крводарители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jun 2022 10:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png крводарители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Андоновска: Овозможуваме бесплатен паркинг за крводарителите и специјализантите на Клинички центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovska-ovozmozuvame-besplaten-parking-za-krvodaritelite-i-specijalizantite-na-klinichki-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovska-ovozmozuvame-besplaten-parking-za-krvodaritelite-i-specijalizantite-na-klinichki-centar/#respond Thu, 30 Jun 2022 10:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=697774

Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница ја поздрави одлуката за дополнување на ценовникот на Градски паркинг, нагласувајќи дека со оваа одлука на сите крводарители и специјализанти ќе им се овозможи бесплатен паркинг во Клиничкиот центар. Се работи за одлука за дополнување на ценовникот на Градски паркинг. Зошто е оваа точка толку важна? Затоа што се однесува на две групи, а тоа се крводарителите, а тоа се специјализантите. Се однесува за регулирање на плаќање на паркингот на Клиничкиот центар. Четири години крводарителите бараа да бидат ослободени да плаќаат паркинг на Клиничкиот центар, бидејќи во еден период претходно истите тие крводарители беа ослободени, па потоа имаше одредени промени. Не е во ред на најхуманите луѓе оние кои што спасуваат животи да им го укиниме право за бесплатен паркинг на Клиничкиот центар. Така што за поздравување е тоа што повторно крводарителите нема да плаќаат и ќе имаат бесплатен паркинг, истакна Андовска. Втората работа е дека со оваа одлука специјализаните кои што се на Клиничкиот центар, сите специјализанти а знаеме какви години помина, две и пол години во пандемија каде што тие истите специјализанти држеа цели смени во Ковид одделенијата заедно со сите останати. А тие специјализанти мораа да си платат паркинг. Што значи тоа? Тоа значи дека ако дошле навечер да држат смена и го паркираат своето возило таму. Утре дента треба да платат 2000 денари паркинг, а тие вечерта неуморно работеле и тоа без никаков надоместок. Од тие причини со оваа одлука им овозможуваме на специјализантите кои што се таму рамо до рамо со докторите и целиот медицински паркинг, да имаа можност да си платат месечен билет како што тоа го прават сите вработени во тој Клинички центар, рече таа. Андоновска ги повика и советниците од СДСМ да ја поддржат одлуката и да ја исправат неправдата која што е направена од претходната локална власт. Така што ја поздравувам уште еднаш оваа одлука од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, барам и од другите советници да го стори истото. Да ја исправиме неправдата која што беше направена, порача Андоновска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovska-ovozmozuvame-besplaten-parking-za-krvodaritelite-i-specijalizantite-na-klinichki-centar/feed/ 0
MЗ: Во јули регистрирани 714 нови крводарители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vo-juli-registrirani-714-novi-krvodariteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vo-juli-registrirani-714-novi-krvodariteli/#respond Thu, 13 Aug 2020 08:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=390097

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во јули првпат крв дарувале 714 лица. Од нив, 549 се од машки пол, а 165 се од женски пол. Во првата половина од оваа година, вкупно се собрани 20.692 единици крв, соопшти Министерството за здравство. Во однос на состојбата со крвни продукти, од Министерството за здравство посочуваат дека ја следат епидемиолошката состојба во државата со цел безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани. Изминатиот период е обезбеден континуиран прилив на крвни единици, со што е избегната можноста да се почувствува недостиг од крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост и алтруизам. Само со една дарувана ќеса крв може да се спасат и до три или четири животи. Информации за распоредот на крводарителски акции може да се добијат на телефоните: 00389 (0) 23226923, локал 125 при Институтот за трансфузиона медицина. Службите за трансфузиона медицина се наоѓаат во кругот на општите и клиничките болници низ градовите ширум државата, каде што може да се дарува крв, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vo-juli-registrirani-714-novi-krvodariteli/feed/ 0