културно наследство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 11:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png културно наследство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесен обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/#respond Fri, 09 Jun 2023 11:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=844010

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица, сторители на кривичното дело Злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за кривичното дело Злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости. М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) - кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Најмладиот Р.З.(28,) според Обвинителниот акт, покрај кривичното дело Злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. ЈОРСМ информира дека во текот на втората половина на 2021 година на територијата на државава, со цел вршење на наведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А.и Т.А. создале група во која припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство. -Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021 до 12 декември 2022 година презеле дејствија на неовластено од надлежен орган истражување на археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита, користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, археолошките добра и историските предмети ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство, наведува Обвинителството. Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Република Северна Македонија, со исклучителна вредност. -Со нивно трајно оттуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата, соопшти ЈОРСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/#respond Fri, 10 Mar 2023 12:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=810431

„ДОБРИОТ“ ТРГОВЕЦ НЕ ДАВА НА ВЕРЕСИЈА! -Распродавање на честа и достинството на македонската култура и историја- Влахо кај Живојно - за јаглен; „Св. Атанасиј“ во Спанчево - за фотоволтаици; „Северна“ – ја додадоа за хациенди на Халкидики; македонската историја - на Бугарија за хонорари и наводни европски интеграции! Ова е парагон-блокот на Владата на ДУИ и приврзокот СДС(М) со кој во последниве шест години се распродава честа и достинството на македонската култура и историја! Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ подолго време укажува за алармантната состојба со културното наследство на Македонија. Бројните неправилности во сферата на заштитата доведоа до целосна деградација на многу локалитети. Запоставена е заштитата и негувањето на сите видови културно наследство. Доведен е во прашање и статусот на меѓународно признаените добра, како што се Гласоечкото пеење на Ургентната листа на УНЕСКО, Охридскиот Регион (Охрид, Струга и Дебарца) како светско природно и културно наследство, но и Преспанскиот Регион со езерата на Листата на светско природно наследство. На Тентативната листа на УНЕСКО за прогласување чекаат уште неколку локалитети (Трескавец, Курбиново, Кокино) на кои никако да им се подобри националниот статус за да можат да бидат впишани во УНЕСКО како културно наследство важно за светскот културен диверзитет. А одговори и одговорност на сите поставени прашања нема од никаде. Јавноста го претпоставува „Ценовникот“ на оваа неизбрана и нелегитимна Влада, но никако да дојде до конкретни одговори за тоа кои се причините и кој/кои се виновникот/ците за ваквите состојби. ВМРО-ДПМНЕ не верува во колективна одговорност! Одговорноста секогаш е персонализирана и точно лоцирана. Досега прашањата беа поставувани само до првиот човек на Министерството за култура на Република Македонија, од која никогаш и не добивме одговори. Затоа, ќе се обидеме да ги прашаме одговорните кадри од кои директно зависи спроведувањето на актуелните законски прописи и се надеваме дека ќе искамчиме некаков одговор. Увид во состојбите со заштитата на културното наследство имаат оние кои секојдневно се во контакт со него и кои директно работат на терен. Една од нив е новоизбраниот раководител во моќниот Сектор за управен и инспекциски надзор во Управата за заштита на културното наследство, Жаклина Петровска, назначена во 2022 година на највисоката и единствена позиција во државата, генерален инспектор за културно наследство! Оттаму, сосема легитимно е прашањето до почитуваната, како функционира системот, инспекторке!? (Интегрален текст од соопштение на Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/feed/ 0
ДЗР: Заштитата на културното наследство во нашата држава не е доволно ефикасна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-zashtitata-na-kulturnoto-nasledstvo-vo-nashata-drzava-ne-e-dovolno-efikasna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-zashtitata-na-kulturnoto-nasledstvo-vo-nashata-drzava-ne-e-dovolno-efikasna/#respond Wed, 04 Jan 2023 12:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=783767

