купување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 09:26:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png купување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови чевли се купуваат навечер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novi-chevli-se-kupuvaat-navecher/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novi-chevli-se-kupuvaat-navecher/#respond Tue, 23 May 2023 09:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=837808

Многу жени веруваат дека меѓу многуте различни видови модели обувки во плакарот, тешко е да се одлучи за еден чифт. Тоа некако зависи од модниот стил и вкус, но, се чини, жените се согласуваат дека најлоши чевли се оние неудобните и што предизвикуваат плускавци. Се случува вообичаено - купувачката „се вљубува“ во чифт чевли, но откако ќе ги обуе првпат дома, сфаќа дека ѝ се неудобни и не може да направи чекор повеќе во нив. Следи прашањето - како не го сфатила тоа при пробувањето во продавницата? Постои начин да се избегне таа непријатна случка - со купување чевли во вистинско време. Тајната е во разликата во часот и времето од денот кои влијаат на тоа. Имено, нозете се менуваат во текот на денот. Наутро воопшто, човекот се чувствува посвежо, пропешачил помалку и стапалата не му / ѝ се отечени. Тоа значи дека ако наутро ќе му / ѝ одговара помал број. Но, подоцна дента, тоа се менува. Нозете се поуморни, а една од последиците се отечени стапала. Не е тешко да се погоди - тогаш ќе одговара поширок калап на чевелот и поголем број. Затоа советот гласи - нов чифт чевли се купува во последната третина од денот - колку подоцна, толку подобро. На тој начин новите чевли ќе Ви одговараат преку целиот ден, т.е. ќе бидат поудобни и нема да создаваат плускавци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novi-chevli-se-kupuvaat-navecher/feed/ 0
Совет од експерти: Престанете со импулсивно трошење пари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovet-od-eksperti-prestanete-so-impulsivno-troshene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovet-od-eksperti-prestanete-so-impulsivno-troshene-pari/#respond Mon, 30 Jan 2023 14:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=793724

Доколку припаѓате на луѓе кои трошат пари лесно и не знаат како да ги контролираат своите потрошувачки апетити, па го купуваат она што не им треба, време е да престанете со ваквите навики. -Еден од најдобрите начини да престанете со импулсивно трошење пари на неважни работи е секое непотребно купување да го одложите за 30 дена, советуваат експертите. Ако и по еден месец сè уште сакате да го купите она на што веќе сте се определиле, тогаш дозволете си да го сторите тоа бидејќи сте имале доволно време да размислите. Но, доколку во меѓувреме целосно заборавите на купувањето или сфатите дека не ви треба одредена работа, ќе заштедите пари кои непотребно би ги потрошиле. Експертите истакнуваат дека чекајќи да купиме, си дозволуваме да ги избледиме емоциите што ги доживеавме кога го видовме производот што сакаме да го имаме по секоја цена. Така, со текот на времето ќе се намалува импулсот за импулсивно купување и ќе обрнуваме повеќе внимание на она што го трошиме и купуваме „паметно“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovet-od-eksperti-prestanete-so-impulsivno-troshene-pari/feed/ 0
ЕЦБ со најава за прекин на програмата за поттикнување на купување обврзници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/#respond Wed, 11 May 2022 12:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=675086

Европската централна банка ќе ја прекине својата програма за поттикнување откуп на обврзници на почетокот на третиот квартал од оваа година, по што планира да ги зголеми каматните стапки. Тоа го најави денеска во Љубљана претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард. Таа во Љубљана присуствуваше на свечената прослава на 30-годишнината од независната словенечка централна банка, а во својот говор ги коментираше актуелните очекувања во однос на зголемената инфлација во Европа и каматната политика на ЕЦБ. Лагард рече дека нејзините очекувања се програмата за стимулирање на купување обврзници на ЕЦБ да заврши на почетокот на следниот квартал, по што со текот на времето треба да следи зголемување на каматната стапка. „Првото зголемување на каматната стапка ќе следи некое време по завршувањето на нето откупот на обврзниците, што може да значи во рок од неколку недели после тоа“, рече Легард. По првото зголемување на каматната стапка, процесот на нормализирање ќе се одвива постепено. Таа, исто така, предупреди на зголемената инфлација, нагласувајќи дека војната во Украина предизвикува „структурни промени“, кои според неа може да доведат до „понатамошни негативни шокови во понудата“ и да го засилат притисокот врз трошоците и цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/feed/ 0
Македонците онлајн во просек купуваат еднаш до два пати во три месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-onlajn-vo-prosek-kupuvaat-ednash-do-dva-pati-vo-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-onlajn-vo-prosek-kupuvaat-ednash-do-dva-pati-vo-tri-meseci/#respond Fri, 12 Nov 2021 10:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=594555

