култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 12:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворен Балкан на културно поле почнува со Гала-концерт на Зубин Мехта и Филхармонијата во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/#respond Mon, 19 Jun 2023 12:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=847407

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува утре со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката на оваа иницијатива на полето на културата, јави дописникот на МИА од Белград. Во неделата што претстои, иницијативата Отворен Балкан (ОБ) ќе ја открие и својата културна димензија. Помирување и културна толеранција, отворањето нови канали за комуникација за независните културни организации, нудење можност за регионално вмрежување, ќе биде нов чекор и задача во соработката на земјите од регионот. Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, најавувајќи го почетокот на реализација на Отворен Балкан на културно поле, за РТС изјави дека иницијативата ОБ беше создадена најпрвин како платформа важна за економска соработка на земјите од ОБ или на оние кои ќе се приклучат во иднина, но на самитот во Охрид на министрите за култура се роди идејата, таа дефинитивно да се прошири и на културниот сегмент. - По тој повод во Охрид ние тројцата како министри за култура на Србија, Северна Македонија и Албанија потпишавме меморандум за соработка во сите сегменти на културата, рече Гојковиќ. „Сега веќе имаме соработка во областа на националниот театар што го почна Светислав Гонциќ, потпишаа и договори, три претстави, опери, балети, а се договоривме иницијативата Отворен Балкан во областа на културата да започне токму со прославата на стогодишнината на Белградската филхармонија, каде Зубин Мехта предложи да се одржат три концерти, првиот е во Белград, утрешниот Гала-концерт во присуство на министерката за култура на Северна Македонија, а потоа ќе се оди во Скопје и Тирана, со што ќе го означиме почетокот на нашата голема соработка во областа на културата, рече таа. Гојковиќ најави и дека уметници од сите три земји на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз со голема премиера заеднички ќе имаат изложба „што е значајно за креативност на овие земји да се претстават во странство и ќе покажеме што ги обединува овие три земји во областа на културното и природното наследство“. - Кустосот е личност која е многу позната во меѓународните кругови, како некој што е значаен за уметничкото творештво, таа избра тројца автори од трите земји, а Србија ја претставува Нина Кнежевиќ. Сите тројца уметници добија задача да го проучуваат она што не обединува на Балканот и во областа на заштитата на животната средина, културното наследство и сите тројца уметници ќе одговорат токму на таа тема, рече Гојковиќ. Таа додаде дека наредната година во КИЦ на Србија во Париз, за време на Олимпијадата, уметниците од Отворен Балкан ќе имаат шест месеци настап и презентација. Диригентот Зубин Мехта со својот успешен настап во Белград ја започнува својата регионална турнеја како дел од иницијативата Отворен Балкан, а ќе ја предводи Филхармонијата на концертите во Тирана на 22 јуни и во Скопје на 24 јуни. На програмата на сите три концерти се Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз. - Многу сум среќен што ќе свириме во Северна Македонија и Албанија. Прв пат ќе настапам во Тирана, а по втор пат ќе бидам во Скопје. Бев во Скопје во 1963 година по разорниот земјотрес … Сигурен сум дека и во Скопје и во Тирана ќе имаме одлични концерти со Белградската филхармонија, изјави Мехта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/feed/ 0
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-nikoj-ne-prezema-odgovornost-za-trajnoto-unishtuvane-na-zashtitenoto-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-nikoj-ne-prezema-odgovornost-za-trajnoto-unishtuvane-na-zashtitenoto-kulturno-nasledstvo/#respond Tue, 07 Mar 2023 11:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=809047

