културни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 18:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png културни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Љутков: Досега Владата нема обезбедено ниеден денар во однос на плати за културните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lutkov-dosega-vladata-nema-obezbedeno-nieden-denar-vo-odnos-na-plati-za-kulturnite-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lutkov-dosega-vladata-nema-obezbedeno-nieden-denar-vo-odnos-na-plati-za-kulturnite-rabotnitsi/#respond Thu, 12 Jan 2023 18:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=786628

„Имате една политичка опција која што постојано во медиумите зборува дека не треба да се враќаме назад, дека треба да гледаме во иднината и дека Европа е нашата тенденција. Се ова што се работи со новиот предлог закон е антиевропско. И тука е завршена приказната. Значи нема понатаму што да разговараме. Во 2017-та и 2018-та година донесоа еден предлог закон за остварување на јавниот интерес во културата кој што во Собранието беше блокиран со над 1000 амандмани. Значи за тој исто имаше јавна расправа која што наиде на огромни критики и потоа беше закачен на интернет и пак имаше огормни критики, ништо од тоа не се прифати и пробаа преку комисиска расправа. Таму наиде на 1000 амандмани и беше блокиран“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Љутков додаде дека и сега наместо од власта да се вратат назад и да речат добро, ајде ќе се тргне со некој поинаков дијалог каде што ќе се вклучат и националните институции и експертите во култура, и ќе се вклучат двата синдикати, па дури и ќе се вклучи граѓанскиот сектор, тие сепак одат пак по старо. Потребно е да се тргне политиката од културата. „И сега министерката во едно интервју вели ние тргнавме прво со националните, па после решивме и вас да ве вклучиме. Факт е дека тие не можат да се снајдат со синдикатите. Потпишан е со СКРМ, со синдикатот за култура на Република Македонија, потпишан е тој колективен договор каде што по член 65 вели дека со секое покачување на минималната плата автоматски се покачуваат и платите на работниците. Верувајте од тој момент до сега Владата нема обезбедено ниеден денар во однос на плати“, рече тој. Тој посочи дека министерството ги качува платите, но крати од програмските активности. И затоа се нема пари за програми. „Не обезбедила Владата досега ниту еден денар за културните работници. Ниеден денар! Самата министерка на национална телевизија си призна дека претходните години не биле испланирани средства за плати, па затоа се правело ребаланс. Но, со правење на ребаланс не се обезбедиле средства од финансии, туку се обезбедиле средства министерството за култура со пренамена од прграмските активности. Од производството ни кратат“, нагласи Љутков.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lutkov-dosega-vladata-nema-obezbedeno-nieden-denar-vo-odnos-na-plati-za-kulturnite-rabotnitsi/feed/ 0
Заев ги потцени културните работници и ги направи социјални случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-potceni-kulturnite-rabotnici-i-gi-napravi-socijalni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-potceni-kulturnite-rabotnici-i-gi-napravi-socijalni-sluchai/#respond Tue, 29 Sep 2020 08:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=409931

Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашниот ден го презентира четвртиот пакет економски мерки за помош и поддршка на населението за справување со последиците од пандемијата. Во делот за поддршка на културните работници, тој најави помош од 6.000 денари односно платежни картички во вредност од 6.000 денари за голема потрошувачка со цел за развој на домашните економски дејности. -Продолжуваме со платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности. Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници‘, вели Заев. Наспроти ваквите најави на Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција коментирајќи го четвртиот сет мерки на Владата, истакна дека Заев ги понижил културните работници. -Владата на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош се обидува да го надомести сето она кое што се случуваше во изминатиов период, пред се мислам на неисплатените плати во културата за културните работници кои што доцнат повеќе од два месеци, вели Мицкоски. Според Мицкоски со ваквиот третман од страна на Владата и Зоран Заев им е нанесен срам на културните работници. Мицкоски додаде дека поради тој како што вели „брутален срам кој што им е нанесен на културните работници, министерката за култура треба да поднесе неотповиклива оставка“. -Поради тој брутален срам кој што им е нанесен на културните работници, министерката за култура треба да поднесе неотповиклива оставка. Бидејќи нејзините колеги, културните работници таа самата како соучесник во мафијашкото однесување на Заев, ги стави во групата на социјално ранлива категорија и ги направи социјални случаи, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-potceni-kulturnite-rabotnici-i-gi-napravi-socijalni-sluchai/feed/ 0