куфер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Oct 2022 05:24:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куфер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови детали за смртта на малата Лола која го крена Париз на нозе, на телото на девојчето пронајдени два броја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-za-smrtta-na-malata-lola-koja-go-krena-pariz-na-noze-na-teloto-na-devojcheto-pronajdeni-dva-broja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-za-smrtta-na-malata-lola-koja-go-krena-pariz-na-noze-na-teloto-na-devojcheto-pronajdeni-dva-broja/#respond Sun, 16 Oct 2022 15:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=746053

Француските медиуми објавуваат нови детали околу бруталното убиство на 12-годишното девојче Лола во петокот вечерта во Париз, чие тело беше пронајдено во куфер на улица недалеку од зградата во која живееше со родителите. Откако во петокот не се вратила од училиште, нејзините родители ја алармирале полицијата и почнале да ја бараат. Во саботата вечерта бездомник го пронашол телото во куфер на улица.
Нејзината мајка претходно објавила слика на Фејсбук од девојчето и жената за која се верува дека ја намамила и киднапирала. -Внимание! Нашата ќерка Лола е киднапирана. Последен пат е видена со девојка која не ја познаваме на влезот од нашата зграда. Ве молиме помогнете ни!, напишала мајката која објавила и скриншот од надзорната камера. На видеото се гледа како девојчето влегло во зградата во друштво на жена непозната за нејзините родители, но никогаш не стигнала до нејзиниот стан по враќањето од училиште. Полицијата во подрумот пронашла траги од борба, селотејп и скалпел.
Претходно беше објавено дека непозната жена побарала помош од девојка околу куферот, но BFMTV подоцна објави дека очевидци рекле дека жената од видеото побарала помош од нив за тешкиот куфер и дека и помогнале да го однесе до автомобилот. Тврдат и дека ја виделе како купува кроасан. Во тоа време, се верува дека во нејзиниот куфер било телото на малото девојче. Телото на девојчето во петокот околу 23 часот и 30 минути го пронашол бездомник кој го отворил куферот. Лицето и било покриено со селотејп лента, грлото наводно и било пресечено, а обдукцијата утврдила дека причина за смртта е задушување.
BFMTV пишува дека на телото на девојката биле испишани два броја - 1 и 0. Засега никој не знае што значи тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-za-smrtta-na-malata-lola-koja-go-krena-pariz-na-noze-na-teloto-na-devojcheto-pronajdeni-dva-broja/feed/ 0
УЖАС ВО ПАРИЗ: Тело на девојче пронајдено во куфер откако не се вратила од училиште (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-pariz-telo-na-devojche-pronajdeno-vo-kufer-otkako-ne-se-vratila-od-uchilishte-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-pariz-telo-na-devojche-pronajdeno-vo-kufer-otkako-ne-se-vratila-od-uchilishte-video/#respond Sat, 15 Oct 2022 14:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=745777

Тело на 12 годишно девојче е пронајдено во куфер во Париз, јавуваат француските медиуми. Нејзиниот татко се загрижил бидејќи таа не се вратила од училиште, а случајот во полицијата го пријавила мајката на девојчето. Започната била итна истрага, по што траги на киднапирање биле пронајдени во подрумот од семејниот дом. На видео снимките од надзорните камери се гледа дека жена пред зградата носи куфер, кој подоцна е пронајден неколку улици подалеку. Во куферот било пронајдено телото на девојчето. Лицето и било прекриено со трака и имала неколку расеченици на грлото. Обдукција ќе биде извршена з да се утврдат точните причини за смртта и повредите на девојчето. Во притвор се наоѓаат четири лица, меѓу нив е и мажот кој ја повикал полицијата откако го пронашол куферот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-pariz-telo-na-devojche-pronajdeno-vo-kufer-otkako-ne-se-vratila-od-uchilishte-video/feed/ 0
Во куфери купени на аукција пронајдени тела на две деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kuferi-kupeni-na-aukcija-pronajdeni-tela-na-dve-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kuferi-kupeni-na-aukcija-pronajdeni-tela-na-dve-deca/#respond Thu, 18 Aug 2022 07:57:01 +0000 https://kurir.mk/?p=720313

