куќа на фудбалот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 17:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куќа на фудбалот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фудбалски храм со кој ќе се гордееме: Еве како ќе изгледа новиот стадион во Аеродром (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fudbalski-hram-so-koj-kje-se-gordeeme-eve-kako-kje-izgleda-noviot-stadion-vo-aerodrom-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fudbalski-hram-so-koj-kje-se-gordeeme-eve-kako-kje-izgleda-noviot-stadion-vo-aerodrom-foto/#respond Thu, 14 Apr 2022 17:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=663167

И официјално и дефинитивно, како што и беше ветено од страна на ФФМ и Општина Аеродром, ќе се гради репрезентативен стадион во оваа скопска населба кој ќе биде во рамките на „Куќата на фудбалот“. Денеска на седница на УО на Фудбалската федерација на Македонија, одлучено е да се отпочне на постапка за изградбата на стадионот. Инаку да потсетиме дека договор падна пред извесно време меѓу првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кога и двајцата ја истакнаа потребата од еден ваков спортски, пред се фудбалски објект. „Спортмедиа“ дознава како ќе изгледа новиот стадион, со кој ФФМ, жителите на Аеродром ќе бидат горди, како и сите во Македонија. Од два понудени примери, новата Арена во Луксембург и новиот стадион на Викинг во Норвешка, одбран е првиот.   Стадионот ќе биде со капацитет од 12.000 гледачи, со три трибини, а на четвртата ќе биде впечатлив семафорот. Да не говориме дека ќе ги има сите придружни елементи кој ги има еден современ фудбалски објект. Да кажеме дека за изградба на стадионот и ФИФА испратила позитивни сигнали неодамна на конгресот во Доха, каде беше раководството на Фудбалската федерација. Изградбата на самиот стадион ќе чини 10.000.000 евра, а би требало да биде готов на крајот од 2023 година, пишува Спортмедиа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fudbalski-hram-so-koj-kje-se-gordeeme-eve-kako-kje-izgleda-noviot-stadion-vo-aerodrom-foto/feed/ 0
Генералните секретари на најголемите федерации одржаа работен состанок во Куќа на фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/generalnite-sekretari-na-najgolemite-federacii-odrzaa-raboten-sostanok-vo-kukja-na-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/generalnite-sekretari-na-najgolemite-federacii-odrzaa-raboten-sostanok-vo-kukja-na-fudbalot/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=383697

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски иницираше работен состанок во „Куќа на фудбалот“ со претставници на најголемите спортски асоцијации во нашата држава. На состанокот присуствуваа првите оперативци на КФСМ и ОФМ, Владимир Георгиевски и Зоран Карановиќ, претставникот на РФМ, Славе Николов, како и комесарите за натпреварувања во четирите наши најголеми федерации. Главна тема на состанокот беа здравствените протоколи за спортските натпревари и предизвиците со кои се соочуваат организаторите на натпреварувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Учесниците на состанокот се согласија дека една од важните иницијативи која федерациите ќе ја предложат до надлежните институции е формирање на посебно, стручно тело во рамки на државниот орган за спорт, чија обврска би била комуникација, соочување и решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат федерациите и спортските тимови во услови на пандемија, сѐ со цел навремено да започнат националните првенства. – За нас, како Фудбалска федерација на Македонија е исклучително важно да го започнеме новото првенство според предвидениот календар, од причина што веќе од идниот месец ќе бидеме организатори и на низа меѓународни натпревари на репрезентациите, а тимовите ги очекуваат и натпревари од европските купови, истакна Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ. Претставниците на кошаркарската, одбојкарската и ракометната федерација истакнаа дека ситуацијата во која се наоѓаат е веројатно покомплексна бидејќи натпреварите се играат во затворен простор, но ги споделија речиси истите проблеми со кои се соочуваат во однос на тестирањето на играчите и официјалните лица, како и патувањата надвор од државата за клупски и репрезентативни натпревари. Изразија надеж дека државните институции треба да најдат начин да бидат и логистичка, па дури и финансиска поддршка во однос на почетокот на натпреварувањата и тестирањето на екипите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/generalnite-sekretari-na-najgolemite-federacii-odrzaa-raboten-sostanok-vo-kukja-na-fudbalot/feed/ 0