Ковид пандемијата значајно ја промени структурата на онлајн трансакции кои ги прават Македонците и ако претходно повеќе се купуваше од надвор, сега се повеќе се свртеа локално и повеќе се купува од домашни продавници, што е охрабрувачки и во полза на домашните е-трговци, порача Нина Ангеловска од Асоцијацијата за е-трговија пред почетокот на Четвртата конференцијата за е-трговија, која оваа година, под мотото „Ready, Set, Grow“, што се организира во хибриден формат во Скопје. – Ако пред две години структурата беше само околу 40 проценти кон дома, сега 74 проценти од вкупната вредност е кон домашни трговци. Што се однесува до растот, минатата година имавме трицифрен раст во трансакциите кон домашни е-трговци, а сега тој раст во првото полугодие изнесува 77 проценти, изјави Ангеловска. Таа нагласи дека од податоците во Годишната анализа за е-трговија, која секоја година ја изработува Асоцијацијата за е-трговија, може да се заклучи дека македонскиот е-купувач во просек купува во три месеци еднаш до два пати, што е најмалку споредено со сите земји од Европа. – Значи најретко купуваме онлајн или над 70 проценти од населението прави само една до две нарачки во три месеци. Најчестиот износ на нарачката е до 50 евра, исто како, што прават и соседните земји со што сме на дното во Европа по однос на висината на нарачките што ги прават. Се работи за помали трансакции. Најчесто се купува облека, спортска опрема…, што е исто и на ниво на Европа. Меѓутоа, Македонците најмалку од земјите во регионот и од Балканот купуваат онлајн мебел, производи за домаќинство и најмалку прават онлајн нарачки за храна, односно од ресторани, рече Ангеловска. Македонците на интернет покрај тоа што купуваат онлајн, потенцира, се први во употреба на интернетот за социјални медиуми, односно за прикачување слики, текстови, лично креирани содржини и тоа драстично пред сите други земји во Европа. – Ние сме меѓу последните заедно со земјите од регионот во користење на е-банкарство и не може да кажеме дека бележиме некој значаен прогрес во индексите за мерење на потенцијалот за развој на електронска трговија, и за мрежна подготвеност. Подготвени сме, меѓутоа имаме уште многу работа. Ние како Асоцијација сме свесни дека има бројни пречки и предизвици, продолжуваме и понатаму да работиме со многу ентузијазам за да ја промениме и да креираме поповолна клима за е-трговијата, а најважно да го искористиме овој исклучителен момент којшто го имаме за да ја забрзаме трансформацијата кон дигитално општество, рече Ангеловска. Ако се споредиме со сите земји од регионот, потенцира таа, можеби е забележителен прогресот на Косово по однос на интернет пенетрација, која изнесува 96 проценти со што е близу до развиените земји, додека ние имаме 81 и е на исто како ниво во претходната година. Главниот офицер за податоци во естонската Влада, От Велсберг посочи дека во Естонија повеќе од луѓето продолжуваат да ја користат е-трговијата и да пазарат онлајн што е нешто што дефинитивно го користат и се повеќе компании. – Дигиталните плаќања и фактури веќе ги користат повеќе од 70 отсто од компаниите и сметам дека полека ќе се откажат од плаќањето во кеш, нешто зашто луѓето сметаа дека е нешто од што никогаш нема да се откажеме. Само е прашање на време кога сите ние единствено ќе користиме само платежни и кредитни картички и слични нешта,посочи Велсберг. Илир Реџа, претставникот од германското Министерство за економски развој и соработка и Германската организација за меѓународна соработка (ГИС), посочи дека е-трговијата е голема можност за земјите од Западен Балкан. – Веруваме дека е-трговијата е голема можност за земјите од Западен Балкан особено што сметаме дека сега е вистинското време за интер регионална соработка меѓу компаниите и асоцијациите што ги поддржуваме. Исто така, го поддржуваме и подобрувањето на правните рамки за соработка, бидејќи увидовме дека се уште има многу законски пречки што се голем проблем компаниите да работат регионално во областа на е-трговијата, рече Реџа. На денешната конференција има пет теми кои ќе бидат организирани во вкупно 13 панел презентации, три панел сесии и еден неформален разговор. Учествуваат 28 домашни и странски говорници од вкупно 10 држави. Ќе се зборува за дигитализацијата и дигитална нација, за безбедни иновативни е-плаќања, како Ковид-19 ја промени е-трговијата и колку од овој раст е задржан во регионот и европските земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-onlajn-vo-prosek-kupuvaat-ednash-do-dva-pati-vo-tri-meseci/feed/ 0
ЕСМ панично купува струја од ден за ден – денеска купени 10.800 мегавати за 2,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-panichno-kupuva-struja-od-den-za-den-deneska-kupeni-10-800-megavati-za-2-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-panichno-kupuva-struja-od-den-za-den-deneska-kupeni-10-800-megavati-za-2-5-milioni-evra/#respond Tue, 09 Nov 2021 15:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=593249

