куќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 14:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Опожарени три куќи во Драчево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozhareni-tri-kuki-vo-drachevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozhareni-tri-kuki-vo-drachevo/#respond Sat, 09 Sep 2023 15:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=876352

На 08.09.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево настанал пожар во кој биле опожарени три куќи во ист двор, сопственост на П.С.(54), М.С.(46), Е.С.(27), С.С.(24) и А.С.(52), сите од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се врши увид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozhareni-tri-kuki-vo-drachevo/feed/ 0
Три куќи изгореа во големиот пожар во Бељаковце и Руѓенце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-kuki-izgorea-vo-golemiot-pozhar-vo-belakovtse-i-rugentse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-kuki-izgorea-vo-golemiot-pozhar-vo-belakovtse-i-rugentse/#respond Tue, 29 Aug 2023 08:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871960

Синоќа изгореа три куќи и две помошни простории во Бељаковце и Руѓенце. Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари но функционални куќи од с. Бељаковце вклучително и две помошни простории во ова село но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце. Три стари куќи и две помошни простории изгореа вчера во големиот пожар во селата Бељаковце и Руѓенце. Пожарните до доцна во ноќта се обидуваа да стават под контрола огнот. -Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС. Бидејќи пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар, но најверојатно значително повеќе, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села, бидејќи ветрот кој дуваше го движеше огнот многу бргу голтајќи ја пред себе високата сува трева, трња, дрвја, меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја, чекањето на раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Покрај пожарникарите од Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, поради сериозноста на пожарот помош била побарана и од пожарникари Кавадарци, Штип, Свети Николе и Куманово, вклучително и пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, но и неколку локални жители. -Околу 00.30 одлучивме да се приближиме на пламените јазици кои на некои места се издигнуваа по неколку метри над земјата голтајќи ги пред себе дрвјата, грмушките и високата сува трева. Опремени со т.н. напртњачи (машини со рачни прскалки со 20 литри вода кои се носат на грб) како и специјални противпожарни метли со метални ленти, исклучително храбрите и пожртвувани пожарникари, со теренски возила ги пренесовме пред самата линија на огнот. На местото на кое го пресретнавме пожарот, огнот гореше многу силно, температурата беше висока и имаше многу чад. Ситуацијата се менуваше од миг во миг. Мојата цел беше сејфти фрст, не смееше да се загрози човечки живот повеќе од она што беше неопходно, бидејќи сите бевме изложени на одреден ризик. Претходно стекнатата голема доверба во нашите пожртвувани пожарникари ме охрабри да бидам рамо до рамо со нив и да им помагам возејќи ги лично со теренското возило на ЦУК. Но сепак на некои моменти се изложивме на голем ризик. После двочасовна неизвесна борба со огнот успеавме целосно да го изгаснеме овој голем пожар. На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разбуди. Во овој момент, пожарот не покажува никакви знаци на горење, објаснува Ангелов. Изгорената површина, според првичните проценки, е значително поголема од 100 хектари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-kuki-izgorea-vo-golemiot-pozhar-vo-belakovtse-i-rugentse/feed/ 0
Гореа две куќи во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gorea-dve-kuki-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gorea-dve-kuki-vo-skopje/#respond Sun, 09 Apr 2023 20:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=822226

На 08.04.2023 во 23:03 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:30 часот на ул.„Арсени Јовков“ настанал пожар во куќа сопственост на С.Д.(37). Од пожарот бил зафатен и дел од куќата сопственост на А.С.(41). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gorea-dve-kuki-vo-skopje/feed/ 0
ВИДЕО: Пожарот кај Атина вон контрола, изгореа куќи, населението евакуирано https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-pozarot-kaj-atina-von-kontrola-izgorea-kukji-naselenieto-evakuirano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-pozarot-kaj-atina-von-kontrola-izgorea-kukji-naselenieto-evakuirano/#respond Wed, 20 Jul 2022 06:19:45 +0000 https://kurir.mk/?p=707661

