крунисување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 16:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крунисување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Приватни снимки од Вилијам и Кејт, погледнете како изгледаше крунисувањето на Чарлс зад сцената https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-privatni-snimki-od-vilijam-i-kejt-poglednete-kako-izgledashe-krunisuvaneto-na-charls-zad-stsenata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-privatni-snimki-od-vilijam-i-kejt-poglednete-kako-izgledashe-krunisuvaneto-na-charls-zad-stsenata/#respond Wed, 10 May 2023 16:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=832828

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не пропуштија да го одбележат крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на својот официјален Инстаграм профил. Принцот и принцезата од Велс објавија приватна снимка на која се гледа што се случува зад сцената на церемонијата, која ја следеа милиони гледачи ширум светот. Видеото започнува со снимки на кои семејството излегува од својот дом и се упатува кон Вестминстерската опатија. Потоа наизменично се менуваат снимките од официјалната церемонија, каде што можеме да ги видиме принцот и принцезата како мавтаат од автомобилот, кралот и кралицата пред крунисувањето и целото кралско семејство собрано на познатиот балкон во Бакингемската палата. „Каков ден. Ви благодариме на сите што го направија крунисувањето“, напишаа во описот на видеото.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-privatni-snimki-od-vilijam-i-kejt-poglednete-kako-izgledashe-krunisuvaneto-na-charls-zad-stsenata/feed/ 0
Читачи од усни откриваат што рекол принцот Хари на крунисувањето на Чарлс: На кралското семејство нема да му се допаднат неговите зборови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chitachi-od-usni-otkrivaat-shto-rekol-printsot-hari-na-krunisuvaneto-na-charls-na-kralskoto-semejstvo-nema-da-mu-se-dopadnat-negovite-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chitachi-od-usni-otkrivaat-shto-rekol-printsot-hari-na-krunisuvaneto-na-charls-na-kralskoto-semejstvo-nema-da-mu-se-dopadnat-negovite-zborovi/#respond Tue, 09 May 2023 20:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=832275

Откако ги анализираа снимките од крунисувањето на кралот Чарлс Трети, читачи од усни открија што им кажал принцот Хари на роднините кои седеле до него. Тој се пожалил дека му е преку глава од лошиот третман кој го добил за време на крунисувањето на неговиот татко. -Доста ми е од начинот на кој се однесуваат со мене, наводно рекол Хари додека разговарал со сопругот на неговата роднина, принцезата Евгенија, Џек Бруксбенк. Не е јасно на кого точно се жалел, иако се шпекулира дека мислел на својот брат и татко, пред се поради сите тензии околу неговата одлука да се повлече како активен член на кралското семејство и да објави високо критички мемоари и документарен филм. Сепак, постои и можност тој да зборува и за медиумите бидејќи е на суд со неколку медиумски куќи, меѓу кои и Дејли Меил и Мејл он Сандеј. Како што понатаму се наведува, сопругот на неговата братучетка го прашал дали и како може да му помогне. Хари одмавнал со главата. Инаку, Хари остана близок само со Евгенија и нејзиниот сопруг, додека неговите односи со брат му Вилијам и таткото Чарлс никогаш не биле полоши. Неговото појавување во Вестминстерската опатија следи по неколкумесечни шпекулации дали тој и Меган Маркл ќе присуствуваат на церемонијата. На крајот, Меган одлучила да остане во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија, со двете мали деца Арчи и Лилибет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/chitachi-od-usni-otkrivaat-shto-rekol-printsot-hari-na-krunisuvaneto-na-charls-na-kralskoto-semejstvo-nema-da-mu-se-dopadnat-negovite-zborovi/feed/ 0
Чарлс Трети со благодарност до народот: Вашата поддршка е најголемиот подарок за крунисувањето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/charls-treti-so-blagodarnost-do-narodot-vashata-poddrshka-e-najgolemiot-podarok-za-krunisuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/charls-treti-so-blagodarnost-do-narodot-vashata-poddrshka-e-najgolemiot-podarok-za-krunisuvaneto/#respond Mon, 08 May 2023 18:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=831966