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни и ефикасни да се оствари потребната заштита и ревитализација на недвижното културно наследство, покажале резултатите од ревизијата на успешност на тема “Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство“ што согласно Годишната програма за работа за 2022 година ја извршил Државниот завод за ревизија за 2022 година. Ревизорите утврдиле отсуство на редовна грижа, одржување, обезбедување и мерки за непосредна заштита од страна на имателот и надлежната институција за заштита кои придонесуваат кон оштетување, загуба, уништување и зголемени трошоци за одржување и активно функционирање на културното наследство, како и необезбедени јасни и објективни критериуми за начин на финансирање на недвижното културно наследство и распределба на средствата на надлежните институции, што ја ограничува можноста за навремена и соодветна заштита на недвижните добра. -Културното наследство како темел на националниот и културниот идентитет на еден народ. Нашата држава има богато културно наследство од минатите генерации кое е од непроценлива значајност, што треба да се заштитува, зачувува и одржува, како траен влог за идните генерации. Опфатот и доказите кои се обезбедени по пат на спроведување на техники и методологија од страна на ревизијата дава основа да го изразиме следниот заклучок: Стекнато е разумно уверување дека мерките и активностите за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство кои се преземаат од страна на надлежните институции не се доволни и ефикасни да се оствари потребната заштита и ревитализација и создава реална опасност за трајно зачувување на недвижното културно наследство за идните генерации, велат од ДЗР. Со извршената ревизија биле утврдени одредени недоречености и неусогласеност со поврзаната законска регулатива, како и неприменливи законски решенија во праксакои ги отежнуват постапките за непосредна заштита на културното наследство, како и дека отстуство на стратешки и плански документи има влијание врз дефинирање на приоритетни цели и основни начела, мерки и активности за заштита и користење на културните добра и утврдување на активности за трајно зачувување на културните вредности и нивна интегрирана заштита. -Утврдена е нецелосно спроведена класификација и извршена ревалоризација за само 18% од вкупниот број на регистрирани недвижни културни добра во државата, нецелосно воспоставена заштитна евиденција, необезбедени сеопфатни и ажурирани податоци во регистарот на недвижно културно наследство и неизграден Национален информативен систем за културното наследство придонесуваат да не се обезбедени јавно достапни информации за културното наследство на државата и негова заштита, финансиските средства за заштита на културно наследство од буџетски и странски извори за периодот од 2018 – 2021 година се реализирани во вкупен износ од 293.528 илјади денари, при што одобрените буџетски средства од Министерството за култура по Нацрт-програмите за сите национални установи секоја година бележат намалување, кое се движи во просек од 16% до 23% по година. Висината на обезбедените финансиски средства и стручните лица не се доволни за ефикасно спроведување на активностите за непосредна заштита, а неправилното алоцирање на средствата за заштита ја ограничуваат можноста за навремена и соодветна заштита на недвижните добра, се вели во денешното соопштение од ДЗР. Со ревизијата било утврдено и дека нерешените имотно-правни односи, долгиот период на постапките за експропријација, отсуството на редовна грижа, одржување, обезбедување, преземање на мерки за заштита од страна на имателите/корисниците и надлежните институции, придонесуваат кон оштетување, загуба, уништување, зголемени трошоци за одржување и активно функционирање на културното наследство, но и значаен недостиг на инспектори, односно екипираност со тројца инспектори во 2021 година со надлежност за вршење надзор на сите видови културно наследство на целата територија на државата, како и отуството на надзор над секое преземање мерки на непосредна заштита од страна на инспекциската служба, делумно извршени контролни надзори на решенија за отстранување на неправилности и непостапување од страна на субјектите по изречени мерки придонесуваат кон недоследна примена на пропишаните услови и намалена ефикасност од инспекцискиот надзор, што влијае да не се постигнат посакуваните ефекти за одржување, опстанок и ефикасна заштита на недвижното културното наследство. За надминување на погоре наведените состојби, како што информираат од ДЗР, до надлежните институции дадени се