круна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 11:11:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png круна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се снима последната сезона на „Круна“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-snima-poslednata-sezona-na-kruna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-snima-poslednata-sezona-na-kruna/#respond Fri, 28 Apr 2023 11:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=828671

Излегоа првите фотографии од долгоочекуваната шеста и последна сезона на серијата „Круна“. Приказната се пренесува во Шкотска на почетокот на ова илјадалетие. Принцот Вилијам (Ед Меквеј) е примен во Универзитетот на Сант Андрес, каде што се надева на помирен и понормален живот пред да ги преземе своите кралски должности. Таму ја запознава Кетрин - Кејт Мидлтон, неговата идна сопруга (ја глуми Мег Белами)... Нетфликс потврди оти новата сезона на „Круна“ ќе се прикажува подоцна оваа година. Имелда Стаунтон ќе ја продолжи нејзината улога како кралицата Елизабета Втора. Се враќаат и Лесли Менвил како принцезата Маргарет, Доминик Вест (принцот Чарлс), Елизабет Дебики (како Дијана), Клаудија Харисон (принцезата Ана) и Оливија Вилијамс како Камила Паркер Боулс. Берти Карвел ја презема улогата на Тони Блер, Селим До ќе го глуми Мохамед ал Фајед, а Калид Абдала - Доди Фајед. Руфус Кампа и Флин Едвардс ќе ги толкуваат принцовите Вилијам и Хари во раниот период, а Лутер Форд ќе ја преземе улогата на Хари во подоцнежните епизоди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-snima-poslednata-sezona-na-kruna/feed/ 0
Ново од продукцијата на Телеком Србија: „Круна“ – музичка бајка која ни носи познати актерски имиња и целосно оригинален жанр https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/novo-od-produktsijata-na-telekom-srbija-kruna-muzichka-bajka-koja-ni-nosi-poznati-akterski-imina-i-tselosno-originalen-zhanr/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/novo-od-produktsijata-na-telekom-srbija-kruna-muzichka-bajka-koja-ni-nosi-poznati-akterski-imina-i-tselosno-originalen-zhanr/#respond Wed, 01 Feb 2023 09:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=794556

Во Белград почна снимањето на најновото кинематографско остварување во продукција на Телеком Србија, Кинооко филм и 100 Strong Production, кое според зборовите на креаторите е најголем проект на домашната продукција во Србија во последните 50 години. Филмот и ТВ серијата „Круна“ се најавува како музичка бајка со елементи на трилер, а режисерот Василије Никитовиќ вели дека оваа приказна за слава, успех и љубов секако ќе се издвои, како со својата содржина така и единствениот жанр во кој музиката игра една од главните „улоги“. Според директорката на Дирекцијата за мултимедија во Телеком Србија, Александра Мартиновиќ станува збор за посебен проект, кој што уште еднаш потврдува дека Телеком Србија, чија членка е и МТЕЛ, новиот мобилен оператор во Македонија, на публиката и нуди најразлични содржини. „Сигурна сум дека поради својот квалитет, како актерски така и музички, и овој проект ќе доживее интернационализација, имајќи предвид дека нашите содржини веќе се гледаат на пет континенти ширум светот. Нè очекуваат бројни нови премиери, нови сезони од добро познати серии и мило ми е што заедно со сите овие талентирани луѓе ја подигаме летвичката за квалитетот на домашната кинематографија“, истакна Мартиновиќ. Актерот Драган Јовановиќ ја толкува една од главните улоги, според неговите зборови најблагороден лик кој досега го глумел. „Го толкувам ликот на Роман, кралот на чергата. Временската рамка на приказната се протега низ повеќе од 30 години и за сето тоа време, како крал на песната и музиката, никогаш своеволно не сум направил ниту еден аудио запис од своето музичко изведување. Мојот лик го надминува конзервативното и заминува во сферата на својата самодоволност. Строг, правичен и неоспорен како авторитет, владеам со чергата заедно со својата сопруга“, наведува тој. Главниот столб на проектот, музиката без која една бајка не би била можна, е доверена во целост на Горан Бреговиќ кој има и актерска улога, а еден од протагонистите е и познатиот уметник Рамбо Амадеус. Продуцентот Душан Стојаковиќ наведува дека проектот наишол на поддршка од Филмскиот центар на Србија и Телеком Србија, како и тоа дека сите вклучени страни од самиот почеток верувале во успехот на проектот. „Од 19 октомври, кога почна снимањето режисерот 'гинеше' за „Круна“, која ја маѓепса и комплетната екипа и затоа верувам во успехот на домашната, регионалната, а зошто да не и на светската сцена“, истакнува тој. Филмот и серијата „Круна“ собраа богата актерска екипа меѓу кои Игор Бенчина, Вања Ејдус, Соња Колачариќ, Вук Костиќ, Стефан Бундало, Ива Штрљиќ, Јана Илиќ Милиќ, Бранислав Зеремски, Гордан Кициќ, Срѓан Тодоровиќ, Петар Стругар и прв пат во еден српски филм актерката Уна Бреговиќ, ќерка на Горан Бреговиќ. Премиерата на филмот „Круна“ е планирана за наесен, додека серијата ќе биде емитувана на каналот Суперстар ТВ, којшто е дел од телевизиската понуда на МТЕЛ, преку сателитската телевизија mSAT TV. Филмот и серијата „Круна“ се очекува да станат дел и од Видеотеката на мобилната апликација mPLAY TV, која е достапна за корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/novo-od-produktsijata-na-telekom-srbija-kruna-muzichka-bajka-koja-ni-nosi-poznati-akterski-imina-i-tselosno-originalen-zhanr/feed/ 0
Сантос во чест на Пеле стави круна на клупскиот амблем https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/#respond Fri, 30 Dec 2022 09:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=782508

