ваш мандат беа инсталирани 18 мегавати обновливи извори на енергија. Во времето на оваа Влада за една година се инсталирани и пуштени во мрежа 210 мегавати обновливи извори на електрична енергија, капацитет поголем од капацитетот на еден блок на РЕК Битола, доволен да снабди потрошувачка на 10 града во Македонија, со просечна потрошувачка на електрична енергија со 76.000 домаќинства“, нагласи премиерот Ковачевски, оценувајќи дека денес зборуваме за конкретни резултати во областа на енергетиката. Премиерот Ковачевски рече дека во општините, управувани во 90 проценти од опозицијата, има покачувања на цените на комуналните услуги, иако и тие добија евтина струја, односно електрична енергија од 100 евра по мегават час, во услови кога цената на електричната енергија беше 500 евра за мегават час. Премиерот оцени дека поплаките за недостиг на средства се поради нерационални трошоци, односно користења и на две третини буџетски пари за привремени вработувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-krizata-ja-pretvorivme-vo-mozhnost-tsenata-na-strujata-ne-se-zgolemi/feed/ 0
Секој трет самохран родител во Британија ги прескокнува оброците поради зголемените цени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-tret-samohran-roditel-vo-britanija-gi-preskoknuva-obrocite-poradi-zgolemenite-ceni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-tret-samohran-roditel-vo-britanija-gi-preskoknuva-obrocite-poradi-zgolemenite-ceni/#respond Thu, 24 Nov 2022 08:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=765712

Речиси една третина од самохраните родители во Велика Британија почнале да прескокнуваат оброци за да заштедат на намирници чии цени драстично пораснале поради инфлацијата, покажа новото истражување на групацијата за потрошувачи Кои? (Which?). Три до десет анкетирани домаќинства со самохрани родители во истражувањето изјавиле дека прескокнуваат оброци поради поскапувањето на храната, пренесува „Гардијан“. „Нашето истражување покажа дека семејстватаво Обединетото Кралство се борат со зголемените трошоци за живот, а самохраните родители најверојатно прескокнуваат оброци или се обраќаат во добротворни организации за да врзат крај со крај“, рече Росио Конча, директорка за политика и совети. Покрај прескокнувањето оброци, речиси една петтина од самохраните родители изјавиле дека не платиле сметка во изминатите три месеци, како струја, кирија или хипотека. Истражувањето покажа дека од инфлацијата најмногу се погодени самохраните родители и пензионерите кои трошат 30 отсто од својот буџет на храна, енергија и гориво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-tret-samohran-roditel-vo-britanija-gi-preskoknuva-obrocite-poradi-zgolemenite-ceni/feed/ 0
Земјите од Г20 „длабоко загрижени“ поради глобалната криза со храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-g20-dlaboko-zagrizeni-poradi-globalnata-kriza-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-g20-dlaboko-zagrizeni-poradi-globalnata-kriza-so-hrana/#respond Tue, 15 Nov 2022 06:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=760661

Групата Г20 водечки светски економии е „длабоко загрижена“ поради глобалната криза со храна, се вели во нацрт-заедничката завршна декларација од самитот во Индонезија. Глобалната безбедност на храната е „влошена од актуелните конфликти и тензии“, пишуваат лидерите од Г20, повикувајќи на употреба на „сите достапни алатки“ за борба против кризата и „заштита на најранливите од глад“. Руската инвазија врз Украина, која почна на крајот на февруари, имаше сериозно влијание врз глобалните пазари на храна. Двете земји се сметаат за два од најважните извозници на жито во светот. Земјите-членки на Г20, вклучително и Русија, ветија дека „ќе преземат акција за промовирање на безбедноста на храната и енергијата и поддршка на стабилноста на пазарите, обезбедувајќи привремена и насочена поддршка“, се вели во заедничката декларација. „Ќе преземеме понатамошни координирани активности за справување со предизвиците за безбедноста на храната, вклучително и порастот на цените и недостигот на прехранбени производи и ѓубрива на глобално ниво“, нагласува Г20.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-g20-dlaboko-zagrizeni-poradi-globalnata-kriza-so-hrana/feed/ 0
Битиќи: Владата има јасен план за справување со кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-vladata-ima-jasen-plan-za-spravuvanje-so-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-vladata-ima-jasen-plan-za-spravuvanje-so-krizata/#respond Tue, 01 Nov 2022 11:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=753868