препораки кои се темелат на резултатите од извршената ревизија кои треба да обезбедат измени и дополнувања, односно донесување на нов Закон за заштита на културното наследство и усогласување со поврзаната законска регулатива, подобрување на кадровската екипираност на националните установи со стручни лица за заштита на недвижното културно наследство, воспоставување на функционален Информативен систем за културното наследство и Национален регистар на културното наследство, одобрување на средства за поголемо вложување во превентивна заштита на културното наследство и изнаоѓање на дополнителни извори на финансирање на заштитата на културното наследство, но и кадровско доекипирање со инспектори за недвижно културно наследство и зголемување на ефикасноста од инспекцискикиот надзор преку спроведување на контролен инспекциски надзор по издадените решенија со изречени мерки. Целта на извршената ревизијата била да даде одговор на прашањето: „Дали со постојната правна рамка, воспоставениот начин на водење на евиденција, финансирање на активностите и преземените мерки на надлежните институции за идентификација, заштита и надзор се обезбедува остварување на ефикасна заштита на недвижното културно наследство?“ во насока на зголемување на ефикасноста на мерките и активностите на надлежните институции за заштита на недвижното културно наследство, како темелна вредност на државата што се заштитува во секакви околности.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-zashtitata-na-kulturnoto-nasledstvo-vo-nashata-drzava-ne-e-dovolno-efikasna/feed/ 0
ВИДЕО: Погледнете го подводното културно наследство во Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-poglednete-go-podvodnoto-kulturno-nasledstvo-vo-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-poglednete-go-podvodnoto-kulturno-nasledstvo-vo-ohridskoto-ezero/#respond Wed, 21 Sep 2022 07:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=735570

Нуркачите од Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“. Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро. На прикажаното видео можат да се погледаат Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град. Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови - питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V - VI век, н.е). Проектот е финансиран Од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-poglednete-go-podvodnoto-kulturno-nasledstvo-vo-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Офицерскиот дом во Битола се прогласува за културно наследство од особено значење – подкатегорија големо значење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oficerskiot-dom-vo-bitola-se-proglasuva-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachenje-podkategorija-golemo-znachenje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oficerskiot-dom-vo-bitola-se-proglasuva-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachenje-podkategorija-golemo-znachenje/#respond Fri, 01 Jul 2022 09:45:29 +0000 https://kurir.mk/?p=698281

Офицерскиот дом во Битола, изграден во 1912 година, кој претставува споменик на културата, се прогласува за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, изјави министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. На прес-конференција во Битола, министерката Костадиновска Стојчевска нагласи дека Одлука за прогласување на Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, ја донесе Владата на предлог на Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство. – Со одлуката обезбеден е највисок режим на заштита кој подразбира трајно зачувување на Офицерскиот дом во изворна состојба, создавање на поволни услови за опстанок на Офицерскиот дом и задржување на интегритетот на сите податоци што тој ги носи со себе како сведоштво, ширење на сознанијата за вредностите и значењето на Офицерскиот дом и за неговата улога во културната идентификација, оспособување на Офицерскиот дом според неговата намена и значење, заради задоволување на културните, научните, едукативните, естетските, економските, туристичките и другите потреби на граѓаните и општеството и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање, истакна Костадиновска Стојчевска. Во изјава за медиумите министерката предочи дека игнорантскиот однос кон значењето и вредноста на овој објект заврши минатата година во мандатот на оваа Влада откако беа усвоени ревалоризацијата на предметното добро од надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, а потоа и ревизијата на актот за ревалоризација што го изврши Комисија формирана Управата за заштита на културното наследство. – Со највисокиот степен на заштита, трајно ќе биде чуван овој редок и значаен архитектонски објект кој сам по себе говори за практикувањето