куќарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 May 2022 13:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куќарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неготино ги доби првите куќарки за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/negotino-gi-dobi-prvite-kukjarki-za-prodazba-na-vino-med-suveniri-i-drugi-lokalni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/negotino-gi-dobi-prvite-kukjarki-za-prodazba-na-vino-med-suveniri-i-drugi-lokalni-proizvodi/#respond Thu, 26 May 2022 13:18:05 +0000 https://kurir.mk/?p=681935

Во Неготино се отворени првите куќарки за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи, поставени во строгиот центар на градот. Од неготинската локална самоуправа денеска информираа дека активностите се во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од ЕУ и Владата на Република Северна Македонија, администиран од Светска банка. Според Општината, надополнувањето на централното градско подрачје преку набавка и поставување урбана опрема е само една од многубројните спроведени активности за збогатување на туристичката понуда во Неготино и околината. -Станува збор за три дрвени куќички за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи. По спроведувањето на јавна објава за закуп на урбана опрема, беа склучени договори помеѓу општина Неготино и Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“, „МИСС -Креатив“ и СЕЕД ОФ ЛИФЕ ДОО Неготино. Исто така преку проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој со акриним wine-up”, во рамки на проограмата ИНТЕРЕГ ИПА ЦБЦ Грција Р.С.Македонија, финансиран од Европската Унија, општината Неготино обезбеди поддршка со ангажирање три лица за продажба на локални производи – вино, мед, сувенири, во времетраење од шест месеци, нагласија од локалната самоуправа. Сите заинтересирани, меѓу другото, ќе можат да купат и копаничарски изработки од Здружението на копаничари „Стари занаети”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/negotino-gi-dobi-prvite-kukjarki-za-prodazba-na-vino-med-suveniri-i-drugi-lokalni-proizvodi/feed/ 0
„Град Скопје го регулира статусот на лицата корисници на куќарки на кеј за истите да бидат правно заштитени“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-go-regulira-statusot-na-licata-korisnici-na-kukjarki-na-kej-za-istite-da-bidat-pravno-zashtiteni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-go-regulira-statusot-na-licata-korisnici-na-kukjarki-na-kej-za-istite-da-bidat-pravno-zashtiteni/#respond Mon, 18 Apr 2022 18:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=664958

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија истакна дека градот го решава проблемот со куќарките на кејот на Вардар бидејќи лицата кои до сега стопанисувале со овие куќарки од 2018 до сега се оставени без договор. Тие преку нов јавен повик ќе имаат можност да добијат договор и бидат правно заштитени, додавајќи дека истите цели четири години работеле без регулиран статус. - Лицата кои стопанисуваат со овие куќарки, сега во овој момент за жал тоа го прават без регулиран статус, бидејќи некој уште во 2018 година не им овозможил тие правно да си го регулираат. Она што Град Скопје во овој момент го прави е регулирање на нивниот статус, односно примопредавање на куќарките и преку соодветен јавен повик тие ќе може да аплицираат и да добијат соодветен договор. Вака ќе бидат заштитени. Имавме конструктивен состанок со нив, знаат која е намерата на градот и не станува збор само за тие неколку куќарки на кејот на Вардар, туку станува збор за 22 лица со таков нерегулиран статус на повеќе потези низ централното градско подрачје, истакна Арсовска. Таа додаде дека на средбата во градот, биле истакнати многу проблеми од страна на овие лица, потенцирајќи дека тоа се проблеми наталожени од изминатите неколку години, пред се затоа што некој не сакал да им го реши нивниот статус. - Се случило и кршење на нивните куќарки, некој се обидел да ги оштети и украде нешто од таму. Едноставно, тие немаат како да се легитимираат за да се заштитат, затоа што некој не им овозможил да имаат договор. Ние се обидуваме правно да ги заштитиме со договор да немаат само обврски, туку да имаат и права, рече Арсовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-go-regulira-statusot-na-licata-korisnici-na-kukjarki-na-kej-za-istite-da-bidat-pravno-zashtiteni/feed/ 0