крушево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 06:55:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крушево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Крушево е без вода, детектирани проблеми со пумпната станица во село Норово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/krushevo-e-bez-voda-detektirani-problemi-so-pumpnata-stanitsa-vo-selo-norovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/krushevo-e-bez-voda-detektirani-problemi-so-pumpnata-stanitsa-vo-selo-norovo/#respond Mon, 16 Oct 2023 06:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=889200

Крушево од 9 часот утрово е без вода, детектирани се проблеми со пумпната станица во село Норово, информираа од ЈП „Комуна“ Крушево. Екипа на ЈП „Комуна“ Крушево е на терен и ги испитува проблемите по што ќе следат детални информации и преземање на чекори за состојбата со пумпната станица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/krushevo-e-bez-voda-detektirani-problemi-so-pumpnata-stanitsa-vo-selo-norovo/feed/ 0
Битолчанец загина во тешкаа сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bitolchanets-zagina-vo-teshkaa-soobrakajna-nesreka-na-patot-prilep-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bitolchanets-zagina-vo-teshkaa-soobrakajna-nesreka-na-patot-prilep-krushevo/#respond Sat, 07 Oct 2023 10:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=886328

Маж загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот на патот Прилеп-Крушево. Според информациите од МВР, загинатиот е 46-годишен маж од Битола, со иницијали Д.Т. кој управувал „киа“. Тој се судрил со „ауди“ во кое бил 43-годишен прилепчанец. Мажот од Битола по несреќата бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде што починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп. Бил извршен увид од страна на полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bitolchanets-zagina-vo-teshkaa-soobrakajna-nesreka-na-patot-prilep-krushevo/feed/ 0
Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-so-lubov-za-toshe-vo-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-so-lubov-za-toshe-vo-krushevo/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=885834

Со наслов „Со љубов за Тоше“ на платото пред спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево синоќа се одржа концерт на кој 10-тина изведувачи од земјава и странство ги изведоа песните на Тоше Проески пред емотивната публика од повеќе краишта на Македонија и од соседните земји. Концертот се одржа по втор пат во организација на Спомен-куќата „Тодор Проески“. -Еве веќе втора година се потсетуваме на последниот голем концерт на Тоше проески кој го одржа на 5 октомври 2007 година во Скопје, токму во салата која сега го носи неговото име. како спомен-куќа сакаме да ги одбележуваме и датумите кои значат радост, просперитет и дефинитивно 5 октомври е еден од најзначајните датуми во кариерата на Тоше, со големиот концерт. На овој чекор се одлучивме зашто сѐ уште неговите песни живеат во нашите срца, а Тоше живее преку нив и нѐ сплотува сите, изјави Лефкија Гажоска, директорка на спомен-куќата Тодор Проески. За изведувачите, ова е навраќање кон големината на Тоше- и како пејач и како човек со големо срце. -Ова е навраќање на неговата големина, во обид да ги допреме неговите песни. Едноставно, ние ќе ги уживаме неговите мелодии и додека пееме го чувствуваме него и сето она што нам ни го даде - и како музика и како дела, рече Александра Трајческа, млада изведувачкакоја ги испеа песните „Излажи ме“ и „Рани на усните“. За првпат, младиот изведувач Џингис Мемедоски ја изведе „Тајно моја“ на знаковен јазик. -Треба да го негуваме, почитуваме неговото дело што ни го остави Тоше, да ги следиме неговиот пат, музиката, начинот на живот за да бидеме подобри, рече Зоран илиев кој ги изведе песните на Тоше: „Усни на усни“ и „По тебе“. На концертот на платото пред спомен-куќата пред бројната публика од повеќе краишта од земјава и од странство со песните на Тоше настапија и: Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Никола Зацески, Инвиктус Бенд, Бојан Маровиќ и Фрајле. Тоше Проески загина пред 16 години, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, единаест дена по неговиот голем концерт во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-so-lubov-za-toshe-vo-krushevo/feed/ 0
Во недела посебен режим на сообраќај од Крушево до Кривогаштани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-poseben-rezhim-na-soobrakaj-od-krushevo-do-krivogashtani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-poseben-rezhim-na-soobrakaj-od-krushevo-do-krivogashtani/#respond Fri, 25 Aug 2023 11:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=870848

