крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 18:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради земјотресот: Одложен натпреварот Мароко-Либерија, фудбалерите даруваат крв (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video/#respond Sat, 09 Sep 2023 19:05:40 +0000 https://kurir.mk/?p=876424

Фудбалскиот натпревар од квалификациите за Купот на нациите на Африка меѓу Мароко и Либерија е одложен поради силниот земјотрес во оваа северноафриканска земја, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Мароко вечерва требаше да биде домаќин во Агадир, но фудбалскиот сојуз соопшти дека натпреварот е одложен на неодредено време по договор со Африканската фудбалска конфедерација (CAF). Ова е воедно последен натпревар од групата К, а на завршниот турнир кој на почетокот на следната година ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска се пласираа Јужна Африка и Мароко. Познатиот марокански репрезентативец Ашраф Хакими се огласи на социјалните мрежи и изрази сочувство за жртвите од земјотресот. -Време е да си помогнеме еден на друг за да спасиме што повеќе животи. Сочувство до сите што изгубија близок, напиша Хакими на Инстаграм. Воедно во текот на денот фудбалерите даруваа крв на повредените во страшниот земјотрес. На минатогодишното Светско првенство во Катар, Мароко стана првата африканска репрезентација која стигна до полуфиналето, каде што беше поразена од Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-zemjotresot-odlozhen-natprevarot-maroko-liberija-fudbalerite-daruvaat-krv-video/feed/ 0
Видео кое може да ви го спаси животот: Хирург открива колку време е потребно за да се разгради алкохолот во телото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-koe-moze-da-vi-go-spasi-zivotot-hirurg-otkriva-kolku-vreme-e-potrebno-za-da-se-razgradi-alkoholot-vo-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-koe-moze-da-vi-go-spasi-zivotot-hirurg-otkriva-kolku-vreme-e-potrebno-za-da-se-razgradi-alkoholot-vo-teloto/#respond Fri, 06 Jan 2023 14:24:00 +0000 https://kurir.mk/?p=784233

Неврохирург чиј син тинејџер загинал во сообраќајна несреќа поради возење во пијана состојба, детално опишал колку навистина му е потребно на телото да го разгради алкохолот. Д-р Брајан Хофлингер објавил видео на ТикТок кое би можело да спаси многу животи. Докторот пред себе ставил чаши наполнети со вода за да рекреира забава на која многу се пие. „Да кажеме дека ќе испиете 5 пијалаци во првиот час. Алкохолот влегува во вашиот мозок 5 минути по консумацијата и започнува да делува, но она што можеби не го знаете е дека вашиот црн дроб метаболизира само 30 милилитри алкохол на час“, вели тој.
@doctorhoeflinger Knowing this about drinking could save your life! #fyp #party #drinking #alcohol #foryou #holiday #christmas ♬ Storytelling - Adriel
Според „Northwestern Medicine“, црниот дроб во просек може да метаболизира еден стандарден пијалак на час (350 милилитри пиво, 147 милилитри вино или 44 милилитри жесток алкохол). „Моментално имам 150 милилитри алкохол во својот систем, а за еден час ќе потрошам само 30 милилитри, што значи дека во крвотокот ќе останат уште 120 милилитри“, додава докторот. Тој ги потсетува гледачите дека по 3 часа забава, во текот на која консумирал алкохолни пијалаци, ќе мора да почека 6 часа додека неговото тело го метаболизира алкохолот. Тоа е важно бидејќи некои мислат дека можат да престанат да пијат 1 до 2 часа пред заминувањето и да возат дома, но тоа не е така. „Ќе бидете пијани до раните утрински часови. Алкохолот може многу лесно да се наталожи во вашиот систем и да остане таму со часови. Затоа не влегувајте во автомобилот. Немојте да пиете и да возите. Повикајте такси. Најлошата работа која можете да ја направите е да пиете и да возите, би можеле да се убиете себеси, или уште полошо, да убиете некој друг. Едноставно не вреди“, порачал д-р Хофлингер, а видеото е погледнато дури 17,2 милиони пати.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-koe-moze-da-vi-go-spasi-zivotot-hirurg-otkriva-kolku-vreme-e-potrebno-za-da-se-razgradi-alkoholot-vo-teloto/feed/ 0
Колку често треба да вадите крв? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-chesto-treba-da-vadite-krv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-chesto-treba-da-vadite-krv/#respond Wed, 07 Dec 2022 21:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=772539

