кучиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 15:33:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кучиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колку кучиња гледате на оваа слика? Оптички тест кој ја открива вашата ментална возраст https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-kuchina-gledate-na-ovaa-slika-optichki-test-koj-ja-otkriva-vashata-mentalna-vozrast/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-kuchina-gledate-na-ovaa-slika-optichki-test-koj-ja-otkriva-vashata-mentalna-vozrast/#respond Tue, 03 Oct 2023 15:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=884669

Интересен оптички тест ќе ви открие нешто што веројатно не сте го знаеле за себе. Во зависност од тоа колку кучиња гледате на сликата, ќе добиете информации за тоа колку сте ментално зрели, дали вашиот мозок ја следи вашата календарска возраст, дали изгледате помладо или постаро. Четири Човек кој гледа четири кучиња е ментално на возраст меѓу 20 и 25 години, без разлика на тоа колку години всушност има. Овие луѓе се уметници и сакаат да читаат. Не сакаат бучава, но затоа уживаат во пиењето кафе во кафуле. Пет Оваа бројка вели дека мозокот на човекот е стар помеѓу 25 и 30 години. Луѓето кои гледаат толку многу кучиња не сакаат комплицирани работи, имаат мал круг на вистински пријатели и често не запаѓаат во неволја. Шест Луѓето кои гледаат шест кучиња имаат мозок кој е на ментална возраст помеѓу 30 и 40 години. Стабилни се и ги држат стапалата цврсто на земја, а пријателите често ги прашуваат за совет. Седум Оние кои ќе видат седум кучиња се уште се деца во срцето. Нивната ментална возраст е помеѓу 10 и 20 години. Тоа само значи дека се наивни, едноставни и љубезни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-kuchina-gledate-na-ovaa-slika-optichki-test-koj-ja-otkriva-vashata-mentalna-vozrast/feed/ 0
Јужна Кореја ќе забрани јадење кучиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=879058

Јужнокорејските пратеници планираат да воведат легислатива насочена кон забрана на продажба и консумирање на кучешко месо, контроверзен вековен обичај кој во моментов ниту е експлицитно забранет ниту легализиран. Според извештаите на медиумите, актот беше предложен од главната опозициска Демократска партија во четвртокот и веднаш доби поддршка од владејачката Партија на моќта на народот, која ќе донесе доволно гласови за усвојување на законот. „Околу 10 милиони јужнокорејски домаќинства одгледуваат домашни миленици. Сега е време да се стави крај на јадењето кучиња“, рече шефот на политичкиот комитет на владејачката партија, Парк Дае-Чул, цитиран од Блумберг. Првата дама ја поддржа забраната за сите видови трговија и консумирање кучешко месо. Минатиот месец, таа го повика Националното собрание да донесе закон за ставање крај на оваа практика и вети дека „ќе води кампања и ќе вложи напори за да се стави крај на консумирањето кучешко месо“. „Луѓето и животните треба да коегзистираат“, рече таа на прес-конференцијата организирана од граѓанска група кон крајот на август, додавајќи дека „треба да се стави крај на незаконските активности со кучешко месо“. Консумирањето кучешко месо е вековен обичај на Корејскиот полуостров, но во последните неколку години е во опаѓање. Во последниве години, бројот на фарми низ Јужна Кореја е намален за половина, но од 700.000 до еден милион кучиња сè уште се колат секоја година, што е пад од милионите од пред една деценија, според здружението на фармерите на кучиња. Претходните обиди на владата целосно да ја забрани индустријата за кучешко месо беа спротивставени од фармерите на кучиња и сопствениците на ресторани поради страв да не ја загубат својата егзистенција. Фармерите тврдат дека кучињата кои се одгледуваат за нивното месо се разликуваат од домашните миленици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/feed/ 0