Катастрофални десетина денa за Министерството за култура. Додека Министерството се обидува да најде начин како да го укине или заобиколи Колективниот договор за вработените од културата да не го добијат планираното покачување на платите, медиумите известуваат за намерно и свесно уништување на неолитскиот локалитет Влахо кај Живојно за експоатација на јаглен. Иако оваа информација најпрво ја има Министерството и Управата за заштита на културното наследство, тие одлучуваат да го игнорираат и да го премолчат процесот надевајќи се дека нема таа информација да излезе во јавноста. Но вистината е како шило, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение: Неколку дена подоцна, албанска телевизиска куќа обвини за ископување на некропола кај Скупи и за „намерно уништување“ на наоди кои говорат за „Дарданија и дарданството“ на Скупи. Да прецизираме - се кријат и уништуваат наоди кои ги гледаат и ги снимаат. За ова, директорот на Управата за заштита на културното наследство на самото место увидува дека има „невнимание“ при работа и дека „има неправилности во работата, дека има оштетени остатоци, дека има расфрлани коски, скршени саркофази... и дека отсега ќе имало посебна грижа и нема да биде професионално, туку суперпрофесионално“. Неколку дена подоцна во јавноста излегува информацијата дека кај археолошкиот локалитет „Св. Атанасиј“ кај с. Спанчево ќе се поставуваат фотоволтаици. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, први кои треба да го чуваат тамошното културно наследство во тој регион, излегуваат, на увид по што утврдуваат дека инвеститорот ги има сите потребни документи за изградба, меѓу кои и Дозволата од Управата за заштита на културното наследство. Воедно, од прекопувањето на самиот локалитет, Заводот и музејот од Штип констатира на самото место дека „на терен имаше расфрлана керамика, но такви наоди има по цело Кочанско“. Притоа, од надлежната установа изјавуваат дека доколку има археологија, таму тие можат да го стопираат ископувањето, „но такво нешто не увиделе“! Да биде иронијата поголема, кога со багери се ископува на археолошки локалитет излегуваат археолошки наоди. И тоа не е археологија, туку нормална градежна активност. Генијална констатација! Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ укажува дека, истовремено се премолчуваат уште десетици други уништени или оштетени локалитети низ државата. И каде е надлежното Министерство и Управата кои по дејност и основа на постоењето мораат грижливо да го чуваат недвижното културно наследство!? На сето ова, Министерството излегува со само едно бедно соопштение во кое кажува дека ископувањата во Скупи се според сите правила и прописи, односно спротивно од првичното мислење на директорот на Установата, која директно го контролира тоа. Иритира потсетувањето на ланската изјавата од министерката во емисијата „Трилинг“, дека другите го уништуваат културното наследство, па потоа изгледа дека државата не се грижи за него. Ова јасно покажува дека Министерството е „село без кучиња“ и без никаков срам, морал и чувство за одговорност! Овие скорешни јавни сведочења за трајно уништување на недвижното културно наследство не започнуваат од сега. Тие се резултат на повеќегодишна негрижа која случајно кулминира токму во овој момент. Јавноста и цела Македонија сведочат за разорните случувања во кои никој нема вина и никој не презема одговорност за трајното уништување на заштитеното културно наследство, подложно и на Кривичниот законик! Дали е ова последниот чекор за бришење на македонскиот идентитет и историја, по политичките договори со Грција и Бугарија? Дали физичкото уништување на локалитетите е дел од ова сценарио? И кога ќе помислиме дека културата во Македонија стигна до самото дното, тука се д-р Бисера Костадиновска–Стојчевска и нејзината „стручна културна машинерија“ да нѐ разубедат. Тие неуморно продолжуваат да копаат!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-nikoj-ne-prezema-odgovornost-za-trajnoto-unishtuvane-na-zashtitenoto-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
Државниот завод за ревизија го потврди алармот кој ВМРО-ДПМНЕ го вклучи за очигледно девастирање на македонското културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-zavod-za-revizija-go-potvrdi-alarmot-koj-vmro-dpmne-go-vkluchi-za-ochigledno-devastirane-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-zavod-za-revizija-go-potvrdi-alarmot-koj-vmro-dpmne-go-vkluchi-za-ochigledno-devastirane-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/#respond Wed, 11 Jan 2023 11:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=785949