Земањето крв е една од најчестите лабораториски анализи. Често е дел од рутински или систематски прегледи, а првенствено помага во проценката на здравствената состојба на човекот, но и во процесот на дијагностицирање и следење на одредена болест. Меѓу лабораториските тестови на крвта, најпозната е таканаречената комплетна крвна слика (CBC), а многу луѓе ги интересира колку често тоа треба да се прави. Како што објаснуваат лекарите, тоа зависи од многу различни фактори. Сепак, тие препорачуваат рутински тестови на крвта на своите пациенти најмалку еднаш годишно. Тие ги сметаат за важни пред се за следење на општата здравствена состојба и рано откривање на можни болести. Вадењето крв буквално може да ни го спаси животот и да го обезбеди потребниот третман пред болеста да стане комплицирана. Кога станува збор за хронични пациенти кои земаат лекови, понекогаш лекарите препорачуваат земање крв двапати годишно, а во ретки случаи и почесто.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-chesto-treba-da-vadite-krv/feed/ 0
Може да биде и опасно: Еве како да постапите ако ви тече крв од носот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/moze-da-bide-i-opasno-eve-kako-da-postapite-ako-vi-teche-krv-od-nosot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/moze-da-bide-i-opasno-eve-kako-da-postapite-ako-vi-teche-krv-od-nosot/#respond Mon, 05 Dec 2022 19:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=771452

Причините за оваа појава можат да бидат многубројни: фрактура, зголемен крвен притисок, болест на срцето, анемија, заразна болест или преголем физички напор. Крвавењето од нос најчесто се јавува кај деца или постари лица, а посебно во текот на вирусните епидемии, при крајот на зимата и почетокот на пролетта, кога доаѓа по витамински дефицит во организмот. Крвавењето доаѓа ненадејно, често навечер, во текот на спиењето. Слузокожата на носот е богата со капилари, посебно во предниот дел од носната преграда, каде најчесто доаѓа до крвавење. Изгледот и општата состојба на пациентот зависат од интензитетот на крвавењето. Доколку тоа е потешко, се воочува бледило на кожата, забрзан пулс, а понекогаш доаѓа и до колапс. Неопходно е најпрво да се смири човекот чиј нос крвари. Неговата глава мора да биде навалена напред, а со палецот и показалецот да се стисне носот во траење од 2-3 минути. На вратот е потребно да се стави ладна облога. Ако крвавењето не престанува, болниот мора да се одведе на лекар, каде ќе му биде запрено крварењето, а на пациентот ќе биде извршено дијагностицирање и откривање на причината која довела до оваа појава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/moze-da-bide-i-opasno-eve-kako-da-postapite-ako-vi-teche-krv-od-nosot/feed/ 0
Неверојатен случај: Жена победила 12 различни тумори, лекарите ја анализираат крвта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-sluchaj-zena-pobedila-12-razlichni-tumori-lekarite-ja-analiziraat-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-sluchaj-zena-pobedila-12-razlichni-tumori-lekarite-ja-analiziraat-krvta/#respond Sat, 05 Nov 2022 17:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=756264

