курди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 14:05:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png курди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenata-istraga-protiv-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-trojca-kurdi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenata-istraga-protiv-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-trojca-kurdi-vo-pariz/#respond Mon, 26 Dec 2022 14:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=780640

Француското обвинителство покрена формална истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз. Покренувањето формална истрага значи дека постојат сериозни или конзистентни докази кои укажуваат на вмешаност на осомничениот во кривично дело, пренесува Ројтерс. Обвинителството во соопштението наведува дека мотивот за нападот најверојатно бил од расистичка природа, додека претставниците на Курдите бараат нападот да се прогласи за терористички чин. Тие повикаа и на мирен протест попладнево на местото на убиствата. Мажот (69), чие име не го соопшти полицијата, беше уапсен во петокот откако двајца мажи и една жена беа застрелани во курдски културен центар и блиско курдско кафуле во прометниот централен 10-ти кварт во Париз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenata-istraga-protiv-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-trojca-kurdi-vo-pariz/feed/ 0
Со приватен авион од Турција во Париз пристигнале деветмина Курди, кои веднаш побарале азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-privaten-avion-od-turcija-vo-pariz-pristignale-devetmina-kurdi-koi-vednash-pobarale-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-privaten-avion-od-turcija-vo-pariz-pristignale-devetmina-kurdi-koi-vednash-pobarale-azil/#respond Fri, 18 Dec 2020 17:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=445357

Девет лица без документи, кои со приватен авион допатувале од Турција во неделата биле уапсени на аеродромот Орли во Париз, по што веднаш побарале азил, денеска објавија повеќе француски медиуми, повикувајќи се на извор на аеродромот. Патниците во Париз пристигнале со авион на австриска компанија, соопштил изворот, додавајќи дека обвинителството во Кретеј отворило истрага, јави дописникот на МИА. Илегалците од Турција морале да платат 30.000 евра за летот. Според Кодексот за влез и престој на странци и право на азил (Цезеда), компанијата за авио-транспорт се казнува со парична казна од максимален износ од 10.000 евра, кога ќе се симне на француска територија, а не носи државјанин на држава од Европската унија и притоа е без патна исправа или виза, што се бара со закон или меѓународниот договор. -Деветте лица тврдат дека се ирачки Курди и поднесоа барање за азил веднаш по нивното пристигнување, рече Лоре Палун, директор на Анафе (Национално здружение на гранична помош за странци), која следеше неколку од нив за време на нивното сместување во зона на чекање, каде што вообичаено ги држи граничната полиција. Меѓу нив имаше и брачна двојка и една бремена жена, придружувана од 17-годишна малолетничка, која тврдеше дека ја напуштила својата земја и која имала разговор во средата со Офпра (Француска канцеларија за заштита на бегалци и лица без државјанство), која одчучува статусот бегалец. Во четвртокот во зоната на чекање останаа само две од деветте лица, додава Лоре Палун, „што сугерира дека другите седум се примени на територијата за азил“. Ова е првпат мигранти да пристигнат во Франција со приватен авион, изјави Дидие Лески, директор на Француската канцеларија за имиграција и интеграција (ОФИИ). Потегот, меѓутоа, не го изненадува, имајќи го предвид забавувањето на миграциските текови и ограничувањето на воздушниот транспорт поради пандемијата, што предизвика затворање на надворешните граници на Европската унија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-privaten-avion-od-turcija-vo-pariz-pristignale-devetmina-kurdi-koi-vednash-pobarale-azil/feed/ 0
Турски воздушни удари врз позициите на Курдите во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-vozdushni-udari-vrz-poziciite-na-kurdite-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-vozdushni-udari-vrz-poziciite-na-kurdite-vo-irak/#respond Mon, 15 Jun 2020 07:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=357943

Турските воени авиони ноќеска ги нападнале курдските позиции во северен Ирак, за британските медиуми изјави турски безбедносен извор. Турското Министерство за одбрана потврди дека нивните авиони почнале операција во различни ирачки северни региони, како одговор на зголемениот број напади врз турските воени бази. „Почна операцијата ’Орлови канџи’. Нашите авиони уништуваат пештери врз главите на терористите“, соопшти Министерството на Твитер. Британските медиуми наведуваат дека воените авиони полетале од разни бази во Турција, особено од југоисточните градови Дијарбакир и Малатија, и ги погодиле логорите на Курдската работничка партија (ПКК) во Ирак, вклучувајќи го и планинскиот регион Кандил, каде што е седиштето на оваа организација. Министерството за одбрана подоцна соопшти дека биле нападнати упориштата на ПКК во Кандил, во близина на границата со Иран, како и подрачјето на Синјар, Зап, Авасин-Басијан и Хакурк. Ова е последен во серијата напади на турската војска врз позициите на ПКК, левоориентирана паравоена организација, која е во вооружен судир со Турција од 1984 година. Во конфликтот досега се убиени повеќе од 40.000 лица, главно во југоисточна Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-vozdushni-udari-vrz-poziciite-na-kurdite-vo-irak/feed/ 0
Курдите тврдат дека убиле 75 турски војници во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-tvrdat-deka-ubile-75-turski-vojnici-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-tvrdat-deka-ubile-75-turski-vojnici-vo-sirija/#respond Sun, 13 Oct 2019 07:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=251004