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 27.08.2023 во периодот од 10.00 до 14.00 часот регионалниот пат Р-1306 ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на манифестацијата „Ролер ски куп - Тоше Проески" во Крушево и манифестацијата „Црвено злато на Кривогаштани" во Кривогаштани. Секторот за внатрешни работи Битола апелира до граѓаните, кои го користат тој патен правец, да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат полициските службеници на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-poseben-rezhim-na-soobrakaj-od-krushevo-do-krivogashtani/feed/ 0
Прилепчанец со автомобил удрил во малолетник во Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanets-so-avtomobil-udril-vo-maloletnik-vo-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanets-so-avtomobil-udril-vo-maloletnik-vo-krushevo/#respond Thu, 03 Aug 2023 11:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=862968

На 02.08.2023 во 11.30 часот било пријавено дека во Крушево, на паркинг на место викано „Црни врв“, патничко возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(60) од Прилеп, удрило во малолетник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanets-so-avtomobil-udril-vo-maloletnik-vo-krushevo/feed/ 0
Талат Џафери за Илинден во Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/talat-dhaferi-za-ilinden-vo-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/talat-dhaferi-za-ilinden-vo-krushevo/#respond Tue, 01 Aug 2023 11:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=862319

Собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, во состав: Миле Талески, Љупчо Балковски и Петар Ристески, свечено ќе ја одбележи 120-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република во Крушево. ПРОГРАМА: 09:00 часот Положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, Македониум; 09:30 часот Положување свежо цвеќе на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“; 10:00 часот Панихида, Храм „Свети Никола“ 11:30 часот - Голем народен собир на „Мечкин Камен“ - Обраќање на Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија - Културно-уметничка програма • Собраниска делегација, во состав: Даниела Николова и Иванка Василевска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје: - 08:30 часот - Споменик на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменик на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија; Споменик на Методија Андонов-Ченто, Плоштад - 09:30 часот - Споменик „Сила, Слава, Победа“, Скопско Кале • Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав: Мартин Костовски, Лидија Тасевска, Бране Петрушевски и Илија Николовски, во 10:15 часот, ќе положи венец свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/talat-dhaferi-za-ilinden-vo-krushevo/feed/ 0
Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден и 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanata-za-ilinden-i-120-godini-od-ilindenskoto-vostanie-i-krushevskata-republika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanata-za-ilinden-i-120-godini-od-ilindenskoto-vostanie-i-krushevskata-republika/#respond Tue, 01 Aug 2023 05:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=862195

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечер на Гумење во Крушево и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден. Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република. На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а пред споменикот на Дамјан Груев ќе положи свежи цвеќиња. Пред отворањето на Манифестацијата, околу 19 часот, пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево, крушевчани ќе ја пречекаат илинденската коњаница. Пристигнуваат коњаници од повеќе места за потоа да бидат пречекани на Гумење. Во чест на големиот илинденски јубилеј, Државниот архив пред Македониумот ќе ја отвори изложбата на документи и фотографии насловена „120 години Илинденското востание – архивска меморија“. македониум Делегација од Манифестацијата ќе им оддаде почит на: Веле Марков, пред неговата биста, на Питу Гули, на неговото вечно почивалиште на Гумење, на Тоше Проески, на Илинденските востаници пред криптата и на борците од НОБ на партизанските гробишта. Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ нуди богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи. Утре, на 2 август, на празникот, чествувањата во Крушево започнуваат изутрината од 9 часот. Бројни делегации ќе се поклонат и ќе му оддадат почит на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред неговото вечно почивалиште во куполата од споменикот „Илинден“ на Гумење, во Македониумот. Делегацијата на Собранието, кое е покровител на годинашниве чествувања, ќе ја предводи собранискиот спикер Талат Џафери. Почит ќе им биде оддадена и на загинатите Илинденци пред споменикот во месноста „Слива“, а панихида за загинатите ќе се одржи во црквата „Свети Никола“. Централното чествување за Илинден е од 11,30 часот на 2 август, на Мечкин Камен. На народниот собир на Мечкин Камен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krushevo-pochnuvaat-chestvuvanata-za-ilinden-i-120-godini-od-ilindenskoto-vostanie-i-krushevskata-republika/feed/ 0
Претрес во Крушево, пронајдена поголема количина на оружје и муниција кај 71 годишен дедо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-krushevo-pronajdena-pogolema-kolichina-na-oruzhje-i-munitsija-kaj-71-godishen-dedo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-krushevo-pronajdena-pogolema-kolichina-na-oruzhje-i-munitsija-kaj-71-godishen-dedo/#respond Tue, 27 Jun 2023 08:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=849958

Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-krushevo-pronajdena-pogolema-kolichina-na-oruzhje-i-munitsija-kaj-71-godishen-dedo/feed/ 0
Пред Македониумот свечено е отворена манифестацијата „Крушево град на културата за 2023“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pred-makedoniumot-svecheno-e-otvorena-manifestatsijata-krushevo-grad-na-kulturata-za-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pred-makedoniumot-svecheno-e-otvorena-manifestatsijata-krushevo-grad-na-kulturata-za-2023/#respond Sat, 27 May 2023 09:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=839329

Со претставување на големиот македонски уметник, сликарот Никола Мартиновски во галеријата Мартиновски и со концерт пред Македониумот синоќа во Крушево беше официјално отворена манифестацијата „Крушево, град на културата“ под мотото „Крушево – жив тестамент на културата“. Манифестацијата беше отворена пред амбасадори, посетители, граѓани, пред пријатели на Крушево. Бисера Костадиновска Стојчевска -На Крушево му требаше само една формална титула за Град на културата, зашто Крушео, самото по себе е живописно, уникатно и е жив тестамент на културата на историјата, на нашиот идентитет. Оваа година славиме 120 години од Илинденското востание и Крушево уште еднаш ќе биде центар на вниманието, како што и заслужува. Оваа, ќе ја наречам круна, е само оддавање признание на сите вредности кои Крушево ги носи, изјави министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која и официјално ја отвори манифестацијата. Крушево Стојчевска Костадиновска Гир Градот ќе понуди околу 60 културни настани кои двојно ќе ја зголемат посетеноста на највисокиот историски и туристички град во земјава. - Низ цела година, започнувајќи сега официјално, имаме околу 60 настани, различни содржини, манифестации кои ќе ни се случуваат 365 дена. Имаме културни, историски, ликовни, музичко сценски настани, меѓународни натпреварувања, спортски настани кои пак ќе донесат многу посетители отсекаде кои ќе моѓе да ги слушнат историските и културни приказни на Крушево. Ги имаме музеите, спомениците. Ги промовираме ликовите на големиот уметник Никола Мартиноски, на големиот Тоше Проески, ги имаме Македониумот, музеите, традициите. Сега очекуваме уште поголем број посетители да ги запознаеме со вредностите на Крушево, рече градоначалникот Томе Христоски. Двојно поголема посетеност очекува и директорот на Историски музеј од Крушево, Тома Тана. -Крушево е нашата историја. Имаме шест музеи, шест споменици на историјата и културата и очекуваме голема посетеност. Музеите постојано се отворени за посета и да ги раскажат приказните, изјави Тома Тана. Концертот „Безвременска хармонија“ со евергрини пред Македониумот во чест на отворањето на манифестацијата „Крушево-град на културата“ го изведе Камерниот оркестар на Битола во придружба на хор и единаесет солисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pred-makedoniumot-svecheno-e-otvorena-manifestatsijata-krushevo-grad-na-kulturata-za-2023/feed/ 0
Трагедија: Воз усмрти маж од Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-voz-usmrti-mazh-od-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-voz-usmrti-mazh-od-krushevo/#respond Mon, 01 May 2023 10:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=829366

На 01.05.2023 околу 04:00 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул.„Трајко Николоски“ со ул.„Леце Котески“ во Прилеп, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-voz-usmrti-mazh-od-krushevo/feed/ 0