крштевка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jul 2020 09:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крштевка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цеца прегорда на внукот: Видете како помина крштевањето на Жељко! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-pregorda-na-vnukot-videte-kako-pomina-krshtevanjeto-na-zeljko-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-pregorda-na-vnukot-videte-kako-pomina-krshtevanjeto-na-zeljko-foto/#respond Mon, 13 Jul 2020 09:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=375023

Младата брачна двојка Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана, вчера, 12 јули 2020 го крстија својот првородениот син Жељко. Гордиот татко ја објави првата фотографија од неговиот наследник во прегратките на својот крстен кум на Инстаграм. Веднаш потоа и пресреќната баба, балканската фолк мегаѕвезда Светлана Цеца ражнатовиќ сподели фотографија од тукуштокрстеното внуче на својот Инстаграм, а покрај неа го остави својот благослов до малиот Жељко: „Нашиот мал и сакан Жељко! Среќно крштевање! Секогаш биди среќен, здрав, сакан, успешен, да пораснеш во човек со благородно срце со кого ќе се гордееме!“ – напиша со восхит гордата баба по повод крштевката на своето прво внуче кое го наследи името на нејзиниот покоен сопруг, Жељко Ражнатовиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ceca-pregorda-na-vnukot-videte-kako-pomina-krshtevanjeto-na-zeljko-foto/feed/ 0
Македонските црковни лица објаснуваат: Зошто се крштеваат Христијаните? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-crkovni-lica-objasnuvaat-zoshto-se-krshtevaat-hristijanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-crkovni-lica-objasnuvaat-zoshto-se-krshtevaat-hristijanite/#respond Sat, 18 Jan 2020 09:08:36 +0000 https://kurir.mk/?p=291435