Продолжете им го животот на своите кучиња со ОВИЕ важни совети од ветеринарите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prodolzhete-im-go-zhivotot-na-svoite-kuchina-so-ovie-vazhni-soveti-od-veterinarite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prodolzhete-im-go-zhivotot-na-svoite-kuchina-so-ovie-vazhni-soveti-od-veterinarite/#respond Sat, 09 Sep 2023 13:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=876342

Ветеринарите доктори Азиза Глас и Герардо Перез-Камарго ја нагласува важноста на љубовта, грижата и висококвалитетната храна за здравјето на постарите кучиња и како тоа може да им го продолжи животот. Редовните ветеринарни прегледи, урамнотежена исхрана, чистење на забите и одржување на здрава телесна тежина се клучни фактори. Дополнително, тие додаваат дека е важно на кучињата да им се обезбеди ментална стимулација и љубов за да им биде животот исполнет и среќен. Редовни ветеринарни прегледи Редовните ветеринарни прегледи се клучни за рано откривање на болеста и навремено лекување. Тие вклучуваат годишни испитувања за возрасни кучиња и кученца и полугодишни прегледи за постари кучиња. Урамнотежена и хранлива исхрана Хранењето на вашето куче со квалитетна и свежа храна помага да се зачува здравјето и да се спречат болести. Свежата храна може да го отвори апетитот и да обезбеди важни хранливи материи. Чистење на забите Редовното чистење на забите и одржувањето на оралното здравје е важно за спречување на пародонталните заболувања и зачувување на општото здравје на кучето. Одржување здрава телесна тежина Дебелината може да има сериозни здравствени последици за кучињата, вклучително и развој на дијабетес и други болести. Следењето на тежината и редовна физичка активност се важни за одржување на идеална телесна тежина. Со примена на овие совети, сопствениците на кучиња можат да му помогнат на својот миленик да живее подолг и поздрав живот, пренесува Newsweek.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prodolzhete-im-go-zhivotot-na-svoite-kuchina-so-ovie-vazhni-soveti-od-veterinarite/feed/ 0
Одморот со куче може да ви стане ПЕКОЛ: Мора да сте внимателни, овие работи се многу ОПАСНИ за вашето милениче https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odmorot-so-kuche-mozhe-da-vi-stane-pekol-mora-da-ste-vnimatelni-ovie-raboti-se-mnogu-opasni-za-vasheto-mileniche/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odmorot-so-kuche-mozhe-da-vi-stane-pekol-mora-da-ste-vnimatelni-ovie-raboti-se-mnogu-opasni-za-vasheto-mileniche/#respond Sat, 08 Jul 2023 17:59:46 +0000 https://kurir.mk/?p=854429

Доколку решивте да го поминете летниот одмор покрај море или езеро, каде друштво ќе ви прават вашите шепасти пријателчиња, внимавајте на потенцијалните опасности кои можат да им нанесат сериозни повреди на кучињата. Песочна импакција Верувале или не, некои кучиња јадат песок на плажа. Но, повеќето домашни миленици случајно голтаат песок додека копаат или си играат со топка или играчка. Ако кучето изеде одредена количина песок, тоа може да предизвика блокада во цревата, попозната како песочна импакција. Знаци на оваа сериозна состојба, која бара итен ветеринарен третман, се повраќање, дехидрација и болки во стомакот. Пливање во море Не претпоставувајте дека вашето куче знае да плива. Тоа е вештина која мора да се научи. Некои раси се природно силни пливачи, но некои кучешки раси, едноставно, не се родени за оваа активност. Ако вашето куче не е навикнато да плива, морето не е место за почеток, затоа погрижете се да не навлегува во длабокото. Мртви риби Не дозволувајте кучето да изеде мртва риба од плажа. Одредени видови риби содржат опасни токсини кои можат сериозно да му наштетат на кучето. Веруваме дека дел од сопствениците на домашни миленици се запознаени со случајот со кучето од Северен Норфолк, кое почина откако изеде парчиња мртви риби на морскиот брег. Силни бранови Дури и ако вашето куче е добар пливач, постои ризик да биде однесено од голем бран. Внимавајте во ветровитите денови, бидејќи брановите се силни и не дозволувајте кучето да оди предалеку. Брановите и струите можат да го изморат, затоа не би било лошо да купите елек за спасување за кучиња. Труење со