Државниот завод за ревизија во својот Годишен извештај за 2022 година, на темата „Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство“ го потврди сето она што ВМРО-ДПМНЕ го укажува веќе шеста година по ред. Прецизно фактографски, на 85 страници ревизорите го претставија целосно руинираниот систем на заштита на културното наследство, што имплицира и нарушување на македонскиот национален идентитет. Културното наследство за Владата на СДС(М)-ДУИ само декларативно е темелна државна вредност, реагираат од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го  пренесуваме нивното соопштение до јавноста: Овој објективен извештај на Државниот завод за ревизија кој ви го споделуваме, покажува сосем спротивно однесување на Владата кон недвижното културно наследство. Ако тука се додадат и националните предавства и понижувања на Македонците предизвикани од политичките турбуленции по потпишувањето на Преспанскиот договор, премногу јасно станува видлив синхронизираниот процес на национално обезличување на државата на Македонците, која ја спроведуваат внимателно одбрани актери под менторство на различни центри на моќ. Раскрчмувањето на културното наследство започнува токму од недвижното културно наследство, со неговото девастирање се подриваат клучните материјални докази за културно-идентитетскиот континуитет на овој простор. Ни малку не е случајно поставената цел од некои центри на моќ да ги снема материјалните докази за постоењето на една автохтона културна ризница именувана како македонска. Сите постојано ја повторуваме максимата дека културното наследство е темел на националниот идентитет наследено од минатите генерации кое има непроценливо значење, но овој ревизорски Извештај за периодот 2018-2021 покажува некаков сосем поинаков однос на Владата на СДС(М)-ДУИ. Овој историски документ покажува големо незнаење да се менаџира наследеното и силно опоменува на: а) отсуство на редовна грижа, одржување, обезбедување мерки за непосредна заштита од страна на имателот и надлежната институција за заштита; б) необезбедени јасни и објективни критериуми за начин на финансирање на недвижното културно наследство, како и распределба на средствата на наделжните институции; в) неприменливост на законската регулатива; д) отсуство на стратешки и плански документи; ѓ) неажуриран и нефункционален е Националниот информативен систем за културното наследство; (за 15 години само 18 % од вкупниот број на регистрирани и евидентирани недвижни добра (локалитети, споменици и споменички целини) кои Македонија ги има 8039 на број, се ревалоризирани) ; е) намалување на финансиските средства за заштита на културно наследство од буџетски и странски извори за периодот од 2018 - 2021 година со тенденција секоја година да се намалуваат (движи во просек од 16% до 23% по година); ж) нерешените имотно-правни односи, долгиот период на постапките за експропријација. Ова се само дел од системските забелешки за културното наследство. Наспроти нив стои законската обврска дека културното наследство како темелна вредност на државата се заштитува во СЕКАКВИ (дури и воени) околности. Одговорноста за ваквата состојба не може да биде колективна.Таа е персонализирана. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува министерката за култура д-р Бисера Костадиновска Стојчевска дека индивидуалците кои ја сносат одговорноста за ваквите состојби во последниве шест години во областа на културното наследство, имаат име и презиме. Тие имаат функции и раководни позиции и, се разбира, голема одговорност. Затоа, ја прашуваме министерката за култура: чија одговорност е поголема – на лошите соработници или на тој што ги избрал? Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-zavod-za-revizija-go-potvrdi-alarmot-koj-vmro-dpmne-go-vkluchi-za-ochigledno-devastirane-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Самоволието на СДС(М)-ДУИ и непочитувањето на европските пракси како и низата потпишани меѓународни конвенции за колективно договарање и социјален дијалог продолжува! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-samovolieto-na-sds-m-dui-i-nepochituvaneto-na-evropskite-praksi-kako-i-nizata-potpishani-megunarodni-konventsii-za-kolektivno-dogovarane-i-sotsijalen-dijalog-prodolzh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-samovolieto-na-sds-m-dui-i-nepochituvaneto-na-evropskite-praksi-kako-i-nizata-potpishani-megunarodni-konventsii-za-kolektivno-dogovarane-i-sotsijalen-dijalog-prodolzh/#respond Mon, 09 Jan 2023 19:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=785221

