кроонавирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jul 2020 07:43:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кроонавирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лувр повторно отворен за посетителите со строги мерки за заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/#respond Mon, 06 Jul 2020 07:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=369648

По три месеци, музејот Лувр ќе ги отвори вратите за посетителите, под строги санитарни услови поради коронавирусот. Санитарните мерки ќе останат на сила најрано до септември, односно задолжително носење на маска започнувајќи од возраст од 11 години. Посетителите ќе треба да дојдат опремени со маска, бидејќи музејот нема да им ја дава. Во музејот постои добро утврдена патека за посетата која се советува, но која може да не се почитува ако нема многу посетители.  За да се види Мона Лиза или Жаконда, сега ќе се влегува преку Големата Галерија и ќе се излегува на другата страна од салата Државната сала, преку салата Сенон. Пред сликата на Мона Лиза поставени се столпчиња и ленти, со цел да им се дозволи на посетителите да го зачуваат растојанието. Резервацијата на влезницата се советува да се направи преку интернет, бидејќи само таа гарантира влегување во музејот, освен ако музејот нема продадено 400 влезници за секој половина час на влегување, тогаш туристите ќе можат да купат влезница на самиот влез.  Околу 30 отсто од салите на Лувр се затворени, но турситите не треба да се грижат на нивните погледи се ставени на располагање 30 000 дела на 45 000 квадратни метри изложбен простор. Ноќните посети засега нема да се одржуваат. Дневно се очекуваат меѓу 8 и 10 000 посетители, наместо вообичаените 40 000. Лувр е еден од најпосетените музеи во светот со 10 милиони посетители, од кои дури 75 отсто се странски туристи. Според музејот на 23 јуни само 12 000 лица резервирале влезници за месец јули, додека за месец август немаше ниту една резервација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/feed/ 0