крлежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 05:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крлежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не е заразен секој крлеж, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-zarazen-sekoj-krlezh-no-kongo-krimska-hemoragichna-treska-e-seriozna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-zarazen-sekoj-krlezh-no-kongo-krimska-hemoragichna-treska-e-seriozna-bolest/#respond Wed, 16 Aug 2023 05:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=867186

Не секој крлеж е заразен, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест, предупредуваат експерти. Три случаи се евидентирани сега во земјава. Во првиот случај, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која се лекува на Инфективна клиника и сега е во стабилна состојба. Третиот случај кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење.   Прва епидемија кај нас во 1971 година   Според податоците на Институтот за јавно здравје, прва епидемија од ова зболување кај нас е евидентирана во 1971 година. Притоа, заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во тетовското село Чифлик. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во земјава, ова заболување претставува потенцијална опасност. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји. Пренесување, знаци, симптоми Вирусот се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж, или преку контакт со заразена крв или животински ткива, за време и непосредно по колењето на животните. Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица. Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена. Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. - Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се истакнува во описот. Заштита и контрола на заболувањето За намалување на ризикот од пренос од крлеж на човек - доколку престојувате во место каде што има крлежи, носете облека која нема да остава откриени делови од телото – покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови - врат, глава; носете светло обоена облека за да се овозможи лесно откривање на крлежи на облеката; испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото; дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти со посебна состојка, кои можат да се нанесуваат на гола кожа. За постигнување на максимален ефект, нанесувајте репелент на секои 1-2 часа, ако престојот во ризични предели е подолготраен - поновите хемиски производи овозможуваат заштита од 8-12 часа. Употребувајте ги според пропишаното упатство, бидејќи при честа и ексцесивна употреба кај деца, иако ретко, можни се несакани ефекти во смисла на сериозни невролошки компликации, после можна експозиција на убоди од крлежи, направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата. Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото - во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и слично; настојувајте да ги контролирате животните за присуство на крлежи и доколку има соодветно да се елиминираат; и избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни. Кога станува збор за намалување на ризикот од пренос од животно на човек, се препорачуваат ракавици и друга заштитна облека додека лицата се ракуваат со животни или нивни ткива во ендемични области, особено за време на колење, карантин на животните пред да влезат во кланици или рутински да се третираат со пестициди, две недели пред колењето. - Намалување на ризикот од пренос од човек на човек - избегнете близок физички контакт со лица заболени, носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе, редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа, нега или посетата на болните луѓе, се наведува во препораките од Институтот за јавно здравје. Во државава пристигна и лекот „рибавирин“, како што беше појаснето, тој се дава само во ситуација кога се нема друг избор, кај пациенти со исклучително тешка клиничка слика. Надлежните велат дека нема простор за паника, но, при каснување од крлеж брзо да се побара медицинска помош, а не да се третира ситуацијата дома. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-zarazen-sekoj-krlezh-no-kongo-krimska-hemoragichna-treska-e-seriozna-bolest/feed/ 0
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Болниците полни со граѓани каснати од крлежи, веднаш да се побара лекарска помош! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bidete-vnimatelni-bolnicite-polni-so-gragjani-kasnati-od-krlezi-vednash-da-se-pobara-lekarska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bidete-vnimatelni-bolnicite-polni-so-gragjani-kasnati-od-krlezi-vednash-da-se-pobara-lekarska-pomosh/#respond Thu, 26 May 2022 13:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=681955

Деновиве, на Инфективната клиника и во старата Градска болница, голем број наши сограѓани побарале лекарска помош поради каснување од овој паразит. Препорака на лекарите е да се отстрани крлежот стручно, со лекарска помош, во рок од 24 часа, бидејќи ако сами го вадите, а главата од крлежот остане во телото, има можност да дојде до сериозни компликации. Се наоѓаме во период кога има многу крлежи во природата и кога треба да бидеме повнимателни. Со растот на температурите, можно е и нивно сè поголемо размножување. Лекарите апелираат до граѓаните, доколку престојуваат во природа, да практикуваат да носат лесна облека со долги ракави и ногавици, а по враќањето дома, да ги прегледаат кожата и косата. Според д-р Милена Стевановиќ, директор на Инфективната клиника, овие денови сè повеќе пациенти доаѓаат каснати од крлежи. Целата вест прочитајте ја на ВЕЧЕР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bidete-vnimatelni-bolnicite-polni-so-gragjani-kasnati-od-krlezi-vednash-da-se-pobara-lekarska-pomosh/feed/ 0
Предупредување од докторите: Крлежите почнаа да напаѓаат- совети како да се заштитите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/predupreduvanje-od-doktorite-krlezite-pochnaa-da-napagjaat-soveti-kako-da-se-zashtitite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/predupreduvanje-od-doktorite-krlezite-pochnaa-da-napagjaat-soveti-kako-da-se-zashtitite/#respond Tue, 18 Jun 2019 08:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=210224

Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и повисоките временски температури. Време во кое се буди флората и фауната низ парковите, ливадите и планините. Меѓутоа со тоа се будат и инсектите. Свежата и повисоко израсната трева по ливадите е идеално живеалиште за крлежите. Крлежите претставуваат вектори, односно пренесувачи на повеќе видови на болести велат лекарите. Овие инсекти доколку се закачат за нашето тело може да ни пренесат болести кои може да го загрозат нашето здравје. Најчесто болести кои ги пренесуваат крлежите се медитеранска треска или лајмска борелиоза, но и други болести. Лекарите ги советуваат граѓаните доколку планираат во овој период да прошетаат по ливади да се заштитат од крлежи, така што ќе носат светла облека, бидејќи крлежите се темни, односно црни и доколку се закачи на вашата светла облека ќе може полесно да се види и навреме да се одстрани. Исто така, тие советуваат да се носи облека која ќе го покрива секој дел од нашето тело, да не оставаме откриено тело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/predupreduvanje-od-doktorite-krlezite-pochnaa-da-napagjaat-soveti-kako-da-se-zashtitite/feed/ 0
Високите температури ги разбудија инсектите: Граѓани се жалат на убоди од оси, пчели и крлежи-совет за алергичните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokite-temperaturi-gi-razbudija-insektite-gragjani-se-zalat-na-ubodi-od-osi-pcheli-i-krlezi-sovet-za-alergichnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokite-temperaturi-gi-razbudija-insektite-gragjani-se-zalat-na-ubodi-od-osi-pcheli-i-krlezi-sovet-za-alergichnite/#respond Sat, 23 Mar 2019 14:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=178031

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите. На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи. Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија. На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести. Целиот разговор погледнете го во видеото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokite-temperaturi-gi-razbudija-insektite-gragjani-se-zalat-na-ubodi-od-osi-pcheli-i-krlezi-sovet-za-alergichnite/feed/ 0