Цела ноќ траеше битката на пожарникарите со пожарот што сè уште е вон контрола во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на куќи, изгореа домови и досега беа евакуирани жителите на најмалку десет населби, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар избувна вчера, кусо по 17 часот од планината Пендели и поради силниот ветер, се спушти и брзо се прошири кон населените места, заземајќи големи размери со активни жаришта во повеќе населби и во близина на домови. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, утрово рече дека ноќта беше тешка, а ветерот со брзина од над 80 километри на час, постојано менувал правец што дополнително го отежнуваше гаснењето на пожарот. Со разденувањето одново почнаа да интервенираат и воздушните средства, а во гаснењето на пожарот учествуваат 485 пожарникари, заедно со пожарникарите од Романија кои се во Грција, 28 пешадиски тима, 120 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, а од воздух пет авиони и четири хеликоптери. Во пожарот помагаат и припадници на армијата, но и на полицијата, која отстапи 626 полицајци со 232 возила. Во текот на ноќ преку неколку пораки од бројот за итни случаи 112 беше побарано од жителите на шест населби да се евакуираат, додека пак полицијата интервенирала 600 лица да бидат пренесени на безбедно место. Од почетокот на пожарот беше побарано од жителите на најмалку десет населби да ги напуштат нивните домови. Доцна синоќа превентивно беа евакуирани и Националната опсерваторија и две детска болница со 35 и 36 деца. Од 5.30 часот утрово, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во координативниот центар за операции и управување со кризи во Министерството за климатска криза и цивилна заштита. Сè уште е непозната големината на материјалната штета предизвикана од шумскиот пожар, но сигурно е дека има целосно изгорени куќи и возила, но и куќи кои претрпеа материјална штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-pozarot-kaj-atina-von-kontrola-izgorea-kukji-naselenieto-evakuirano/feed/ 0
Од трошни куќи до милионски вили – еве каде живееле српските пејачи пред да станат познати, особено една пејачка израснала во сиромаштво (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-troshni-kukji-do-milionski-vili-eve-kade-ziveele-srpskite-pejachi-pred-da-stanat-poznati-osobeno-edna-pejachka-izrasnala-vo-siromashtvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-troshni-kukji-do-milionski-vili-eve-kade-ziveele-srpskite-pejachi-pred-da-stanat-poznati-osobeno-edna-pejachka-izrasnala-vo-siromashtvo-foto/#respond Mon, 13 Jun 2022 15:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=690265

Речиси нема пејач во соседна Србија кој откако станал познат не инвестирал во имот како недостаток од минатото. Додека денес уживаат во луксузни вили, куќи и станови со големи дворови и базени, во минатото тие биле просечни деца во семејства чии родители имале сосема обични домови. Една од нив е Сека Алексиќ која додека денес ужива во огромна вила и двор, како дете израснала во трошна куќа и многу скромно. Исто така пејачката Миа Борисављевиќ денес ужива во луксузен стан, но во минатото израснала во Ваљево каде денес се уште стои нејзината куќа која неодамна ја реновираше. Речиси нема човек во регионот што не ја знае вилата на Цеца на Дедиње која ја наследи од покојниот сопруг Аркан. Цеца како девојка израснала во Житораџе, а нејзината куќа ја видоа сите за прв пат на нејзината свадба кога се омажи за Жељко. Исто така и Жељко Јоксимовиќ израснал во Ваљево додека денес ужива во луксузна вила заедно со сопругата Јована и децата. Родителите на пејачот се уште живеат во истата куќа од која се преселил пејачот кога дошол во Белград, а иако не е реновирана оваа куќа се гледа дека е одржувана со годините наназад од страна на неговите родители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-troshni-kukji-do-milionski-vili-eve-kade-ziveele-srpskite-pejachi-pred-da-stanat-poznati-osobeno-edna-pejachka-izrasnala-vo-siromashtvo-foto/feed/ 0
ЕДНО ЛИЦЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНО, ОГАНОТ ЗАФАТИЛ ДВЕ КУЌИ – ова се првичните детали за пожарот кој избувна вечерва во Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edno-lice-hospitalizirano-oganot-zafatil-dve-kukji-ova-se-prvichnite-detali-za-pozarot-koj-izbuvna-vecherva-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edno-lice-hospitalizirano-oganot-zafatil-dve-kukji-ova-se-prvichnite-detali-za-pozarot-koj-izbuvna-vecherva-vo-tetovo/#respond Fri, 28 Jan 2022 20:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=624181

