куба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 18:50:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/#respond Tue, 05 Sep 2023 18:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=874921

Куба откри синџир на трговија со луѓе во кој нејзини граѓани се принудувани да се борат за Русија во војната во Украина, соопшти денеска кубанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека властите во Хавана работат на „неутрализирање и разбивање“ на мрежата. Во соопштението на кубанското Министерство се наведуваат само неколку детали, но се нагласува дека синџирот на трговија со луѓе функционира и во рамките на таа карипска островска држава, илјадници километри оддалечена од Москва, но и во рамките на Русија. „Министерството за внатрешни работи работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените сили кои учествуваат во воените операции во Украина“, се вели во соопштението на кубанската влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-razotkri-ruski-sindhir-na-trgovija-so-luge-za-nivno-isprakane-na-frontot-vo-ukraina/feed/ 0
Бела куќа: Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=844558

Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година во глобалните напори на Пекинг да ги зајакне своите способности за собирање разузнавачки информации, изјавија денеска од Белата куќа откако Пентагон извештајот на Волстрит журнал за изградба на таква база го отфрли како неточен. Во извештајот од четвртокот се вели дека Кина ќе ја користи базата за следење американска електронска комуникација како имејл, телефонски повици и сателитска трансмисија, но и за регистрација на пловидбата на бродовите од американска страна. Од Белата куќа додаваат дека администрацијата на Бајден презела мерки да се спротивстави на експанзијата на безбедносното влијание на Кина на глобално ниво. Соопштението, за кое Белата куќа наведува дека е засновано на неодамна декласифицирано разузнавање, следи по извештај на Волстрит журнал објавен во четвртокот во кој се вели дека Кина склучила договор со Куба на островот да гради станица за електронско прислушување. Официјални лица изјавија за весникот дека Кина, како дел од преговорите за ова, планирала да плати на Куба, која се наоѓа во тешка економска положба, милијарди долари. По објавата, Белата куќа соопшти дека статијата на весникот е неточна, но не даде дополнително објаснување. Денеска, пак, оттаму кажаа: „Ова е тековно прашање и не е нешто ново, а аранжманите окарактеризирани во известувањето не се согласни со нашето разбирање“. Како што е посочено, откако дошла на власт во јануари 2021 година, администрацијата на Бајден била брифирана за кинеските напори за воено и разузнавачко ширење на глобално ниво, вкучувајќи проекти во Атлантскиот Океан, Јужна Америка, Блискиот Исток, Централна Азија и тихоокеанско-пацифички регион. Ова вклучува и планови за „објекти за собирање разузнавачки информации“ во Куба, што според соопштението, биле надградени во 2019 година. - Ова е добро познато во разузнавачката заедница. Таа (Кина) ќе се обидува да го засилува своето присуство во Куба, а ние ќе работиме тоа да го осуетиме. Мислиме дека НРК не е таму каде тие се надеваа да бидат“, се наведува во соопштението. Разузнавачките податоци за плановите на Кина во Куба се појавија во изминатите недели и биле исто така споделени и со членови на комитетите за разузнавање во Конгресот. Републиканскиот конгресмен од Охајо, Мајк Тарнер изјави дека со ова соопштение Белата куќа си противречи самата на себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/feed/ 0
Прв американски лет за депортација во Куба од 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-amerikanski-let-za-deportatsija-vo-kuba-od-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-amerikanski-let-za-deportatsija-vo-kuba-od-2020-godina/#respond Tue, 25 Apr 2023 06:48:06 +0000 https://kurir.mk/?p=827178

Првиот авион за депортација од 2020 година вчера полета од САД за Куба, неколку месеци откако земјата се согласи да прифати летови со Кубанци фатени на границата меѓу САД и Мексико за прв пат од пандемијата на Ковид-19. -На 24 април, Управата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го продолжи редовниот процес на депортирање на кубанските државјани кои добија правосилни решенија, рече портпаролот на Министерството за домашна безбедност (ДХС) во соопштени испратено по електронска пошта. Кубанската Влада го потврди пристигнувањето на летот, и на Твитер соопшти дека во авионот имало 40 Кубанци пресретнати во чамци и 83 уапсени на границата меѓу САД и Мексико. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во јануари почна да ги депортира државјаните на Куба, Хаити и Никарагва, кои ја преминале границата меѓу САД и Мексико, назад во Мексико врз основа на т.н. Мерки 42, во исто време отварајќи нови правни патишта за овие групи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-amerikanski-let-za-deportatsija-vo-kuba-od-2020-godina/feed/ 0
Куба се соочува со недостиг на горива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-se-soochuva-so-nedostig-na-goriva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-se-soochuva-so-nedostig-na-goriva/#respond Sat, 15 Apr 2023 14:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=824289

Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин. Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“. Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 до 600 тони дневно. Сè уште немаме јасна претстава за тоа како ќе ја надминеме оваа ситуација, посочи Диаз-Канел. Граѓаните со часови чекаат да наполнат бензин, а од недостигот на гориво погодени се и таксистите, туристите и јавните превозници.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-se-soochuva-so-nedostig-na-goriva/feed/ 0
Нова рунда разговори САД – Куба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-runda-razgovori-sad-kuba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-runda-razgovori-sad-kuba/#respond Mon, 10 Apr 2023 17:00:25 +0000 https://kurir.mk/?p=822554