солена вода Ако забележите дека вашето куче се обидува да пие морска вода – запрете го! Солта, бактериите и паразитите во водата можат да му наштетат. За да го спречите кучето да пие солена вода, носете доволно чиста, свежа вода на плажата за често да му нудите на кучето. Исто така, можете да спречите иритација на кожата и шепите од сол со испирање со свежа вода. Повреди со јадици Ако се на плажа која е популарна кај риболовците, внимавајте на фрлените јадици. Овие метални жички може да предизвикаат сериозни повреди во устата на кучето, или кучето да ги проголта и да создаде уште поголем проблем. Дополнително, кучињата може да претрпат повреди на шепите доколку згазнат на фрлена јадица. Непознати предмети На плажата секогаш има искушенија во вид на фрлено ѓубре, играчки и школки. Внимателно следете го вашето куче и спречете го доколку сакате да не изеде нешто што му наликува на храна. Исто така, внимавајте да не се повредат со предмети со остри рабови, како скршени играчки на плажата. Медузи Кучињата се многу љубопитни животни и сакаат да истражуваат, па затоа можат да налетаат и на медузи. Овие морски суштества често демнат во плитка вода или се заглавуваат на брегот. Многу видови се безопасни, но има и такви кои можат да предизвикаат многу непријатни повреди. Напор на сонце Имајте на ум дека трчањето на песок бара многу повеќе напор отколку трчањето на трева. Преголемата физичка активност, особено на летното сонце, брзо може да доведе до топлотен удар, затоа бидете внимателни. Палмино масло Палминото масло често се појавува на плажите. Ако кучето го излиже, маслото може да му предизвика сериозно повраќање и дијареа и да доведе до негова дехидрација. Дали алгите се добри за кучињата? Алгите се вреднуваат како извор на витамини и минерали. Сепак, исушените алги кои се акумулираат на плажата можат да бидат опасни за кучињата. Ако кучето ги изеде, тие може да отечат во стомакот и да се заглават во цревата. Ако кучето проголта голема количина суви алги на плажа, веднаш контактирајте го неговиот ветеринар. Опасни температури Нека не ве лаже свежото ветре што дува на плажата, бидејќи тоа не ја намалува температурата на воздухот. Без разлика дали вашето куче е под чадор или сте на излет, обезбедете му засенчено место и многу свежа вода за да избегнете топлотен удар. Одење по врел песок Сонцето може да го загрее песокот до опасни температури. Ако вам ви е премногу топло за да одите боси по песокот, премногу е топло и за шепите на вашето куче. Ако планирате да ја посетите плажата со вашето куче, направете го тоа рано наутро или доцна попладне. Изгореници од сонце Исто како и луѓето, така и кучињата можат да изгорат од сонце. Расите со кратко/бело крзно и розови уши треба да бидат особено внимателни во топлите денови. Користете крема за сончање направена специјално за кучиња и избегнувајте нивно изложување на сончеви зраци во најтоплиот дел од денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odmorot-so-kuche-mozhe-da-vi-stane-pekol-mora-da-ste-vnimatelni-ovie-raboti-se-mnogu-opasni-za-vasheto-mileniche/feed/ 0
Марихуаната е штетна за кучињата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/marihuanata-e-shtetna-za-kuchinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/marihuanata-e-shtetna-za-kuchinata/#respond Fri, 30 Jun 2023 07:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=851086

Чадот од марихуана може лошо да влијае врз миленичињата и да го загрози нивниот живот, според германската ветеринарка Моира Герлах. - Додека пушите марихуана, секогаш внимавајте Вашите миленици да не се во собата. Но, и ако Вашето куче случајно ги изеде вашите „колачиња“ (со марихуана), веднаш контактирајте го вашиот ветеринар. Доколку пак, минале помалку од два часа откако животното го проголтало колачето, ветеринарот може да предизвика повраќање за да се исфрли штетната материја. Но, дури и ако подоцна забележите дека колачињата ги нема, сепак треба да се консултирате со ветеринар. Важно е и да не лажете за консумирањето канабис. Искрено