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети се одржа во саботата, а по радосниот викенд во Велика Британија се уште се сумираат впечатоците. Чарлс се огласи со прва порака дпо крунисувањето во кое истакна дека благодарност до сите кои учествувале и помогнале тој чин да биде толку посебен. Кралот Чарлс и неговата сопруга Камила им се заблагодарија на луѓето за своето време и посветеност да присуствуваат на прославите, но и оние кои следниот ден учествуваа на свечениот ручек. -Да се знае дека ги имаме вашата поддршка и охрабрување и да бидеме сведоци на вашата љубезност изразена на толку многу различни начини, беше најголемиот можен подарок за крунисувањето, бидејќи сега повторно ги посветуваме нашите животи за да им служиме на народот на Обединетото Кралство, царствата и Комонвелтот, се наведува во пораката од кралот Чарлс Трети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/charls-treti-so-blagodarnost-do-narodot-vashata-poddrshka-e-najgolemiot-podarok-za-krunisuvaneto/feed/ 0
Познат точниот распоред, еве кога ќе започне крунисувањето на кралот Чарлс Трети https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznat-tochniot-raspored-eve-koga-ke-zapochne-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznat-tochniot-raspored-eve-koga-ke-zapochne-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/#respond Fri, 05 May 2023 16:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=831023

Датумот на крунисувањето на кралот Чарлс Трети е закажан за утре. Очите на јавноста во Британија се насочени кон дворецот и сите настани кои претстојат. Чарлс Трети официјално ќе биде поставен на британскиот трон по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Сопругата на Чарлс, Камила, исто така ќе биде крунисана за кралица во Вестминстерската опатија. Во 6 часот официјално се отворени патиштата по кои ќе минува кралската поворка. Гостите планирано е да пристигнуваат во 7:15 часот, а во 9 часот претставниците на Римската курија, највисокиот орган на Светата столица, пристигнуваат во Вестминстерската опатија. 9:30 и 10:45 пристигнување на членовите на кралското семејство, шефови на држави и поранешни премиери. 10:20 часот Кралот и кралицата заминуваат од Бакингемската палата во Вестминстерската опатија каде што се одржува крунисувањето. 11:00 почеток на крунисувањето 13:00 крај на крунисувањето/ Кралот и кралицата се упатуваат кон Бакингемската палата, а кочиите ќе ги обезбедуваат 4.000 војници. 13:45 кралот и кралицата ќе ги поздрават присутните од западната тераса на Бакингемската палата Во 14:15 часот членовите на кралското семејство ќе се соберат на терасата за да ги поздрават кралот и кралицата Свечениот ручек е закажан за 7 мај, кога, според најавата од официјалната веб-страница, како главно јадење ќе се служи топол киш со крцкаво и лесно пециво и свежи вкусови на спанаќ, грав и тарагон, препорачани од кралот и кралицата. Се служи со зелена салата и варени млади компири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznat-tochniot-raspored-eve-koga-ke-zapochne-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/feed/ 0
ФОТО: Траат подготовките за крунисувањето на Чарлс Трети, се подготвува облеката за кралот кој никој не ја носел 70 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-traat-podgotovkite-za-krunisuvaneto-na-charls-treti-se-podgotvuva-oblekata-za-kralot-koj-nikoj-ne-ja-nosel-70-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-traat-podgotovkite-za-krunisuvaneto-na-charls-treti-se-podgotvuva-oblekata-za-kralot-koj-nikoj-ne-ja-nosel-70-godini/#respond Tue, 02 May 2023 18:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=829876

Секојдневносе појавуваат нови информации за историскиот настан кој ќе се случи во сабота на 6 мај - крунисувањето на кралот Чарлс Трети. За кралот се подготвува облека која никој не ја облекол 70 години. Под посебен надзор се чуваат две значајни историски парчиња облека кои 70 години никој не ги носел, а сега се подготвуваат за кралското крунисување. -Над ова се носи последното парче облека, кралската мантија. Беше направена за кралот Џорџ IV во 1821 година и беше носена на крунисувањето на кралот Џорџ V, кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета Втора, а ќе се носи повторно на крунисувањето на Чарлс Трети, истакна Каролин де Гито. Во сабота, стотици илјади луѓе ќе ја следат поворката на улиците и ќе ја покажат својата поддршка за кралот. Ќе се одржат бројни забави на отворено, а ќе се организира и следење на преносот на крунисувањето. Новиот крал ќе биде крунисан на пладне, по што ќе замине во Бакингемската палата, каде заедно со семејството ќе ги поздрави сите собрани од балконот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-traat-podgotovkite-za-krunisuvaneto-na-charls-treti-se-podgotvuva-oblekata-za-kralot-koj-nikoj-ne-ja-nosel-70-godini/feed/ 0
Поранешниот батлер на Чарлс проговори за новиот дрес код за крунисувањето: Една работа особено ќе биде променета од крунисувањето на кралицата Елизабета! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshniot-batler-na-charls-progovori-za-noviot-dres-kod-za-krunisuvaneto-edna-rabota-osobeno-ke-bide-promeneta-od-krunisuvaneto-na-kralitsata-elizabeta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshniot-batler-na-charls-progovori-za-noviot-dres-kod-za-krunisuvaneto-edna-rabota-osobeno-ke-bide-promeneta-od-krunisuvaneto-na-kralitsata-elizabeta/#respond Sun, 30 Apr 2023 09:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=829144

