кризна состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 16:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кризна состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласена кризна состојба во Општина Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/proglasena-krizna-sostojba-vo-opshtina-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/proglasena-krizna-sostojba-vo-opshtina-delchevo/#respond Tue, 20 Jun 2023 16:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=847900

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив. -Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои е потребна државна помош, истакнаа од Општина Делчево. Претходно општинските служби доставија информации до Владата, а по прогласувањето на криза состојба, се очекува и потребната помош. Освен во Делчево кризна состојба од истите причини е прогласена и во Општина Крива Паланка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/proglasena-krizna-sostojba-vo-opshtina-delchevo/feed/ 0
Продолжена кризната состојба на дел од територијата на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhena-kriznata-sostojba-na-del-od-teritorijata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhena-kriznata-sostojba-na-del-od-teritorijata-na-makedonija/#respond Wed, 14 Jun 2023 17:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=845751

Собранието на денешната 117 седница ја донесе предлог одлуката за продолжување кризната состојба на дел од територијата на државата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти. Пратениците со 73 гласа „за“ ја усвои „Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од светската здравствена организација SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кој се загрозува безбедноста и имотот на населението“. Ова е ново продолжување од шест месеци на одлуката донесена пред повеќе месеци. Собранието го донесе предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, по скратена постапка, со кој се овозможува законска основа до крајот на годинава над 700  лица во земјава, претежно од Ромска националност кои се неевидентирани да бидат запишани во Матичната книга на родените. Во Собранието, освен 117 седница, денеска беа закажани продолженија на десетина седници и тоа 41, 66, 91, 95, 99, 100, 111, 112 и 115 седница на Собранието. Пратениците денеска ја донесоа одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог - одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhena-kriznata-sostojba-na-del-od-teritorijata-na-makedonija/feed/ 0
Собранието ги донесе измените на Одлуката за кризна состојба заради висок ризик од мигранти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-odlukata-za-krizna-sostojba-zaradi-visok-rizik-od-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-odlukata-za-krizna-sostojba-zaradi-visok-rizik-od-migranti/#respond Tue, 27 Dec 2022 13:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=781172

Собранието денеска ја донесе измената на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на држжавата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот ЅАРЅ-Со\/-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението. Одлуката беше донесена со 44 гласа „за“ и 22 „воздражани“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано, бидејќи, како што истакна пратеникот од оваа партија Драган Ковачки, таа треба да се однесува само на мигрантите, а не и за ковид кризата. – Ковид кризата не треба воопшто да се споменува во овој контекст затоа што таа работа одамна е надмината, а ние до денес не добивме променета одлука, затоа што се доведуваме во ситуација да гласаме нешто што не е. Втората работа е дека МВР треба да има сопствени капацитети да се бори со мигрантската криза, рече Ковачки. Тој додаде дека е зголемен протокот на мигранти и на дневно ниво се откриваат од 30 до 40 лица, за што е одговорна власта, која, според Ковачки, дала амин да се врши проток на мигранти. Пратеникот праша зошто има потреба од учество на дел од Армијата на јужната и на дел од северната граница и обвини дека во МВР наместо „да се градат капацитети, се уништува се, има целосна партизација, вработување на поранешни градоначалници, пратеници, лица кои изгубиле на изборите и криминалци ставени на челни позиции…“ На дневен ред на оваа седница беше и Предлог на законот за задруги, но бидејќи немаше претставник на предлагачот, оваа точка е оставена за друго продолжение на седницата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-odlukata-za-krizna-sostojba-zaradi-visok-rizik-od-migranti/feed/ 0
Важна информација за граѓаните, познато дали ќе продолжи субвенционирањето на сметките за парно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vazna-informacija-za-gragjanite-poznato-dali-kje-prodolzi-subvencioniranjeto-na-smetkite-za-parno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vazna-informacija-za-gragjanite-poznato-dali-kje-prodolzi-subvencioniranjeto-na-smetkite-za-parno/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=755745