Посмртни останки на две деца се пронајдени во куфери купени на аукција во магацин во Окланд, Нов Зеланд. Локалната полиција инфомира дека, жртвите првично се на возраст меѓу пет и десет години. Куферите биле откриени меѓу работи купени на големо во тој магацин. Истрагата е во тек, а полицијата работи на идентификација на жртвите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kuferi-kupeni-na-aukcija-pronajdeni-tela-na-dve-deca/feed/ 0
ДУРИ НИ ГЕОРГИНА НЕМА ВАКВО НЕШТО: Драгана Мирковиќ доби подарок од „Луj Витон“ со нејзини иницијали, ќе ви се заврти во глава од цената (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/duri-ni-georgina-nema-vakvo-neshto-dragana-mirkovikj-dobi-podarok-od-luj-viton-so-nejzini-inicijali-kje-vi-se-zavrti-vo-glava-od-cenata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/duri-ni-georgina-nema-vakvo-neshto-dragana-mirkovikj-dobi-podarok-od-luj-viton-so-nejzini-inicijali-kje-vi-se-zavrti-vo-glava-od-cenata-foto/#respond Wed, 02 Feb 2022 10:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=625822

Драгана Мировиќ народот ја смета за многу скромна жена, која се грижи само за семејството, домот и кариерата. Никогаш не им придавала значење на луксузните предмети, иако очигледно ги има во изобилство. Таа сигурно не е од оние кои се фалат со скапоцени работи, но сега направи исклучок, па го покажа брендираниот подарок што го доби. Имено, пејачката на социјалните мрежи објави дека нејзината колекција куфери е побогата за уште еден. Станува збор за куфер на реномираниот француски бренд „Луj Витон“, чија цена се движи до вртоглави 5.000 евра. Во атрактивен монограмски принт и со нејзините иницијали, куферот ја воодушеви Драгана, која го објави на „Инстаграм стори“, поради што многумина и завидуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/duri-ni-georgina-nema-vakvo-neshto-dragana-mirkovikj-dobi-podarok-od-luj-viton-so-nejzini-inicijali-kje-vi-se-zavrti-vo-glava-od-cenata-foto/feed/ 0
Македонец се обидел да влезе во Србија со куфер со облека натопена во кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-se-obidel-da-vleze-vo-srbija-so-kufer-so-obleka-natopena-vo-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-se-obidel-da-vleze-vo-srbija-so-kufer-so-obleka-natopena-vo-kokain/#respond Mon, 20 Dec 2021 13:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=610867

Српски цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, спречија 51-годишен државјанин на Македонија да влезе во Србија со куфер полн со облека натопена со кокаин, јави дописникот на МИА од Белград. Како што наведува Царинската управа, македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното. Штом патникот го отворил куферот се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во багажот била влажна. Во куферот немало ништо друго освен облека, чевли и средства за лична хигиена, иако патникот рекол дека дошол од Еквадор, каде што 13 дена престојувал кај пријател. – На прашање на царинските службеници зошто се влажни работите, патникот изјавил дека во земјата од каде доаѓа има висока влажност, па испраните алишта не успеале да се исушат, соопшти Царинската управа. По консултации со Обвинителството, наредено е багажот привремено да биде задржан и да се испрати на вештачење, а наодите на Националниот центар за криминалистичка форензика на српското МВР потврдиле дека примероците се позитивни на кокаин. Против државјанинот на Северна Македонија ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнеж за трговија со дрога. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-se-obidel-da-vleze-vo-srbija-so-kufer-so-obleka-natopena-vo-kokain/feed/ 0
На аеродромот дознале дека куферот им е тежок три килограми повеќе – не сакале да доплатат, па решиле да го отворат – останале во шок од глетката https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-aerodromot-doznale-deka-kuferot-im-e-tezok-tri-kilogrami-povekje-ne-sakale-da-doplatat-pa-reshile-da-go-otvorat-ostanale-vo-shok-od-gletkata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-aerodromot-doznale-deka-kuferot-im-e-tezok-tri-kilogrami-povekje-ne-sakale-da-doplatat-pa-reshile-da-go-otvorat-ostanale-vo-shok-od-gletkata/#respond Thu, 21 Oct 2021 12:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=583167