Арапско-курдските сириски демократски сили ја нападнале турската армија во Рас ал-Ајин, при што загинале 75 турски војници и уништиле седум тенкови, јави курдската агенција Фират, пренесува БГНЕС. Според истиот извор, уште 19 турски војници се повредени во нападите на Курдите. Вчера, турското Министерство за одбрана соопшти дека стратешки важниот град Рас ал Ајин е под контрола на вооружените сили на Турција и на опозиционата сириска национална армија, кои ја водат офанзивата во северна Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-tvrdat-deka-ubile-75-turski-vojnici-vo-sirija/feed/ 0
Курдите негираат дека е заземен пограничен град во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-negiraat-deka-e-zazemen-pogranichen-grad-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-negiraat-deka-e-zazemen-pogranichen-grad-vo-sirija/#respond Sat, 12 Oct 2019 13:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=250867

Курдските Сириски демократски сили (СДФ) денеска негираа дека силите поддржани од Турција ја презеле контролата над центарот на градот Рас ал Ајин, во североисточна Сирија. Претставникот на СДФ Марван Камишло рече дека турските сојузници влегле во дел на Рас ал Ајин, што е индустриски округ, а по повеќечасовно гранатирање што довело до „тактичко повлекување“. Сириските бунтовници, поддржани од Турција, претходно соопштија дека ја презеле контролата врз центарот на пограничниот град Рас ел Ајин. Според турското Министерство за одбрана, „станбениот центар на Рас ал Ајин е ставен под контрола за време на успешните операции источно од реката Еуфрат“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-negiraat-deka-e-zazemen-pogranichen-grad-vo-sirija/feed/ 0
Силите на сириските Курди се огранок на ПКК, изјави претставник на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silite-na-siriskite-kurdi-se-ogranok-na-pkk-izjavi-pretstavnik-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silite-na-siriskite-kurdi-se-ogranok-na-pkk-izjavi-pretstavnik-na-sad/#respond Fri, 16 Nov 2018 14:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=128602

Партијата на демократската унија (ПУД) на сириските Курди и нејзиното вооружено крило Силите за заштита на народот, се огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија, изјави специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри. Во обраќање на Форум за одбрана во Вашингтон, Џефри посочи дека операциите на САД во Сирија би биле невозможни без „активно учество, координација и соработка на Турција“. – Партнер на терен (на САД) од 2014 година е сирискиот огранок на ПКК, но ние не го прогласивме за терористичка организација, како што направивме со ПКК, изјави Џефри. Според него, САД се уште се присутни во североисточниот регион на Сирија за да ја поразат Исламската држава, да ги потиснат Иранците од регионот и да го обезбедат политичкиот процес во земјата. – Турција се согласува со сите три точки, но САД додадоа „некои услови“ кои не успеаја добро да им ги објаснат на Анкара, истакна Џефри, без да ги прецизира условите. Турција одбива да сорабува со ПУД и Силите за заштита на народот, обвинувајќи ги дека се сириски огранок на ПКК, но САД одбиваа да ја прекинат соработката со нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silite-na-siriskite-kurdi-se-ogranok-na-pkk-izjavi-pretstavnik-na-sad/feed/ 0
Германски пратеник со курдско потекло му го спасил животот на колега од екстремно десничарска партија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/germanski-pratenik-so-kurdsko-poteklo-mu-go-spasil-zivotot-na-kolega-od-ekstremno-desnicharska-partija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/germanski-pratenik-so-kurdsko-poteklo-mu-go-spasil-zivotot-na-kolega-od-ekstremno-desnicharska-partija/#respond Thu, 01 Nov 2018 14:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=122366

