„крсте мисирков“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Jun 2021 05:07:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „крсте мисирков“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Научен собир на МАНУ посветен на Крсте Мисирков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchen-sobir-na-manu-posveten-na-krste-misirkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchen-sobir-na-manu-posveten-na-krste-misirkov/#respond Tue, 15 Jun 2021 05:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=523436

Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе организира научен собир посветен на Крсте П. Мисирков (1874-1926). Собирот со поздравно обраќање ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а во три сесии излагања ќе имаат 16 учесници кои ќе се осврнат на делото на Мисирков и на неговото значење за македонската историја и култура. Ќе бидат промовирани и две изданија – „Преродбата и по неа: Григор Прличев, Димитрија Чуповски“ и „Марко К. Цепенков, македонската народна култура и фолклористика“, а актерот Крсте Јовановски ќе изведе дел од драмата „Последниот ден на Мисирков“ на Јордан Плевнеш. Во оваа пригода свечено ќе биде откриена скулптура на Крсте Мисирков, дело на академик Боро Митриќески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchen-sobir-na-manu-posveten-na-krste-misirkov/feed/ 0
Свечено отворање на подновената спомен-соба на Крсте Мисирков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-otvoranje-na-podnovenata-spomen-soba-na-krste-misirkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-otvoranje-na-podnovenata-spomen-soba-na-krste-misirkov/#respond Wed, 03 Mar 2021 06:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=476343

По речиси две децении од последното реновирање денеска свечено ќе биде отворена подновената спомен-соба на Крсте Мисирков во Институтот за македонски јазик во Скопје. Од Институтот посочуваат дека старите документи од претходната поставка се зачувани во електронска форма и заедно со нови фотографии и документи, сведочат за целиот живот на Мисирков, почнувајќи од детството, преку училишните клупи и студиите до образовната, научната, дипломатската и револуционерната активност на првиот кодификатор на македонскиот јазик. Посебно место зазема книгата „За македонцките работи“, објавена во револуционерната 1903 година, пред цели 118 години. Со оваа подновена и осовременета поставка се одбележува 95-годишнината од смртта на великанот Крсте Мисирков. На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат и министерка за образование и наука Мила Царовска и градоначачник на Град Скопје, Петре Шилегов. Единствената спомен-соба посветена на животот и дејноста на Крсте Мисирков над четириесет години се наоѓа во Институтот за Македонски јазик „Крсте Мисирков“, а минатата година МОН финансиски ја поддржа иницијативата на Советот на Институтот за македонски јазик за реставрирање и подновување на Спомен-собата на Мисирков, на што се приклучи и Градот Скопје. До минатата година Спомен-собата на Мисирков ја имаат посетено повеќе илјади ученици од целата земја. За сите посетители (ученици, професори и научници од земјава и странство) изложбата е бесплатна. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ достојно го проучува и го негува македонскиот јазик преку научната, образовната и издавачката дејност, за чија реализација ја добива целосната поддршка од Министерството за образование и наука при Владата на РСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-otvoranje-na-podnovenata-spomen-soba-na-krste-misirkov/feed/ 0
Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreni-denovi-na-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreni-denovi-na-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov/#respond Mon, 11 Nov 2019 06:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=262423

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од денеска до петок, 15 ноември, ќе ги организира четвртите Отворени денови. Целта е да се отворат вратите на Институтот за сите вљубеници и почитувачи на македонскиот јазик. Манифестацијата ќе биде отворена денеска во 11 часот во амфитеатарот на Институтот, а потоа ќе бидат промовирани четири најнови институтски изданија. Тоа се списанијата „Македонски јазик“ за 2018 година и „Македонистика“ од минатата година, бр.17, и две книги произлезени од докторски дисертации – „Сложенките во македонските црковнословенски текстови“ од проф. д-р Весна Костовска и „Јазикот на првите преводи на Новиот завет на современ македонски јазик напишан со грчко писмо“ од доц. д-р Борче Арсов. Вториот ден е посветен на професорите македонисти: Кирил Конески, Мито Аргировски, Ѓорѓи Ѓоргиевски. Ќе има беседи и за починатите професори Олга Иванова, Лилјана Минова – Ѓуркова, Љупчо Митревски, Аритон Поповски и Убавка Гајдова. Вториот дел од денот е посветен на подмладокот, на иднината на македонистиката. Во рамки на манифестацијата ќе биде претставена наставната дејност на Институтот.  Ќе биде отворена спомен-собата на Крсте Мисирков, која се наоѓа на приземјето на Институтот. Сите посетители ќе можат да се запознаат со животот на Мисирков, да погледнат факсимили, оригинални документи поврзани со животот и дејноста на овој наш културен деец. Централно место во рамки на Отворените денови е меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“, што ќе се одржува на 13 и 14 ноември во просториите на Институтот за македонски јазик. За годинашнава тема на конференцијата пројавиле интерес над 60 учесници од осум земји. Покрај учесници од нашата земја, ќе има од Босна и Херцеговина, Полска, Русија, Србија, Турција, Хрватска и САД. Во рамки на конференцијата ќе бидат промовирани повеќе зборници. Петтиот ден од манифестацијата е предвиден за посета на Кратово и разгледување на манастирите од тој крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreni-denovi-na-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov/feed/ 0
Одбележани 65 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-65-godini-od-osnovanjeto-na-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-65-godini-od-osnovanjeto-na-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov/#respond Mon, 05 Nov 2018 12:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=123659

