крвна плазма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Dec 2021 07:06:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крвна плазма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Крвната плазма не треба да се користи за лекување на пациенти со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-krvnata-plazma-ne-treba-da-se-koristi-za-lekuvanje-na-pacienti-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-krvnata-plazma-ne-treba-da-se-koristi-za-lekuvanje-na-pacienti-so-kovid-19/#respond Tue, 07 Dec 2021 07:06:40 +0000 https://kurir.mk/?p=605073

Крвната плазма од лицата кои прележале Ковид-19 не треба да се користи во лекување на пациентите бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Плазмата од закрепнатите од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од аспиратори, нагласи СЗО. Тезата беше дека употребата на плазма поради антителата што ги содржи може да го неутрализира новиот коронавирус, да го спречи неговото размножување и да го ограничи оштетувањето на ткивото. Неколку студии не покажаа никаква видлива корист во лекувањето на сериозно болните. Студија во САД е прекината во март, откако беше утврдено дека плазмата веројатно нема да им помогне на пациентите со благи до умерени симптоми на болеста. Методот е и скап и одзема многу време, се вели во соопштението на СЗО. Панел од меѓународни експерти недвосмислено препорача дека плазмата не треба да се користи во лекувањето на пациенти со лесен облик на болеста, а според нив не треба да се користи ниту во третман на пациенти со тежок и критичен облик на болеста, нагласи СЗО. Препораката е објавена во Британскиот медицински журнал (БMЏ) и се заснова на докази од 16 испитувања во кои беа вклучени 16.236 пациенти со благи, тешки и критични облици на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-krvnata-plazma-ne-treba-da-se-koristi-za-lekuvanje-na-pacienti-so-kovid-19/feed/ 0
Дарувањето крвна плазма највисок чин на хуманост- досега обезбедени 1732 единици, третирани 1431 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/daruvanjeto-krvna-plazma-najvisok-chin-na-humanost-dosega-obezbedeni-1732-edinici-tretirani-1431-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/daruvanjeto-krvna-plazma-najvisok-chin-na-humanost-dosega-obezbedeni-1732-edinici-tretirani-1431-pacienti/#respond Mon, 21 Jun 2021 13:52:48 +0000 https://kurir.mk/?p=526171

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 1732 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 157 единици се собрани преку аферезна процедура а останантите единици конвалесцентна плазма се обезбедени преку стандардно дарување. Со крвна плазма досега се третирани 1431 пациенти. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19. , велат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/daruvanjeto-krvna-plazma-najvisok-chin-na-humanost-dosega-obezbedeni-1732-edinici-tretirani-1431-pacienti/feed/ 0
Oбезбедени 142 единици конвалесцентна плазма со која се третирани над 120 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbedeni-142-edinici-konvalescentna-plazma-so-koja-se-tretirani-nad-120-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbedeni-142-edinici-konvalescentna-plazma-so-koja-se-tretirani-nad-120-pacienti/#respond Mon, 19 Oct 2020 07:41:51 +0000 https://kurir.mk/?p=417943

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Од Министерството за здравство потсетуваат дека граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост. -Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус, информираат од Министерството. Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbedeni-142-edinici-konvalescentna-plazma-so-koja-se-tretirani-nad-120-pacienti/feed/ 0
Со крвна плазма излекувани петмина пациенти со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-krvna-plazma-izlekuvani-petmina-pacienti-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-krvna-plazma-izlekuvani-petmina-pacienti-so-koronavirus/#respond Thu, 21 May 2020 13:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=348769

Пет пациенти со коронавирус во земјата се излекувани со крвна плазма, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“. Тој соопшти дека на Институтот за трансфузиона медицина, денеска во употреба е пуштен новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Пет пациенти со коронавирус во земјата се излекувани со крвна плазма, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“. Тој соопшти дека на Институтот за трансфузиона медицина, денеска во употреба е пуштен новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-krvna-plazma-izlekuvani-petmina-pacienti-so-koronavirus/feed/ 0
Од денеска почнува лекувањето на заболените од Ковид-19 со крвна плазма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuva-lekuvanjeto-na-zabolenite-od-kovid-19-so-krvna-plazma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuva-lekuvanjeto-na-zabolenite-od-kovid-19-so-krvna-plazma/#respond Tue, 28 Apr 2020 05:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=338396