Самоволието на СДС(М)-ДУИ и непочитувањето на европските пракси како и низата потпишани меѓународни конвенции за колективно договарање и социјален дијалог продолжува! Најпрвин беше предлог Законот за јавниот интерес во културата во кој се предвидува унифицирано уредување на работните места на културните работници и уметниците, што е спротивно со сите европски тенденции. Пракса е работните места да се уредуваат со подзаконски акти и Колективни договори, а со ваквиот директен упад на СДС(М)-ДУИ не само што се потценуваат правата на уметниците и културните работници, истовремено се маргинализира и улогата на Синдикатите во креирањето на законски решенија. Ова значи крајно непочитување и напуштање на социјалниот дијалог!!! Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја прашува министерката д-р Бисера Костадиновска Стојчевска до кога ќе подготвува и поддржува законски решенија кои имаат скриен мотив, односно исполнување на насоките на Владата, да се поништи актуелниот Колективен договор за вработените во културата и да се намалат платите на уметниците и културните работници?, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-samovolieto-na-sds-m-dui-i-nepochituvaneto-na-evropskite-praksi-kako-i-nizata-potpishani-megunarodni-konventsii-za-kolektivno-dogovarane-i-sotsijalen-dijalog-prodolzh/feed/ 0
Буџетот за култура на Франција во пораст, достигна 4,2 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budzetot-za-kultura-na-francija-vo-porast-dostigna-4-2-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budzetot-za-kultura-na-francija-vo-porast-dostigna-4-2-milijardi-evra/#respond Mon, 26 Sep 2022 15:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=737623

Буџетот на Министерството за култура на Франција во 2023 година ќе изнесува 4,2 милијарди евра, што е зголемување за 271 милион (+7отсто), објави министерката за култура Рима Абдул Малак на прес-конференција. Во 2022 година буџетот на Министерството за култура за првпат надмина четири милијарди евра. Како што јави дописникот на МИА од Париз, 711 милиони евра (+1,1 отсто) се наменети за финансирање на кино и аудиовизуелна продукција и видео игри во 2023 година, а 208,5 милиони евра ќе бидат наменети за пропусницата за култура, односно 9,5 милиони дополнителни кредити. Според министерката за култура, приоритет е „повеќе од кога и да е да се вклучиме во уметничко образование уште од мали нозе и да ја развиеме желбата за култура“. Министерството за култура, како што рече Абдул Малак ,има намера „да го потврди местото на француското творештво, на францускиот јазик, на француската иновација во дигиталниот океан“. Во однос на јавната радиодифузија распределбата за 2023 година изнесува 3,8 милијарди евра. Но, механизмот е тој што се менува, бидејќи таксата е отстранета. Парите наменети за јавната радиодифузија сега доаѓаат од дел од ДДВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budzetot-za-kultura-na-francija-vo-porast-dostigna-4-2-milijardi-evra/feed/ 0
Град Скопје финансира 177 проекти од областа на културата: Еве за кои проекти станува збор и колку пари ќе добијат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-finansira-177-proekti-od-oblasta-na-kulturata-eve-za-koi-proekti-stanuva-zbor-i-kolku-pari-kje-dobijat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-finansira-177-proekti-od-oblasta-na-kulturata-eve-za-koi-proekti-stanuva-zbor-i-kolku-pari-kje-dobijat/#respond Wed, 13 Apr 2022 15:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=662587