Сите кои патуваат со авион речиси маки мачат со вишокот на килограми во куферите по мерењата на аеродромите низ целиот свет. Истото му се случило и на еден пар од САД кога на патот за Лас Вегас им било соопштено дека имаат три килограми вишок и мора да фрлат неколку работи од него. Џеред и Кристи не сакале дополнително да плаќаат пари за вишокот на килограми, па се одлучиле да го отворат куферот и да фрлат нешто од него. Меѓутоа кога го отвориле, внатре пронашле нешто што никако не е за фрлање. Имено во куферот се гурнало нивното куче Ики од расата Чивава кое најверојатно додека се пакувале влегло внатре меѓу алиштата. За среќа Ики е откриен на време, бидејќи прашање на време е дали ќе преживееше на летот до Лас Вегас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-aerodromot-doznale-deka-kuferot-im-e-tezok-tri-kilogrami-povekje-ne-sakale-da-doplatat-pa-reshile-da-go-otvorat-ostanale-vo-shok-od-gletkata/feed/ 0
Во овој куфер се наоѓа тајната на американската моќ: Прв пат во историјата поранешниот претседател нема да го отстапи на сегашниот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovoj-kufer-se-naogja-tajnata-na-amerikanskata-mokj-prv-pat-vo-istorijata-poraneshniot-pretsedatel-nema-da-go-otstapi-na-segashniot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovoj-kufer-se-naogja-tajnata-na-amerikanskata-mokj-prv-pat-vo-istorijata-poraneshniot-pretsedatel-nema-da-go-otstapi-na-segashniot-foto/#respond Wed, 20 Jan 2021 15:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=457613

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, денеска нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден. Неговото отсуство ќе има влијание врз еден од најважните детали на денот на инаугурацијата - предавањето на т.н. нуклеарен куфер на новиот шеф на Белата куќа. Официјално, нема објаснување за тоа како Трамп ќе го предаде нуклеарниот куфер на Бајден, кој му служи на американскиот претседател за да може да лансира нуклеарни ракети во секое време, а го носи воен соработник, кој мора да биде со претседателот нон-стоп. Обично, куферот се предава на друг помошник кој стои покрај новоизбраниот претседател на инаугурацијата, во овој случај Бајден, додека тој положува заклетва, објаснува „Си-ен-ен“. Меѓутоа, денеска размената ќе се случи малку поинаку од вообичаеното, бидејќи Трамп ќе замине на Флорида. Се верува дека нуклеарниот куфер ќе биде со него цело време, велат експертите, што значи дека ќе има најмалку два куфера на различни локации. Повремениот автор на текстови во „Атомик сајантистс“, Стивен Шварц, објасни како стојат работите. „Има најмалку три, веројатно четири идентични куфери. Едниот оди со актуелниот претседател, другиот е со потпретседателот, а третиот традиционално е покрај личност наменета да преживее важни настани, како што е инаугурацијата. Денес, еден куфер ќе биде надвор од градот, што значи дека само куферот на потпретседателот Пенс ќе биде во Вашингтон, освен ако воената канцеларија на Белата куќа не подготви еден и за Бајден“, изјавил тој за Си-ен-ен. Кодовите за активирање на куферот на Трамп ќе важат до 11.59 часот по локално време, по што ќе бидат исклучени. „Според 20-тиот амандман, Доналд Трамп е претседател до 11:59:59 и дотогаш има законско овластување да го користи нуклеарниот арсенал. Ако помошникот го придружува на Флорида, тој ќе треба да го напушти Трамп напладне и да се врати во Вашингтон, со куферот“, објаснува Шварц. Доколку Трамп сака да нареди нуклеарен напад во 12.01, наредбата нема да биде валидна и воените команданти немаат обврска да ја извршат истата, а потоа кодовите ќе станат неважечки. Во меѓувреме, Бајден ќе го добие својот „бисквит“ (пластична картичка со шифри за нуклеарен напад) веројатно рано наутро, пред инаугурацијата, како и потпретседателката Камала Харис, која ќе биде информирана за постапката за започнување на нуклеарен напад, но нивните кодови нема да бидат активни до пладне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovoj-kufer-se-naogja-tajnata-na-amerikanskata-mokj-prv-pat-vo-istorijata-poraneshniot-pretsedatel-nema-da-go-otstapi-na-segashniot-foto/feed/ 0
Каков ви е куферот, таков ви е животот: Што кажува вашата патна торба за вас? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kakov-vi-e-kuferot-takov-vi-e-zivotot-shto-kazuva-vashata-patna-torba-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kakov-vi-e-kuferot-takov-vi-e-zivotot-shto-kazuva-vashata-patna-torba-za-vas/#respond Mon, 24 Jun 2019 15:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=212458