На 12 април во Вашингтон ќе се одржи нова рунда преговори за миграцијата помеѓу САД и Куба, најавија американските власти. Слична средба беше одржана во ноември минатата година во Хавана, една година откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го рестартираше дијалогот со официјална Хавана, што беше суспендиран за време на неговиот претходник Доналд Трамп. Амбасадата на САД во Хавана продолжи со издавање визи и други конзуларни услуги во јануари оваа година по пауза од 2017 година. Во исто време, администрацијата на Бајден се подготвува за укинување на граничните блокади воведени за време на избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, што ги спречи Кубанците да влезат во САД од Мексико. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-runda-razgovori-sad-kuba/feed/ 0
На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-se-odrzhaa-ushte-edni-parlamentarni-izbori-bez-kandidati-na-opozitsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-se-odrzhaa-ushte-edni-parlamentarni-izbori-bez-kandidati-na-opozitsijata/#respond Mon, 27 Mar 2023 07:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=816757

Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година. Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии. Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да се кандидираат само кандидати од Комунистичката партија. Единствената неизвесност беше колку од околу осум милиони избирачи ќе гласаат. Излезноста на гласачите традиционално е висока во Куба од 1959 година, но опадна на последните избори. Неистомислениците го повикаа населението да го бојкотира, како што велат, лажното гласање. Владата, од друга страна, тврди дека еднопартискиот систем промовира единство. Првите резултати се очекуваат денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-se-odrzhaa-ushte-edni-parlamentarni-izbori-bez-kandidati-na-opozitsijata/feed/ 0
САД ќе и обезбедат на Куба два милиони долари помош по ураганот Иан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-i-obezbedat-na-kuba-dva-milioni-dolari-pomosh-po-uraganot-ian/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-i-obezbedat-na-kuba-dva-milioni-dolari-pomosh-po-uraganot-ian/#respond Wed, 19 Oct 2022 07:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=747397

Вашингтон синоќа најави дека ќе даде два милиони долари итна помош за Куба по минувањето на ураганот Ијан, што Хавана ја прифати. САД му нудат на кубанскиот народ „важна хуманитарна помош“ преку нивната меѓународна агенција за развој и доверливи меѓународни партнери кои директно соработуваат со Кубанците чии заедници беа уништени од ураганот, нагласи Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот во соопштение. Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез преку твит се заблагодари на американската понуда за хуманитарна помош. Тој рече дека два милиони долари ќе бидат наменети за напорите за реконструкција и поддршка за погодените од ураганот. Во ударот на ураганот Ијан на Куба на крајот на септември две лица загинаа, причинета е голема штета, а целиот остров остана без струја.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-i-obezbedat-na-kuba-dva-milioni-dolari-pomosh-po-uraganot-ian/feed/ 0
ВИДЕО: Куба остана без струја по ударот на ураганот Ијан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kuba-ostana-bez-struja-po-udarot-na-uraganot-ijan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kuba-ostana-bez-struja-po-udarot-na-uraganot-ijan/#respond Wed, 28 Sep 2022 06:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=738312

Цела Куба остана без електрична енергија откако ураганот Ијан го погоди западниот дел на земјата оставајќи 11 милиони жители на островот во темнина, соопшти денеска владата на оваа карипска земја. Шефот на кубанската електроенергетска компанија соопшти на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем. Официјални лица велат дека електроенергетскиот систем доживеа тотален колапс откако една од главните централи не можеше повторно да се приклучи на мрежата, јави Би-Би-Си. Во налетите на ураганот Ијан на островот досега се регистрирани две жртви, десетици илјади жители се евакуирани, а бројни згради ширум земјата се оштетени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kuba-ostana-bez-struja-po-udarot-na-uraganot-ijan/feed/ 0
Куба ги легализираше истополовите бракови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/#respond Mon, 26 Sep 2022 18:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=737716

Куба ги легализираше истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за семејниот законик со што се зголемува заштитата на малцинствата на островот, објави денеска Националниот изборен совет на земјата. Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум. Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против. Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца. Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-gi-legalizirashe-istopolovite-brakovi/feed/ 0
На Куба референдум за истополови бракови и сурогат мајчинство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-referendum-za-istopolovi-brakovi-i-surogat-majchinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-referendum-za-istopolovi-brakovi-i-surogat-majchinstvo/#respond Sun, 25 Sep 2022 09:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=737113

Кубанците денеска на референдум ќе одлучат дали сакаат истополови бракови и сурогат мајчинство. Повеќе од осум милини Кубанци, постари од 16 години, имаат право на глас. Кубанците првпат со гласање ќе донесат одлука за некој закон. Со Законот за семејство треба да биде сменет Законот од 1975 година, кој го дефинира бракот како заедница помеѓу маж и жена. Додека Законот за семејство дозволува истополови бракови и сурогат мајчинство (под услов да не се плаќа), но им дозволува и на истополовите парови да посвојуваат деца и им се даваат родителски права на небиолошките родители. Владата на Куба сакаше да го смени Уставот во 2019 година, но го повлече предлогот поради силниот отпор на црквата и конзервативците. Кубанската Католичка црква тврди и дека „детето има право на татко и мајка“. За усвојување на законот потребни се повеќе од 50 отсто од гласовите, а ќе стапи во сила на денот кога ќе бидат познати резултатите од референдумот. Ако Законот биде одобрен, Куба ќе стане деветтата земја во Јужна Америка, која дозволува истополови бракови, по Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Костарика, Чиле, Уругвај и делови од Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-referendum-za-istopolovi-brakovi-i-surogat-majchinstvo/feed/ 0