Градот Скопје донесе одлука за распределба на предвидените 13.300.000 денари за проекти во областа на културата во 2022 година. На јавниот повик кој беше објавен во октомври минатата година, беа повикани сите заинтересирани да го поднесат своето барање за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје. На повикот пристигнаа 564 апликации, а Градот Скопје донесе одлука за поддршка на 177 проекти. Во областа на визуелните уметности и уметност на новите медиуми поддржани се 29 проекти со вкупна вредност од 1.482.000 денари; Во областа на изведбените уметности  поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 2.785.000 денари; Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од  6.433.000 денари; Во областа на издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари; Во областа на меѓународната соработка поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од  1.100.000 денари; Во областа на  културниот туризам, промоција на културното наследство и музејска дејност поддржани се 15 проекти со вкупен износ од  540.000 денари; Листа на поддржани проекти: https://skopje.gov.mk/media/8374/reshenie-za-poddrzani-proekti-od-javen-povik-za-kultura-2022.pdf  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-finansira-177-proekti-od-oblasta-na-kulturata-eve-za-koi-proekti-stanuva-zbor-i-kolku-pari-kje-dobijat/feed/ 0
СОНК: Вработените од дејностите во градинките, образованието и културата да бидат на приоритетната листа за вакцинирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-vrabotenite-od-dejnostite-vo-gradinkite-obrazovanieto-i-kulturata-da-bidat-na-prioritetnata-lista-za-vakciniranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-vrabotenite-od-dejnostite-vo-gradinkite-obrazovanieto-i-kulturata-da-bidat-na-prioritetnata-lista-za-vakciniranje/#respond Mon, 29 Mar 2021 12:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=489201

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК во текот на денешниот ден испрати писмо до Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за култура со Барање за вработените во детските градинки, образование и културата во ек на пандемија од Ковид-19 да се стават во приоритетна листа за вакцинирање. СОНК цени дека вработените во овие дејности коишто се со физичко присуство на своите работни места и се во постојан непосреден контакт со луѓе, заради заштита на сопственото здравје и ширење на вирусот, потребно е да бидат на оваа приоритетна листа, особено заради важноста на дејностите во коишто работат. Од синдикатото велат дека со тоа би се намалил ризикот од заболување, институциите би работеле непрекинато без посериозни проблеми, но исто така и би се избегнало неконтролирано вакцинирање надвор од државата и ризикот што произлегува од тоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-vrabotenite-od-dejnostite-vo-gradinkite-obrazovanieto-i-kulturata-da-bidat-na-prioritetnata-lista-za-vakciniranje/feed/ 0
Љутков: Секогаш кога СДСМ е на власт става тешка рака врз културата и се труди да ја уништи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljutkov-sekogash-koga-sdsm-e-na-vlast-stava-teshka-raka-vrz-kulturata-i-se-trudi-da-ja-unishti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljutkov-sekogash-koga-sdsm-e-na-vlast-stava-teshka-raka-vrz-kulturata-i-se-trudi-da-ja-unishti/#respond Wed, 17 Feb 2021 10:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=469909

Новиот Факт е дека кога секогаш СДСМ на власт таа става тешка рака врз културата и се труди да ја уништи. Затоа што во културата е гласот и ако видите низ историјата револуциите почнуваат од културата, изјави Зоран Љутков, актер и претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, за Радио Лидер. Тој посочи да не се прави тука забуна со ш т.н. шарена револуција, бидејќи тоа било платеничка револуција. - Оваа политичка опција која е на власт денес не можеше да успее сам, мораше да ја обезбеди таа платеничка шарена револуција со многу пари, рече Љутков. Тој посочи дека СДСМ уништувањето на културата го прави со понижување на институциите и носење на нов криминален закон кој треба да ја направи нефункционална националната култура. - СДСМ ги понижува институциите со тоа што им вели дека ништо не знаат и им носи луѓе од невладиниот сектор, и затоа ни се случува пропаст во културата и образованието. СДСМ сега носи закон за остварување на јавен интерес во културата, кој е со намера да се уништи се што е во културата. Можат да постават со тој закон каратист за директор или фискултурци, за да направат