кризни состојби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 15:27:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кризни состојби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието изгласа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-izglasa-prodolzuvanje-na-kriznite-sostojbi-zaradi-nedostig-na-elektrichna-i-toplinska-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-izglasa-prodolzuvanje-na-kriznite-sostojbi-zaradi-nedostig-na-elektrichna-i-toplinska-energija/#respond Fri, 30 Sep 2022 15:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=739683

Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје. Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Денеска не беше отворен претрес за третата и четвртата точка од дневниот ред на 86-тата седница – Предлог на просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030 и Предлог на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, поради тоа што матичните комисии се уште ги немаат разгледано тие предлози. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-izglasa-prodolzuvanje-na-kriznite-sostojbi-zaradi-nedostig-na-elektrichna-i-toplinska-energija/feed/ 0