Каков ви е куферот, таков ви е животот! Погледнете што кажува вашата патна торба за вас. Торба со силни бои Вие просто цветате кога сте во центарот на вниманието. Каде и да се појавите очекувате воодушевување и топло добредојде. Тоа очекување и не е сосема неосновано, затоа што вие сте ведра личност која им носи радост и свежа енергија на луѓето. Во вашето друштво вие сте личноста која ја започнува забавата и ги крева сите на нозе. Сепак, не го губите тлото под нозе и свесни сте дека светот не се врти околу вас, но сепак ги цените моментите кога тоа е така. Животот е фантастично патување – тоа е вашето мото. Ретро торба/куфер Вие сте исклучително детална личност која посветува големо внимание на секоја ситница. Во вашата глава се мора да биде уредно сместено во соодветната „фиока“. Се мора да биде класифицирано и дефинирано. Не поднесувате неизвесност во односите помеѓу луѓето. Заради тоа знаете да бидете многу јасни во изразувањето на вашите чувства и ставови и сте прилично искрена личност. Меѓутоа, луѓето не се секогаш подготвени за таков тип на отвореност. Вие сте романтична личност и поголемиот дел од слободното време го користите за идеализирање и сонување. Обична спортска торба Вам воопшто не ви е важен надворешниот изглед. Никогаш не ја цените книгата по кориците, туку ве интересира само тоа што е внатре. Вие сте практична личност и лесно е човек да се справи со вас. Не сте склони кон комплицирање на животот. Над се ја цените својата слобода, па заради тоа често имате конфликти со авторитети. Не признавате никаков закон, освен законот на своето срце, па затоа е можно одвреме-навреме да запаѓате во неволји. Никогаш не би поднесувале болка за убавина. Попрво би облекле нешто удобно, додека го посветувате вашето внимание на поважни работи. Тренди куфер Вие тотално сте залутале помеѓу обичните смртници. Гардеробата ја бирате директно од модните писти, затоа што обичниот шопинг е премногу обична работа за вас. Вам ви е битно што прават луѓето, а не кои се и какви се. Вашите врски со луѓето се прилично површни, затоа што секогаш се ставате себеси на прво место. Другите луѓе едноставно ви досадуваат со своите досадни животи. Љубовта ви трае колку и добриот маникир, а пријателките до оној момент кога ќе почнат да замараат за своите проблеми. Добрата страна е што во вас нема љубомора, затоа што немате ни на кого, ни на што да бидете љубоморни. Куфер/торба со точки Вие сте практични и брзи. Гардеробата и останатите работи ги купувате на распродажби и акии, затоа што не сакате да губите ниту време, ниту пари на секојдневни ситници и потреби. Сепак, не паѓате на евтини работи, затоа што знаете дека на долги стази тоа уште повеќе ќе ве чини, па затоа ги бирате квалитетните работи, откако ќе им падне цената. Секогаш барате начин како да си го олесните животот. Редовно ја чистите листата со пријатели на Фејсбук, редовно се ослободувате од алиштата кои долго не сте ги носеле и не чувате ситници по полиците и фиоките, затоа што мразите да бришете прашина. Вашето мото во животот и во односите со другите е: Чиста сметка – долга љубов. Ранец Вашето второ име е Авантура! Не им робувате на работите и се што ви е важно може да го собере на грбот и во џебовите. Живеете за движење и промени. Постојаното седење во едно место подолго од два месеци за вас е права робија. Сакате стрипови, се дружите со уметници, ги познавате си андерграунд луѓе и премачкани сте со сите бои. Вие сте снаодливи и подвижни и не ви треба многу за да бидете среќни. Патот под нозе, добро здравје, убаво време и по некој денар во џебовите е сосема доволно за да бидете насмеани. За вас не постојат препреки, туку само предизвици. Сепак, иако не барате многу, сепак тешко е да ве следи човек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kakov-vi-e-kuferot-takov-vi-e-zivotot-shto-kazuva-vashata-patna-torba-za-vas/feed/ 0
Брена ограбена на аеродром- куферот полн со пари кои ги земала од хонорар никаде го нема! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brena-ograbena-na-aerodrom-kuferot-poln-so-pari-koi-gi-zemala-od-honorar-nikade-go-nema/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brena-ograbena-na-aerodrom-kuferot-poln-so-pari-koi-gi-zemala-od-honorar-nikade-go-nema/#respond Sat, 20 Apr 2019 10:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=189042

