куќен притвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 17:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куќен притвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зекири излегува од куќен притвор, делото му е преквалификувано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekiri-izleguva-od-kuken-pritvor-deloto-mu-e-prekvalifikuvano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekiri-izleguva-od-kuken-pritvor-deloto-mu-e-prekvalifikuvano/#respond Tue, 24 Oct 2023 17:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=892653

Измените во Кривичниот законик, му донесоа олеснителни околности и на поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зекири. На денешното судење обвинителството направи промени во предметот според донесените измени, па наместо претходно законски утврдената казна од најмалку пет години затвор, сега Зекири може да биде осуден на затвор од една до пет години. Предметот пак наместо како обвинение сега ќе се води како обвинителен предлог и наместо двајца судии со тројца поротници, Зекири сега ќе седи пред само еден судија. Заради измените, беше укинат и куќниот притвор за Зекири. Тој е обвинет за злоупотреба на положбата додека ја извршувал функцијата генерален секретар на владата. Одговара за измама при јавна набавка за кунсултантски услуги кои државниот буџет го оштетиле за близу 150 илјади евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekiri-izleguva-od-kuken-pritvor-deloto-mu-e-prekvalifikuvano/feed/ 0
Предложен куќен притвор за скопјанецот кој се самозадоволувал пред девојки во автобуси и влезови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-kuken-pritvor-za-skopjanetsot-koj-se-samozadovoluval-pred-devojki-vo-avtobusi-i-vlezovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-kuken-pritvor-za-skopjanetsot-koj-se-samozadovoluval-pred-devojki-vo-avtobusi-i-vlezovi/#respond Wed, 01 Mar 2023 12:02:44 +0000 https://kurir.mk/?p=806595

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 1 од Кривичниот законик. Имено, во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело. Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-kuken-pritvor-za-skopjanetsot-koj-se-samozadovoluval-pred-devojki-vo-avtobusi-i-vlezovi/feed/ 0
Куќен притвор за напаѓачот на новинарска екипа, повреден снимател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kukjen-pritvor-za-napagjachot-na-novinarska-ekipa-povreden-snimatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kukjen-pritvor-za-napagjachot-na-novinarska-ekipa-povreden-snimatel/#respond Tue, 15 Nov 2022 18:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=761245

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице осомничено за насилство врз новинарска екипа. -Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница, информираат од ОЈО Скопје. Оттаму велат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, како и особени околности врзани со начинот на извршување на делото кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка – куќен притвор​.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kukjen-pritvor-za-napagjachot-na-novinarska-ekipa-povreden-snimatel/feed/ 0
Зеќири оди во куќен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekjiri-odi-vo-kukjen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekjiri-odi-vo-kukjen-pritvor/#respond Thu, 30 Jun 2022 11:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=697840

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Шутка” во Скопје поради здравствени причини заминува во куќен притвор. Одлуката, како што потврдија од Апелацискиот суд Скопје ја донеле денеска. Од судот посочија дека на Зеќири му е одземен пасошот. Во однос на тоа кога Зеќири ќе биде спроведен од болница во куќен притвор, од Апелација немаат информации бидејќи, како што велат, полицијата треба да го спроведе кога за тоа ќе има услови. Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zekjiri-odi-vo-kukjen-pritvor/feed/ 0
„ПОД ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА“ СУДОТ ЈА СМЕНИ ОДЛУКАТА: Ламбе Алабаковски префрлен во куќен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-pritisok-na-javnosta-sudot-ja-smeni-odlukata-lambe-alabakovski-prefrlen-vo-kukjen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-pritisok-na-javnosta-sudot-ja-smeni-odlukata-lambe-alabakovski-prefrlen-vo-kukjen-pritvor/#respond Thu, 09 Jun 2022 17:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=689054

Судскиот совет на Основниот суд – Битола реши поп-пејачот Ламбе Алабаковски, во оваа фаза од истрагата, да биде пуштен од притворот во притворското Одделение на КПУ Затвор – Битола и да биде префрлен во куќен притвор. Спроведувањето до домот на Алабаковски го изврши битолската полиција, со што е уважено барањето на неговиот адвокат Дарко Стефановски, осомничениот за палање на вратата од Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, да биде префрлен во домашен притвор. Домот на Ламбе Алабаковски во Битола го надгледуваат полициски службеници на битолскиот СВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-pritisok-na-javnosta-sudot-ja-smeni-odlukata-lambe-alabakovski-prefrlen-vo-kukjen-pritvor/feed/ 0
Рашковски се враќа во куќен притвор, одлучи Апелациониот суд Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-se-vrakja-vo-kukjen-pritvor-odluchi-apelacioniot-sud-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-se-vrakja-vo-kukjen-pritvor-odluchi-apelacioniot-sud-skopje/#respond Fri, 04 Jun 2021 16:53:46 +0000 https://kurir.mk/?p=519136