Не само оваа година, туку во последните три години Владата предводена од СДСМ презема навремени и праведни мерки за помош на граѓаните во време на криза, истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за веб порталот Локално. Битиќи посочи дека Владата има јасен план преку штедење и одговорно работење да се справи со кризата и навремено да им помага на домаќинствата и граѓаните, но при тоа и да вложува во капитални проекти во инфраструктурата и енергетиката. „Државата има преземено неколку конкретни чекори во насока на зголемување на домашните производствени капацитети и намалување на ранливоста на земјава во оваа област. Веќе сме дел од проектите за гасната централа и гасниот терминал Александопули во Грција, каде државата ќе има одреден процент сопственост, како и загарантиран закуп на произведена струја и капацитет за складирање гас,. Друг голем проект е тридецениската сага за изградба на браната Чебрен на Црна Река, која полека но сигурно оваа Влада ја приведува кон крај, и истата очекувам да започне да се гради во текот на 2023 година. Влеговме и во јавно приватно партнерство со две фирми кои веќе се во фаза на изведба на две фотоволтаични централи на просторот на ТЕЦ Осломеј, двете имаат инсталирана моќност од по 50 MW. Од друга страна, само по законот за стратешки инвестиции, кои се приватни инвестиции, до сега имаме одобрено стратешки енергетски проекти во вкупен износ од околу 1,5 милијарди евра, и вкупна инсталирана моќност од близу 2 GW, што е капацитет кој е поголем од вкупната моќност на сите електро енергетски капацитети во државава кои се изградени изминативе 75 години“ порача Битиќи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-vladata-ima-jasen-plan-za-spravuvanje-so-krizata/feed/ 0
Ковачевски уверува: Владата усвои низа одлуки за подобро справување со кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-uveruva-vladata-usvoi-niza-odluki-za-podobro-spravuvanje-so-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-uveruva-vladata-usvoi-niza-odluki-za-podobro-spravuvanje-so-krizata/#respond Mon, 31 Oct 2022 14:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=753301

Приоритет е како граѓаните ќе ја поминат претстојната зима, нема да треба никој да бира помеѓу струја и храна. Затоа Владата напорно работи оваа зима никој да не остане сам да се справува со кризата, порача премиерот Димитар Ковачевски денеска од Делчево. Тој се осврна и на владината седница, на која се донесени одлуки со кои е обезбедена поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. – Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото и живината, пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија ќе се стабилизираат. Веќе беше јавно соопштено од производителите на основни производи дека со ваква одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10 проценти, рече премиерот. Во оваа тешка криза, нагласи Ковачевски, Владата им помага и на основните и на средните јавни училишта, за кои насекаде низ државата е обезбедена поевтина електрична енергија по цена од 95 евра по мегават/час. – Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ по цена од 95 евра мегават час, обезбедуваме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води. За да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, донесовме одлука со која на сите општини и на Градот Скопје им се забранува да основаат ЈП, ДОО или АД за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување, додаде Ковачевски. Посочи дека со овие мерки и заедно со останатите антикризни мерки, кои само во 2022 година достигнаа над 760 милиони евра, пакет кој според Светската банка е најголемиот пакет за поддршка во регионот обезбеден за граѓаните за поддршка за справување со енергетската криза. – Владата навистина се грижи да обезбеди животен стандард и ликвидност на компаниите и заедно да ја пребродиме оваа криза, истакна Ковачевски. Тој наведе дека за најранливите 42.000 граѓани, за над 330.000 пензионери, е обезбедена државна помош меѓу 3.000 и 6.000 денари, преку мерки за обезбедување на ликвидноста на стопанството, субвенционирање на струјата со 80 проценти за над 600.000 домаќинства и над 72.000 мали потрошувачи фирми кои ги вработуваат најголем дел од вработените во државата, па се до мерките за прехранбената индустрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-uveruva-vladata-usvoi-niza-odluki-za-podobro-spravuvanje-so-krizata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ бара владата и Ковачевски да се надминат и за доброто на граѓаните веднаш да ги прифатат петте предлог мерки за излез од економската и енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-vladata-i-kovachevski-da-se-nadminat-i-za-dobroto-na-gragjanite-vednash-da-gi-prifatat-pette-predlog-merki-za-izlez-od-ekonomskata-i-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-vladata-i-kovachevski-da-se-nadminat-i-za-dobroto-na-gragjanite-vednash-da-gi-prifatat-pette-predlog-merki-za-izlez-od-ekonomskata-i-energetskata-kriza/#respond Fri, 14 Oct 2022 06:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=745068