Владата на денешната седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука за новата грејна сезона практично значи продолжување на субвенционирањето од страна на Владата во делот на сметките за топлинска енергија на домаќинствата, со цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, како што беше случај и досега, појаснуваат од Владата. Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електраните на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје. Мерката се однесува на временскиот период од денот на влегувањето во сила на оваа одлука - до истекот на рокот на утврденото постоење кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на системот за централно греење на кој грејната сезона трае од 15 октомври до  30 април.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vazna-informacija-za-gragjanite-poznato-dali-kje-prodolzi-subvencioniranjeto-na-smetkite-za-parno/feed/ 0
Собранието ќе одлучува за кризната состојба во енергетската област https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-odluchuva-za-kriznata-sostojba-vo-energetskata-oblast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-odluchuva-za-kriznata-sostojba-vo-energetskata-oblast/#respond Fri, 30 Sep 2022 05:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=739295

Собранието денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба во енергетиката за уште шест месеци, од утре до крајот на април следната година, со оглед дека денес истекува важноста на владината одлука за таа намена, што стапи во сила од почетокот на месецов. По петдневна комисиска расправа, на денешната 86. пленарна седница треба да се расправа за предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Комисиската расправа за предлог одлуките заврши завчера, а ја одбележаа меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за состојбите во енергетиката. Премиерот Димитар Ковачевски и вчера повтори дека на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје и оти парно ќе има, како и дека се во тек преговори со Србија и Турција за обезбедување енергенси. На седницата за пратенички прашања, Ковачевски посочи дека Економско-енергетскиот совет веќе донесе одлуки според кои сите училишта во земјава се ставаат на регулираниот пазар, а болниците ќе добиваат поевтина струја преку ЕВН продажба. -За да нема физички прекин на наставата, донесовме одлука на регулираниот пазар да бидат и основните и средните училишта. Ако општините направеа реорганизација на своите трошоци и ребаланси на буџетите и ако се водеа од тоа дека постои енергетска криза, не ќе имаше потреба да бидат ставени на регулираниот пазар. Кога ги правеа буџетите тие воопшто не земаа предвид дека се наоѓаме во енергетска криза. Тоа го кажав, но бев критикуван, за на крајот Данела Арсовска да рече дека не може да испорача ништо зашто сме биле во енергетска криза. Сега сите сфатија дека се во енергетска криза ама никој не седна да направи ребаланс, рече Ковачевски. По предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за надминување на енергетската криза што беше објавен завчера, вчера лидерот на партијата Христијан Мицкоски го повика премиерот Ковачевски на дебата за понудените решенија во предлогот. -За да нема дилеми, за да нема недоречености го повикам првиот човек на Владата Димитар Ковачевски јавно заедно двајцата да избере медиум, ден и време кога ќе зборуваме пред македонската јавност за тоа што нудам јас, што нуди опозицијата ВМРО – ДПМНЕ, а што нуди Владата, изјави Мицкоски. Клучната поента од предлогот на опозициската партија, како што рече, се дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство добиени со користење на евтин ресурс за стопанството и економијата, да може бизнисот да се развива, а работниците да ги задржат своите работни места, и дополнителни количини на топлина, за да може скопјани и сите корисници на централното греење во главниот град да не плаќаат повисоки сметки за затоплување