ЕСМ почна панично да купува струја од ден за ден. Синоќа објави нов оглас, а веќе денеска купи уште 10.800 мегавати за 2,5 милиони евра – струја со која ќе се крпи системот до недела... Ова е трета набавка по ред за само три дена.. Во неделата беа купени најпрво 26 илјади мегавати, а вчера 4.500 мегавати.За купување струја по цена од над 200 евра за мегават ЕСМ за само три дена потроши близу 9 милиони евра. Од компанијата информираат дека рано утрово во функција е вратен Блок 1 и РЕК Битола повторно произведува струја, отако вчера беше исклучен во целост по хаваријата. Блок 2 е се уште во ремонт, а за Блок 3 кој е надвор од функција по пожарот во петокот, неизвесно е дали воопшто ќе проработи зимава. Поради хавариите МЕПСО влечеше струја од меѓународните мрежи, но во помал обем. За Канал 5 директорот Куштрим Рамадани вели дека откако Блок 1 е активиран, мрежата сега е стабилна и нема отстапувања, а најголемите повлекувања изминатиов период МЕПСО ги направило најмногу поради намаленото домашно производство. За влечењето струја од меѓународните мрежи МЕПСО има 5 опомени од Европската енергетска мрежа и милионски долгови. Фактурата колку точно треба да плати државата се очекуваат да пристигнат во текот на неделава. Инаку ЕСМ вчера требаше да соопшти кога и по која цена ќе пристигнат 300 илјади тони јаглен за Осломеј, но информација се уште нема. Детали нема ниту за набавката на 900 илјади тони јаглен за РЕК Битола... На депонијата на РЕК Битола има залихи од само 40 илјади тони јаглен, што според експертите е доволно само за неколку дена, па производството се задоволува и со увоз од струја. Експертите алармираат дека состојбата е премногу загрижувачка – или рестрикции или скап увоз, кој ќе значи и повисоки сметки – трета опција нема, велат упатените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-panichno-kupuva-struja-od-den-za-den-deneska-kupeni-10-800-megavati-za-2-5-milioni-evra/feed/ 0
Бајден ја потпиша уредбата за купување американски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bajden-ja-potpisha-uredbata-za-kupuvanje-amerikanski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bajden-ja-potpisha-uredbata-za-kupuvanje-amerikanski-proizvodi/#respond Tue, 26 Jan 2021 07:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=459819

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот за набавка на американски производи, со што се очекува да се обезбеди поддршка за американското производство и претприемачи. -Кога купуваме американско ќе набавуваме од цела Америка – од сите нејзини заедници што во минатото беа изоставени од системот за јавни набавки, рече Бајден по потпишувањето на указот. Клучниот план за обезбедување на иднината, како што истакна, ќе биде купувањето американски производи, пренесе „Гласот на Америка“. -Ќе ги искористиме парите на даночните обврзници за да ја изградиме Америка, рече Бајден. Според него, ова е најголемиот чекор напред во областа на инфраструктурата, истражувањето и развојот уште од Втората светска војна. -Според регулативата, ќе треба да се произведуваат повеќе компоненти во САД, рече Бајден. Со уредбата се потенцира примената на законот од 1920 година, според кој стоките и производите меѓу американските пристаништа се превезуваат со бродови чии производители, сопственици и оние кои управуваат со нив се американски државјани или граѓани со дозвола за постојан престој, наведува „Гласот на Америка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bajden-ja-potpisha-uredbata-za-kupuvanje-amerikanski-proizvodi/feed/ 0
Црна Гора интензивно преговара за купување вакцини против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-intenzivno-pregovara-za-kupuvanje-vakcini-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-intenzivno-pregovara-za-kupuvanje-vakcini-protiv-kovid-19/#respond Fri, 15 Jan 2021 13:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=455797

Владата на Црна Гора интензивно преговара за набавка на вакцина против Ковид-19, изјави денеска министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ, без да прецизира кога ќе почне вакцинацијата. Таа повтори дека тоа најверојатно ќе биде на крајот на јануари или почетокот на следниот месец. Таа додаде дека за набавката на вакцината се водат билатерални преговори со производителите, но и преговори во рамките на иницијативата Ковакс. – Овие преговори се интензивни. Имаме договори со сите производители и сите земји што нудат вакцина, изјави Боровиниќ Бојовиќ, на презентацијата на Националната стратегија за имунизација против новиот вирус. – Се надевам дека вакцинацијата ќе почне на крајот на јануари или почетокот на февруари, но сега не можам да кажам конкретен датум. Таа ги повика граѓаниоте на државата да бидат трпеливи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-intenzivno-pregovara-za-kupuvanje-vakcini-protiv-kovid-19/feed/ 0
Баерн се откажа од купување на Хаверц https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-se-otkaza-od-kupuvanje-na-haverc/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-se-otkaza-od-kupuvanje-na-haverc/#respond Tue, 04 Aug 2020 11:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=385966

