курц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Oct 2020 06:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png курц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курц и членовите на владата негативни на тестот за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-i-chlenovite-na-vladata-negativni-na-testot-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-i-chlenovite-na-vladata-negativni-na-testot-za-koronavirus/#respond Tue, 06 Oct 2020 06:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=412797

Во австриската Влада нема заразени со коронавирус, бидејќи канцеларот Себастијан Курц и членовите на неговиот кабинет имаат негативни тестови за присуство на заразата, јави Тасс, повикувајќи се на соопштение на владината прес служба. Кај еден од најблиските соработници на австрискиот канцелар вчера беше дијагностициран Ковид-19. Сите членови на австриската Влада веднаш ги минаа потребните тестови. Курц, според негово признание, се чувствува добро и нема никакви симптоми, а со заразениот соработник бил во контакт минатата недела. Канцеларот има намера да продолжи да работи од својата канцеларија, но ќе избегне лични средби. Во септември, бројот на заразени со коронавирус во Австрија повторно почна да се зголемува, а повеќето од заразените се регистрирани во Виена. Австрија како мерка воведе задолжително носење заштитна маска во продавниците, јавните институции и јавниот превоз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-i-chlenovite-na-vladata-negativni-na-testot-za-koronavirus/feed/ 0
Владата на Курц го поддржува Западен Балкан во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-na-kurc-go-poddrzuva-zapaden-balkan-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-na-kurc-go-poddrzuva-zapaden-balkan-vo-eu/#respond Sat, 01 Feb 2020 08:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=297819

Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц бара јасна перспектива на пристапувањето во ЕУ за земјите од Западен Балкан и го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во програмата на Владата, во која Танјуг имал увид, во делот кој се однесува на „проширување и надворешни работи на ЕУ“, со напомена дека е неопходна заедничка надворешна политика „со единствен глас“, се истакнува дека треба да бидат отворени пристапни преговори без одложување, односно треба да напредува кога една земја ќе ги исполни одредените критериуми, а размислувањата за нова методологија не смеат да го спречат тој процес. Австрија, како што се наведува, се изјаснува за брз почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Исто така се додава дека Австрија и понатаму активно ќе ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат, вклучувајќи го и решавањето на билатералните конфликти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-na-kurc-go-poddrzuva-zapaden-balkan-vo-eu/feed/ 0
Курц на средба со Трамп во Белата куќа на 20 февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-na-sredba-so-tramp-vo-belata-kukja-na-20-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-na-sredba-so-tramp-vo-belata-kukja-na-20-fevruari/#respond Sat, 09 Feb 2019 11:00:39 +0000 https://kurir.mk/?p=161941

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 20 февруари во Вашингтон. Ме радува што ќе имам работен состанок со претседателот на САД, на 20 февруари во Белата куќа. САД се светска сила и наш втор најважен трговски партнер, напиша Курц на Твитер. Тој истакна дека Австрија секогаш има голем интерес за добри и блиски односи со САД. Исто така, ги поддржуваме напорите на ЕУ да спречи можна трговска војна на Унијата и САД, напиша Курц. Како што е најавено во Виена, прво е планиран приватен разговор на најмладиот шеф на една влада во светот и претседателот на САД, а потоа и состанок на делегациите на двете земји. Теми ќе бидат билатералните односи, но и конфликтите во Европа и светот. Инаку, како што пренесуваат медиумите, Курц сака средба со Трамп за да покаже дека официјална Виена, по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Австрија во октомври, сака и добри односи со САД. Последната средба на еден австриски канцелар со претседател на САД во Белата куќа се одржа пред 14 години, кога Волфганг Шисел во 2005 година се сретна со Џорџ Буш. За време на Барак Обама ниту еден австриски канцелар не беше повикан во посета на САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-na-sredba-so-tramp-vo-belata-kukja-na-20-fevruari/feed/ 0