крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Jan 2023 12:11:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малиот Павел Ангеловски го фати светиот крст во Дебар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maliot-pavel-angelovski-go-fati-svetiot-krst-vo-debar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maliot-pavel-angelovski-go-fati-svetiot-krst-vo-debar/#respond Thu, 19 Jan 2023 12:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=789334

Големиот христијански празник, Богојавление-Водици се одбележува и во Дебар, традиционално во црквата „Света Петка“, каде света литургија одржа намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски. За разлика од лани, кога чинот на осветувањето на водата беше направено симболично, овој пат по светиот крст скокнаа Павел Ангеловски и Дамјан Стефановски. Среќата му се насмевна на осумгодишниот Павел, кого освен Црковниот одбор соодветно го даруваа и верниците. Намесникот и присутни верници си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и благосостојба а кумството од семејството на Јован Силјановски за до година го презеде семејството на Љупчо Узуновски. По повод Водици заживеаа селата од поширокиот регион, каде дојдени се поранешни жители и нивните потомци. Посебно, по празнувањето се препознатливи повеќе села, пред се Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maliot-pavel-angelovski-go-fati-svetiot-krst-vo-debar/feed/ 0
Борислав Кузмановски го извади осветениот крст во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borislav-kuzmanovski-go-izvadi-osveteniot-krst-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borislav-kuzmanovski-go-izvadi-osveteniot-krst-vo-kumanovo/#respond Thu, 19 Jan 2023 12:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=789329

Борислав Кузмановски, дваесет и тригодишен, вработен во Армијата, го фати чесниот крст во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. На денешниот празник по крстот скока над педесетина верници. Кузмановски трет пат учествува на манифестацијата, но за прв пат успева да го фати крстот. – Им посакувам на сите здравје и среќа на овој празник Богојавление, Водици, сите да се живи и здрави пред сè, вели Кузмановски. Сите да се живи и здрави и нека се пријавуваат да се продолжи традицијата и адетот пред сè, за здравје се фрламе по крстот, не се надевав дека ќе го фатам, но на сите им посакам здравје и среќа, рече тој. Тој ги повикува сите верници да продолжат да се пријавуваат за скокање по крстот за да се продолжи и зачува традицијата. Кузмановски доби пригодни подароци од црквата и спонзорите, а од градоначалникот Максим Димитриевски беше даруван со телевизор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borislav-kuzmanovski-go-izvadi-osveteniot-krst-vo-kumanovo/feed/ 0
Ивица Јовановиќ го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivitsa-jovanovik-go-fati-osveteniot-krst-za-bogojavlenie-voditsi-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivitsa-jovanovik-go-fati-osveteniot-krst-za-bogojavlenie-voditsi-vo-tetovo/#respond Thu, 19 Jan 2023 09:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=789273

Триесет и седумгодишниот Ивица Јовановиќ го фати осветениот крст на годинешното празнување на Богојавеление – Водици во Соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. Литургијата, чин на водосвет и спуштање на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф. По крстот скокаа и врсните на Ивица, Александар Ќировски и Александар Пауновски. -Нека дава Господ на сите здравје, среќа, напредија да има. Прв пат скокам по крстот, прв пат го фаќам крстот, изјави Ивица Јовановиќ. Тројцата учесници во традиционалното одбележување се од населбата Колтук. Од црковниот одбор Ивица Јовановиќ беше даруван со пригодни подароци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivitsa-jovanovik-go-fati-osveteniot-krst-za-bogojavlenie-voditsi-vo-tetovo/feed/ 0
Стефковски покровител на фрлање на крстот во Сингелиќ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-pokrovitel-na-frlane-na-krstot-vo-singelik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-pokrovitel-na-frlane-na-krstot-vo-singelik/#respond Mon, 16 Jan 2023 11:19:16 +0000 https://kurir.mk/?p=787887