Kрштевањето е првата од седумтте свети тајни на Црквата. Без крштевањето не можат да се извршат другите свети тајни – миропомазание, причест, покајание, свештенство, брак, елеосвештенство. Преку крштевањето се станува христијанин, член на Христовата Црква. Со водата во која трипати се потопува новиот член на Црквата, се чистат гревовите на тој што се крсти. Ако се работи за бебе, кое уште не може да згреши, се чисти прародителскиот грев, кој, според Христијанството, луѓето го носат од Адам и Ева. Како повозрасен, со вода се чистат гревовите стекнати од животот. Кај нас крштевањето се сфаќа многу формално, нешто што треба да се направи, без притоа, луѓето се да се запрашаат што значи чинот. Кумот, кој го избираат за детето, исто така е формалност, а тој треба да се грижи и да го следи духовниот раст на детето, заедно со родителите. – Крштението не е само „нешто преку кое треба да се помине“, нешто како прва вакцинација. Тоа е почеток на еден живот на посветеност кон Христа и стремеж кон светост, вели протоереј Иларион Фарли. Крштението е насочено кон денот кога човекот ќе умре и ќе зачекори во Царството небесно. Се верува дека оној кој не е крстен не може да влезе во Царството небесно. Во овој период, односно пред и по празникот Богојавление – Водици, се случуваат многу крштевки оти верниците веруваат дека постои врска меѓу Крштението на нивните деца и Христовото Крштение на реката Јордан, извршено од Јован Крстител. Но, теолозите велат нешто друго. Тие не го поврзуваат крштевањето затоа што Христос бил крстен, туку затоа што умрел и воскреснал од мртвите. Христос по воскреснувањето им се јавил на неговите ученици–апостоли и им рекол: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“. Крштевањето е духовно раѓање Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават како кандидати за обред на крштевање и определен период да постат и да се молат. За некој да биде крстен, тој морал да покаже дека е достоен за тоа. Со крштевањето лицето се чисти гревови, умира за грешениот живот, и се раѓа за нов, духовен и блaгодатен. Крштевањето е духовно раѓање. Презвитер Ивица Тодоров, свештенослужител во МПЦ-ОА, вели дека луѓето треба да станат свесни и одговорни за огромното спасоносно значење на крштевањето. Тој посакува христијаните да престанат само формално да го извршуваат крштевањето или без никаква подготовка и вера да учествуваат во него. – Патот кој води кон осознавање на Вистината започнува со нашето духовно (личносно) будење (покајание), односно со нашето прво вистинско и љубовно-искрено соочување со самите себеси, со нашиот живот, но и со дарителот на нашиот живот, со Творецот. Во тоа соочување, ако сме љубовно-искрени, се случува внатрешна промена во нашиот ум (покајание – преумување), односно, нашата личност станува свесна за вистинскиот квалитет и смисла на своето постоење, вели презвитер Тодоров. Тогаш, вели тој, личноста открива дека не е случаен производ на некаква слепа еволуција и дека овој свет, а и човекот, од Творецот не се создадени со и за зло, грев, страдање, распадливост, незнаење и смрт, туку се создадени за живот во љубов, вистина, здравост, творештво, служење, хармонија, смисла, полнота, вечност. – Кога една личност ќе доживее духовно будење, кога ќе се преуми и ќе стане свесна за состојбата во која се наоѓа, тогаш таа го чувствува гласот Божји во себе, бара очистување од гревот и злото, превреднување на вредностите на постоењето и помирување со својот Творец, со ближните, со себеси, со животот, со сиот свет. Всушност, личноста бара внатрешен прекин со еден бесмислен начин на живеење во зло и илузија за да започне друг, вистински. Тој процес на таинствено излегување од гревот и влегување низ вратата на Царството Божјо ние во Црквата, во новозаветниот народ Божји, го нарекуваме крштевање (баптизо – потопување) или бања на повторно раѓање, објаснува отец Ивица. Тој потенцира дека не случајно крштевањето е прва од седумте Свети тајни на Црквата. Преку неа луѓето стануваат членови на Црквата, на Телото Христово, односно, преку учествување во ова света тајна, луѓето во себе ги примаат плодовите на Христовата спасителна и искупителна жртва и неговото воскресение од мртвите. – Сето она што Христос на крстот го направи за сите нас – ние во моментот кога се крштеваме (потопуваме три пати во вода) го примаме во себе. Христос на крстот објективно, го искупи, оправда, спаси и ослободи целото човештво од сатанската тиранија, од последиците на првородниот грев и на гревот и злото воопшто и повторно го воспостави изгубеното единство помеѓу Бога и отпаднатиот човек. Кога ние се крштеваме, преку нашето лично (субјективно) учество во тајната и преку нашата вера и љубов, сето тоа го примаме во себе, вели отец Ивица. Дилема- крштевање бебе или возрасен човек Прашањето поврзано со крштевање на бебиња, мали деца било актуелно и во ранохристијанскиот период. По ова прашање имало спорови – и секој излегувал со свои аргументи за својот став. Оние кои го отворале прашањето за крштевање на мали деца се повикувале на неколку отворени прашања, како на пример, дали бебето, малото детенце ако умре некрстено – ќе биде спасено? Во тоа време процентот на смртноста кај бебињата, малите деца – бил голем. Дали во време на гонењето (во тоа време христијаните биле жестоко гонети), ако децата, заедно со своите родители, бидат убиени, фрлени на лавови во арени, распнати на крст – ако не се крстени – ќе бидат спасени? Имало и други отворени прашања – кои биле од теолошки аспект и биле поврзани со разбирањето на тоа што е „прародителски грев“. Дефинитивниот став околу ова прашање бил донесен на Црковниот собор во Картагина 419 година. Ставот бил втемелен на пристапот на апостолот Павле (Римајните. 14, 3 – 6), односно, било овозможено и двата пристапа да бидат актуелни. Значи, никој во Црквата не може некого да натера или да го казни ако ги крштева или не ги крштева своите деца. На секого му е оставено на совеста и одговорноста. – Единственото нешто, за што јас актуализирам некои нешта, се во контекст на тоа што во тоа време речиси и да не постоеле – традиционални христијански семејства во денешна смисла на зборот. Тогаш христијаните биле христијани! Денес нештата се поразлични – за жал и за срам! Денес, многумина велат дека му припаѓаат на христијанството – но за жал само на ниво на некаква „неодредена“ идентификација. Посакувам Господ да ни даде сила, љубов и вера да престанеме само формално да го извршуваме крштевањето или без никаква подготовка и вера да учествуваме во него. Ако ние како Црква во своите срца не ја разбереме оваа молитва ќе тонеме се подлабоку во духовната заспаност и неосетливост и сериозно ќе ги нарушуваме спасоносните заповеди на нашиот Спасител, а со тоа многу личности ќе го загубат својот живот, како во овој свет, така и на вечен план, потенцира презвитер Тодоров. Раѓање одозгора Ако не се родите одозгора, нема да можете да влезете во Царството Небесно (сп. Јован 3, 3). – За какво раѓање одозгора говори Богочовекот Исус Христос?, прашува митрополит Струмички Наум. Тој објаснува дека Исус ни зборува пред сѐ за светото Крштение со Светиот Дух и со вода, но, како што вели, „ако добро го читаме Новиот Завет, ни зборува и дека Царството Небесно насила се зема и силните го грабаат (Матеј 11, 12)“. – Тоа значи дека сѐ што се случува во односот помеѓу Бог и човек, се случува во синергија, во содејство, во соработка помеѓу двајцата – Бог ја дава Својата благодат во сета полнота, а човекот треба да ја активира со својот начин на живот. Од природна додавка, да му стане лично својство, вели владиката Наум. Активирањето или актуализирањето на благодатта на Крштението, според него, се случува на два начина: или со чинот на самото Крштение или голем (долг) временски период потоа. – Активирањето на благодатта со чинот на самото Крштение обично се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време на подготовката катихумените биле подучувани во очистувањето на срцето од страстите и го чистеле своето срце од страстите, така што навистина Светата Тајна Крштение ја доживувале како просветлување (на умот) и, секако, срцето им било отворено за молитвено симнување на умот во него, објаснува тој. – Активирањето на благодатта по поминувањето на подолг временски периот по Крштението обично се случува денес, во, според сите знаци, последната Црква: кога луѓето ги крштеваат уште како бебиња, без никаква подготовка или свесност за тоа. Затоа долго време потоа, откако човек ќе порасне, ќе сфати и ќе се покае, пред него допрва претстои подвиг за активирање на благодатта; подвиг во кој човек, под водство на духовниот отец, треба доволно да го очисти срцето од своите страсти така што од него да се пројави благодатта на Крштението. Благодатта потоа сѐ привлекува кон себе, пред сѐ умот на оној чие срце е отворено. Токму тоа лично активирање и усвојување на благодатта Божја, Господ го нарекува раѓање одозгора, а не само Крштението. Значи, ништо само Бог и ништо само човек, туку сѐ во заедничка соработка меѓу Бог и човек, вели митрополитот струмички Наум. Погребување на стариот и воскреснување на новиот човек „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5). Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови. Со самото примање на крштението се станува член на Телото Христово – Црквата. Во чинот на крштение најважно дејство е трикратното потопување во вода на оној кој се крштева, при што свештеникот ги изговара зборовите: „Се крштева слугата Божји (се кажува името кое го дава кумот) во името на Отецот – амин, и Синот – амин, и Светиот Дух – амин“. Ова потопување означува погребување на стариот и воскреснување на новиот човек, зашто ја претставува смртта и воскресението на Спасителот (Рим. 6, 3-11). Од изнесените ставови на македонските црковни лица може да се заклучи дека тие апелират крштевањето да не се сфаќа како некоја традиција, како некој фолклор, да не биде формално, туку православните христијани да знаат зошто се крстени, да водат христијански живот, да бидат активни членови на Христовата Црква, да се грижат за духовниот раст и своето спасение и точно да знаат зошто ги крштеваат своите деца. Ирена Радовановиќ за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-crkovni-lica-objasnuvaat-zoshto-se-krshtevaat-hristijanite/feed/ 0
Ова светот се уште го нема видено- Кутињо се крштеваше во када во својот стан, но во неа не легна сам! Еве со кого (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ova-svetot-se-ushte-go-nema-videno-kutinjo-se-krshtevashe-vo-kada-vo-svojot-stan-no-vo-nea-ne-legna-sam-eve-so-kogo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ova-svetot-se-ushte-go-nema-videno-kutinjo-se-krshtevashe-vo-kada-vo-svojot-stan-no-vo-nea-ne-legna-sam-eve-so-kogo-foto/#respond Sat, 02 Nov 2019 17:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=259322

