крлеж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 20:25:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крлеж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петличковски: При каснување од крлеж што побрзо да се побара медицинска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-pri-kasnuvane-od-krlezh-shto-pobrzo-da-se-pobara-meditsinska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-pri-kasnuvane-od-krlezh-shto-pobrzo-da-se-pobara-meditsinska-pomosh/#respond Tue, 15 Aug 2023 18:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=867122

Доколку се случи да бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош, а не да се обидуваме самите да ја завршиме работата дома, изјави вечерва на „Сител“, претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. -Последната сериозна епидемија со конго-кримска хеморагична треска, се случила во 1971 година. Значи, многу одамна. Изминатите неколку години има еден пријавен случај, кој не завршил во болница, лабораториски потврден случај, се работи за прилично ретка состојба, рече Петличковски. Тој истакна дека болеста може да биде многу тешка во голем број случаи. - Кај голем дел болеста ќе помине без симптоми. Кај оние кај кои ќе се јави температура во првите неколку денови, има шанси во 40 отсто од нив, да прогресира болеста и да заврши фатално. Се работи за сериозна болест, потенцираше Петличковски. Тој се осврна и на лекот „рибавирин“. - Комплетно е погрешно да се дава лекот, на пример, за превенција, ако лицето знае дека било во контакт со сомнителна личност, да го прими превентивно, не постои такво нешто. Се знае точно кога тој треба да му се даде на пациентот, нагласи Петличковски. Сите крлежи, додаде, не се заразни. На прашање дали може да се заразиме со болеста преку домашни миленици, тој одговори дека тоа е реткост. - Многу ретко може да се заразиме од домашни миленици. Крлежите што го пренесуваат овој вирус, специфично се закачуваат на голема стока, значи крави, говеда, овци, кози. Тие се нивниот прв домаќин. Теоретски, веројатно можно е и домашните миленици некогаш да пренесат, но, шансите се прилично мали, вели Петличковски. Тој повтори дека добра е состојбата на вториот и третиот пациент со конго-кримска хеморагична треска. Кај болничарката бил поминат критичниот период, се очекува нејзино комплетно заздравување, а тие се надеваат оти ќе нема компликации и изненадувања кај третиот пациент. Во првиот случај на конго-кримска хеморагична треска во земјава, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка. Третиот случај кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење. Прашан дали треба да се плашиме од новиот сој на коронавирус, наречен „ерис“, Петличковски одговори дека во овој момент, тоа не е потребно. На глобално ниво се зголемуваат случаите на новоинфицирани, како што посочи тој, меѓутоа нема некое сериозно нарушување на епидемиолошката состојба, нема драматично зголемување на број на случаи и „многу сме далеку од оние месеци кога се бараше кревет повеќе во здравствените институции“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-pri-kasnuvane-od-krlezh-shto-pobrzo-da-se-pobara-meditsinska-pomosh/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 27-годишна жена, била касната од крлеж! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-makedonija-pochina-27-godishna-zhena-bila-kasnata-od-krlezh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-makedonija-pochina-27-godishna-zhena-bila-kasnata-od-krlezh/#respond Sun, 30 Jul 2023 11:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=861686

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека на27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. „Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети. Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок). Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се негаивни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-makedonija-pochina-27-godishna-zhena-bila-kasnata-od-krlezh/feed/ 0
Последиците може да бидат опасни ако на кожата останат повеќе од 36 часа: Еве како правилно да ги отстраните крлежите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/posledicite-moze-da-bidat-opasni-ako-na-kozata-ostanat-povekje-od-36-chasa-eve-kako-pravilno-da-gi-otstranite-krlezite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/posledicite-moze-da-bidat-opasni-ako-na-kozata-ostanat-povekje-od-36-chasa-eve-kako-pravilno-da-gi-otstranite-krlezite/#respond Mon, 09 May 2022 11:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=673934