пријавете што зело животното, препорачува Герлах. Доколку не се знае дали домашното милениче проголтало канабис, тоа може да се препознае по симптомите на интоксикација. Невролошки симптоми, како проширени зеници, тетеравење, тресење, грчеви, како и лигавење или повраќање - тоа се најчестите знаци. Сериозноста на симптомите може да варира во зависност од животното и количината што се внела. Марихуаната може да влијае и така што животните ќе покажат немир или апатија, како и зголемена гласност, агресивност, гризење. Во случај на вакви појави, Герлах препорачува итна консултација со ветеринар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/marihuanata-e-shtetna-za-kuchinata/feed/ 0
Жена нападната и касната од кучињата на нејзиниот сосед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zhena-napadnata-i-kasnata-od-kuchinata-na-nejziniot-sosed/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zhena-napadnata-i-kasnata-od-kuchinata-na-nejziniot-sosed/#respond Sat, 17 Jun 2023 18:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=846905

На 16.06.2023 во 17:20  часот во Полициска станица Куманово К.Д.(32) пријавила дека во дворното место од куќата каде живее во Куманово била нападната и касната од кучиња сопственост на нејзиниот сосед Р.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zhena-napadnata-i-kasnata-od-kuchinata-na-nejziniot-sosed/feed/ 0
Билко: Лајка не го решава проблемот со кучиња, потребно е системско и трајно решение за да се реши овој проблем https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bilko-lajka-ne-go-reshava-problemot-so-kuchina-potrebno-e-sistemsko-i-trajno-reshenie-za-da-se-reshi-ovoj-problem/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bilko-lajka-ne-go-reshava-problemot-so-kuchina-potrebno-e-sistemsko-i-trajno-reshenie-za-da-se-reshi-ovoj-problem/#respond Sat, 22 Apr 2023 12:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=826405

Снежана Билко, самостоен активист за права на бездомните кучиња на денешната панел дискусија ,,Законска регулација на урбано чување на миленици, нужност и потреба" зборуваше за ситуацијата со уличните, бездомните кучиња во Скопје каде јасно потенцираше дека ваквата ситуација е крајно алармантна. -Ситуација е алармантна, многу е трагична во Скопје. Во Скопје има безброј улични кучиња, во секоја населба. Неодамна се преселив во нова населба и можам да направам споредба со старата каде што живеев, и ситуацијата е иста многу има бездомни животни. Гледам постои Лајка, гледам, следам што се случува, дали нешто се решава, но гледам дека нема никакво одење напред, гледам дека нема решение и гледам дека само се множат, така што цело Скопје ни е преплавено. Јас истото мислење го имам за сите градови низ Македонија, но еве за Скопје ќе се задржам, преплавено ни е Скопје од бездомни кучиња, рече таа. Билко во текот на своето обраќање се осврна и на убиствата на овие бездомни кучиња. -За жал сведоци сме наназад, јас одам на сите можни протести на се што ќе стигнам, се уклучувам и во живо на мојот фб профил, секогаш говорам за труењата, за убиствата. Денеска случајно или не, ми излезе на меморис поточно сеќавање пред 3 години се случило убиство во Виница, убиство на неколку кучиња, и сметам дека свеста на народот е на премногу, премногу ниско ниво. И народот се доведува до една фаза каде што сам сака да се справи со бездомните кучиња, го зема решението во свои раце, кажа Билко. Таа во врска со проблемот со бездомните кучиња посочи дека потребно е овие кучиња да се тргнат од улица и на хуман начин да се изнајде решение за нив. -Јас сум голем љубител на кучиња, вдомив 3 кучиња од улица, јас лично сум била во ситуација, каде што не сум била нападната, но ете не бркале уличните кучиња дали дека сум била со моите кучиња, не знам и не било воопшто пријатно. И ние сакаме да се тргнат тие кучиња од улица, но на хуман третман, на хуман начин да се најде решение, вели Билко. Во врска со Лајка која треба да води грижа за бездомните кучиња укажа дека Лајка воопшто не