кризен данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 May 2021 12:57:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кризен данок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милошоски: Кој лаже Заев или Битиќи, дали граѓаните ќе бидат оптоварени и со кризен данок? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-koj-laze-zaev-ili-bitikji-dali-gragjanite-kje-bidat-optovareni-i-so-krizen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-koj-laze-zaev-ili-bitikji-dali-gragjanite-kje-bidat-optovareni-i-so-krizen-danok/#respond Sat, 29 May 2021 12:57:02 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516543

Дали стопанството и граѓаните ќе бидат оптоварени со плаќање и на кризен данок? И кој лаже, дали вицепремиерот Битиќи кој вика дека се разговара за воведување на кризен данок, или Заев кој вика дека не се разговара за тоа, прашува Антонијо Милошоски преку неговиот Фејсбук статус. - Како и да е, самата тема упатува на заклучок дека недомаќинското трошење на парите на даночните обврзници и високото ниво на корупција, го доведоа буџетот во загрижувачки критична состојба, пишува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-koj-laze-zaev-ili-bitikji-dali-gragjanite-kje-bidat-optovareni-i-so-krizen-danok/feed/ 0
Покрај тоа што сака да го воведе прогресивниот данок, Владата ја разгледува можноста и за воведување кризен данок?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/#respond Fri, 28 May 2021 09:43:55 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515984

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави можност за воведување прогресивен данок, но, како што вели, за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати, намалување на персонален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок. - Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување. Јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните – велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, вели Битиќи. Од опозицијата, пак, обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на граѓаните. - Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти, вели, претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски. - Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата. На овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. По актуелизирање на идејата за прогресивен данок од страна на академикот Таки Фити, од пред неколку дена, многу реакции стигнаа на адреса на сивата економија, односно дека не не е легитимно да се зборува за зголемување на даноци кога даночната евазија се приближува до 40 проценти. Според главниот советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, Зоран Јовановски, со поголем данок практично повеќе ќе се оптоварат тие кои плаќаат данок. - Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се среди па потоа да се размислува за нови или повисоки даноци, реагираше Јовановски. Прогресивното оданочување е одложено за 2023, но не се исклучува можноста да биде воведен и порано. На 1 јануари 2019 Владата објави дека државата го напушта рамниот данок и дека почнува даночна политика на прогресивно однаочување. Според Законот за данок на личен доход се предвидуваше задржување на стапката на оданочување од 10 отсто за приходите остварени до 90 илјади денари на месечно ниво, a 18 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. При оданочување на доходот од капитал (закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа) требаше да се применува даночна стапка од 15, место од 10 проценти. Но, на 1 ноември 2019 година, скоро поставената министерка за финансии Нина Ангеловска објави дека прогесивниот данок се става во мирување. Таа дојде на местото на министерот Драган Тевдовски кој го воведе прогресивното оданочување, кое практично не заживеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pokraj-toa-shto-saka-da-go-vovede-progresivniot-danok-vladata-ja-razgleduva-moznosta-i-za-voveduvanje-krizen-danok/feed/ 0