кризна климатска состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Dec 2020 17:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кризна климатска состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенечката опозиција бара Парлемнтот да прогласи климатска кризна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkata-opozicija-bara-parlemntot-da-proglasi-klimatska-krizna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkata-opozicija-bara-parlemntot-da-proglasi-klimatska-krizna-sostojba/#respond Tue, 15 Dec 2020 17:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=443664

Четири опозициски партии од левиот центар во Словенија денеска поднесоа барање до Парламентот за прогласување вонредна состојба во областа на животната средина и климата, откако сличен обид во февруари не успеа да мине собраниски комитет. Тие предложија прогласување кризна состојба поради глобалното затоплување, влијанието на климатските промени врз животната средина, состојбата на биодиверзитетот, исцрпување на природните ресурси, влошените услови за живот и намалената способност за обновување на Земјата, пренесува СТА. – Веруваме дека и во Словенија стана познато дека e неопходна вонредна состојба во однос на животната средина и климата поради најголемата закана за постоењето на човештвото, рече Дејан Жидан, пратеник од Социјалдемократите (СД), една од партиите која ја поднесе иницијативата. Едвард Паулиќ од Листата на Марјан Шарец (ЛМС) го цитираше генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш во неговиот повик до глобалните лидери да прогласат кризна климатска состојби во нивните земји и истакна дека досега тоа го сториле 33 земји со над 800 милиони жители. Словенечкиот министер за заштита на животната средина Андреј Визјак неодамна соопшти дека Владата ќе расправа за долгорочна климатска стратегија до 2050 година во првите неколку месеци од следната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenechkata-opozicija-bara-parlemntot-da-proglasi-klimatska-krizna-sostojba/feed/ 0
Нов Зеланд прогласи кризна климатска состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-proglasi-krizna-klimatska-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-proglasi-krizna-klimatska-sostojba/#respond Wed, 02 Dec 2020 11:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=437428

Владата на новозеландската премиерка Џaсинда Ардерн денеска прогласи „кризна климатска состојба“. Декларацијата се заснова на истражување на Меѓувладиниот панел за климатски промени за потребата од драстично намалување на глобалните емисии на штетни гасови за да се избегне затоплување од 1,5 Целзиусови степени. Нов Зеланд се приклучи на уште 32 други земји, вклучувајќи ги Канада, Франција и Велика Британија, кои прогласија вонредна состојба поради климатските промени. – Ова е научна декларација, рече Ардерн пред Парламентот. – Оваа декларација е потврда за следната генерација. Потврда за товарот што ќе го сноси ако не преземеме мерки веднаш, потенцираше таа. Тој симболичен чекор е направен во време кога Владата објави дека јавниот сектор ќе мора да постигне јаглеродна неутралност до 2025 година. Агенциите ќе мора да ги мерат и да ги објавуваат своите емисии и да компензираат за сè што не можат да скратат, истакна Ардерн. – Барањето јавниот сектор да постигне јаглеродна неутралност во рок од пет години ја покажува посветеноста и подготвеноста на Владата за итно дејствување во борбата против климатските промени, рече премиерката Тоа е „важен чекор напред“ во планот за јаглеродна неутралност во Нов Зеланд до 2050 година, рече Ардерн. Лабуристите, Зелените и партијата на Маорите гласаа за декларацијата, што беше повеќе од доволно за мнозинство, додека АЦТ и Националната партија беа против. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-proglasi-krizna-klimatska-sostojba/feed/ 0