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук информираше дека ќе биде покровител на фрлање на светиот крст во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ. Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша: Ги поканувам сите граѓани на фрлањето на светиот крст во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ. Настанот ќе се оддржи на ден 19.01.2023 година (четврток) со почеток во 10:00 часот. Чест ми е да бидам покровител на овој настан кој од оваа година ќе биде традиција за нашата општина! Најсреќниот верник кој прв ќе стигне до крстот ќе биде награден. Наша должност е да ја негуваме традицијата, бидејќи верата и традицијата го оддржувала македонскиот народ низ вековите. - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-pokrovitel-na-frlane-na-krstot-vo-singelik/feed/ 0
Ако најдете крст на улица никако немојте да го земете: Може да ви се случи ваква ужасна работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-najdete-krst-na-ulica-nikako-nemojte-da-go-zemete-moze-da-vi-se-sluchi-vakva-uzasna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-najdete-krst-na-ulica-nikako-nemojte-da-go-zemete-moze-da-vi-se-sluchi-vakva-uzasna-rabota/#respond Mon, 14 Nov 2022 14:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=633991

Луѓето во брзање или невнимание губат разни предмети, кои летаат по улица, токму пред нозете на случајни минувачи. Во зависност од тоа што се случило со некого, луѓето имаат навика да ги земат тие работи од улица и да ги носат дома, да ги продаваат, да ги складираат… Сепак, постојат работи кои никогаш не треба да ги земате од улица! Рачен часовник Не треба да се зема бидејќи се верува дека рачниот часовник со себе носи се што носи сопственикот. Но, со часовникот нема да привлекувате таленти и добра финансиска состојба, туку само маките што ги имал сопственикот. Најопасните работи ги носат часовниците што престанале. Чешел Најпрво не се зима од улица од хигиенски причини. Друга причина е, повторно, интимната врска со сопственикот. Кога со чешел ќе поминете низ туѓа коса, се верува дека ги преземате сите проблеми и лоши мисли кои поминале низ главата на вистинскиот сопственик. Патем, чешлите се сметаат за еден од најчесто користените предмети во црната магија. Огледала Генерално се смета за еден од мистичните предмети - ако го скршите, си зимате 7 години живот. Велат дека не треба ни да се гледате во испукано или скршено огледало. Со туѓите, работите ќе се влошат. Клучеви Не е важно дали е само клуч или повеќе клучеви. Како прво, не ви се потребни за ништо, а второ, тие се исто така еден од предметите кои често се користат во црната магија, за да се поврзете со куќата. Затоа никогаш не треба да внесувате туѓ клуч во вашиот дом. Крст Преку изгубениот крст го преземате и крстот на судбината на личноста која го изгубила. Златен накит Првата мисла на луѓето кои наоѓаат златен накит на улица е да го продадат. Меѓутоа, кога станува збор за обетки, прстени, ѓердани или нараквици кои човек ги носи долго време, тие ја наталожиле сета негативност и сите лоши работи кои човекот ги доживеал во животот. Наместо инстант пари, ќе ги преземете сите несреќи на вистинскиот сопственик. Монети На улиците често може да се видат изгубени монети. Иако луѓето често го сметаат за знак на среќа и поради тоа ги земаат, металот всушност ја впива негативноста, па со изгубена паричка може да земете нешто многу потешко од „знак за прилив на пари“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-najdete-krst-na-ulica-nikako-nemojte-da-go-zemete-moze-da-vi-se-sluchi-vakva-uzasna-rabota/feed/ 0
Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/#respond Wed, 14 Sep 2022 16:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=732851

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа на својот Фејсбук посочи дека Милениумскиот крст на Водно треба да се исклучи. Ваквото барање доаѓа по одлуката во Париз да се исклучи Ајфеловата кула. „Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја, особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи во текот на оваа зима. Наместо нашите владетели да ни кажуваат како да се користи струјата дома, јас јавно предлагам да почнат да се штедат и да престанат со непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, пишува Хоџа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/feed/ 0
Во Велес светиот крст го фати 37 годишниот Дејан Димовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-svetiot-krst-go-fati-37-godishniot-dejan-dimovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-svetiot-krst-go-fati-37-godishniot-dejan-dimovski/#respond Wed, 19 Jan 2022 13:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=621050