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје од своето основање до денеска неуморно работи на најзначајните национални проекти што резултира со илјадници објавени страници во Речникот на македонскиот јазик, Правописот на македонскиот литературен јазик, Речникот на јазикот на народната поезија, Толковниот речник на македонскиот јазик… Ова денеска го истакна директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска, на одбележувањето 65 години години од основањето. Потсети на почетоците, развојот и растежот на оваа институција и упати благодарност до основоположниците и до сите пензионирани кадри на Институтот. – Вработените во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје пред се се патриоти. Дванаесет години не ни се зголемени платите, со години не ни ги финансираат проектите, но ние упорно објавуваме резултати од проектите и пишуваме книги. Време е за нови проекти, за правење корпус, за фаќање чекор со дигитализацијата и електронското издаваштво. Време е нашите изданија да станат достапни за светот, рече Елена Јованова-Грујовска. Потсети дека последните пет години за нив биле динамични бидејќи продолжило осипувањето на кадарот, имале земјотрес и поплава, откорнати радијатори, руиниран амфитеатар. Институтот сега е реновиран, климатизиран, со нови компјутери, со нов софтвер, а очекуваат ново партнерно уредување и реновирани суви подруми. – Неполна година со нас е младиот научен работник примен по пауза од 19 години. Чекаме вработување за доктор по филолошки науки од областа ономастика и за еден или двајца доктори на науки од областа современ македонски јазик и за уште најмалку 12 асистенти, рече Јованова-Грујовска.  Министерот за образование и наука и за култура Арбер Адеми им го честитаа јубилејот на вработените, им посака нови успеси и достигнувања и рече дека остануваат отворени за поддршка на научните и образовните планови на Институтот. Министерот за култура Асаф Адеми нагласи дека Институтот „Крсте Мисирков“ е афирматор и децениски промотор на македонскиот јазик. Потсети уште на два значајни јубилеи, 115 години од излегувањето на книгата „За македонците работи“ на Мисирков и 25 години од смртта на Блаже Конески. Потенцира дека како и досега и во иднина Министерството за култура ќе продолжи со поддршка на проектите на Институтот, со кого имаат успешна соработка. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски соопшти дека од своето формирање досега Институтот израснал во реномирана научна и образовна институција што го проучува македонскиот јазик од повеќе аспекти, историски, дијалектен, ономастички и современ.  – Во 65-годишното постоење Институтот ја градеше својата улога во општеството и прерасна во најзначајна научна и реномирана образовна институција од областа на македонскиот јазик, со огромен потенцијал за завршување на фундаментални научно-истражувачки проекти од областа на македонистиката, рече Јанкуловски. Претседателот на МАНУ академик Таки Фити е убеден дека најефикасен механизам за одбрана, равој и понатамошна меѓународна афирмација на македонскиот јазик е неговото научно истражување, континуирано. Според него, тоа мора да го прават најкомпетентните институции, вклучувајчи го и Институтот за македонски јазик. Во амфитеатарот на Институтот избрани цитати од Мисирков читаше актерот Васил Зафирчев. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје е основан во март 1953 година со задача сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Одбележувањето на јубилејот е почеток на „Отворените денови на Институтот за македонски јазик“ што ќе траат до 9 ноември 2018 година во чии рамки ќе се одржи меѓународната научна конференција „Јазикот и културата ‒ состојби и  перспективи“ и трибината „Македонскиот јазик во медиумскиот простор“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-65-godini-od-osnovanjeto-na-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov/feed/ 0
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одбележува 65 години дејност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-odbelezuva-65-godini-dejnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-odbelezuva-65-godini-dejnost/#respond Mon, 05 Nov 2018 07:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=123432

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје денеска ќе отпочне со активностите по повод одбележувањето на јубилејот 65 години од основањето. Од почетоците до денеска, со научно – истражувачката, високо – образовната и издавачката дејност Институтот израсна во респектабилна институција од највисок ранг. Централното одбележување ќе започне во амфитеатарот на Институтот со избрани цитати од Мисирков во интерпретација на Васил Зафирчев. Поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити и долгогодишниот директор на Институтот Трајко Стаматоски. Предвидено е и обраќање на министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и  присуство на министерот за култура Асаф Адеми. Кон јубилејот ќе се осврне директорката проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, а потоа д-р Марија Коробар-Белчева ќе се осврне на 115 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ и 25 години од смртта на Блаже Конески. За  научните достигнувања на вработените во ИМЈ „Крсте Мисирков“ од неговото основање до денес излагање ќе има проф. д-р Гоце Цветановски. Одбележувањето на јубилејот е почеток на „Отворените денови на Институтот за македонски јазик“ што ќе траат до 9 ноември. Во рамки на манифестацијата утре ќе започне меѓународната научна конференција „Јазикот и културата ‒ состојби и  перспективи“, а на 9 ноември ќе се одржи трибина насловена „Македонскиот јазик во медиумскиот простор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-odbelezuva-65-godini-dejnost/feed/ 0