Фелипе Кутињо , најскапиот играч во историјата на Барселона, кој оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Бајерн, се крсти во када во неговиот стан во Минхен. Крштевката ја изврши бразилскиот свештеник Тиаго Брунет, кој дошол во Минхен од Мајами, каде што живее, за да ги крсти Кутињо, неговата сопруга и куќната помошничка. Кутињо се пресели од Ливерпул во Барселона во јануари со рекордна отштета од 140 милиони евра. Но, тој не се наметна во клуб каде е најскап фудбалер во историјата, па летово беше  префрлен на едногодишна позајмица во Баерн. Германскиот шампион му плати 8,5 милиони евра , а следното лето може да го откупи за 120 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ova-svetot-se-ushte-go-nema-videno-kutinjo-se-krshtevashe-vo-kada-vo-svojot-stan-no-vo-nea-ne-legna-sam-eve-so-kogo-foto/feed/ 0
Со парите можеа да купат стан: Кога ќе дознаете колку пари потрошила Ана Николиќ за роденденот на нејзината ќерка ќе останете подзинати https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-parite-mozea-da-kupat-stan-koga-kje-doznaete-kolku-pari-potroshila-ana-nikolikj-za-rodendenot-na-nejzinata-kjerka-kje-ostanete-podzinati/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-parite-mozea-da-kupat-stan-koga-kje-doznaete-kolku-pari-potroshila-ana-nikolikj-za-rodendenot-na-nejzinata-kjerka-kje-ostanete-podzinati/#respond Tue, 07 Aug 2018 08:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=85293