Заболените од Ковид-19 од денеска ќе се лекуваат со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во болницата „8 Септември“. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина. Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација. Како што рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, има публикации и искуства од други земји, и врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8 Септември“ направил детална анализа на навистина обемна литература и заклучил дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 53 оздравени пациенти, во Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1 и Кочани – 4. Со тоа вкупната бројка на излекувани пациенти е 553. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 58-годишна пациентка од тетовско Желино, примена на Клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 – годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. Двете пациентки имале и висок крвен притисок. Во болницата „8 Септември“ почина 47-годишен пациент од Куманово, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и 66-годишен пациент од Битола, кој во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза се лекуваше во Клиничката болница во градот. Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја досега изнесува 1.399 лица, а активни се 781. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се вкупно 61 од кои 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 32. На респираторна машина се седум пациенти, а четири се со потешка клиничка слика. Во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани седум лица, а се следат вкупно осум пациенти во домашно лекување, додека во Клиничката болница во Штип се лекуваат двајца пациенти, а се следат уште девет. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и сомнителни на Ковид-19. Министерот Филипче вчера истакна дека според последните анализи се очекува бројот на заразени да биде меѓу 1600 и 1700 заразени. Додаде оти не би избрзувал со очекувањата за пикот. – Од тоа од што стравуваме е да не станува збор за поединечна варијација, како што беше во едно друго сценарио кога имавме еден пик во смисла на исклучок на над 100 дијагностицирани пациенти. Така да, сметам дека се уште не би избрзувале. Сепак, сакаме да видиме последователно повеќе денови еден ваков тренд за да кажеме, добро, поминат е пикот, и да очекуваме во континуитет и во следните денови намалување на бројот на случаи. Искрено се надеваме дека така ќе биде. Но, малку е рано иако трендовите тоа ни го најавуваат, но сме многу внимателни, рече вчера Филипче. Од наредната недела Министерството за здравство со средствата собрани од донациската сметка за справување со вирусот Ковид-19 кои се близу 90 милиони денари ќе почне со набавка на кревети за интензивна нега, респиратори, аспиратори, перфузори, инфузиомати, мобилен рендген, ехо апарати и е-опрема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuva-lekuvanjeto-na-zabolenite-od-kovid-19-so-krvna-plazma/feed/ 0
Од утре почнува лекувањето со крвна плазма на заболените со коронавирус во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-lekuvanjeto-so-krvna-plazma-na-zabolenite-so-koronavirus-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-lekuvanjeto-so-krvna-plazma-na-zabolenite-so-koronavirus-vo-makedonija/#respond Mon, 27 Apr 2020 13:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=338108

Кај еден од двајца оздравени од коронавирус е потврдено дека може да донира плазма за лекување на болни од Ковид 19, потврдуваат од Клиниката за трансфузиологија за Канал 5. Кај донорот испитувањата покажале дека има доволно антитела кои би помогнале во лекувањето. Директорот на клиниката Садула Усеини објаснува дека станува збор за процедура која веќе се спроведува и она што е важно да се охрабрат граѓаните кои го прележале Ковид 19 да донираат плазма. Тој лично веќе има донирано и плазма и тромбоцити за пациенти и не само како доктор туку и како човек е среќен што помогнал. Дарителот на донорот на плазмата треба да ги исполнува следните услови: да има прележано COVID-19, да има два негативни теста во растојание од 24 часа, по инфекцијата, да е минимум 21 ден без симптоми, да се на возраст од над 18 и до 60 години, да се со телесна тежина над 60 кг. Откако ќе се исполнат овие услови кај лицето се испитуваат и антителата. Плазмата првично ќе ја примаат само пациентите од клиниката за инфективни болести. И во болницата „8-ми септември“ од оваа недела треба да почне со лекување на пациентите со озонотерапија. Првиот човек на болницата Костов вели дека од истражувањата што ги добиле од нивните колеги од Италија покажло дека средно и тешко болните со Ковид 19 имале позитивни резулатати во оздравувањето. И крвната плазма како начин на лекување и озонотерепијата треба да почне да се применуваат од оваа недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-lekuvanjeto-so-krvna-plazma-na-zabolenite-so-koronavirus-vo-makedonija/feed/ 0
Од утре почнува лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и со примена на озонотерапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-lekuvanje-na-zabolenite-od-kovid-19-so-krvna-plazma-i-so-primena-na-ozonoterapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-lekuvanje-na-zabolenite-od-kovid-19-so-krvna-plazma-i-so-primena-na-ozonoterapija/#respond Mon, 27 Apr 2020 09:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=337935

Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. -Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се земе таа плазма од еден пациент којшто е утврдено дека е во фаза во која што има антитела што можат да се дадат на пациент и озонотерапијата со оној апарат којшто го има кај нас ќе почне во болницата „8 Септември“. Има соодветни индикации, не може кај било кого да се аплицира, рече Филипче. Министерот во гостувањето на утринската програма на ТВ Сител рече дека сепак, точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап. Филипче повтори дека се уште нема одлука за тоа колква ќе биде полицискиот час за првомајскиот викенд потенцирајќи дека тоа ќе зависи од однесувањето на граѓаните, кои мора да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема односно маски бројот на новозаболни во следните денови. – Рано е да кажеме колку часови ќе биде полицискиот час за време на продолжениот првомајски празник, ќе ја почекаме анализата на бројот на случаи од следните неколку денови па до четврток ќе се донесе одлука. Сакам да кажам дека сите опции се отворени затоа што не знаеме каква недела ќе имаме пред нас во однос на новодијагностицирани случаи, рече Филипче. Каква и да биде мерката, не само за овој викенд туку и за деновите пред нас во однос на полицискиот час, потенцира тој, ова е време во кое мора сите да се стрпиме да издржиме затоашто само така придонесуваме и за нашето здравје и за здравјето на сите околу нас. Повтори, како што кажа, дека „некои работи во однос на санкциите треба да започнат и порано, бидејќи дел од граѓаните не ги почитуваа мерките“. -Повеќе од 60 земји од светот имаат воведено вакви рестриктивни мерки и само тие даваат резултати. Има економски и социјален притисок, не само кај нас, но не може туку така да ги олабавиме мерките и да ги пуштиме луѓето слободно да се движат затоа што може да се соочиме со ризик од пик на заразени, нешто што успешно го избегнавме со ова сценарио. И во таа смисла затоа ова зголемување на времето на движење на граѓаните се комбинира со задолжително носење на заштитна опрема, вели министерот. Според него, ова не е олабавување на мерките туку воведувањето на маските, е дополнителна рестриктивна мерка. -Зголемување на бројот на часови за движење заедно со носење на заштитна маска би рекол дека е порестриктивна мерка, рече Филипче, посочувајќи дека ризичните групи се раздвоени, а маската е задолжителна што е дополнителна рестрикција во однос на претходно. Работна група од експерти од Комисијата за заразни болести и стопанските комори работат на тоа како ќе бидат организирани производствените капацитети и одредени мали бизнисни, иако некои од малите претпријатија кај нас функционираа. Но, многу е рано, вели тој, да се зборува за отворање на училиштата и на градинките. – Тоа ќе биде еден систем што ќе бара реорганизација во однос на бројот на учениците во училиштата, соодветно дистрибуирани по училниците и занимални на децата во градинките. Сега сме се уште фокусирани на очекување на максималниот број на пациенти. Тогаш кога оној фактор ќе падне под единица, бројот на пациенти ќе почне да се намалува ќе почнат и другите мерки, рече Филипче. Филипче, како што кажа уште два дена е во домашна самоизолација, а потоа треба да направи задолжително тестирање. Времето го користи, како што рече, меѓудругото да направи ретроспектива на тоа што е направено во изминатиот период во борбата со ширење на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-lekuvanje-na-zabolenite-od-kovid-19-so-krvna-plazma-i-so-primena-na-ozonoterapija/feed/ 0
Италија планира лекување на заболените од Ковид-19 со антитела на излекуваните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-planira-lekuvanje-na-zabolenite-od-kovid-19-so-antitela-na-izlekuvanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-planira-lekuvanje-na-zabolenite-od-kovid-19-so-antitela-na-izlekuvanite/#respond Thu, 16 Apr 2020 06:06:41 +0000 https://kurir.mk/?p=332951

