кружем тек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 11:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кружем тек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започнаа подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochnaa-podgotvitelnite-aktivnosti-za-realizatsija-na-proektot-za-izgradba-na-kruzhen-tek-na-ulitsa-prilepska-so-ulitsa-bataljon-stiv-naumov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochnaa-podgotvitelnite-aktivnosti-za-realizatsija-na-proektot-za-izgradba-na-kruzhen-tek-na-ulitsa-prilepska-so-ulitsa-bataljon-stiv-naumov/#respond Mon, 05 Jun 2023 11:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=842223

Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ - проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола, информираат од општината. Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја. Во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек. Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот, велат од општина Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochnaa-podgotvitelnite-aktivnosti-za-realizatsija-na-proektot-za-izgradba-na-kruzhen-tek-na-ulitsa-prilepska-so-ulitsa-bataljon-stiv-naumov/feed/ 0