на архитектура од јавен и монументален карактер кај нас во периодот на неговото настанување. А, со содржините кои почнаа да се одвиваат во овој магичен простор на Широк сокак, како генерација продолжуваме да ги негуваме и спомените за златното време на Битола, да го негуваме културно-историското значење на објектот, но и да создаваме нови уметнички вредности кои ќе остават траги за актуелниот културен и општествен живот на Битола и на целата држава, посочи Костадиновска Стојчевска. На прес-конференција во Битола, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Офицерскиот дом е култно место за битолчани и како локална самоуправа ќе продолжат да ги негуваат традициите врзани со тој велелепен објект. – Како локална самоуправа практицираме Офицерскиот дом да биде репрезентативно место со кое се велича културата. Ова е место каде се одржува БитФест, односно битолското културно лето, а наскоро ќе биде и Европска Куќа. Ние ќе го надрградуваме ова место за да го добие целосниот сјај што го заслужува, истакна Коњановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oficerskiot-dom-vo-bitola-se-proglasuva-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachenje-podkategorija-golemo-znachenje/feed/ 0
Фатени осум трговци со македонско културно наследство, еве што краделе и каде го продавале (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/fateni-osum-trgovci-so-makedonsko-kulturno-nasledstvo-eve-shto-kradele-i-kade-go-prodavale-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/fateni-osum-trgovci-so-makedonsko-kulturno-nasledstvo-eve-shto-kradele-i-kade-go-prodavale-foto/#respond Thu, 30 Sep 2021 10:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=570668

По неколкумесечна предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица. Двајцата првообвинети во периодот од мај минатата година до денес, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, создале група на која се придружиле останатите осомничени. Осомничените поединечно и заедно преземале дејствија на присвојување и продажба на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. Употребувајќи сонди и метал детектори без дозвола од надлежен орган испитувале локалитети низ целата територија на државата. Како ориентација користеле сателитски снимки, карти и рачно напишани текстови и преданија, а потоа со употреба на  хилти, копачи, и други градежни алатки и градежна механизација правеле археолошки ископувања и минеролошко петрографски истражувања. Откриените артефакти – добра под привремена заштита иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале на непознати безбедни локации или во своите домови. Потоа, стапувале во контакт со непознати лица припадници на групата кои биле по потекло од Р.Грција, Р,Турција, Р.Албанија, Р. Хрватска, Р.Србија и САД и како на заинтересирани купувачи им ги продавале добрата за договорен износ. Купувачите артефактите ги изнесувале надвор од границите на Македонија со што трајно го оштетиле археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни  и научни институции и нанеле непроценлива штета на државата. Осумтемината се осомничени дека со преземените дејствија освен Злосторничко здружување, сториле  и кривично дело – Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, кривично дело – Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и кривично дело – Прикривање. Карактеристично за овие групи освен што недозволено користат метал детектори, сонди и други погодни алатки за скенирање на длабочина на територијата која е цел на ископ, со себе недозволено држат и оружје, па така, дел од обвинетите сториле и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. Групата оперирала на регистрирани и нерегистрирани археолошки локалитети и тоа: Вртекица, Сливица, Герман, Белица, Горна Јаболчица – кичевско, Долно Јаболчиште – велешко, Мочурлива вода, Чатал камен, Туњ, Чиндиро Кале, Медов Дол, Градиште – Црно Езеро, Ломница, Ченгово Кале, Бајрамова Круша, Ивањевци, Болдовенци, Журче- крушевско, Ловор, Лопатица и на други локации. Во денешната акција спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи под раководство на предметниот обвинител при претрес на домовите на осомничените пронајдени се предмети под привремена заштита, односно културно наследство со непроценлива вредност сопственост на Македонија, како и природни реткости и други скапоцени предмети прибавени со кривично дело и истите ќе бидат предадени на идентификација. Воедно, од слобода се лишени сите осомничени и во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување на мерка притвор за шестмина осомничени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/fateni-osum-trgovci-so-makedonsko-kulturno-nasledstvo-eve-shto-kradele-i-kade-go-prodavale-foto/feed/ 0