на нивните институции и домови. -Заштеда од минимум 300 милиони евра, пари коишто оваа Влада ќе ги потроши во периодот којшто следи, граѓански, народни пари коишто ги нема, а ќе ги земе преку скапи кредити задолжувајќи се на домашниот и меѓународниот пазар. Понатаму, зголемување на БДП, рече Мицкоски. Според министерот за економија Крешник Бектеши, ако се потпише договор со Србија, земјава ќе набави гас по најмалку три до четири пати пониски цени од берзанските. Доколку се финализира договорот со купениот гас од Србија, ќе се произведува електрична енергија, од која дел потоа ќе се продава назад во Србија, а дел ќе се понуди на домашното стопанство. Доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени, тогаш, според владиниот советник за енергетика Виктор Андонов, постои резервна варијанта, а тоа е работа на мазут. – Се надеваме дека до таа крајна варијанта нема да дојде. Ако не се договориме, топланите ќе работат на мазут, а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција, изјави Андонов во средата. Во меѓувреме, Економско-енергетскиот совет донесе одлуки да почне постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, потоа на регулираниот пазар да бидат основните и средните училишта, а сите јавни здравствени установи да бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската. Од друга страна, се уште нема исход од разговорите за функционирање на когенереативната постројка ТЕ-ТО во грејната сезона, како и помеѓу државната ЕСМ со „Адора“ за топланите Исток и Запад. По инсистирањето на „Адора“ за продажба, а не за закуп на топланите, од Владата најавија дека доколку не се постигне решение согласно со Законот за управување со кризи, државата има право да ги стави на располагање сите ресурси – и на државата и на јавните претпријатија и на приватните компании. Од „Адора инженеринг“ вчера информираа дека е согласни, доколку се изнајде модел за да се подмират нивните побарувања, да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба. – Во текот на вчерашниот и денешниот ден имавме опсежни состаноци со РКЕ, ЕСМ и БЕГ, каде што сите страни ги препознаваат ненаплатените побарувања кои законски ни следуваат, односно долгови кон Адора за изминатиот период. Договорено е РКЕ, ЕСМ и БЕГ да изнајдат модел во кој, во овој момент ќе се намират побарувањата кон Адора со цел да стапиме кон регулирање на идните односи за топланите со АД ЕСМ. Доколку постигнеме решение по ова разумно барање, Адора е спремна, иако на наша финансиска штета од 550 000 евра на годишно ниво, но во максимален интерес на граѓаните, да пријде кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализирање на сите потребни услови за купопродажба, се вели во соопштението од „Адора“. Доколку не се најде решение по овие прашања, велат од „Адора“, Владата има можност да ги употреби соодветните членови од законите за енергетика и справување со кризи, со цел да ги користи топланите без наша согласност кое би значело директна повреда врз правото на сопственост. Од 1 септември во земјава на сила се мерки за штедење со кои институциите се обврзани да ја намалат потрошувачката на струја за 15 проценти, а упатени се и препораки до граѓаните за штедење електрична енергија. Власта побара поддршка во активностите за справување со енергетската криза и од верските заедници со повици за штедење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-odluchuva-za-kriznata-sostojba-vo-energetskata-oblast/feed/ 0
Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетика го помина и филтерот на собраниската ЗПК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-odlukata-za-prodolzuvanje-na-kriznata-sostojba-vo-energetika-go-pomina-i-filterot-na-sobraniskata-zpk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-odlukata-za-prodolzuvanje-na-kriznata-sostojba-vo-energetika-go-pomina-i-filterot-na-sobraniskata-zpk/#respond Wed, 28 Sep 2022 18:33:31 +0000 https://kurir.mk/?p=738703

