курдистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 11:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png курдистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирак ги осудува турските воздушни напади во регионот на ирачки Курдистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-gi-osuduva-turskite-vozdushni-napadi-vo-regionot-na-irachki-kurdistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-gi-osuduva-turskite-vozdushni-napadi-vo-regionot-na-irachki-kurdistan/#respond Mon, 02 Oct 2023 11:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=884211

Ирак ги осудува повторените турски воздушни напади, како и присуството на турски бази во регионот на ирачки Курдистан и се надева дека ќе постигне договор со Анкара за решавање на овој проблем, изјави денеска ирачкиот претседател Абдул-Латиф Рашид. -Ирачкиот народ, регионот Курдистан и сите Ирачани ги отфрлаат овие прекршувања, рече Рашид во интервју за државната телевизија Ал-Хадат. Ирачкиот претседател изјави дека понекогаш во такви напади се убивани и цивили, вклучувајќи и посетители во регионот, кои „станале жртви на турските бомбардирања“. Британските медиуми пренесуваат дека не е сигурно дали интервјуто е снимено пред или по турските воздушни напади. Турција вчера соопшти дека извршила воздушни напади во северен Ирак и дека уништила 20 цели на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), откако милитантната група претходно ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара. Претседателот Рашид е член на ирачката курдска партија ПУК, која има блиски врски со Иран и ги критикуваше нападите на Турција во северен Ирак. Рашид кажа дека Багдад се надева дека ќе постигне договор со Анкара за решавање на проблемот на начин сличен на безбедносниот договор што Ирак го потпиша со Иран за справување со иранските курдски сепаратистички групи во регионот на Курдистан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-gi-osuduva-turskite-vozdushni-napadi-vo-regionot-na-irachki-kurdistan/feed/ 0
Со дрон нападната американска воена база во ирачки Курдистан, нема повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dron-napadnata-amerikanska-voena-baza-vo-irachki-kurdistan-nema-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dron-napadnata-amerikanska-voena-baza-vo-irachki-kurdistan-nema-povredeni/#respond Sat, 24 Jul 2021 12:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=541296

Американска воена база во ирачки Курдистан, во северен Ирак, била цел на напад од беспилотно летало. Во нападот, што бил извршен вчераутро, нема жртви или материјални штета, соопшти денеска меѓународната коалиција за борба против екстремистите во Ирак . Беспилотното летало ја погоди коалициската база во Курдистан, но за среќа во нападот нема жртви и штети, изјави за француските медиуми портпаролот на коалицијата предводена од САД, полковник Вејн Марото. Според локалните курдски медиуми, нападот бил извршен врз базата Ал-Харири, 70 километри северо-источно од Ебрил, главниот град на автономниот регион Курдистан. Ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими во понеделник во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за натамошното американско воено присуство во неговата земја. САД Во Ирак се уште имаат околу 2.500 свои војници, од вкупно 3.500 војници на меѓународната коалиција. Моќните проирански фракции, кои беа обвинети за десетиците напади врз американските интереси во Ирак во последните неколку месеци, бараат нивно напуштање. САД во 2014 година се вратија во Ирак предводејќи ја меѓународната коалиција, формирана со цел да им помогне на ирачките сили да ја разбијат екстремистичката организација Исламска држава, која беше официјално поразена во 2017 година. Членовите на Исламска држава се уште се присутни во планините и пустинските области и успеваат да извршат напади преку своите ќелии од таканаречени „спијачи“. Американските трупи кои се уште се во Ирак имаат мисија за обука и советување на ирачката војска и нејзините антитерористички сили. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dron-napadnata-amerikanska-voena-baza-vo-irachki-kurdistan-nema-povredeni/feed/ 0
Ердоган побара од Киргистан да ги затвори училиштата на Ѓулен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-pobara-od-kirgistan-da-gi-zatvori-uchilishtata-na-gjulen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-pobara-od-kirgistan-da-gi-zatvori-uchilishtata-na-gjulen/#respond Sun, 02 Sep 2018 08:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=95229

За време на својата посета на Киргистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повика раководството на оваа држава што поскоро да се справи со групите поврзани со организаторот на државниот удар од 2016 година Фетула Ѓулен. Ероган го отворил ова прашање на средба со киргистанскиот претседател Соронбај Жеенбеков, предупредувајќи го дека училиштата и бизнисите поврани со Ѓулен се закана за безбедноста на оваа држава. - Не сакаме нашиот братски народ да се соочува со слични проблеми како и ние. Овие групи можат да се инфлитрираат во Министерството за внатрешни работи, во воените структури, и да извршат државен удар, изјави Ердоган на заедничката прес конференција Жеенбеков, кој пак изјави дека институциите на Ѓулен во Киргистан се под контрола на Владата. Турција води кампања низ Европа и Азија за затворање на училиштата што во изминатите децении ги отвори ѓуленистичкото движење. Некои од државите ги прифаќаат турските барања, ги затвораат училиштата и екстрадираат осомничени „ѓуленисти“ додека други одбиваат да го сторат тоа.(миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-pobara-od-kirgistan-da-gi-zatvori-uchilishtata-na-gjulen/feed/ 0