Повреден е сопственикот на куќата во која избувна пожар околу 19 часот во тетовската населба Колтук, се првичните информации кои ги соопшти СВР Тетово. Огнот зафатил две куќи, а беше ставен под контрола од пожарникарите за околу еден час, пренесува Тетово инфо. -Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожарот во куќа сопственост на И.С (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. Сопственикот И.С добил изгореници по што е пренесе во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од тетовската полиција. Соседите од населбата Колтук беа уплашени од силината на огнот бидејќи се создал висок пламен. Исто така сите куќи во оваа населба на ридест дел се споени една до друга, што било причина за дополнителен страв кај нив од евентуално проширување на пожарот. -Околу 19 часот слушнав сирена, излегов да видам што е како е, и видов пламен. Видов дека тоа се соседите над мене, истрачав, гледам чад и пламен 15 метри од кровот нагоре. Со соседите се обидовме да помогнеме со црева и вода од цистерни, знаете овде е специфично со вода. Пожарникари дојдоа на време, благодарност до нив, да задоцнеа за пет минути, ќе изгореше уште некоја куќа. Експлозија немаше но пукаа кабли од струја. Цело маало Колтук и Два бреста и Горна Чаршија немаат струја, изјави Ивица Ѓорѓески за Тетово инфо. Пожарот изби во куќа на улицата „Вукашин Симовски“. Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека првично биле испратени четири возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/edno-lice-hospitalizirano-oganot-zafatil-dve-kukji-ova-se-prvichnite-detali-za-pozarot-koj-izbuvna-vecherva-vo-tetovo/feed/ 0
Во пожарот во Колорадо уништени речиси 1.000 домови, исчезнати три лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pozarot-vo-kolorado-unishteni-rechisi-1-000-domovi-ischeznati-tri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pozarot-vo-kolorado-unishteni-rechisi-1-000-domovi-ischeznati-tri-lica/#respond Sun, 02 Jan 2022 08:38:55 +0000 https://kurir.mk/?p=615490

Речиси 1.000 домови се уништени во шумскиот пожар во западната американска држава Колорадо, соопштија локалните власти, додавајќи дека три лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви. Шумскиот пожар во четвртокот принуди околу 30.000 жители да ги напуштат своите домови во општините Луисвил и Супериор, северно од Денвер. Шерифот на округот Болдер, Џо Пеле изјави дека 991 градба биле уништени, а уште се 127 оштетени. Пеле рече дека три лица се потврдени како исчезнати и се стравува дека се мртви бидејќи нивните домови биле уништени во пожарот. – Има три нерешени [извештаи за исчезнати лица]. Нивните домови се уништени, потенцијално има човечки останки во тие домови. Остатоците сè уште се жешки, се е урнато, и сега е покриено со осум инчи снег, рече Пеле и додаде дека напорите за пребарување и закрепнување се значително попречени. – Се сомневав дека ќе имаме човечки загуби само врз основа на големината на овој пожар, брзината и жестокоста. Мислам дека е чудо ако се три, а не 100 или стотици, па затоа сум благодарен за тоа, но и многу ми е жал за тие семејства, рече Пеле. Шерифот рече дека истрагата за причината за пожарот продолжува. Американскиот претседател Џо Бајден вчера одобри да се прогласи катастрофа. Ваквите пожари се невообичаени во зима. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pozarot-vo-kolorado-unishteni-rechisi-1-000-domovi-ischeznati-tri-lica/feed/ 0
ИЗЛЕАНИ ПОВЕЌЕ РЕКИ: Поплавени голем број куќи во Кичево од интензивните врнежи од дожд https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleani-povekje-reki-poplaveni-golem-broj-kukji-vo-kichevo-od-intenzivnite-vrnezi-od-dozd/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleani-povekje-reki-poplaveni-golem-broj-kukji-vo-kichevo-od-intenzivnite-vrnezi-od-dozd/#respond Mon, 29 Nov 2021 10:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=601378

Како последица на интензивните врнежи од дожд во Кичево во текот на ноќта се излеаја повеќе реки при што се поплавени стотина домови, голем број подрумски и помошни простории. -Дождот кој што со мали прекини во Кичевско врне три дена, создаде повеќе проблеми на неговите жители. Во текот на ноќта се излеа Зајашка Река и ги поплави објектите на улица „Прилепска“, каде под вода останаа стотина домови. Водата во текот на денот почна да се повлекува, а во поплавените домови остана калта и високата влага. За да им се излезе во пресрет на овие граѓани, дел од нив се згрижени во една спортска сала во градот, каде ќе останат се додека не се стабилизира состојбата, рече Дашмире Адеми, раководител на ПО на ДЗС Кичево. Таа посочи дека во текот на ноќта повеќето улици во градот биле целосно поплавени и било невозможно одвивање на сообраќајот. Наведе дека се излеал и каналот Иванидол и поплавил повеќе куќи и подрумски простории. -Во текот на ноќта од силните врнежи од дожд се излеа и каналот Иванидол при што поплави повеќе домови во истоимената населба, како и домови и подрумски простории лоцирани на улица „Борис Кидрич“, истакна Адеми. Од надојдената вода се излеа и Беличка Река, при што ги поплави соседните ниви и ливади. Штетите од поплавите допрва ќе се утврдуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleani-povekje-reki-poplaveni-golem-broj-kukji-vo-kichevo-od-intenzivnite-vrnezi-od-dozd/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар на карипски остров, уништени 200 куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-golem-pozar-na-karipski-ostrov-unishteni-200-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-golem-pozar-na-karipski-ostrov-unishteni-200-kukji/#respond Sun, 03 Oct 2021 08:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=572115