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетиката попладнево го помина и филтерот на собраниската Законодавно-правна комисија. Се очекува пратениците на пленарна седница да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетика од 1 октомври до 30 април 2023 година. Претходно и собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја одобри Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба на територија на земјава и Градот Скопје поради недостиг на електрична и топлинска енергија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-odlukata-za-prodolzuvanje-na-kriznata-sostojba-vo-energetika-go-pomina-i-filterot-na-sobraniskata-zpk/feed/ 0
Заврши расправата во собраниската Комисија за продолжување на кризна состојба во енергетиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-vo-sobraniskata-komisija-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-vo-sobraniskata-komisija-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata/#respond Wed, 28 Sep 2022 14:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=738578

Заврши расправата за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Претседателот на Комисијата, Миле Талевски на крајот на комисиската седница истакна дека откако е исцрпена листата на пријавени за збор, Предлог-одлуката за продолжување на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија ја проследи во понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија. Талевски го назначи пратеникот на СДСМ Драгољуб Филипоски за известител по ова Предлог-одлука до Собранието. Оваа Предлог-одлука треба да го помине и филтерот на собраниската Законодавно-правната Комисија. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајкоска го праша министерот за економија Крешник Бектеши дали го прифаќа предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за производство на електрична енергија двојно поевтино од моменталната цена што ја има со кој, како што рече, стопанството ќе биде заштитено. Во реплика министерот Бектеши изјави дека во вакви европски, глобални, регионални и национални кризи, сме подготвени на отворен и транспарентен начин да разговраме со сите страни се со цел да нго најдеме најдоброто решение кое ќе биде во полза на граѓаните и на стопанството. Во моментот, рече тој, кога же ги имаме тие конкретни предлози ќе ги разгледаме заедно и ќе го најдеме најдобриот предлог од сите понуди што се даваат се со цел тоа да биде и поевтино и побезбедно во делот со снабдување со топлинска енергија и во снабдувањето со електрична енергија. Откако Предлог-одлуката го помина собранискиот комисиски филтер, се очекува пратениците на пленарна седница да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетиката, со што ќе се овозможи шестмесечно продолжување на кризната состојба, од 1 октомври до 30 април 2023.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-vo-sobraniskata-komisija-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за кризната состојба во енергетиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kriznata-sostojba-vo-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kriznata-sostojba-vo-energetikata/#respond Tue, 27 Sep 2022 05:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=737769

Собраниската комисија за одбрана и безбедност денеска петти ден ќе расправа за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Вчера на седницата дискутираа само пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои обвинија за „неспособност” при менаџирањето со кризните состојби во државата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во своето обраќањето рече дека кризна состојба треба да се прогласи заради граѓаните, но власта, според неа, „не знае да се справи со проблемите произлезени од кризата”. И Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека според статистиките државава е во најлоша состојба со енергетската криза. Од Владата, пак, вчера соопштија дека се бараат соодветни решенија и порачаа дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин. -Владата континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената владина одлука за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат преговорите, јавноста ќе биде навремено известена, соопштија од Владата. Потенцираат дека се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното. Сепак, од компанијата БЕГ – Производство се децидни дека немаат правен основ да располагаат со топланите, немаат обврска за продолжување на вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија. Од компанијата наведуваат дека согласно со член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период, посочуваат, БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона. -БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика. Заради овие причини на 09.06.2022 год. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона. На 20.06.2022 год. РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство, стои во соопштението. Од Регулаторната комисија за енергетика РКЕ, пак, соопштија дека обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста. Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија, истакнаа -Законот за енергетика, кој доби и зелено светло од Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност), наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика. И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендот изјави дека се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија. Тој посочи дека согласно законот БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија. Грејната сезона стартува на 15 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kriznata-sostojba-vo-energetikata/feed/ 0
Продолжува дебатата за кризна состојба во енергетиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzuva-debatata-za-krizna-sostojba-vo-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzuva-debatata-za-krizna-sostojba-vo-energetikata/#respond Fri, 23 Sep 2022 05:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=736434

Дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за кризна состојба во енергетиката, според најавите, треба да продолжи денеска. Тоа ќе биде трет ден расправа во матичната комисија, а по нејзиното завршување на пленарна седница ќе може да се гласа да продолжи уште половина година кризната состојба во оваа област, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и вчера порача дека се бара продолжување на кризната состојба во енергетиката за да се обезбеди доволна флексибилност и механизми за справување со кризата, а сите домашни капацитети се ставени во функција за поголемо производство. Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран увоз на струја и енергенси, но тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија. Количините на јаглен кои Владата се обидува да ги обезбеди, оцени Битиќи, е за да се гарантира дека ќе нема никакво нарушување во производството на електричната енергија. Според Битиќи, Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима и потсети дека државата со 80 отсто ја субвенционира цената на електричната енергија за сите корисници на регулираниот пазар. Досега за субвенционираната цена на струја на регулираниот пазар Владата исплатила 240 милиони евра, односно 653.000 домаќинства и 70.000 приватни субјекти кои се на регулираниот пазар се обезбедени со субвенционирана цена на струјата, која 100 отсто е од домашно производство. Енергетиката беше во фокус и на билетаралната средба во Њујорк на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за надворешни работи на Азербејџан. Тие, информираше владината прес-служба, разговарале за енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа. На состанокот е истакнато дека воените дејствија на Русија врз Украина се една од причините за енергетската криза во светот и оти ваквата состојба повеќе се чувствува во Европа, за што има сериозно зголемување на цената на природниот гас. -Во разговорите беше истакнато дека Азербејџан придонесува во надминувањето на енергетската криза, преку развивање на постоечките гасоводи. На состанокот беше дискутирано и дека ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија, а Азербејџан е еден од нив, преку проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас од Азербејџан во ЕУ, информира владината прес-служба. Со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, рекол Ковачевски, Северна Македонија ќе се поврзе со трансјадранскиот гасовод и на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар. -За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет, потенцираа од Владата. Според вицепремиерот Битиќи, во период на криза како сегашната дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи, а важно е да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители. На крај на годината, смета Битиќи, просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти, што потенцираше дека е доста добра стапка. Владата завчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината. Со тоа е продолжена важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е до крајот на месецов. Одлуката се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzuva-debatata-za-krizna-sostojba-vo-energetikata/feed/ 0
Мицевски: Ќе бараме отчет од Владата за трошењата во кризна состојба, нема да присуствуваме на собраниските координации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-kje-barame-otchet-od-vladata-za-troshenjata-vo-krizna-sostojba-nema-da-prisustvuvame-na-sobraniskite-koordinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-kje-barame-otchet-od-vladata-za-troshenjata-vo-krizna-sostojba-nema-da-prisustvuvame-na-sobraniskite-koordinacii/#respond Tue, 30 Aug 2022 12:33:26 +0000 https://kurir.mk/?p=726001

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада во Собранието, но нема да ги кочи законите кои се во интерес на граѓаните, а нејзиниот координар или пак друг претставник на опозициската партија нема да присуствува на координациите со претседателот на Собранието Талат Џафери, изјави денеска за МИА координаторот на оваа пратеничка група Никола Мицевски. Опозицијата во Собранието ќе бара информации за трошењето на парите од страна на институциите поврзано со кризната состојба. Мицевски не присуствуваше ниту на денешната прва координација со Џафери и колегите од другите пратенички групи по колективниот одмор, а неприсуството го образложи со обвинување дека претседателот на Собранието не се придржувал до она што било договорено и ги менувал одлуките врз основа на договорите со претставници од владејачкото мнозинството. – Не гледаме причини да одиме. Она што се договараме понеделнички на координација веќе во вторник не важи, вели Мицевски. Пред годишните одмори на брифинг со новинарите, потенцира тој, Џафери рече дека Парламентот завршува со работа на 28 август и после уцената од Алтернатива на 29 август Собранието работеше. На седницата откако ВМРО-ДПМНЕ замина од салата немаа доволен број пратеници за да го изгласаат она што го доворија со Алтернатива, додаде Мицевски наведувајќи дека има многу такви причини зошто опозицијата да не оди на координации. На прашањето како ќе се договараат за работата и функционирањето на Собранието и дали имаат неформални средби со Џафери, Мицевски рече дека за тоа ќе се договараат претседателите на комисиите и пратениците, кои редовно се информираат меѓусебно. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека ќе продолжи седницата за уставните судии, а најави и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара информации за прогласување на кризните состојби, како и извештаи за тоа што е потрошено од страна на институциите. Мицевски рече дека ќе реагираат за сите штетни закони кои овозможуваат можност за договори во четири очи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-kje-barame-otchet-od-vladata-za-troshenjata-vo-krizna-sostojba-nema-da-prisustvuvame-na-sobraniskite-koordinacii/feed/ 0