Во Велес во осветените води на Вардар годинава крстот го фати 37 годишниот Дејан Димовски. По одржаната Литиргија и осветување на водите на реката Вардар од митрополитот Повардарски Агатангел, чесниот и животворен крст го фрли од Мало Мовче, владиката Агатангел. Во водите на Вардар по крстот денеска влегоа 63 православни верници, а фрлање на крстот на денешниот празничен ден го проследија неколку илјади велешани покрај двата брега на Вардар. Дејан Димовски, вработен во „Брако“, во изјава за МИА до сите верници посака многу здравје и среќа и за себе и своето семејство, а и надеж дека годинава ќе му биде среќна и ќе се ожени. Тој од Владиката Агатангел доби златно крвче и библија. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес, доби ваучери по 15 илјади денари, машина за перење од „Зегин“ и телевизор од кумот на манифестацијата „Жито Ване“, како и други помали подароци од повеќе спонзори. Дејан Димовски со крстот и иконата во наредниот месец ќе ги посети домовите на православните верници од Велес. Инаку, Празникот Богојавление -Водици во Епархијата Повардарска со седиште во Велес, утрово по традиција започна во црквата „Св. Вознесение Христово“ со Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски Агатангел. Златоустова литургија имаше и во црквите „Св Пантелејмон“ и „Св Кирил и Методиј“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-svetiot-krst-go-fati-37-godishniot-dejan-dimovski/feed/ 0
Светиот крст од реката Луда Мара го извади студентот Ѓорѓи Стојков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-od-rekata-luda-mara-go-izvadi-studentot-gjorgji-stojkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-od-rekata-luda-mara-go-izvadi-studentot-gjorgji-stojkov/#respond Wed, 19 Jan 2022 12:39:12 +0000 https://kurir.mk/?p=621032

Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара на денешниот верски празник Богојавление-Водици. Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал. – На сите верници им посакувам здравје и среќа. Благослов, бериќет и се најдобро. За многу години, Бог се јави, рече тој. Отец Мартин Деневски се заблагодари што се повеќе и повеќе се полнат храмовите и изрази надеж дека пандемијата од коронавирус ќе ја снема за брзо време. Стојков доби пригодни подароци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-krst-od-rekata-luda-mara-go-izvadi-studentot-gjorgji-stojkov/feed/ 0
Никола Бојковски од Куманово го извади Светиот крст во базенот на храмот Свети Никола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-bojkovski-od-kumanovo-go-izvadi-svetiot-krst-vo-bazenot-na-hramot-sveti-nikola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-bojkovski-od-kumanovo-go-izvadi-svetiot-krst-vo-bazenot-na-hramot-sveti-nikola/#respond Wed, 19 Jan 2022 11:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=621022

Дваесет и деветгодишниот Никола Бојковски од Куманово го извади Светиот крст од базенот во дворот на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. – Очекувам благосостојба, среќа и здравје за сите, изјави Бојковски, кој неколку пати низ годините се обидувал, а сега првпат го фаќа крстот. Тој моментално е невработен и наскоро планира отворање сопствен бизнис. Од свештенството доби икона, крст, накит од кумановска златара и други пригодни подароци од спонзори и општината. Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-bojkovski-od-kumanovo-go-izvadi-svetiot-krst-vo-bazenot-na-hramot-sveti-nikola/feed/ 0
Тринаесетгодишниот Мартин го фати светиот крст во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trinaesetgodishniot-martin-go-fati-svetiot-krst-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trinaesetgodishniot-martin-go-fati-svetiot-krst-vo-prilep/#respond Wed, 19 Jan 2022 11:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=621018

Оваа година во Прилеп најмногу среќа имаше 13-годишниот Марко Ристески кој го фати светиот крст. Мартин инаку е ученик и за медиумите изјави дека многу сакал да учествува во оваа традиција и годинава му се исполнила желбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trinaesetgodishniot-martin-go-fati-svetiot-krst-vo-prilep/feed/ 0