Поранешниот батлер на Чарлс Трети, Грант Харолд, објасни дека кодексот на облекување за крунисувањето на 6 мај ќе биде „огромна промена во кралскиот протокол“, известува Пејџ сикс. „Овој настан ќе биде сосема поинаков од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора кога станува збор за кодексот на облекување“, изјави тој. Според него, британската аристократија традиционално носела традиционални наметки за крунисувањето, но сега нивната облека ќе изгледа поинаку. „Ако го погледнете крунисувањето на кралицата, ќе видите дека војводите, војвотките и грофиците имале посебни традиционални облеки кои биле специјално дизајнирани за крунисувањето. Историски гледано, овие наметки ги носела аристократијата, но сега тоа нема да биде така. На ова крунисување, повеќето членови на кралското семејство ќе носат свечена облека, фустани и костуми, а не специјални наметки“, рече Харолд. Харолд е сигурен дека кралското семејство ќе одбере дизајнерски костуми и фустани за овој значаен ден. „Верувам дека дамите ќе бидат облечени во елегантни фустани. За вечерниот настан, тие може да носат дури и балски фустани, но во текот на денот ќе бидат облечени во коктел-футани, односно елегантни и модерни дизајни“, објаснува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshniot-batler-na-charls-progovori-za-noviot-dres-kod-za-krunisuvaneto-edna-rabota-osobeno-ke-bide-promeneta-od-krunisuvaneto-na-kralitsata-elizabeta/feed/ 0
Анкета: Мнозинство Британци се против финансирање на крунисувањето на кралот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/#respond Wed, 19 Apr 2023 05:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=825239

Мнозинството Британци, 51 отсто, сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај, бидејќи трошоците за живот растат, покажа објавеното истражување на јавното мислење во Велика Британија. Само 32 отсто од испитаниците веруваат дека државата треба да го финансира крунисувањето на најстариот син на кралицата Елизабета Втора, која почина во септември, и крунисувањето на кралицата-сопруга Камила, покажа анкетата на ЈуГов. Најкритични се младите на возраст од 18 до 24 години, од кои 62 отсто сметаат дека државата не треба да го финансира крунисувањето. Тој процент се намалува на 44 отсто кај оние на возраст од 65 и повеќе, 46 отсто кај луѓето меѓу 50 и 64 години и 55 отсто кај оние од 25 до 49 години. Британската влада и Бакингемската палата не објавија никакви информации за цената на крунисувањето. Се очекува да чини неколку десетици милиони фунти. Крунисувањето на Елизабета Втора во 1953 година чинеше тогаш 912.000 фунти, што е околу 20,5 милиони фунти денес, додека крунисувањето на нејзиниот татко Џорџ Шести денес достигна 24,8 милиони фунти. Тоа беше најскапата церемонија во повеќе од 300 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-mnozinstvo-britantsi-se-protiv-finansirane-na-krunisuvaneto-na-kralot/feed/ 0
Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/#respond Tue, 18 Apr 2023 08:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=824845

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила го избраа официјалното јадење на свечената прослава на неговото крунисување. Тоа ќе биде - киш (на француски: quiche) - солена пита од ровко тесто. На интернет-страницата на кралското семејство, свеченото јадење е опишано како „киш со крцкаво, лесно тесто и деликатни вкусови на спанаќ, повеќе видови грав и свеж естрагон“. Кралот и кралицата го споделија рецептот на својот официјален Твитер-профил. Оригиналната замисла, инаку, била на кралскиот готвач Марк Фланаган и избрана од Чарлс и Камила во соработка со него. Поранешниот готвач во Бакингемската палата - Дарен Мекгрејди рече дека изборот на кралот не е изненадување, бидејќи Чарлс сака сѐ што содржи јајца и сирење. Бакингемската палата соопшти дека кишот е избран затоа што може да се служи и топло и ладно, одговара на широк спектар на барања и вкусови и е лесно прилагодлив. Според наводите, една предност е и тоа што не е премногу сложен и не налага скапи или тешко достапни состојки. За крунисувањето на покојната кралица Елизабета Втора во 1953 година, ладното пилешко во крем-сос од кари беше послужено со добро зачинета салата од ориз, зелен грашок и мешани билки, а наменето за гостите на забавата во палатата по свеченоста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/feed/ 0
Три големи закани: Крунисувањето на кралот Чарлс под највисоки безбедносни мерки поради страв од напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-golemi-zakani-krunisuvaneto-na-kralot-charls-pod-najvisoki-bezbednosni-merki-poradi-strav-od-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-golemi-zakani-krunisuvaneto-na-kralot-charls-pod-najvisoki-bezbednosni-merki-poradi-strav-od-napad/#respond Sat, 15 Apr 2023 16:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=824313