Апелационен суд Скопје денеска донел одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“, потврдија за МИА од Апелациониот суд. Од таму, информираа дека оваа одлука од Апелација е испратена до Основниот кривичен суд во Скопје и се очекува мерката да биде спроведена. Вишото јавно обвинтелство Скопје денеска предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор. -Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информира претходно од  ЈОРСМ. Против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат на спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-se-vrakja-vo-kukjen-pritvor-odluchi-apelacioniot-sud-skopje/feed/ 0
Се бара продолжување на куќниот притвор: Ова се новите детали од ЈО за сообраќајката во која тешко повреден е доктор Јота https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-prodolzuvanje-na-kukjniot-pritvor-ova-se-novite-detali-od-jo-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-doktor-jota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-prodolzuvanje-na-kukjniot-pritvor-ova-se-novite-detali-od-jo-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-doktor-jota/#respond Thu, 18 Mar 2021 12:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=484207

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. -На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако немал возачка дозвола, тој со брзина поголема од дозволената за населено место управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје. Кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин, ваквата брзина не му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош, информираат од Обвинителството. Бидејќи постои реална опасност детето да се даде во бегство, да ја попречува постапката или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-prodolzuvanje-na-kukjniot-pritvor-ova-se-novite-detali-od-jo-za-soobrakjajkata-vo-koja-teshko-povreden-e-doktor-jota/feed/ 0
Решението за куќен притвор за Мијалков доставено до МВР во 18:30 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-za-kukjen-pritvor-za-mijalkov-dostaveno-do-mvr-vo-18-30-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-za-kukjen-pritvor-za-mijalkov-dostaveno-do-mvr-vo-18-30-chasot/#respond Mon, 22 Feb 2021 09:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=472144

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера (21.02.2021) во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство. -Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решениe со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување, информираат од Судот. Против ова решение странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-za-kukjen-pritvor-za-mijalkov-dostaveno-do-mvr-vo-18-30-chasot/feed/ 0
Катица Јанева куќниот притвор ќе продолжи да го издржува во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-kukjniot-pritvor-kje-prodolzi-da-go-izdrzuva-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-kukjniot-pritvor-kje-prodolzi-da-go-izdrzuva-vo-gevgelija/#respond Mon, 14 Sep 2020 11:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=402984

Екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева куќниот притвор ќе продолжи да го издржува во Гевгелија. Информацијата беше денеска соопштена во судница, за време на рочиштето кое се одложи, а во кое Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено снимање. Катица Јанева се наоѓа во куќен притвор чекајќи ја одлуката на Апелација, за првостепената пресуда во која Јанева е осудена на 7 години казна затвор. Рочиштето по приватната тужба денеска беше одложено поради неодамнешната операција на Бојан Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-kukjniot-pritvor-kje-prodolzi-da-go-izdrzuva-vo-gevgelija/feed/ 0
Џани и Слаѓа во придружба на адвокат стигнаа во Третиот основен суд, еве и зошто https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzani-i-slagja-vo-pridruzba-na-advokat-stignaa-vo-tretiot-osnoven-sud-eve-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzani-i-slagja-vo-pridruzba-na-advokat-stignaa-vo-tretiot-osnoven-sud-eve-i-zoshto/#respond Fri, 26 Jun 2020 11:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=363382

Српскиот пеач Радиша Трајковиќ Џани и неговата сопруга Слаѓана Трајковиќ, денеска, 26 јуни, пред 11 часот стигнаа во Третиот основен суд Белград. Двајцата влегле во зградата на Третиот основен суд која се наоѓа во делот на Нов Белград, во придружба на адвокат, а на лицата имале заштитни маски, поради коа едвај биле препознатливи. Причината поради која фолкерот и неговата сопруга го посетиле судот е тоа што денеска наводно им истекувала казната куќен притвор, која им биле пресудена на 3 април, пренесуваат српските медиуми. За потсетување, Џани и неговата сопруга Слаѓана потпишаа договор со Третото основно јавно обвинителство за признание на вина и осудени се на три месеци куќен притвор. Тие двајца во друштво на својот син и бремената снаа, кои сега се заразени со коранавирус, на 3 април биле фатени во еден бар во белградски хотел.  

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzani-i-slagja-vo-pridruzba-na-advokat-stignaa-vo-tretiot-osnoven-sud-eve-i-zoshto/feed/ 0