Неверојатен случај може да помогне во лекувањето на ракот, се надеваат научниците! 36-годишна жена стана првиот пациент во светот кој имал 12 различни тумори, од кои пет малигни и агресивни. Таа ги преживеа сите тумори, а истражувачите во Шпанија кои ја следат нејзината состојба велат дека имунолошкиот систем на пациентката е „исклучителен“ за запирање на ракот. Туморите ги нападнале нејзиниот мозок, грлото на матката и дебелото црево, од кои првиот бил дијагностициран кога била мало девојче. Лекарите се надеваат дека нејзиниот случај може да помогне во лекувањето на ракот и откриле дека туморите на жената се предизвикани од тоа што таа наследила специфична генетска мутација од двајцата родители. Се верува дека таа е единствената личност во светот со генетска необичност што е меч со две острици. Од една страна, има неприродна способност да ги победи канцерогените клетки, додека од друга страна, ги прави исклучително подложни на повторно создавање. -Сè уште не разбираме како оваа личност можела да се развие за време на ембрионската фаза, ниту како можела да ги надмине сите овие патологии, вели д-р Маркос Малубрес, кој го предводи шпанскиот Национален центар за онколошки истражувања (CNIO) и кој објави студија во научното списание „Science Advances“. Според Мигел Уриосте, коавтор на студијата, никогаш не бил забележан друг случај како овој. -Академски не можеме да зборуваме за нов синдром, бидејќи тоа е опис на еден случај, но биолошки е така, вели истражувачот Уриосте. Кога пациентката првпат пристигнала на клиниката, и бил земел примерок од крв за да се анализираат гените кои најчесто се поврзуваат со наследниот рак, но не било откриено ништо сомнително. Научниците потоа откриле мутации во генот наречен MAD1L1, кој игра суштинска улога во процесот на клеточната делба и пролиферација.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-sluchaj-zena-pobedila-12-razlichni-tumori-lekarite-ja-analiziraat-krvta/feed/ 0
Научниците докажаа дека овој вид зеленчук може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта, но и на холестеролот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nauchnicite-dokazaa-deka-ovoj-vid-zelenchuk-moze-da-pomogne-vo-namaluvanje-na-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-no-i-na-holesterolot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nauchnicite-dokazaa-deka-ovoj-vid-zelenchuk-moze-da-pomogne-vo-namaluvanje-na-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-no-i-na-holesterolot/#respond Mon, 10 Oct 2022 08:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=743384

Новото истражување спроведено во Велика Британија, покажало дека одреден вид зеленчук може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта за дури 50 отсто. Имено, на состанокот на Ендокринолошкото друштво во Сан Диего, заклучено било дека екстрактот од лук го намалува нивото на шеќер, но и холестеролот кога се дава со антидијабетски лек метформин, пренесува магазинот „Independent“. „Лукот е евтин и достапен на сите. И тоа како има потенцијал за лекување пациенти кои патат од дијабетес“, изјавил авторот на истражувањето Ентони Ојиех. Истражувањето спроведено било на глувци. Три глувци добиле различни дози екстракт од лук. Истражувачите на глувците им дале доза од 200, 400 и 600 милиграми по килограм телесна тежина. Глувците кои консумирале по 400 и 600 милиграми, успеале да го намалат нивото на шеќер во крвта за 50 отсто, односно 35 отсто во споредба со почетното ниво. Исто така забележано било и значително намалено ниво на холестерол. извор: thehealthystation.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nauchnicite-dokazaa-deka-ovoj-vid-zelenchuk-moze-da-pomogne-vo-namaluvanje-na-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-no-i-na-holesterolot/feed/ 0
Кинески научници идентификуваа нов ген, кој предизвикува ретка болест на крвта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-nauchnici-identifikuvaa-nov-gen-koj-predizvikuva-retka-bolest-na-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-nauchnici-identifikuvaa-nov-gen-koj-predizvikuva-retka-bolest-na-krvta/#respond Wed, 31 Aug 2022 13:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=726782

Кинеските научници идентификуваа нов ген чија недостаток може да доведе до хемофагоцитна лимфохистиоцитоза (ХЛХ), ретка и опасна по живот болест на крвта. Болеста најчесто се јавува во раното детство, а единствена ефикасна терапија е трансплантација на матични клетки. Користејќи ја технологијата за секвенционирање на целиот геном, истражувачите од Пекингшкиот институт за геномика, во рамките на Кинеската академија на науките и во соработка со Детската болница во Пекинг на Националниот медицински универзитет, идентификуваа нов НБАС ген кај кинески пациенти со ХЛХ. Според резултатите од студијата, со која биле опфатени 237 случаи, проценетата фреквенција на варијанти на НБАС кај засегнатите деца била 2,11 отсто, што го прави НБАС вториот најчест мутиран ген. Првиот, наречен ПФ1, има стапка на мутација од 3,8 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-nauchnici-identifikuvaa-nov-gen-koj-predizvikuva-retka-bolest-na-krvta/feed/ 0
Има добра причина зошто ни вадат крв од ОВОЈ прст https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-dobra-prichina-zoshto-ni-vadat-krv-od-ovoj-prst/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-dobra-prichina-zoshto-ni-vadat-krv-od-ovoj-prst/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=717051

