кучиња трагачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Feb 2023 15:07:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кучиња трагачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Армиските кучиња Кони и Пикси дел од тимот што спаси дете во Турција, неуморно ги пребаруваат урнатините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-armiskite-kuchina-koni-i-piksi-del-od-timot-shto-spasi-dete-vo-turtsija-neumorno-gi-prebaruvaat-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-armiskite-kuchina-koni-i-piksi-del-od-timot-shto-spasi-dete-vo-turtsija-neumorno-gi-prebaruvaat-urnatinite/#respond Sat, 11 Feb 2023 15:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=799295

Кучиња на македонската Армија активно ја продолжуваат потрагата по преживеани под урнатините во Турција. -Инструкторите, Борче со лабрадорот Кони и Сашо со белгискиот овчар Пикси се во неуморно пребарување низ урнатините на Караманмараш, со надеж за пронаоѓање и спасување на човечки животи. Армиските четвороножни херои со нивните инструктори од Центарот за одгледување и обука на кучиња беа во состав на екипата кои пронајдоа и спасија еден детски живот. Остануваме со верба и бескрајна надеж за што повеќе вакви спасувања, велат од Армијата. За потсетување, припадници на македонската Армија беа дел од акцијата за извлекување на пет годишниот Сулејман под рушевините во Караманмараш. Во Турција испратени се близу 60 припадници од армискиот Баталјон за специјални сили. Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош за Турција. Пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-armiskite-kuchina-koni-i-piksi-del-od-timot-shto-spasi-dete-vo-turtsija-neumorno-gi-prebaruvaat-urnatinite/feed/ 0
ФОТО: И кучиња ќе трагаат по возачот и евентуални сопатници од „голфот“ што падна во Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vklucheni-i-kuchinja-tragachi-vo-potragata-po-vozachot-i-eventualnite-sopatnici-od-golfot-shto-padna-vo-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vklucheni-i-kuchinja-tragachi-vo-potragata-po-vozachot-i-eventualnite-sopatnici-od-golfot-shto-padna-vo-vardar/#respond Thu, 29 Sep 2022 11:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=739003

На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот „голф“ што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата. Претставниците на надлежните институции проценуваат дека треба да се бара во реката Вардар, но и надвор од тетовското подрајче, во правец кон Скопје и Велес согласно текот на речната вода. -Ние побаравме да се намали водата од Водостопанство. Но, тоа не е наша надлежност. Тие во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат водостојот. Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ни е на левата, втората на десната страна на Вардар, третата кај мостот Сиричино и четврата ќе ја ангажираме денеска после 13 часот во Зелениково бидејќи претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од Дирекција за заштита и спасување на терен, изјави Ариф Арифи раководител на тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување. Ангажирани се луѓе кои вработени во специјалната антитерористичка единица „Тигри“, другите секции на ДЗС, пожарникари, Општуна Желино. Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес кои во текот на денот треба да извраш пребарување во малото езеро во Зелениково. -Тука сме од седум изутрината, го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па одиме надоле. Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. Почнуваме пак да се враќаме назад, затоа што има многу вода и треба да се провери цел терен пополека. Водата е многу јака и можеби телото е заглавено некаде во длабочината и треба многу време додека го најдеме, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна. Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „голф“ во реката Вардар од кај мостот кај Желино. Засега се трага по 22 годишниот кумановец Е.Р, чие семејство го поседува автомобилот. Се уште се утврдува и дали имало и други сопатници во возилото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vklucheni-i-kuchinja-tragachi-vo-potragata-po-vozachot-i-eventualnite-sopatnici-od-golfot-shto-padna-vo-vardar/feed/ 0