„Купи куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 11:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Купи куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-proektot-kupi-kukja-kupi-stan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-proektot-kupi-kukja-kupi-stan/#respond Wed, 01 Jun 2022 11:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=684877

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа. Од министерството појаснуваат дека субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години. Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии. Каматната стапка согласно утврдените критериуми изнесува 2,9 % во првите 3 години и 3,9 % во четвртата и петтата година од отплатата на кредитот при изборот на варијантата за субвенција на месечната рата, додека кај моделот субвенционирање на учеството каматната стапка изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен Eурибор. – Согласно утврдените услови и кретируми корисници на субвенциониран кредит може да бидат лица кои не се или се во брачна заедница, при тоа да не поседуваат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи се дефинирани на максимален износ од 900 евра за оние кои не се во брак и 1.300 евра за брачен пар. Продажната цена на станот што се купува со субвенционираниот кредит не треба да надминува 900 евра за метар квадратен и површина до 150 метри квадратни, информираат од Министерството за финанси. Заинтересираните граѓани може да поднесат барање за субвенциониран станбен кредит во комерцијалните банки во земјава преку кои се спроведува проектот, односно НЛБ банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка и Прокредит банка. Преку проектот „Купи куќа, купи стан“, кој се реализира 10 години, досега се одобрени над 2000 барања, при што износот на одобрените кредити е над 73 милиони евра, а одобрените субвенции над 18 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-proektot-kupi-kukja-kupi-stan/feed/ 0
Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“, проектот продолжува и догодина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-6-8-dekemvri-saem-kupi-kukja-kupi-stan-proektot-prodolzuva-i-dogodina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-6-8-dekemvri-saem-kupi-kukja-kupi-stan-proektot-prodolzuva-i-dogodina/#respond Tue, 03 Dec 2019 11:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=272654

Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата - „Купи куќа, купи стан“ продолжува и догодина. Граѓаните од 6-8 декември на саемот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол, ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за истиот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа посочи дека со годинава направените промени во проектот, значително се подобрени условите за граѓаните кои имаат потреба од поддршка од државата за да се стекнат со сопствен дом. - Најголема поволност за граѓаните е намалувањето на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95% на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%. И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР. Има нови модели, особено поволни за младите со возраст до и наполнети 35 години. За купување на стан, каде и интересот е најголем, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70% - ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%. Исто така зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата, рече Ангеловска. Ангеловска посочи дека дополнителна нова поволност во проектот е во насока на подигнување на наталитетот во земјата. Имено за секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година плус. Ангеловска рече дека има голем интерес за проектот. Годинава има доделено 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра, а само последните три месеци има доделено 61 кредит. Од вкупно одобрените кредити годинава за млади се 48. За станови се 71 од одобрените кредити, а останатите се за куќи. Од апликантите 45% се жени, а 55% се мажи. Се очекува до крајот на годината да има околу 150 доделени кредити. Средства за „Купи куќа,купи стан“ има предвидено и во Буџетот за 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-6-8-dekemvri-saem-kupi-kukja-kupi-stan-proektot-prodolzuva-i-dogodina/feed/ 0