Славењето на првиот роденден и крштевка на ќерката на пејачката Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Раста ги чинеше цело богатство. Познатиот музички пар е познато дека не штеди пари кога е во прашање нивната миленичка Тара. А за оваа прослава парот потрошило неверојатни 50 илјади евра, а прославата се случила во еден луксузен белградски хотел. Инаку на роденденот на малата наследничка на пејачката меѓу најпознатите гости беше и Цеца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/so-parite-mozea-da-kupat-stan-koga-kje-doznaete-kolku-pari-potroshila-ana-nikolikj-za-rodendenot-na-nejzinata-kjerka-kje-ostanete-podzinati/feed/ 0
Крштевката на принцот Луис низ фотографии: Кејт блескаше, кралицата не дојде https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/krshtevkata-na-princot-luis-niz-fotografii-kejt-bleskashe-kralicata-ne-dojde/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/krshtevkata-na-princot-luis-niz-fotografii-kejt-bleskashe-kralicata-ne-dojde/#respond Mon, 09 Jul 2018 16:57:48 +0000 https://kurir.mk/?p=74922

Денеска е крштевката на принцот Луис. Во прегратка на својата мајка, војвотката од Кембриџ, беше донесен во палата Св. Џејмс. Кејт носеше прекрасен фустан, дизајниран од Александар МекКвин. Кралицата не беше присутна поради голем број на обврски кои треба да ги исполни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/krshtevkata-na-princot-luis-niz-fotografii-kejt-bleskashe-kralicata-ne-dojde/feed/ 0
Денеска е крштевката на принцот Луис, но поради овој детал сите мислат дека парот прави разлика меѓу женско и машко дете https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/deneska-e-krshtevkata-na-princot-luis-no-poradi-ovoj-detal-site-mislat-deka-parot-pravi-razlika-megju-zensko-i-mashko-dete/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/deneska-e-krshtevkata-na-princot-luis-no-poradi-ovoj-detal-site-mislat-deka-parot-pravi-razlika-megju-zensko-i-mashko-dete/#respond Mon, 09 Jul 2018 16:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=74910

Денеска е крштевката на британскиот принц Луис, син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Инаку, крштевката е приватна церемонија во Палатата на Сент Џејмс во Лондон со најблиските пријатели и семејството. Луј е трето дете на војводата и војвотката од Кембриџ и е петти во линијата на наследство на британскиот престол по неговиот дедо Принцот Чарлс, неговиот татко Вилијам и неговите браќа и сестри, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Тој е исто така еден од седумте правнуци на кралицата Елизабета Втора. Капелата од 16-тиот век, која не е достапна за јавноста, е местото каде што четиригодишниот поголем брат на Луис, Џорџ, беше крстен во 2013 година. Шарлот, која има три години, беше крстена во 2015 година во црквата Св. Марија Магдалена од 16-тиот век на кралскиот имот во Сандрингем во источна Англија. Луис е роден на 24 април- Денот на Свети Ѓорѓи, националниот ден на Англија- во болницата Св. Марија во центарот на Лондон со тежина 3,8 килограми. Кралските фанатици, кои кампуваа пред болничкото крило неколку дена во исчекување на новото бебе, скокнаа од радост и отворија шампањ кога беше објавена веста за неговото раѓање. Тони Еплтон, градски приврзаник облечен во екстравагантна црвена униформа, ја објави веста од скалите на болницата до толпата поддржувачи и медиумите. Раѓањето беше објавено на екран на врвот на БТ кулата од 189 метри во Лондон, со пораката „Момче е!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/deneska-e-krshtevkata-na-princot-luis-no-poradi-ovoj-detal-site-mislat-deka-parot-pravi-razlika-megju-zensko-i-mashko-dete/feed/ 0
Идниот месец уште еден повод за славење во кралското семејство- еве што го очекува најмладиот син на Вилијам и Кејт (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/idniot-mesec-ushte-eden-povod-za-slavenje-vo-kralskoto-semejstvo-eve-shto-go-ochekuva-najmladiot-sin-na-vilijam-i-kejt-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/idniot-mesec-ushte-eden-povod-za-slavenje-vo-kralskoto-semejstvo-eve-shto-go-ochekuva-najmladiot-sin-na-vilijam-i-kejt-foto/#respond Thu, 21 Jun 2018 17:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=68212

Најмладиот принц во кралското семејство Луј ќе биде крстен на 9 јули, соопшти кралската палата преку соопштение до јавноста. Луј е третото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт војвотката од Кембриџ кој се роди на 23 април оваа година и е петти по ред наследник за британскиот трон.
Во соопштението стои дека Луј ќе биде крстен во најтесниот круг на семејството, а за таа прилика тој ќе биде облечен во сатенска крем фустан со чипка кои исто така на денот на нивната крштевка ги носеле и неговите брат и сестра. Станува збор за фустан кој е сошиен по мерки на оној кој го носела најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година и кој со генерации се користи за кралските бебиња.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/idniot-mesec-ushte-eden-povod-za-slavenje-vo-kralskoto-semejstvo-eve-shto-go-ochekuva-najmladiot-sin-na-vilijam-i-kejt-foto/feed/ 0