прави ништо за да се надмине овој проблем. -Јас бев првата која што се прерадував кога се отвори Лајка, бев многу радосна и среќна и видов дека не се наоѓа никакво решение. Јас тоа го замислував дека кога ќе се отвори Лајка дека веќе нема да имаме бездомни кучиња, ама сфатив дека сум била во заблуда. Значи апсолутно не се решава така проблемот залови, кастрирај, стелизирај, врати на место. Што правиме со тоа? Ништо. Кучето е повторно на улица, повторно ќе дојде некое друго, повторно ќе се појават кучиња кои не се стерилизирани, се размножуваат и така секојдневно, заклучи таа. Билко во врска со овој проблем со бездомните кучиња предложи решение каде секоја општина треба да има прифатилишта за тие кучиња и општината ќе треба да одвои буџет за да може овие кучиња да се одгледуваат. -Јас сметам дека мора да се изнајде трајно решение, системско. Јас лично тоа го имам како предлог замислено да секоја општина си направи стационари-прифатилишта каде што тие бездомни улични кучиња ќе бидат сместени, ќе си имаат хуман третман, ќе си бидат нахранети, уредно чувани, да се прават огласи и да се вдомуваат тие кучиња. Другите кои ќе останат да се одвои буџет и со тој буџет да може да се одгледуваат т.е ќе се грижат тие стационари за ти кучиња кои се внатре. Тоа е некој буџет кој секоја општина мора да го одвои и да каже ова е за бездомните улични кучиња и сите ќе бидат среќни и граѓаните слободно ќе шетаат, додаде Билко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bilko-lajka-ne-go-reshava-problemot-so-kuchina-potrebno-e-sistemsko-i-trajno-reshenie-za-da-se-reshi-ovoj-problem/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ: Две кучиња го искасале до смрт 8- годишното дете во Пинтија, изолирани се и ставени под надзор на ветеринар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-dve-kuchina-go-iskasale-do-smrt-8-godishnoto-dete-vo-pintija-izolirani-se-i-staveni-pod-nadzor-na-veterinar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-dve-kuchina-go-iskasale-do-smrt-8-godishnoto-dete-vo-pintija-izolirani-se-i-staveni-pod-nadzor-na-veterinar/#respond Wed, 12 Apr 2023 12:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=823235

Кучињата кои го нападнале осумгодишното дете во скопската населба Пинтија се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека кучињата се уредно идентификувани со микрочип. Официјален ветеринар ќе го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот. - Лично како човек и како директор на АХВ изразувам најдлабоко жалење за трагедијата во кој згасна млад човечки живот. Од направениот увид утврдено е дека во немилиот настан учествувале две кучиња кои имаат сопственик. Кучињата се уредно идентификувани со микрочип и тие сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак „Пази куче“, вели директорот на АХВ Николче Бабовски. Со контролата ќе се испитува и дали сопственикот на кучињата ги испочитувал одредбите од законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн. Согласно Законот, се дава налог кучињата да се стават под официјален надзор за болеста беснло од страна на ветеринар за период од 15 дена, а по завршувањето на опсервацијата се издава сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста. Двете кучиња од расата „англиски мастиф“ се регистрирани и во Кинолошкиот сојуз. Едното е увезено од Србија, а другото од Белорусија. Оттаму за МИА изјавија дека се работи за кучиња од поголем раст, кои учествувале на изложби и кои се добро одгледани и социјализирани. - Се работи за кучиња од поголем раст, меѓутоа напоменувам дека кучињата учествувале на изложби што значи дека се социјализирани затоа што на изложби за убавина мора кучињата да бидат добро одгледани и социјализирани со други животни и со луѓе, вели претседателот на Кинолошкиот сојуз, Јордан Христовски. Тој додава дека Кинолошкиот сојуз нема информации дали сопственикот чувал други кучиња. Христовски изрази сочувство до семејството на детето и апелира до јавноста да се воздржи од паушални изјави. - Сочувство на фамилијата на детето за немилиот настан. Апелирам до јавноста да се воздржи од паушални коментари и да остават на надлежните институции да изработат детален извештај за причините под кои се случи настанот, вели Христовски. Од „Анима мунди“ за МИА изјавија дека ќе се произнесат доколку проценат дека има основ за тоа по официјалните ставови на институциите. Од Обвинителството денеска информираа дека надлежен јавен обвинител излегол на лице место и дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај. - Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, информираа од Јавното обвинителството. Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, во поглед на држење на опасни кучиња, сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба кучето да го чува во заграден простор или врзано и при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице. Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата се опасни или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-dve-kuchina-go-iskasale-do-smrt-8-godishnoto-dete-vo-pintija-izolirani-se-i-staveni-pod-nadzor-na-veterinar/feed/ 0
Скопјани „искасапени“ од кучиња скитници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjani-iskasapeni-od-kuchina-skitnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjani-iskasapeni-od-kuchina-skitnitsi/#respond Sat, 25 Feb 2023 10:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=804902

На 24.02.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Бит Пазар И.И.(23) од Скопје пријавила дека на ул.“Лазар Трповски“ била касната од куче скитник. На 24.02.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Карпош М.Н.(40) од Скопје пријавила дека на ул.“Прашка“ била касната од куче скитник. На 24.02.2023 во 17.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Б.М.(59) од Скопје пријавила дека на ул.“Лука Геров“ била касната од куче скитник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjani-iskasapeni-od-kuchina-skitnitsi/feed/ 0
КУЧЕ СПАСЕНО 200 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ Слушнале лаење, а потоа се појавило слатко кученце, час подоцна следело уште едно чудо (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuche-spaseno-200-chasa-po-zemjotresot-slushnale-laene-a-potoa-se-pojavilo-slatko-kuchentse-chas-podotsna-sledelo-ushte-edno-chudo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuche-spaseno-200-chasa-po-zemjotresot-slushnale-laene-a-potoa-se-pojavilo-slatko-kuchentse-chas-podotsna-sledelo-ushte-edno-chudo-foto/#respond Thu, 16 Feb 2023 16:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=801383

Португалски спасувачки тим во турската провинција Хатај во вторникот спаси куче по име Тарчин, кое беше под урнатините околу 200 часа по разорниот земјотрес на 6 февруари, објавија локалните медиуми. Повеќе од една недела по земјотресот што ја погоди југоисточна Турција, португалски тим спаси златен ретривер од урнатините во областа Антакија, објави португалската национална новинска агенција (Луса). Тимот слушнал лаење. Отпрвин не можеле да препознаат од каде доаѓа звукот, но на крајот сфатиле дека доаѓа од урнатините, јавува Анадолија. Со правење дупка во ѕидот, тимот успеа да отвори премин за Тарчин да избега од урнатините. Видно ослабен, Тарчин имал повреди и на муцката и шепите, што е знак дека „се обидувал да го пробие ѕидот и да најде излез“, изјави за Луса координаторот на тимот на португалската републиканска гарда Андре Роза. Еден час откако бил спасен, на Тарчин му се придружил неговиот сопственик Танер, кој му се заблагодарил на тимот за спасувањето. Филипе Мело, еден од членовите на португалскиот спасувачки тим на теренот, рече дека тоа биле моментите што ги охрабриле да продолжат и напорно да работат. Португалски спасувачки тим пристигна во Турција минатиот четврток со 13 тони опрема и шест кучиња спасувачи.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuche-spaseno-200-chasa-po-zemjotresot-slushnale-laene-a-potoa-se-pojavilo-slatko-kuchentse-chas-podotsna-sledelo-ushte-edno-chudo-foto/feed/ 0