куран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 06:09:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png куран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шведска нема да го депортира лицето што го запали Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=893614

Шведската миграциска служба соопшти дека одлучила да депортира Ирачанец кој запали копии од Куранот, муслиманската света книга, но оти наредбата нема да биде спроведена бидејќи човекот може да биде подложен на тортура во неговата татковина. Шведска го подигна нивото на закана од тероризам на второто највисоко ниво во август и предупреди на зголемување на заканите за Швеѓаните дома и во странство, откако палењето на Куранот ги налути муслиманите и предизвика закани од џихадистите. Неколку демонстрации беа предводени од Салван Момика, ирачки бегалец кој тврди дека сака да протестира против целата институција на исламот и да ја забрани нејзината света книга. - Службата за миграција одлучи да му го одземе статусот и дозволата за престој и одлучи дека треба да биде депортиран, изјави портпаролот на службата. Според него, причината е тоа што мажот дал лажни податоци во пријавата за престој. Сепак, портпаролот рече дека Шведска не може да ја спроведе наредбата за депортација бидејќи мажот би ризикувал мачење и нехумано постапување доколку биде испратен во Ирак. Доколку ситуацијата се промени, човекот ќе биде депортиран, додаде тој. Службата за миграција во јули соопшти дека спроведува ревизија на дозволите за престој на Ирачаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/feed/ 0
Кристерсон: Шведска нема да го забрани палењето на Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-shvedska-nema-da-go-zabrani-paleneto-na-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-shvedska-nema-da-go-zabrani-paleneto-na-kuranot/#respond Sat, 26 Aug 2023 08:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=871119

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не планира, како Данска, да го забрани палењето на Куранот. -Секоја земја, која е изложена на акутни закани, самата го избира свој начин да се справи со нив. Имам многу почит за тоа што Данска го прави во моментов, рече Кристерсон, пренесен од шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT. Тој додаде дека Владата на Шведска не верува дека треба да го следи примерот на Данска. -Промената би барала уставна измена, па затоа не е најсоодветна за Шведска, рече Кристерсон. Данската влада вчера објави дека планира да го забрани палењето на Куранот, бидејќи повеќе сквернавења на исламската света книга во земјата предизвикаа незадоволство во муслиманските земји. Со оваа мерка ќе биде „забранет несоодветен третман на предмети со значајно религиозно значење“, соопшти министерот за правда, Питер Хумелгард, на прес-конференција, пренесе Блумберг. Според него, целта на предложениот закон е особено насочена кон палења и сквернавења на јавни места. Палењето на Куранот во Данска и Шведска оваа година предизвика протести во некои муслимански земји, а двете земји последователно ги засилија безбедносните мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kristerson-shvedska-nema-da-go-zabrani-paleneto-na-kuranot/feed/ 0
На протест пред Парламентот во Стокхолм повторно запалена копија од Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protest-pred-parlamentot-vo-stokholm-povtorno-zapalena-kopija-od-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protest-pred-parlamentot-vo-stokholm-povtorno-zapalena-kopija-od-kuranot/#respond Mon, 31 Jul 2023 14:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=862068

Двајца мажи денеска запалија копија од Куранот за време на протестот пред зградата на Парламентот во Стокхолм. Тоа се случува во време кога односите меѓу Шведска и неколку земји од Блискиот Исток се влошија поради неколку случаи на сквернавење на муслиманската света книга. Салван Момика и Салван Најем прво газеа копија од книгата, а потоа ја запалија, како што направија кон крајот на јуни на слични демонстрации пред главната џамија во шведскиот главен град. На 20 јули, двајцата мажи организираа демонстрации пред ирачката амбасада во Стокхолм, каде што го згазија Куранот, но не го запалија. Според пишувањата на медиумите, денешните демонстрации биле одобрени од шведската полиција во саботата. Организаторите им рекоа на новинарите дека сакаат Куранот да биде забранет во Шведска. Пред „Експресен“ Салван Наџем рече дека ќе ја пали светата книга за муслиманите додека властите не ја забранат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protest-pred-parlamentot-vo-stokholm-povtorno-zapalena-kopija-od-kuranot/feed/ 0
Фидан: Палењето на Куранот во Шведска поставува прашања за нејзините квалификации за НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fidan-paleneto-na-kuranot-vo-shvedska-postavuva-prashana-za-nejzinite-kvalifikatsii-za-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fidan-paleneto-na-kuranot-vo-shvedska-postavuva-prashana-za-nejzinite-kvalifikatsii-za-nato/#respond Wed, 05 Jul 2023 08:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=852872