Фолк ѕвездата Лепа Брена по одморот во Германија доживеала вистински пекол откако при враќањето во родниот Белград и бил украден куферот полн со пари. Кога пејачката стигнала на белградскиот аеродром сфатила дека останала без куферот во кој се наоѓал хонорарот кој го земала за одржување на настап. -Брена во Германија се сретна со свои пријатели, а попратно и со организаторите на нејзиниот на нејзиниот концерт. На состанокот тие и дале пари за настапот, бидејќи таа секогаш наплаќа однапред. Веднаш направи драма на аеродромот, а на шалтерот и рекле дека нејзиниот куфер е изгубен и дека ќе ја побараат кога ќе го најдат. Бидејќи во куферот се наоѓале повеќе илјадници евра таа морала да најде врски за да се најде што побрзо. Куферот пристигна утредента во Белград и веднаш истрчала да го земе дома, вели извор за српски „Свет“. Брена на крајот со насмевка на лицето го напуштила аеродромот што е знак дека парите и биле во него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brena-ograbena-na-aerodrom-kuferot-poln-so-pari-koi-gi-zemala-od-honorar-nikade-go-nema/feed/ 0
Поучна приказна која ќе ви го смени животот: Куфер во Божја рака https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-koja-kje-vi-go-smeni-zivotot-kufer-vo-bozja-raka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-koja-kje-vi-go-smeni-zivotot-kufer-vo-bozja-raka/#respond Fri, 12 Apr 2019 15:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=185580

Дијалог помеѓу Бог и мртов човек. Проследете ја оваа поучна приказана и уживајте во сите мигови од животот. Бог: Во ред е сине мој, време е да тргнеме. Човек: Толку бргу? Имав многу планови. Бог: Навистина ми е жал, но време е да тргнеме. Човек: Што имаш во тој куфер? Бог: Тоа што ти припаѓа. Човек: Тоа што ми припаѓа? Мислиш, мои работи, облека, пари… Бог: Тие работи никогаш не биле твои, тие и припаѓаат на Земјата. Човек: Дали се тоа моите сеќавања? Бог: Не, тие му припаѓаат на Времето. Човек: Дали се тоа моите таленти? Бог: Не. Тие им припаѓаат на околностите. Човек: Дали се тоа моите пријатели и семејството? Бог: Не сине. Тие му припаѓаат на Патот по кој одеше. Човек: Дали се тоа мојата жена и децата? Бог: Не. Тие му припаѓаат на твоето Срце. Човек: Тогаш тоа мора да биде моето тело. Бог: Не. Не. Тоа и припаѓа на Прашината. Човек: Тогаш тоа сигурно мора да биде мојата Душа! Бог: Грешиш сине. Твојата Душа ми припаѓа на мене. Човекот со солзи во очите и со страв го земал куферот од Божјата рака и го отвори. ПРАЗЕН! Со скршено срце и со солзи кои се тркалаа по неговите образи, Човекот го праша Бога. Човек: Никогаш ништо не беше мое? Бог: Така е. Никогаш ништо немаше. Човек: Па тогаш? Што беше мое? Бог: Твоите МОМЕНТИ. Секој момент кој го живееше беше твој. Животот е миг. Миг кој ни припаѓа на нас. Уживајте во овој МОМЕНТ додека го имате. Не дозволувајте било што да ве запре да ја извршувате работата во која уживате. Живејте го својот живот СЕГА. Не заборавајте да бидете среќни, затоа што тоа е ЕДИНСТВЕНОТО што е важно. Материјалните работи и се за што се боревте во животот останува зад вас. Ништо не можете да земете со себе. Тоа што е навистина важно е да ги ЖИВЕЕТЕ СВОИТЕ МОМЕНТИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-koja-kje-vi-go-smeni-zivotot-kufer-vo-bozja-raka/feed/ 0