купување гласови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jul 2020 09:58:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png купување гласови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешен јапонски министер и неговата сопруга обвинети за купување гласови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-japonski-minister-i-negovata-sopruga-obvineti-za-kupuvanje-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-japonski-minister-i-negovata-sopruga-obvineti-za-kupuvanje-glasovi/#respond Wed, 08 Jul 2020 09:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=371565

Поранешниот јапонски министер за правда Кацујуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Анри денеска се обвинети за купување гласови на минатогодишните избори, откако двајцата беа уапсени минатиот месец, соопшти судот во Токио. Кацујуки (57) и Анри (46) се уапсени во јуни под сомнение дека платиле милиони јени на поличари и приврзаници во префектурата Хирошима, за да обезбедат гласови на изборите за Горниот дом на Парламентот во јули минатата година. Во соопштениерто од судот се наведува дека тие уплатиле 1,7 милиони јени (15.800 долари) на сметките на пет лица, а Кацујуки платил 27,31 милиони јени (255.000 долари) на 103 лица, за Анри да биде избрана во Горниот дом на јапонскиот Парламент. Кацујуки Каваи призна дека уплатувал пари, но негираше дека имал намера да купува гласови, додека Анри изјави дека не се сеќава дека била вклучена во нелегални активности. Ако брачната двојка биде прогласена за виновна, тогаш ќе биде поништена победата на Анри Каваи во дистриктот Хирошима. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-japonski-minister-i-negovata-sopruga-obvineti-za-kupuvanje-glasovi/feed/ 0
„ЛА ВЕРИТА“ 3 ДЕЛ: ЗАЕВ КУПУВАЛ АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ – Командант на УЧК на црната листа на САД му донел 5.000 гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-3-del-zaev-kupuval-albanski-glasovi-komandant-na-uchk-na-crnata-lista-na-sad-mu-donel-5-000-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-3-del-zaev-kupuval-albanski-glasovi-komandant-na-uchk-na-crnata-lista-na-sad-mu-donel-5-000-glasovi/#respond Tue, 28 Jan 2020 21:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=295648

Новинарот на италијанска „Ла Верита“, Ларис Гејсер продолжува со објавување на доказите во случајот со изборен поткуп во 2014-та година каде првоосомничен е токму екс премиерот Зоран Заев. Заев заедно со неговит брат Вице и пратеникот на СДСМ од Струмица Марјан Даскаловски се товарат за злосторчничко здружување кое имало за цел преку поткуп да влијае врз волјата на гласачите, а на тој начин и на изборниот резултат во полза на СДСМ. -Осомничените Зоран Заев, роден на 08.10.1974 година во Струмица со место на живеење на ул. „Младинска“ бр... Струмица, Вице Заев роден на ....година во Струмица со место на живеење на ул. „Браќа Миладинови“ бр.... и Марјан Даскаловски, роден на 04.05.1964 година, роден во Василево Струмица живее на ул. Маршал Тито бр... Струмица, создале криминална група со цел преку нудење на поткуп да изврешат влијание врз волјата на гласачите, а со тоа да влијаат и над конечниот резултат од гласањето за време на претседателските и парламентарни избори во 2014 година во корист на политичката партија СДСМ, стои во обвиението кое никогаш официјално не било покренато. Ова обвинение беше затворено под сомнителни околности во 2018та година од страна на Рускоска. Македонската јавност на парламентарните избори во 2016-та година беше вчудоневидена од бројот на гласови кои што Заев ги освои во мнозински албанските средини како Арачиново, Тетово, Гостивар, но очилгедно дека процесот со купување на албаски гласови отпочнал од многу порано уште во 2014-та година.
Купени 5 илјади албански гласови
Од она што може да се види и слушне на доказите кои ги објавува италијанска „Ла Верита“, од поранешен командант на УЧК, Заев купил 5 илјади гласови! Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Чаушот, командантот на паравојската на СДСМ ќе му донесе 5.000 гласови. Чауш имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници . Тој го губи своето влијание откако за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти, но и панцири и оружје. Во документите кои ги поседува обвинителството стои дека Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци. Во операцијата според Ла Верита покрај Чаушот и Заев и учестувал и актуелниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ попознат под прекарот Српче. Сопругата на Беќири во тоа време работела во ПОЦ, каде директорувал Српче, а Богдановиќ имал и директна комуникација со Беќири. Во разговорите постои и СМС порака во која Зоран Заев на Богдановиќ му го испраќа бројот на Чаушот и добива понатамошни инструкции. Командантот на УЧК, пишува „Ла верита“ учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во National Emergency Act, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења. Првиот дел на скандалот донесува бркање од работа, невидена тортура, како Заеви „победуваа“ во Струмица. Вториот дел од скандалот донесе дека Заеви за глас плаќале по десет евра во турското маало во Струмица, донесе комуникација на братот на Зоран, Вице Заев со луѓе кои одработувале на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-3-del-zaev-kupuval-albanski-glasovi-komandant-na-uchk-na-crnata-lista-na-sad-mu-donel-5-000-glasovi/feed/ 0