културен центар „Иван Михајлов“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Mar 2023 13:27:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png културен центар „Иван Михајлов“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-go-kritikuva-brisheneto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-go-kritikuva-brisheneto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola/#respond Thu, 23 Mar 2023 13:27:12 +0000 https://kurir.mk/?p=815492

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат од регистарот бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника. - Оваа вест одекнува лошо во ЕУ. Властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во РСМ, не од денес и вчера, туку со векови - 1300 години. Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија, европските институции и нашите европски партнери, РСМ да ги впише Бугарите во Уставот. Ова е почетна точка за интеграција на нашиот сосед во ЕУ, изјави Радев пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел. Централниот регистар на Република Северна Македонија вчера го избриша од регистарот бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, по одлуката на Министерството за правда донесена врз основа на добиеното мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности. Комисијата за употреба на имиња на личности се изјасни дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови беа обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето за пререгистрација истече на 16 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-go-kritikuva-brisheneto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola/feed/ 0
Централниот регистар го избриша Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ Битола од Регистарот на други правни лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralniot-registar-go-izbrisha-zdruzhenieto-kulturen-tsentar-ivan-mihajlov-bitola-od-registarot-na-drugi-pravni-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralniot-registar-go-izbrisha-zdruzhenieto-kulturen-tsentar-ivan-mihajlov-bitola-od-registarot-na-drugi-pravni-litsa/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=815447

Вчера од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставенo Решение за неусогласеност на Здружението КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по претходно прибавеното мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња на личности, информираат од Централниот регистар. Централниот регистар по приемот на Решението за неусогласеност, а во врска со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации го избриша здружението од Регистарот на други правни лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralniot-registar-go-izbrisha-zdruzhenieto-kulturen-tsentar-ivan-mihajlov-bitola-od-registarot-na-drugi-pravni-litsa/feed/ 0
Министерството за правда се „правда“: Немаме дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-se-pravda-nemame-dadeno-soglasnost-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-se-pravda-nemame-dadeno-soglasnost-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov/#respond Fri, 14 Oct 2022 12:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=745361

Министерството за правда вели дека нема издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението што беше отворено во април оваа година во Битола. Реакцијата на Министерството следи по денешниот заклучок на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека основањето на здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола е дискриминациски, а дека е извршена и индиректна дискриминација од страна на Министерството за правда. -Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар „Иван Михајлов“, кое било во постапка и регистрирање во Централниот регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или кој било друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението, се вели во реакцијата од Министерството. Појаснуваат дека „Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека нема одобрение од страна на Министерството за правда“. Од Министерството за правда велат дека немаат никаква надлежност да вршат надзор над работата на здруженијата, единствено се надлежни за надзор на законитоста на примената на одредбите од Законот. -Согласно член 58 од Законот за здруженија и фондации, Министерството за правда единствено е надлежно да врши надзор на законитоста на примената на одредбите од законот. Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов“, пишува во соопштението. Во однос на постапката за регистрацијата на здружението, од Министерството велат дека до нив на 27 февруари 2019 година е доставено барање за давање на согласност за регистрација во Централен регистар. – Министерството за правда со допис од 5 март 2019 година година достави одговор на барањето со кое се известува подносителот дека согласно член 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации Министерството за правда издава одобрение за употреба на зборот „Македонија“, зборовите изведени од него, како и неговите кратенки, за употреба во името на организацијата, посочуваат од Министерството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-se-pravda-nemame-dadeno-soglasnost-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov/feed/ 0
КСЗД: Присуството на бугарскиот конзул за време на најавениот увид во Културниот центар во Битола, Комисијата го доживува како обид за влијание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-prisustvoto-na-bugarskiot-konzul-za-vreme-na-najaveniot-uvid-vo-kulturniot-centar-vo-bitola-komisijata-go-dozivuva-kako-obid-za-vlijanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-prisustvoto-na-bugarskiot-konzul-za-vreme-na-najaveniot-uvid-vo-kulturniot-centar-vo-bitola-komisijata-go-dozivuva-kako-obid-za-vlijanie/#respond Fri, 05 Aug 2022 11:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=714551

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа. Од КСЗД, информираат дека по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“, вчера беше извршен најавен увид во просториите на Центарот во Битола. – При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението, е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација и според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Северна Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција. По извршениот увид во просториите на клубот, Весна Бендевска од КСЗД во изјава за медиумите рече дека тоа е сторено по претставка за дискриминација од граѓанско здружение, но не прецизираше за што се однесува претставката, потенцирајќи дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката. – Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката и да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска. Културниот центар „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на претставници на бугарскиот државен врв. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-prisustvoto-na-bugarskiot-konzul-za-vreme-na-najaveniot-uvid-vo-kulturniot-centar-vo-bitola-komisijata-go-dozivuva-kako-obid-za-vlijanie/feed/ 0