Италијанските лекари планираат да почнат со користење крвна плазма од оние кои оздравеле од Ковид-19, за да им помогнат на најтешко заболените во болниците. Во текот на речиси еден месец Италија имаше повеќе смртни случаи од коорнавирус од било која друга земја во светот, но сега лекарите се надеваат дека ужасното страдање на луѓето од оваа земја ќе го свртат во друг правец,  пренесува Си-Ен-ЕН. -Од ова може да произлезе нешто добро, изјави др. Фаусто Балданти. Тој додаде дека Италија имала толку голема епидемија да сега ја има полната потенција на донаторите. Луѓето кои заздравеа од инфекцијата или кои се позитивни на вирусот, но не покажале симптоми, развиваат антитела во крвната плазма. Тие антитела можат да се вбризгаат кај друг заболен, каде можат да помогнат во неутрализацијата на вирусот во телото на примателот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-planira-lekuvanje-na-zabolenite-od-kovid-19-so-antitela-na-izlekuvanite/feed/ 0
Се разгледува можноста за лекување со крвна плазма, но оваа терапија не помага секому https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-razgleduva-moznosta-za-lekuvanje-so-krvna-plazma-no-ovaa-terapija-ne-pomaga-sekomu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-razgleduva-moznosta-za-lekuvanje-so-krvna-plazma-no-ovaa-terapija-ne-pomaga-sekomu/#respond Fri, 10 Apr 2020 17:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=330386

Протоколот за лекување со крвна плазма од ковалесценти е направен, а оваа недела за ова е дискутирано во стручните комисии и на Медицинскиот факултет, но сепак тоа е тип на терапија која не може секому да помогне, особено имајќи ја предвид непредвидливоста на болеста во потешките случаи. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој што се излекувал од Ковид-19 може да дарува крна плазна за лекување или има одредени правила. -Крвна плазна заради антитела не може да даде кој било, треба да е во соодветна фаза, тие се пациенти кои се ковалесцентни, затоа што т.н. рековалесценти се целосно излекувани и тука нема ефект. Тоа не е тип на терапија, која може да помогне секаде, тешката форма на болеста е навистина тешка и ги напаѓа сите системи, рече Филипче и посочи дека има индикација кога точно се дава оваа терапија. Во врска со учеството на земјава во програмата на СЗО Солидарност за најефикасен третман во лекувањето на заболени од Ковид-19, нагласи дека ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација. -Ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација и треба да се види која од четири тераписки опции е практично со најдобар ефект. Предност е кога една држава е дел од некоја студија веднаш се стигнува до терпаевтските протоколи и не е проблем количината на лекови, рече Филипче. Во врска со можноста да се промени формата на тестирањето, Филипче рече дека во моментов земајќи ја предвид епидемилошката слика и целокупната состоба во земјата, потребно е спроведување на стратрегијата која подразбира дијагностика само на  пациенти кои имаат симптоми и изолација на нивните контакти. Во некој подоцен момент можеби ќе мора да се прави скрининг на имунитетот на населението, но, како што рече министерот, не во овој момент. Додаде дека и во овој момент идентификување на лицата кои ги почитуваат правилата на ограничување на движењето нема да даде никаков ефект. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-razgleduva-moznosta-za-lekuvanje-so-krvna-plazma-no-ovaa-terapija-ne-pomaga-sekomu/feed/ 0
Турција почна да ги лекува заболените од коронавирус со крвна плазма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-pochna-da-gi-lekuva-zabolenite-od-koronavirus-so-krvna-plazma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-pochna-da-gi-lekuva-zabolenite-od-koronavirus-so-krvna-plazma/#respond Tue, 07 Apr 2020 08:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=328479

Универзитетот во Источна Турција започна со користење на крвна плазма за пасивно да ги имунизира пациентите заразени со новиот коронавирус, јави агенцијата Анадолија. Третманот се изведува со земање плазма од пациент кој се опоравува од Ковид-19, и кој веќе е негативен за коронавирус, објасни ректорот на универзитетот Иниону Ахмет Кизлај, во округот Малатија. – По првпат во Турција, Медицинскиот центар „Тургут Озал“ при Универзитетот зеде плазма од излечен пациент со Ковид-19, користејќи метод наречен плазмафереза ​​и го примени на друг пациент, кој е во многу сериозна состојба во одделот за интензивна нега, рече тој. Целта, објасни Кизлај, пациентот во одделот за интензивна нега да прима антитела од опоравениот пациент. Овој метод претходно се користеше за лекување на САРС (тежок акутен респираторен синдром, исто така предизвикан од коронавирус) и ебола. Лекарот ги повика пациентите третирани со коронавирус да го поддржат овој метод и да донираат плазма, објаснувајќи дека не претставува ризик за веќе излекуваните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-pochna-da-gi-lekuva-zabolenite-od-koronavirus-so-krvna-plazma/feed/ 0