КСЗД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 17:53:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png КСЗД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворените средби на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжуваат во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sredbi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-prodolzhuvaat-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sredbi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-prodolzhuvaat-vo-gevgelija/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=855999

Граѓаните, членовите на граѓанските организации и претставниците на институциите во Гевгелија и нејзината околина, утре (13 јули 2023) ќе имаат можност за дискусија и подетално запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Оваа средба се одржува во рамки на активноста „Отворени средби“ која ја спроведува КСЗД во насока на подигнување на јавната свест за препознавање на формите на дискриминација, како и за запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата. Преку ваквите отворени средби, членовите на Комисијата остваруваат директна комуникација со граѓаните и претставниците на институциите на локално ниво, како што се судовите, подрачните единици на министерствата, службениците кои се дел од локалната самоуправа, како и претставниците на граѓанскиот сектор. „За нас како Комисија ваквите средби претставуваат можност за отворена дискусија со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите околу формите на дискриминација, нејзиното препознавање, како и за најважното – начинот на постапување во насока на спречување и заштита од дискриминација. Исто така, преку овие дискусии се отвора и можност за поефикасна соработка помеѓу Комисијата, граѓанските организации кои делуваат на локално ниво и институциите, во остварување на заедничката цел – промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација. Истовремено, ваквата комуникација и соработка е од исклучително значење, бидејќи придонесува кон подигнување на јавната свест за формите на дискриминација и начинот на нејзино искоренување“, посочуваат од Комисијата. „Отворени средби“ започнаа минатиот месец во Крива Паланка, каде членот на Комисијата, Ирфан Деари имаше можност за директна комуникација со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво во оваа општина, а продолжи со средба во Гостивар на која учествуваше членот на Комисијата Игор Јадровски. До крајот на оваа година предвидени се и отворени средби во дополнителни шест градови низ земјата. Ваквите средби се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Покрај заштитната улога и постапувањето по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има и превентивна улога која ја спроведува преку едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво. „Отворените средби“ се дел од ваквите активности кои КСЗД ги презема заради ефикасна комуникација со граѓаните и за претставување на Комисијата и на нејзините надлежности во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorenite-sredbi-na-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-prodolzhuvaat-vo-gevgelija/feed/ 0
КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=768156

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство. Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи. – Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска. Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името. На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава. – Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/feed/ 0
КСЗД утврди дека основањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-utvrdi-deka-osnovanjeto-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-gi-diskriminira-i-voznemiruva-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-utvrdi-deka-osnovanjeto-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-gi-diskriminira-i-voznemiruva-makedoncite/#respond Fri, 14 Oct 2022 08:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=745174

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола, соопшти Весна Бендевска, членка на Комисијата на денешната прес-конференција. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-utvrdi-deka-osnovanjeto-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-gi-diskriminira-i-voznemiruva-makedoncite/feed/ 0
КСЗД: Присуството на бугарскиот конзул за време на најавениот увид во Културниот центар во Битола, Комисијата го доживува како обид за влијание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-prisustvoto-na-bugarskiot-konzul-za-vreme-na-najaveniot-uvid-vo-kulturniot-centar-vo-bitola-komisijata-go-dozivuva-kako-obid-za-vlijanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-prisustvoto-na-bugarskiot-konzul-za-vreme-na-najaveniot-uvid-vo-kulturniot-centar-vo-bitola-komisijata-go-dozivuva-kako-obid-za-vlijanie/#respond Fri, 05 Aug 2022 11:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=714551

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа. Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола. – При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Северна Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција. По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката. – Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска. Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-prisustvoto-na-bugarskiot-konzul-za-vreme-na-najaveniot-uvid-vo-kulturniot-centar-vo-bitola-komisijata-go-dozivuva-kako-obid-za-vlijanie/feed/ 0
КСЗД: Четири општи препораки до институциите за отстранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-chetiri-opshti-preporaki-do-instituciite-za-otstranuvanje-na-sistemska-diskriminacija-kon-licata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-chetiri-opshti-preporaki-do-instituciite-za-otstranuvanje-na-sistemska-diskriminacija-kon-licata-so-poprechenost/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=603638

Наместо со формални честитки за одбележување на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реши на овој ден посветен на најмаргинализираната група во нашето општество да дејствува проактивно и објави општи препораки до институциите. Комисијата објави четири општи препораки до институциите за остранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост, со цел унапредување и заштита на правата обезбедени со ратификацијата на конвенцијата на ОН за права на лицата со попреченост. Првата општа препорака се однесува на унапредување на правото на здравтствена заштита и пристапот до вакциналните пунктови на лицата со попреченост во услови на пандемија. Втората е насочена кон унапредување и заштита на човековите права и достоинство на осудените лица со попреченост и почитување на нивниот физички и ментален интегритет за време на издржувањето на казните во казнено-поправни установи и казнено-поправните домови. Третата општа препорака објавена од КСЗД е за обезбедување на пристапност и соодветно приспособување на гласачките места, со што ќе се овозможи еднаков пристап на лицата со физичка попреченост до и во гласачките места ширум земјата. И последната, четврта општа препорака објавена денес се однесува на имплементацијата на одредбите содржани во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во соодветното домашно законодавство со цел да се обезбеди и промовира остварувањето на човековите права и слободи на сите лица со попреченост без каква било дискриминација врз основа на попреченост. Комисијата потенцира дека во државата се уште нема регистар колку лица со попреченост има, во кои делови и со каков вид на попреченост се соочуваат. КСЗД побара од Министерството за труд и социјална политика во најкус рок да формира регистар на лица со попреченост според степен и вид за да може да се проектираат реални и ефикасни политики и мерки. Се бара и сите одредби од Конвенцијата за заштита на овие лица да бидат вградени во домашното законодавство и тоа во што покус период.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-chetiri-opshti-preporaki-do-instituciite-za-otstranuvanje-na-sistemska-diskriminacija-kon-licata-so-poprechenost/feed/ 0