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека неуспехот на шведските власти да го спречат палењето на Куранот на протестот во земјата предизвикува загриженост за безбедноста и поставува прашања за тоа колку таа е квалификувана да стане членка на НАТО. Фидан рече дека Турција сепак ќе и даде зелено светло на Шведска да се приклучи на воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши својата домашна задача“ и продолжи со напорите за решавање на прашањата што ја засегаат Турција. „Toa што шведскиот безбедносен систем не беше способен да ги спречи провокациите и што претставуваше слика на држава која носи проблеми во НАТО, наместо сила, не наведува да размислуваме за стратешките и безбедносните аспекти“, рече Фидан. Стравувајќи дека би можеле да станат мета на Москва по рускиот упад во Украина минатата година, Шведска и Финска побараа прием во НАТО. Сепак, кандидатурата на Шведска е блокирана од Турција, која ја обвинува дека е попустлива кон групите кои Анкара ги смета за безбедносна закана. Турција е незадоволна поради серијата демонстрации одржани во Шведска од приврзаниците на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, како и од протестите на кои беше запалена светата книга Куранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fidan-paleneto-na-kuranot-vo-shvedska-postavuva-prashana-za-nejzinite-kvalifikatsii-za-nato/feed/ 0
Холандски десничар го искина Куранот пред Парламентот во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandski-desnichar-go-iskina-kuranot-pred-parlamentot-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandski-desnichar-go-iskina-kuranot-pred-parlamentot-vo-hag/#respond Tue, 24 Jan 2023 14:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=791206

Едвин Вагенсвелд, водачот на холандското движење Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот (ПЕГИДА), викендов во Хаг го искина Куранот. Вагенсвелд на својот Твитер-профил сподели видео на кое го кине Куранот пред зградата на Парламентот во Хаг. За време на инцидентот бил сам и се се одвивало под полициска заштита. Тоа му било дозволено под услов да не го запали Куранот по примерот на саботниот инцидент во Шведска, објави турската агенција „Анадолија“. Во продолжение на споделеното видео се гледа како искинатите страници од Куранот се запалени во тава, на друга локација. Овој инцидент се случи веднаш по оној од инцидентот во саботата во Шведска кога Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија „Цврст курс“ (Страм Курс), запали копија од Куранот пред Турската амбасада во Стокхолм. За време на палењето на светата исламска книга, Палудан бил опколен од бројни припадници на полицијата. Реагираше Министерството за надворешни работи на Турција, кое најостро го осуди нападот врз Куранот во Хаг, Холандија, а амбасадорот на земјата во Анкара, Џоп Вајнандс, е повикан во Министерството при што му е пренесен официјален протест за инцидентот. „Најостро го осудуваме гнасниот напад од страна на антиисламска личност во Хаг, Холандија, на 22 јануари, насочен кон нашата света книга – Куранот. Овој одвратен чин што ги навредува нашите свети вредности и вклучува злосторство од омраза, по Шведска, овој пат во Холандија, е јасна изјава дека исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, се истакнува во соопштението. Беше истакнато дека таквиот чин е директно насочен кон основните права и слободи, духовните вредности и социјалната толеранција, не само на муслиманите, туку и на целото човештво и оти штети на културата на заедничко живеење во мир. Се додава дека холандскиот амбасадор во Анкара бил повикан во Министерството и му била пренесена осуда и протест против тој „грозоморен и одвратен чин“. Посочено е оти се очекува холандските власти да ги преземат неопходните активности против сторителите на инцидентот и да спроведат конкретни мерки за да се спречи повторување такви инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandski-desnichar-go-iskina-kuranot-pred-parlamentot-vo-hag/feed/ 0
ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-go-osudi-paleneto-na-kuranot-pred-ambasadata-na-turtsija-vo-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-go-osudi-paleneto-na-kuranot-pred-ambasadata-na-turtsija-vo-shvedska/#respond Mon, 23 Jan 2023 13:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=790727

Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска. Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај. – Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК. Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-go-osudi-paleneto-na-kuranot-pred-ambasadata-na-turtsija-vo-shvedska/feed/ 0
Побарал Куран пред Рамазанскиот пост и не го добил – Навални подготвува тужба против затворот каде што отслужува казната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobaral-kuran-pred-ramazanskiot-post-i-ne-go-dobil-navalni-podgotvuva-tuzba-protiv-zatvorot-kade-shto-otsluzuva-kaznata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobaral-kuran-pred-ramazanskiot-post-i-ne-go-dobil-navalni-podgotvuva-tuzba-protiv-zatvorot-kade-shto-otsluzuva-kaznata/#respond Tue, 13 Apr 2021 14:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=496593

Рускиот опозиционер Алексеј Навални соопшти дека го тужи затворот каде отслужува казна затоа што не го добил Куранот што го побара на почетокот на Рамазанскиот пост. „Кој би помислил дека првата тужба против колонијата ќе биде поради Куранот?“, напиша Навални на Инстаграм, кој од 31 март штрајкува со глад поради лошите затворски услови. Според него, книгите што ги донел кога дошол во затворската колонија на почетокот на март сè уште не му биле вратени затоа што требало да бидат „проверени за екстремизам“, а тоа е постапка што трае три месеци. „Дали ќе проверувате дали Куранот е екстремистички? Тоа е глупаво и незаконско“, истакна тој и додаде дека поради испратил барање до директорот и поднел тужба. Критикуван за расистички ставови во текот на 2000-тите и за учество во екстремно десничарски демонстрации, Навални рече дека решил во затвор „детално да го проучи и сфати Куранот“. „Сите околу мене постојано разговараат за исламот и муслиманите и секако 99 проценти од нив не знаат ништо за тоа. „Но, решив дека ќе станам шампион за Куранот меѓу руските немуслимански политичари“, напиша Навални.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pobaral-kuran-pred-ramazanskiot-post-i-ne-go-dobil-navalni-podgotvuva-tuzba-protiv-zatvorot-kade-shto-otsluzuva-kaznata/feed/ 0
Во Виена за прегласно слушање на Куранот во автомобил – казна од 100 евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-za-preglasno-slushanje-na-kuranot-vo-avtomobil-kazna-od-100-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-za-preglasno-slushanje-na-kuranot-vo-avtomobil-kazna-od-100-evra/#respond Wed, 30 Dec 2020 09:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=450202

Кон крајот оваа година обележана од корона-пандемијата, бројни казни од полициски службеници во Австрија предизвикаа бура во јавноста… Но, една посебно се издвојува. Имено, еден виенчанец кој слушал читање од Куранот додека возел, треба да плати казна за нарушување на редот и спокојството во околината. Објаснувањето на полицијата е дека околу автомобилот се слушало гласно рецитирање на арапски јазик, во облик на беседа, и покрај затворените прозорци. Полицијата го запре возачот и поднесе пријава, а тој сега треба да плати казна од 100 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-za-preglasno-slushanje-na-kuranot-vo-avtomobil-kazna-od-100-evra/feed/ 0
Белгија протера петмина Данци заради планови за палење на Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-protera-petmina-danci-zaradi-planovi-za-palenje-na-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-protera-petmina-danci-zaradi-planovi-za-palenje-na-kuranot/#respond Fri, 13 Nov 2020 07:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=428854

Белгија протера на една година петмина дански крајно десничарски активисти поради нивните планови за палење на Куранот во муслиманскиот дел од Брисел. Државниот секретар за азил, Сами Махди, ова го нарече „сериозна закана за јавниот ред“, пренесува Би-Би-Си. Според нивната страница на Фејсбук, петмината биле соработници на данскиот крајно десничарски политичар Расмус Палудан. Палудан во средата беше протеран од Франција откако на 30 октомври на Фејсбук напиша дека му соопштил на францускиот конзулат во Копенхаген дека на 11 ноември ќе го запали Куранот пред Триумфалната капија во Париз. Во изјавата не се споменува Палудан, но се вели дека „неодамна беше уапсен друг маж во Франција од истата причина“. Приврзаниците на Палудан во август во јужниот шведски град Малме, исто така, го запалија Куранот, предизвикувајќи насилни протести и судири со полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-protera-petmina-danci-zaradi-planovi-za-palenje-na-kuranot/feed/ 0