куќата на уранија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Aug 2018 05:44:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куќата на уранија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува Научната и уметничка визита во Куќата на Уранија-МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-nauchnata-i-umetnichka-vizita-vo-kukjata-na-uranija-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-nauchnata-i-umetnichka-vizita-vo-kukjata-na-uranija-manu/#respond Tue, 07 Aug 2018 05:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=85235

Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид вечер ќе биде отворена  со изложба на ракописи и епиграфски споменици. Изложбата е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“. Автор е академик Ѓорги Поп-Атанасов и ќе може да се посети до 7 септември. Манифестацијата ќе трае до 27 август до кога ќе има уште шест настани. За утре е најавено заедничко предавање на академиците Луан Старова и Васил С. Толе - „Полифонија и Полифонисти“, а се однесува на регистрацијата на изополифонијата на списокот на УНЕСКО на нематеријалното наследство и на романот „Полифонисти“. Следната програмска содржина на Научната и уметничка визита 2018 е на 11 август кога ќе биде промовирана книгата „Лихнид и Десаретија“ од академик Вера Битракова Грозданова, а на 15 август ќе има оперски концерт на тенорот Влатко Груески во придружба на пијанистот Андреј Наунов. На 19 август во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе се одржи поетски портрет на академик Радован Павловски, на 24 август ќе има поетско читање во рамки на Струшките вечери на поезијата, а на последниот ден од манифестацијата (27 август) ќе биде промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“  по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-nauchnata-i-umetnichka-vizita-vo-kukjata-na-uranija-manu/feed/ 0