Голем пожар уништи или оштети повеќе од 200 куќи и други објекти на островот Гуанаја, крај брегот на Хондурас. Стотици жители беа принудени да се евакуираат од оваа туристичка дестинација. Четири лица се повредени во пожарот, кој целосно уништи 90 куќи и оштети уште 120, вклучувајќи и некои деловни објекти, потврдија властите на Хондурас. „Можеме да потврдиме дека немаме човечки загуби, само огромна материјална штета“, рече Мак Гонзалес, директор на Агенцијата за вонредни состојби во Хондурас. Како што јавуваат странските агенции, пожарот избувнал пред зори, а жителите сами се обиделе да го стават под контрола бидејќи на островот нема противпожарна служба. Гуанаја е најисточниот од трите заливски острови, долг околу 18 километри и широк шест километри и опкружен со корален гребен, што го прави привлечен за нуркачите. Овој карипски остров е оддалечен околу 70 километри од северниот брег на Хондурас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-golem-pozar-na-karipski-ostrov-unishteni-200-kukji/feed/ 0
ФОТО: Во Врбник откриени преку 500 колци, можно пронаоѓање куќи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-vo-vrbnik-otkrieni-preku-500-kolci-mozno-pronaogjanje-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-vo-vrbnik-otkrieni-preku-500-kolci-mozno-pronaogjanje-kukji/#respond Thu, 19 Aug 2021 09:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=552542

До септември 2021 година ќе траат подводните археолошки ископувања на локалитетот Врбник кој се наоѓа на западното крајбрежје на Охридското езеро на излезот на Струга, во непосредна близина на населеното место Калишта. Ископувањата почнаа на 12 aвгуст, а досега се откриени преку 500 колци и документиран е простор од околу 500 метри квадратни, што е во просек околу една десетина од целата населба. Експертите кои учествуваат во проектот, велат дека е можно да бидат пронајдени на неколку куќи. -Годинашните истражувања се насочени кон земање примероци од колците во претходно истражени и документирани делови од населбата, во времетраење од 20-тина дена, од август до септември. Паралелно со подводните истражувања се вршат и припреми за дендрохронолошки и карбон анализи, во просториите на Природно научен музеј Никола Незлобински – Струга, информираат од НУ Археолошки музеј. Првите сознанија за локалитетот се добиени во 80-тите години на минатиот век, а систематски подводни археолошки ископувања се водат во континуетет од 1998 год. Со досегашните истражувања е откриен исклучително богат движен археолошки материјал кој го сочинуваат керамички фрагменти, цели садови, керамички макари, биконусни пршлени, кружни тегови, разновидни бронзени предмети: белегзии со преклопени краеви, салталеони, двојни игли, железни сечила, јадици и др. Предметите се откриени во слој од кал чија дебелина изнесува околу 20 см и се простира по целата истражувана површина. Иако во најголем дел од керамиката е фрагментирана, се работи за форми кои се употребувале подолг временски период, а период на егзистенција на оваа населба согласно археолошките наоди е 7 и 6 век пр.н.е. Носител на проектот е НУ Археолошки музеј на РСМ, во соработка со Природно научен музеј Никола Незлобински – Струга и Универзитетот во Берн, Институтот за археолошки науки, Р. Швајцарија каде ќе се прават дендрохронолошките анализи. Во проектот учествуваат Александра Папазовска, раководител на проектот, Валентина Тодороска, кораководител на проектот, Бојан Танески, подводен археолог, Цветлана Василевска, археолог, Андреј Мачковски, докторант за дендрохронологија и нуркачи од нуркачкиот клуб „Норкач“ и „Скаут“ во Струга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-vo-vrbnik-otkrieni-preku-500-kolci-mozno-pronaogjanje-kukji/feed/ 0