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос, во кој прославениот Пеле ја мина речиси целата своја кариера, во негова чест додаде круна на клупскиот амблем. Трикратниот светски првак Пеле почина вчера на 82-годишна возраст – 16 месеци откако лекарите му дијагностицираа рак на дебелото црево. Досега на клупското лого на Сантос стоеја две ѕвездички, во знак на освоените повеќе од 20 титули, а круната симболично го претставува Пеле како крал на фудбалот. Пеле во Сантос ја почна кариерата во 1956 година и остана во клубот од Сао Паоло до 1974 година, кога мина во њујоршки Космос. Пеле во дресот на Сантос освои 25 титули, одигра 659 официјални натпревари и постигна 643 голови.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/feed/ 0
Тестирајте ги вашите детективски вештини: Најдете ја круната за помалку од 16 секунди https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testirajte-gi-vashite-detektivski-veshtini-najdete-ja-krunata-za-pomalku-od-16-sekundi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testirajte-gi-vashite-detektivski-veshtini-najdete-ja-krunata-za-pomalku-od-16-sekundi/#respond Wed, 02 Nov 2022 07:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=754216

Вклучете ја стоперката и фатете се за работа! Овие криенки се едни од најпопуларните форми на загатки кои интернет корисниците сакаат да ги решаваат. Покрај тоа што се многу забавни, тие можат да ни помогнат да го вежбаме мозокот и да ги поместиме нашите лични граници. Ако сакате да ги тестирате вашите способности за набљудување, ќе можете да го направите тоа со помош на оваа криенка што ви ја подготвивме денес. Имено, пред вас е илустрација која прикажува сцена на прослава по повод платинестиот јубилеј на покојната кралица Елизабета. На илустрацијата се прикажани луѓе, Бакингемската палата, разни предмети, но и скриена круна. Ваша задача е да ја пронајдете. Според авторите, моменталниот рекорд е 29 секунди, но тие ве тестираат да го пронајдете скриениот објект за 13 секунди. Внимателно проверете го секој агол и секоја нацртана личност и предмет. Дали успеавте? Ако не, ние ќе ви помогнеме. Добро погледнете ги балоните. Дали сега успеавте? Ако сè уште не можете да ја пронајдете круната, погледнете го решението подолу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testirajte-gi-vashite-detektivski-veshtini-najdete-ja-krunata-za-pomalku-od-16-sekundi/feed/ 0
ВИДЕО: Објавен трејлерот за новата сезона на „Круна“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-novata-sezona-na-kruna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-novata-sezona-na-kruna/#respond Fri, 21 Oct 2022 11:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=748969

Објавен е долгоочекуваниот трејлер за петтата сезона на серијата „The Crown“ на Нетфликс. Дејствието се одвива во турбулентните 90-ти и го следи почетокот на крајот на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана, но нема да ја прикаже нејзината смрт. Што се однесува до приватниот живот на кралското семејство, петтата сезона ќе се занимава со заладените односи меѓу принцот Чарлс и принцезата Дајана, како и притисокот што Чарлс го вршел врз кралицата да не дозволи да се разведе од Дајана.
Како што се шират гласини за статусот на врската на Чарлс и Дајана, медиумите ѝ посветуваат сè поголемо внимание, па Дајана решава да го прекрши протоколот и да објави книга што ја поткопува јавната поддршка за Чарлс и ги разоткрива проблемите во „Виндзор“. Во новата сезона ќе се појават и Мохамед ал-Фајед и неговиот син Доди Фајед, кои сакаат да добијат „место на кралската маса“, според официјалниот опис на Нетфликс. Петтата сезона на „Круната“ нема да ја прикаже трагичната смрт на Дајана во 1997 година, туку тој настан ќе биде во шестата сезона, која моментално се снима.