Енергетската и економска криза се сериозна закана за стандардот и квалитет на живот на граѓаните, но и за опстанок на стопанството и економијата. Додека народот е гладен и сиромашен, од Ковачевски и СДС слушаме само демагогии, а не конкретни мерки и чекори. Секој ден губење значи само продлабочување на енергетската, економската и социјална криза. Ковачевски и власта мора да ја сфатат сериозноста на ситуацијата во која ја донесоа државата и граѓаните, и во склад со тоа навремено и со конкретни мерки да работат на решавање на истите, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува нивното соопштение:  Но, бидејќи не знаат како, ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот која работи во интерес на сите граѓани, предлага излез од кризите преку 5 конкретни мерки и тоа: 1.Предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство, наместо како до сега што ги продаваше власта преку матни и криминални зделки на трговци. 2.Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. Со овој начин ќе се спасат илјадници работни места кои висат заради неликвидност на компаниите. Доколку власта го прифати ова илјадници граѓани наместо на улица ќе продолжат да работат и да егзистираат. 3.Веднаш да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за граѓаните. Прехранбените производи поради ненавремената реакција и незаинтересираноста на власта се покачија од 50 до 100%, а според информациите кои се пласираат во медиумите, цената на истите допрва ќе расте. Преку оваа мерка ќе се заштити стандардот на граѓаните.
  1. Откажување од воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта, со што ќе им се помогне и на граѓаните и на компаниите.
  2. И како последна предлог мерка, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна Банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање на фирми. Само за една година во државата се затворени 12.000 компании што е поразителен факт не само за власта, туку и за македонската економија.
ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни и издржани мерки кои ќе значат пребродување на економската и енергетската криза. Затоа Владата да се надмине себеси и веднаш да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за доброто на сите граѓани и стопанството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bara-vladata-i-kovachevski-da-se-nadminat-i-za-dobroto-na-gragjanite-vednash-da-gi-prifatat-pette-predlog-merki-za-izlez-od-ekonomskata-i-energetskata-kriza/feed/ 0
Пендаровски: Кризата е можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-krizata-e-moznost-za-zajaknuvanje-na-nashata-energetska-arhitektura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-krizata-e-moznost-za-zajaknuvanje-na-nashata-energetska-arhitektura/#respond Wed, 14 Sep 2022 17:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=732883

Кризата е и можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура преку вложување во долгорочната енергетска безбедност, достапност и одржливост, порачал претседателот на државата Стево Пендаровски на свеченото отворање на Деновите на групацијата ЕВН. Говорејќи за кризата со достапноста до енергија, еколошката одржливост и енергетската безбедност, претседателот Пендаровски оценил дека како мала и отворена економија со висока енергетска зависност, Македонија е ранлива на овие процеси. Според Пендаровски, македонскиот енергетски систем не генерира доволно електрична енергија за своите потреби, а како причини ги навел долгогодишното ниско ниво на вложување во енергетските капацитети, незапирливиот раст на побарувачката за електрична енергија во дигиталната ера и неодрживите енергетски навики кај дел од граѓаните. Од Кабинетот на претседателот информираат дека тој ги пренел главните точки на планот на Владата за справување со кризата – ургентен увоз на неопходните ресурси, зголемување на домашното производство и намалување на потрошувачката. Единствениот начин да се излезе на крај со овие предизвици, како што посочил, е доколку сме сите заедно, а соработката со ЕВН Македонија оценил дека е важна како никогаш досега. ЕВН Македонија, рекол Пендаровски, е клучна алка во македонскиот енергетски систем и е еден од најголемите инвеститори, работодавачи и даночни обврзници во Северна Македонија. Во обраќањето, претседателот ја истакнал и поддршката што компанијата ја дава за реализација на повеќе проекти, како што се програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“ и добротворната акција „Волонтираме за солидарно општество“, како и поддршката во изготвувањето на „МКД 2030“ како стратешка рамка за развој на Северна Македонија до крајот на оваа деценија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-krizata-e-moznost-za-zajaknuvanje-na-nashata-energetska-arhitektura/feed/ 0
Белгија: Пред нас се неколку страшни зими https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-pred-nas-se-nekolku-strashni-zimi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-pred-nas-se-nekolku-strashni-zimi/#respond Mon, 29 Aug 2022 08:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=725351

ЕУ ќе мора да издржи неколку „страшни“ зими без контрола на цените на природниот гас, предупреди белгискaта министерка за енергетика, пренесува АФП. „Следните 5 до 10 зими ќе бидат страшни ако ништо не се преземе“, напиша Тине Ван дер Страетен на Твитер. „Мораме да дејствуваме на изворот, на европско ниво и да работиме на замрзнување на цените на бензинот. Белгиската министерка за енергетика повика на ограничување на цената на гасот ширум ЕУ, додавајќи дека „времето за разговор е завршено, сега е време да се одлучи“. Поддршката за контрола на цените на ниво на ЕУ порасна низ целиот блок, во услови на зголемени трошоци за енергија предизвикани од војната во Украина. „Постои итна потреба да се воведе европска граница на цените“, тврди Ван дер Страетен. „Ова може да ја намали цената за енергија за 770 евра годишно по семејство“. Таа продолжи: „Европскиот енергетски пазар пропаѓа и итно има потреба од реформи. Ова веќе не е одржливо за многу семејства и компании. Со реформите, ние се справуваме со бујните вишок профити“. Владите ширум Европа презедоа активности за да ги олеснат трошоците за енергија на домашните пазари, при што многу домаќинства се мачат да врзат крај со крај. Други мерки што се предлагаат за справување со кризата со трошоците за живот се оданочување на добивката на енергетските компании, обезбедување финансиска помош за домаќинствата и субвенционирање на јавниот превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-pred-nas-se-nekolku-strashni-zimi/feed/ 0