Една од најефикасните методи за земање крв е од вена. Тоа им овозможува на специјалистите во лабараторија да земат повеќе крв при анализирање. Земање крв исто така се случува и од прст, но најчесто е на помала возраст. Но, постои многу добра причина зошто земањето крв од прст главно е од прстот до малиот. Кога вадиме крв од прст поради некоја анализа, скоро секогаш ни го боцкаат прстот до малиот. Доколку некогаш сте се запрашале зошто крвта се вади токму од тој прст, еве го вашиот одговор. Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку другите прсти. Тоа значи дека, теоретски, инфекција од палецот или малиот прст побрзо ќе се прошири и ќе ја зафати раката. Затоа крвта генерално се вади од било кој прст освен од палецот и малиот прст. Но, во врвот на домалиот прст има генерално помалку рецептори за болка, па „боцкањето“ не е толку болно. Поради таа причина тој прст се користи најчесто, а и таму кожата ни е најтенка. Токму и поради таа причина, раната на тој прст најбргу заздравува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-dobra-prichina-zoshto-ni-vadat-krv-od-ovoj-prst/feed/ 0
Не ги игнорирајте овие симптоми, МОЖЕБИ укажуваат на згрутчување на крвта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-ignorirajte-ovie-simptomi-mozebi-ukazuvaat-na-zgrutchuvanje-na-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-ignorirajte-ovie-simptomi-mozebi-ukazuvaat-na-zgrutchuvanje-na-krvta/#respond Fri, 13 May 2022 20:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=676293

Човечкото тело го запира крварењето со згрутчување на крвта. Меѓутоа, крвните згрутчувања можат да се појават кога не би требало, да предизвикаат мозочен удар, срцев удар или други серозни медицински проблеми. Овие симптоми покажуваат дека некаде има опасно згрутчување на крвта. Болка во нозете или чувствителност – ова е чест симптом и болката понекогаш се опишува како грч. Необјаслива, долготрајна кашлица – веднаш обратете се кај вашиот лекар. Болка во градите при длабоко дишење – ако во случај го имате овој симптом можно е да имате згрутчување на крвта во белите дробови. Црвени пруги на кожата – модринките се облик на згрутчување на крвта, но во случај да воочите црвени пруги по должината на вените, тогаш ова не е нормална модринка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-ignorirajte-ovie-simptomi-mozebi-ukazuvaat-na-zgrutchuvanje-na-krvta/feed/ 0
Игуаните на Бахамите добиле шеќер во крвта поради екотуристи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iguanite-na-bahamite-dobile-shekjer-vo-krvta-poradi-ekoturisti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iguanite-na-bahamite-dobile-shekjer-vo-krvta-poradi-ekoturisti/#respond Tue, 26 Apr 2022 09:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=667928

Игуаните на Бахамите почнале да имаат повисоко ниво на шеќер во крвта поради екотуристите кои ги хранат со грозје, велат научниците и предупредуваат дека не се знае како тоа би можело да влијае на здравјето кај овие чувствителни влекачи. Игуаните станале толку многу зависни од ова овошје, што веднаш се појавуваат на плажа што ги слушнат туристичките бродови. -За организаторите на туристичките обиколки тоа е одлична прилика за дополнителна заработка. Да им ги покажат овие животини, а туристите да остварат близок контакт со нив, вели Чарлс Кнап. Конзерваторите на природата се загрижени поради поради ваквото хранење на игуаните, тие се помалку се плашат од луѓето и стануваат подостапни за криумчарите на животни. Сепак оние кои внимателно ги анализираат игуаните почнале да се сомневаат дека ваквиот начин на исхрана предизвикува и други проблеми, а траги од тоа биле најдени во нивниот измет. Високото ниво на шеќер, ги загрижува научниците, а засега не е познато како тоа влијае врз нивното здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iguanite-na-bahamite-dobile-shekjer-vo-krvta-poradi-ekoturisti/feed/ 0