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-novata-sezona-na-kruna/feed/ 0
„Круна“ продолжува со контроверзиите и во новата сезона https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kruna-prodolzuva-so-kontroverziite-i-vo-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kruna-prodolzuva-so-kontroverziite-i-vo-novata-sezona/#respond Tue, 26 Oct 2021 10:07:11 +0000 https://kurir.mk/?p=585681

Претстојната петта сезона на серијата на Нетфликс – „Круна“ (The Crown), наводно, ќе содржи најмалку една контроверзна ситница од историјата на британското кралско семејство. Според „Сан“, претстојната петта сезона ќе го има и интервјуто на Дијана за „Панорама“ со Мартин Башир, каде таа се осврнува на нејзиниот брак и животот во кралското семејство. Во разговорот беа изнесени тврдења кои не одеа во прилог на кралското семејство, а потоа многумина го осудија интервјуто и го обвинија Башир дека интервјуто го обезбедил со измама. Принцот Вилијам еднаш тврдеше дека Мартин Башир го убедил eрл Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, да го запознае со неговата сестра, со цел да обезбеди скандалозно интервју. – Интервјуто не е веродостојно и никогаш повеќе не треба да се емитува, истакна тој на прашањето во една прилика. Креаторите на серијата го сметаат интервјуто на Дијана за клучен миг од петата сезона. Според неименуван извор, турбулентниот брак меѓу Чарлс и лејди Ди доведе до нејзино гостување во „Панорама“, а пак, „последиците од таа одлука ги определија нејзините последни месеци“, истакнува познавачот. Во споменатото интервју, Дијана признава дека имала љубовник, но се осврнала и на врската на Чарлс со неговата сегашна сопруга Камила. „Во оваа сезона се инвестирани многу пари. ‘Круна’ е позната по тоа што ги истакнува приказните по кои членовите на кралското семејство не сакаат да ги помнат”, додава изворот. Петата е и претпоследна сезона на „Круна“. Инаку, драмата го следи владеењето на кралицата Елизабета Втора, од самиот почеток, зачинета и со многу познати и непознати мигови од животот на кралското семејство.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kruna-prodolzuva-so-kontroverziite-i-vo-novata-sezona/feed/ 0
Снимањето на популарната серија „Круна“ продолжува во јули https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/snimanjeto-na-popularnata-serija-kruna-prodolzuva-vo-juli/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/snimanjeto-na-popularnata-serija-kruna-prodolzuva-vo-juli/#respond Thu, 08 Apr 2021 07:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=494113

Снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown) ќе почне во јули оваа година, објави „Варајети“. Во новата сезона, други глумци ќе ги преземат улогите на кралското семејство. Ликот на принцезата Дијана ќе ја глуми ѕвездата од филмот „Тенет“ – Елизабет Дебицки, принцот Чарлс – Доминик Вест, а кралицата Елизабета Втора – Имелда Стонтон. Улогата на принцезата Маргарет ќе ја преземе Лесли Манвил. Продуцентите на серијата се надеваат дека состојбата со пандемијата на коронавирусот во Велика Британија ќе се стабилизира до јули. Но, тие секако планираат да снимаат придржувајќи се на строгите епидемиолошки правила. Првата сезона на серијата „Круната“ беше премиерно прикажана 2016 година. До 2020 година, на платформата Нетфликс имаше четири сезони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/snimanjeto-na-popularnata-serija-kruna-prodolzuva-vo-juli/feed/ 0
Британските власти бараат Нетфликс да ја обележи „Круна“ како фикција https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/britanskite-vlasti-baraat-netfliks-da-ja-obelezi-kruna-kako-fikcija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/britanskite-vlasti-baraat-netfliks-da-ja-obelezi-kruna-kako-fikcija/#respond Tue, 01 Dec 2020 14:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=436999