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс ќе биде на 6 мај, а кралското обезбедување ја планира најголемата безбедносна операција поради страв од напади на еко-активисти, терористи и анархисти. „Заканата сега е поголема отколку што беше во последните 50 години“, рече поранешниот шеф на Кралската безбедност, Даи Дејвис, според „Мирор“. Инаку, одвоените протести на групата „Република“ во Милтон Кејнс, Чичестер и Јорк во последните недели поминаа без инциденти. Но, официјалните лица ги ставија под надзор републиканските членови и еколошките групи, како што е „Коалицијата Стоп за нафта“, кои направија хаос кај учесниците во сообраќајот и ги бојадисаа зградите за да ја повикаат владата да ја прекине употребата на фосилни горива. Безбедносни извори предупредија дека таквите групи би можеле да го искористат и крунисувањето, кое се очекува да го гледа глобалната телевизиска публика од 100 милиони лица, како отскочна даска за нивната кампања. Шефовите на безбедносните сили се борат со невиден број закани од терористи, анархисти и еко-активисти кои сакаат да го нарушат настанот. Офицерите на Кралската гарда ја планираат најголемата безбедносна операција во една генерација, поради безбедносните стравови за кралот и кралицата за викендот на крунисувањето. Собрани се разузнавачки информации од силите во Северна Ирска за потенцијалните републикански напади од страна на дисидентите за време на крунисувањето на кралот Чарлс. „Мирор“ може да открие и дека силите во Англија снимале и профилирале антимонархистички кампањи од страв дека ќе го таргетираат главниот настан на 6 мај. Кралот и кралицата за малку избегнаа да бидат гаѓани со јајца од поединци во последните недели во Јорк и Лутон за време на јавните прошетки. „Јасно е дека заканата за монархијата е голема како што беше во последните 50 години – а потенцијалот е голем поради подемот на ирските дисидентски групи и зголемената акција на анархистичките кампањски групи. Елитните полицајци се особено на потрага по други поединци кои се „фиксирани“ во кралските семејства. „Во декември 2021 година, Џасвант Синг Чаил влезе во замокот Виндзор со натоварен самострел во потрага по покојната кралица Елизабета. Минатиот месец тој стана првиот човек кој беше осуден за предавство од 1981 година“, изјави Даи Дејвис. Инаку, кралот им забрани на телевизиските камери да го снимаат моментот кога е помазан со свето масло пред да биде крунисан во Вестминстерската опатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-golemi-zakani-krunisuvaneto-na-kralot-charls-pod-najvisoki-bezbednosni-merki-poradi-strav-od-napad/feed/ 0
Маслото кое ќе се користи за крунисување на Чарлс Трети осветено во Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/masloto-koe-ke-se-koristi-za-krunisuvane-na-charls-treti-osveteno-vo-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/masloto-koe-ke-se-koristi-za-krunisuvane-na-charls-treti-osveteno-vo-erusalim/#respond Sun, 05 Mar 2023 17:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=808301

Светото масло што ќе се користи за помазание на кралот Чарлс Трети на неговото крунисување во мај е осветено во Ерусалим, што ги одразува врските на британскиот монарх со Светата земја, соопшти Бакингемската палата. Неговото блаженство Теофил III, грчкиот православен патријарх на Ерусалим и англискиот надбискуп на градот Хосам Наум го благословија маслото во, се додава во соопштението. Маслото ќе се користи за помазание на кралот Чарлс и кралицата Консорт Камила за време на церемонијата на крунисување во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај. Традиционално, маслото се истура од ампула на крунисувачката лажица, а потоа со неа се помазуваат рацете, градите и главата на владетелот. Осветеното масло е направено од маслинки собрани од два насади на Маслиновата Гора, источно од Ерусалим, во близина на манастирот Свето Вознесение и манастирот Марија Магдалена, каде што е погребана бабата на Чарлс, принцезата Алиса од Грција. Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, кој ќе ја води службата, рече дека неговата желба е маслото да биде од Маслиновата Гора. -Oва ја покажува длабоката историска поврзаност меѓу крунисувањето, Библијата и Светата земја. Од античките кралеви до денес, монарсите биле помазани со масло од ова свето место, рече Велби, духовниот поглавар на англиската црква. Маслото, ароматизирано со сусам, роза, јасмин, цимет, нероли, бензоин и цвет од портокал, има ист состав како маслото користено за крунисувањето на покојната кралица Елизабета пред 70 години, а таа формула се користи стотици години , се вели во соопштението од Палатата.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/masloto-koe-ke-se-koristi-za-krunisuvane-na-charls-treti-osveteno-vo-erusalim/feed/ 0