Левоцентристички пратеник со курдско потекло му го спасил животот на пратеник на антиимигрантската партија Алтернатива за Германија (АФД) кој во Парламентот добил срцев напад. Сердар Јуксел од германската Социјалдемократска партија (СПД) му помогнал на пратеникот на АФД кој се онесвестил на состанок на здравствената комисија во Парламентот на Северна Рајна-Вестфалија. – Видов дека не реагираше, не дишеше, немаше пулс, рече пратеникот. Јуксел изјави дека веднаш почнал да му го масира срцето, а пратеничката Сузане Шнајдер од Слободната демократска партија му дала вештачко дишење. Кога после десетина минути пристигнал лекар од Брза помош, пратеникот веќе бил повторно свесен. Јуксел е медицинско лице и 15 години работел во оддел за интензивна нега. Роден е во германскиот град Есен, а неговите родители се Курди од Турција. – За мене тоа беше нормално. Ја вршев мојата должност и тоа е добро, рече тој и му се заблагодари на болничкиот персонал кој секој ден спасува животи. – За мене, тие се вистинските херои, додаде Јуксел. Портпаролот на групата на АФД во покраинскиот Парламент, Мајкл Шварцер, ја потврди спасувачката акција. – Колегите укажале итна и многу храбра помош на нашиот соработник, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/germanski-pratenik-so-kurdsko-poteklo-mu-go-spasil-zivotot-na-kolega-od-ekstremno-desnicharska-partija/feed/ 0
Седум тони хашиш запленети од курдски герилци во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedum-toni-hashish-zapleneti-od-kurdski-gerilci-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedum-toni-hashish-zapleneti-od-kurdski-gerilci-vo-turcija/#respond Fri, 14 Sep 2018 10:01:09 +0000 https://kurir.mk/?p=100864

Турските безбедносни сили заплениле над седум тони хашиш, произведен од страна на бунтовичката Курдска работничка партија (ПКК). Дрогата била запленета во југоисточна Турција, во близина на Дијарбакир. Опсежната операција на турските сили почнала на 10 септември, а во акциите биле откриени и плантажи со марихуана. Се смета дека производството и шверцот на дрога е еден од главните извори на приходи на ПКК, која се бори за автономија на курдите во Турција, во конфликт кој во изминатите 30-ина години однесе над 40.000 животи. Освен дрогата, турските полицајци заплениле и експлозив и муниција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedum-toni-hashish-zapleneti-od-kurdski-gerilci-vo-turcija/feed/ 0
Водачот на турските Курди Демирташ осуден на четири години и осум месеци затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vodachot-na-turskite-kurdi-demirtash-osuden-na-chetiri-godini-i-osum-meseci-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vodachot-na-turskite-kurdi-demirtash-osuden-na-chetiri-godini-i-osum-meseci-zatvor/#respond Fri, 07 Sep 2018 13:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=97785

Поранешниот лидер на турската Народна демократска партија (ХДП) Селахатин Демирташ денеска беше осуден на четири години и осум месеци затвор поради ширење на терористичка пропаганда. ХДП е една од водечките партии на турските Курди и Демирташ беше еден од најуспешните нејзини лидери откако освои 13 проценти од гласовите на изборите во 2015 година. Во ноември следната година, по обидот за државен удар против претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Демирташ беше обвинет дека ширел терористичка пропаганда со изјави кои ги дал во 2013 година. Заедно со Демирташ беше осуден и Сири Суреја Ондер, поранешен пратеник на ХДП, кој доби казна од три и пол години затвор. Партијата ХДП, по изрекувањето на пресудата, оцени дека со неа турската Влада решила да продолжи да води политика на војна против Курдите. Претседателот Ердоган го обвинува Демирташ дека со своите активности придонел кон серијата безредија и бунтови за поддршка на Курдите во Сирија во 2014 година, кога десетици курдски цивили загинаа во судири со турските безбедносни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vodachot-na-turskite-kurdi-demirtash-osuden-na-chetiri-godini-i-osum-meseci-zatvor/feed/ 0
Турската војска извела напади, загиле 26 Курди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-vojska-izvela-napadi-zagile-26-kurdi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-vojska-izvela-napadi-zagile-26-kurdi/#respond Fri, 15 Jun 2018 09:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=66117

Турската војска извела воздушни напади на позициите на Курдската работничка партија (ПКК) во Кандил, планински регион во северен Ирак. Во акцијата убиени се 26 курдски бунтовници. ПКК, која со децении води бунтови на југоистокот на Турција против власта, во моментот се стационирана во ирачкиот регион Кандил, пренесува агенцијата Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-vojska-izvela-napadi-zagile-26-kurdi/feed/ 0