националната култура да не може веќе да функционира и да направат јавна култура. Законот кој се нуди сега е криминален и ќе ја потоне културата, потенцираше Љутков. Додаде дека проблемот не е само во културата, туку дека најголемиот проблем е во образованието, затоа што се потекнува од него. - Видете што се случи на јавната дебата за новата реформа во образованието. На една страна имате луѓе кои го бранат тој концепт 3, 4 или 5 кои не можат да се снајдат во одбраната, а од друга страна имате луѓе кои ви укажуваат дека тоа ќе биде катастрофа, дециден е Љутков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljutkov-sekogash-koga-sdsm-e-na-vlast-stava-teshka-raka-vrz-kulturata-i-se-trudi-da-ja-unishti/feed/ 0
Димовски: Компромиси за идентитет, култура не смее да има затоа оваа ненародна власт мора да се урне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-kompromisi-za-identitet-kultura-ne-smee-da-ima-zatoa-ovaa-nenarodna-vlast-mora-da-se-urne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-kompromisi-za-identitet-kultura-ne-smee-da-ima-zatoa-ovaa-nenarodna-vlast-mora-da-se-urne/#respond Thu, 03 Dec 2020 18:23:14 +0000 https://kurir.mk/?p=438387

Љупчо Димовски на протестот пред Владата под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека пред Македонија има пред сериозен долгогодишен проблем кој оваа влада ниту знае како, ниту умее да го реши. -Културата, јазикот не може да се предмет на преговори. Предавството на Македонија, на се македонско за сопствени интереси, можат да го направат само Заев и само неговиот Димитров. Сега и специјалниот претставник Бучковски, рече Димовски. Според него бугарските барања не се намалуваат, а Заев пак се обидува да ни наметне нешто неприфатливо, не тера на неприфатливи отстапки. Димовски посочи дека за вакво прашање никој не може да одлучува сам, за вакво прашање мора да има консензус. -Сведоци сте дека власта бега од дијалог, бега од Собранието. Ние мора да ги обележиме црвените линии. Компромиси не смее да има за јазик, за идентитет, за култура, никој нема овластување за такво нешто. Во решавање на вакво прашање јасно е треба да се вклучени сите да се изгради консензус, рече Димовски. Оваа ненародна влада мора да се урне, рече Димовски и додаде „Македонија е над се и над сите, затоа да се избориме за нашата македонска иднина“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-kompromisi-za-identitet-kultura-ne-smee-da-ima-zatoa-ovaa-nenarodna-vlast-mora-da-se-urne/feed/ 0
Тасевски: Зоране Заев, 3500 луѓе од културата, уште ја немаат земено јулската плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-zorane-zaev-3500-lugje-od-kulturata-ushte-ja-nemaat-zemeno-julskata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-zorane-zaev-3500-lugje-od-kulturata-ushte-ja-nemaat-zemeno-julskata-plata/#respond Thu, 10 Sep 2020 15:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=401691

-Зоране Заев, 3500 луѓе од културата, уште ја немаат земено јулската плата. Во време на пандемија и ценовни шокови на храната, струјата и други тракатанци. Така отприлика изгледа твојата социјална држава швајцарска Северна Македонија. Знам дека културата на газот не ја ставате, ама барем укинете ја со уредба, да знаеме на што сме. Сите на Завод за вработување. А јасно е дека од октомври ќе биде ужасот поголем. Банкрот сте. Зоране Заев сметки ни се таложат за плаќање, а вие се изживувате со 3000 семејства. Многу од нас живеат со една плата, а имаат деца. Засрамете се, стои во Фејсбук статусот на Сашо Тасевски. Доста глумите европски реформисти. Не знаете каде терате. Лутате без компас. Само гледате да се додворите кај разни белосветски битанги за да добиете избори и останете на власт. И после, зошто луѓето споредувале и велеле дека дури и со Груевски беше подобро од сега? Е па подобро беше. Сакале вие тоа да го чуете или не. Швајцарија ќе сте правеле од нас? Вие во пештери ќе не вратите до крајот на годинава. Каменото време ќе ни се чини како ренесанса во споредба со животот овде. Тие слугите поданички околу тебе, знам ќе ти го пренесат моево обраќање. Стави си прст на чело, пишува Тасевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-zorane-zaev-3500-lugje-od-kulturata-ushte-ja-nemaat-zemeno-julskata-plata/feed/ 0