Крлежите можат да бидат опасни, па затоа е важно правилно да ги отстраните доколку ги најдете на себе. Не е секој крлеж заразен, па не секој крлеж е опасен. Има крлежи кои пренесуваат микроб наречен Borrelia burgdorferi, кој предизвикува Лајмска болест, која е една од сериозните компликации кои можат да бидат предизвикани од каснување од крлеж. Крлежите се составен дел од природата, па ако останеме на отворено подолго време, а особено ако екстремитетите не се заштитени, крлежот може да се фати на кожата. Потоа се храни со нашата крв и ако е заразена со Борелија, прво ја ослободува локално, на кожата, а потоа влегува во крвта и на тој начин допира до сите органи и може да поттикне развој на Лајмска болест. Докторите нагласуваат дека е многу важно што поскоро да одиме на лекар доколку забележиме крлежи. Имено, ако крлежот е на кожата повеќе од 36 часа може да биде опасен. По секој престој во природа прегледајте ја кожата за да видите дали има нова црна дамка на вас. Може да биде крлеж. Најдобар начин за отстранување на крлежи Некои народни верувања за отстранување на крлежите се сосема погрешни. Меѓу нив е употребата на бензин и вртењето крлежи спротивно од стрелките на часовникот, додавајќи дека тоа може само да ја влоши ситуацијата. Кога не сме блиску до докторот, а крлежот треба брзо да се отстрани, треба да знаеме како правилно да го направиме тоа. Првото нешто што е важно е каква пинцета треба да изберете. Најсоодветна пинцета за отстранување на крлежи е онаа со зашилен врв. Под крлежот треба да дојде пинцета, односно да лежи на кожата. Потоа со силно движење повлечете нагоре - нема вртење и благо извлекување во насока спротивна од стрелките на часовникот. После тоа се дезинфицира просторот, а пред да се отстрани, важно е да се дезинфицираат самите пинцети. Кога ќе го направите тоа, би било идеално да го испратите крлежот на анализа за да видите дали е заразен. Во зависност од тоа, вашиот лекар може да ви препише антибиотска терапија. Доколку се покаже дека крлежот не е заразен, а е во кожата помалку од 36 часа, следењето на состојбата на пациентот се продолжува, но не се дава терапија. Доколку сами го извадиме крлежот, дефинитивно треба да се јавиме кај докторот, кој ќе го следи местото на кожата каде што бил крлежот во наредните 30 или 40 дена. Еден од првите симптоми на Лајмската болест е еритема (црвенило на кожата), која изгледа како мета за пикадо, а доколку го забележите тоа задолжително посетете лекар. Истото потребно е да го правите и доколку чувствувате проблеми како болки во мускулите, слабост, температура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/posledicite-moze-da-bidat-opasni-ako-na-kozata-ostanat-povekje-od-36-chasa-eve-kako-pravilno-da-gi-otstranite-krlezite/feed/ 0
Нејзината ќерка се разбудила парализирана: Кога ја открила причината морала да ги предупреди сите родители! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nejzinata-kjerka-se-razbudila-paralizirana-koga-ja-otkrila-prichinata-morala-da-gi-predupredi-site-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nejzinata-kjerka-se-razbudila-paralizirana-koga-ja-otkrila-prichinata-morala-da-gi-predupredi-site-roditeli/#respond Tue, 12 Jun 2018 14:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=65032

Џесика Грифин од Мисисипи доживеа вистински ужас, после што мораше јавно да апелира до сите родители. Нејзината ќерка била гризната од крлеж, после што состојбата и се влошила. Девојчето минатата среда мајка и ја будела за на училиште, но таа не можела да ги помести нозете. Мислела дека нозете и се втрнале, но потоа забележала дека петгодишната ќерка едвај зборува. Почнала детално да ја прегледува, а потоа на главата и пронашла крлеж. Мајката со ќерката веднаш отишла во брза помош, каде лекарите востановиле дека токму крлежот е причина поради која се парализирало девојчето. Парализата ја предизвикува неуротоксинот кој се наоѓа во крлежот. Како би ги предупредила родителите од опасноста од крлежи, мајката ја споделила приказната јавно на Фејсбук и апелирала до сите родители да ги прегледаат своите деца. Вечерта пред да се случи ова девојчето се однесувало потполно нормално, биле надвор, мајката ја избањала и ја измила косата, но не го забележала крлежот. Проблемот настанал утрото кога требало да се разбуди за училиште. -Почнав да ја чешлам и да и го врзувам репчето кога забележав дека едвај зборува. Кога и ја кренав косата видов крлеж. Веднаш го повикав сопругот кој е во Ирак. Ми рече крлежот да го ставам во вреќичка и веднаш да одам во брза помош, што и направив, раскажува мајката. Девојчето било задржано во болница на прегледи, а лекарите веднаш објасниле дека ќе почне да се опоравува после 12 до 24 часа, што и испаднало точно. -Ве молам, проверете ги своите деца и проверете дали имаат крлежи, апелираше оваа мајка после проблемот кој го имала со својата ќерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nejzinata-kjerka-se-razbudila-paralizirana-koga-ja-otkrila-prichinata-morala-da-gi-predupredi-site-roditeli/feed/ 0