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека клубот не планира да потпише договор со играчот од средниот ред на Баер, Каи Хаврц. – Сигурен сум дека по Лерој Сане годинава нема да имаме големи трансфери. Тоа нема никаква врска со квалитетот на настапот на Хаверц. Сите сметаме дека тој е многу добар играч. Но, за време на периодот на коронавирус, не можам да замислам дека ќе можеме да најдеме вакви средства преку продажба на играчи, изјави Хенес. Хаверц одигра 43 натпревари за Баер Леверкузен во сезоната 2019/20, постигна 17 голови и девет асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на 21-годишниот Германец на 81 милиони евра. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-se-otkaza-od-kupuvanje-na-haverc/feed/ 0
Денес не купувајте ништо, еве зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/denes-ne-kupuvajte-nishto-eve-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/denes-ne-kupuvajte-nishto-eve-zoshto/#respond Sat, 30 Nov 2019 09:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=271336

На 30 ноември се одбележува Меѓународниот ден на некупување (Buy Nothing Day) во знак на протест поради конзумеризмот. Денот на некупување е инициран од канадскиот уметник Тед Дејв во септември 1992 година во Ванкувер. Наскоро иницијативата на Дејв почна да се појавува во различни кампањи во САД, Велика Британија, Израел, Австрија, Германија, Нов Зеланд, Јапонија, Холандија, Франција и Норвешка. Меѓународниот ден на некупување денес се одбележува во повеќе од 65 држави. Но, исто така, Денот на некупување се одбележува во Северна Америка, Велика Британија, Финска и Шведска по Денот на благодарноста во САД, во истовремено со Црниот петок, додека на други места се одржува следниот ден односно последна сабота во ноември. Компанијата „Адбастерс“ задолжена за промоција на идејата на Дејв истакнува дека одбележувањето на Денот на некупување „не е само за промена на вашите навики за еден ден туку за започнување траен животен стил на помалку трошење и произведување на помалку отпад“. Различни собири и форми на протест се користат на Денот на некупување со цел да се привлече вниманието на проблемот со прекумерна потрошувачка. На пример, сечење со ножици на кредитните картички пред трговските центри. Тоа најчесто се прави во земјите каде Денот на некупување се одбележува во ист ден како и „Црн петок“. Од 2009 година Денот на некупување дел од учесниците го одбележуваат така што не само ништо не купуваат туку ги исклучуваат и телевизорите, мобилните телефони, компјутерети, не возат автомобил, со цел да ја потенцираат важноста на природата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/denes-ne-kupuvajte-nishto-eve-zoshto/feed/ 0
Македонците во просек трошат по 20 евра за онлајн трансакција кај домашните трговци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-prosek-troshat-po-20-evra-za-onlajn-transakcija-kaj-domashnite-trgovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-prosek-troshat-po-20-evra-za-onlajn-transakcija-kaj-domashnite-trgovci/#respond Tue, 08 Jan 2019 11:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=149653

Трансакции во вредност од 100 милиони евра се направени со платежни картички за купување онлајн во првите три квартали од минатата година, или за 28 проценти  повеќе на истиот период 2017 година. Поединечните трансакции во овој период бележат уште поголем тренд на раст, од 39 проценти, покажува денеска објавеното истражување на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Најголем дел од направените онлајн купувања, односно 63 проценти, биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра, наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци кои се 33 проценти. Четири проценти или 3,8 милиони евра од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од иматели на странски платежни картички. Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува раст од 51 процент во однос на истиот период од 2017 година, додека странците во Македонија потрошиле за 82 проценти повеќе онлајн кај домашните е-трговци. Во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансакции се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон што се реализирани онлајн со платежни картички. Според истражувањето, онлајн купувањата кон домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници. Македонските граѓани трошат просечно 19,7 евра на една онлајн трансакција кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци. Можеби зголемената онлајн понуда од домашните е-трговци ќе придонесе кон поголема заинтересираност за онлајн купување од домашните трговци. – Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании, исто така, треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонеснуваат кон раст на е-пазарот,  смета Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Воглавно, како што укажува, недостига едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-prosek-troshat-po-20-evra-za-onlajn-transakcija-kaj-domashnite-trgovci/feed/ 0