Британскиот министер за култура Оливер Доуден побара од Нетфликс да вметне известување за гледачите – на почетокот на секоја епизода од серијата „Круна“ (The Crown), дека станува збор за измислена приказна, затоа што, според него, помладите гледачи можеби ќе помислат дека тоа се факти. Ова уследи по стравувањата дека серијата може да направи долгорочна штета на угледот на британското кралско семејство. А, и братот на покојната принцеза Дијана, Чарлс Спенсер за Ај-ти-ви минатата недела изјави дека смета дека е потребно да се стави таква назнака. Некои историчари го критикуваа нивниот предлог, сметајќи го за непотребен. Нетфликс нема навика да ги предупредува гледачите дека сериите и филмовите што ги прикажува се фикции. Министерот за британското списание „Мејл он Сандеј“ изјави дека тоа е несомнено „многу убаво произведено фиктивно дело, како и сите други продукции на Нетфликс“, но дека стрим-платформата треба јасно да посочи пред емитувањето на секоја епизода дека станува збор за измислени настани. – Се плашам дека без такво известување, генерациите гледачи кои не живееја во времето на спомнатите настани, можат да ја заменат фикцијата со реалноста и да ја согледаат како вистина, додаде Доуден. Новата, четврта сезона на серијата „Круна“, која почна да се прикажува на Нетфликс кон средината на ноември, го прикажува бурниот период од владеењето на кралицата Елизабета Втора, пропаста на бракот меѓу принцот Чарлс и Дијана, и продолжувањето на љубовната врска на принцот со Камила Паркер-Боулс од времето на бракот со Дијана. Се спомнуваат и британската премиерка Маргарет Тачер, проблемите со психичкото здравје на сестрата на кралицата, принцезата Маргарет и односите на кралицата со нејзиниот сопруг, принцот Филип и нивните деца. И неколку кралски биографи и новинари претходно ја критикуваа серијата за отстапување од фактите. Нејзиниот автор Питер Морган пак, никогаш не тврдеше дека содржината е целосно точна и вистинита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/britanskite-vlasti-baraat-netfliks-da-ja-obelezi-kruna-kako-fikcija/feed/ 0
На главата му ставија круна тешка над 7 килограми: Кој е овој човек? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-glavata-mu-stavija-kruna-teshka-nad-7-kilogrami-koj-e-ovoj-chovek-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-glavata-mu-stavija-kruna-teshka-nad-7-kilogrami-koj-e-ovoj-chovek-video/#respond Sun, 05 May 2019 08:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=194246

Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн (66) беше крунисан вчера на свечена церемонија, што се одржа после две години откако тој го презеде престолот. Круната му ја предаде хиндуистички свештеник кој ја предводеше будистичко- хиндуистичката церемонија. Круната со дијаманти е стара повеќе од 200 години, висока е 66 сантиметри и тешка 7,3 килограми. Новиот крал, познат и како Рама Десетти, веќе ја презеде кралската власт. Во првиот чин по крунисувањето, Маха Ваџиралонгкорн ја именува својата сопруга за кралица на земјата. Тој се ожени со неа два дена пред крунисувањето. Кралицата претходно била заменик шеф на неговото обезбедување и поранешна стјуардеса која го запознала кралот на еден од летовите. Таа е четврта сопруга на Маха Ваџиралонгкорн. Новиот крал го презеде тронот по смртта на неговиот татко во октомври 2016 година. Вчерашната церемонија претставува повеќевековна кралска традиција, а последното крунисување беше пред седум децении. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-glavata-mu-stavija-kruna-teshka-nad-7-kilogrami-koj-e-ovoj-chovek-video/feed/ 0
Ќе мора да почека: Зошто Меган Маркл не смее да носи круна за разлика од Кејт Мидлтон? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-mora-da-pocheka-zoshto-megan-markl-ne-smee-da-nosi-kruna-za-razlika-od-kejt-midlton/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-mora-da-pocheka-zoshto-megan-markl-ne-smee-da-nosi-kruna-za-razlika-od-kejt-midlton/#respond Mon, 08 Jan 2018 09:00:27 +0000 http://kurir.mk/?p=7690

Кралската венчавка меѓу принцот Хари и Меган Маркл е закажана за во мај, а до тогаш американската актерка нема да смее да носи никаква круна или тиара на својата глава. Ова е едноставно правило во кралското семејство, кое на Меган и забранува да носи вакви додатоци се додека не го изговори судбоносното „ДА“. Круната е знак дека жената е во брак и не бара маж и е јасна порака дека не сака мажите да и се додворуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-mora-da-pocheka-zoshto-megan-markl-ne-smee-da-nosi-kruna-za-razlika-od-kejt-midlton/feed/ 0